дома / МКД / Koj e? / 10-те Бугари кои и ја “скроија” капата на Македонија, два броја потесна – 1 дел: Сите контакти со бизнис елитата и Бугарското подземје на Бојко Борисов
Бојко Борисов

10-те Бугари кои и ја “скроија” капата на Македонија, два броја потесна – 1 дел: Сите контакти со бизнис елитата и Бугарското подземје на Бојко Борисов

Методи Борисов Георгиев [5 ноември, 1931 година] е син на Борис Георгиев и Милојка Данаилова Рангелова, а сопруг на Венета Рајчева Борисова [Иванова Борисова], познат под прекарот Бехар, инаку брат на Рајко Борисов Георгиев. Методи бил милиционер пожарникар и активен и истакнат член на Бугарската комунистичка партија се до 1989 година.

Меѓутоа Методи не бил “обичен” милиционер пожарникар како што тоа јавно се претпоставувало, туку бил и дел од тајната полиција на Бугарската комунистичка партија, за што во 1987 година, во последните години на Тодор Живков, е именуван за раководител на Софиското градско полициски одделение. Бил началник на сектор 1 во главниот град, кој се водел како противпожарна одбрана, што била пандан за тајната полиција.

Но од таа функција е избркан поради вонбрачна врска. Методи е татко на Бојко Методиев Борисов [13 јуни, 1959 година], роден во Софија во градот на само 10 киломентри од центарот наречен Банкја. Мајка му на Борисов, Венета починала а била учителка во Банкја. Борисов официјално од бракот на своите родители има само сестра, Красимира Методиева Иванова [родена 1956 година], која живее во Софија во Књажево, каде работи како лекар педијата во поранешната III Воена Болница. Болницата е приватизирана од акционерско друштво во кое таа има мнозински удел. Сопругот на Красимира т.е. зетот на Борисов е адвокат. Имаат син кој дипломирал право.

Борисов, од првиот брак има само ќерка, која го носи името на својат баба, мајка на Борисов, Ванета, и која завршила студии во САД, во Лос Анџелес по што се мажи а Борисов станува дедо пред една година на внукот кој го носи неговото име, Бојко. Поранешната сопруга, мајка на Ванета, се вика Стела и како и неговата сестра е лекарка, а од 1988 година Борисов живее со Цветелина Бориславова.

Бојко Борисов, завршува средно образование во родниот град. Бил секретар на “комсомолската организација” во школото. “Комсомол” е популарна кратенка од “Комунистичко младинско движење” кое доаѓа од рускиот назив за “Сесојузнно ленинисточко комунистичко младинско движење” или во оригинал “Всесоюзный ленинский коммунисти́ческий сою́з молодёжи”.

Во 1977 година, аплицира за прием во специјалната школа на Министерството за внатрешни работи во Симеоново, на факултетот за државна безбедност, но е пренасочен и примен на факултетот за противпожарна заштита, со објаснување дека неговиот дедо на 22 септември 1944 година бил стрелан од комунистите по необјаснето обвинение.

Во 1982 година, дипломира како инжењер со специјалност “противпожарна опрема и безбедност”, со чин млад поручник. Редовната воена служба ја служи во Плевен во периодот од 1977 до 1978 година. Бил активен борец во карате. Во одреден период бил и тренер на националниот тим на Бугарија во овој спорт.

Во системот на министерството за внатрешни работи, започнува да работи како командант на вод, а подоцна и како командант на чета. Подоцна е прераспределен во Централното управување за противпожарна заштита. Извесен период е професор по спорт во Софиското градско управување при министерството за внатрешни работи. Од 1985 година, до 1990 година е професор, и шеф на катедрата на Воениот институт за подготовка на офицери и истражувања при министерството за внатрешни работи.

Има положено докторска дисертација. Во 1989 година, Борисов со неговиот батаљон е испратен во реоните на Каолиново, Дулово и Раград, како обезбедување на земјоделските објекти, но и прибирање на реколтата од селаните за таа година, по што го проведува чистењето, т.е. масовното иселување на локалните жители со Турско етничко потекло, акција која се проведувала со кодно име “Големата екскурзија”.

Во 1990 година, одбива да потпише изјава да деполитизација и го напушта системот на министерството за внатрешни работи, и започнува личен бизнис во областа на обезбедувањето. Во овој период Борисов воспоставува соработка и комуникација со јавно корумпирани имиња од Софиското и Бугарското подземје кое во тој период работи со изнуда на пари, рекетарство, наплаќање на пари од должници и други нелегални активности.

Индикативно во таа насока е долгогодишната соработка со користењето на заеднички канцеларии во парк хотел “Москва” со извесни Младен Михалев – Маџо, Румен Никколов – Паша и други. Според податоци кои беа објавени во 1998 – 2000 година за организираните криминални структури, фирмата за обезбедување на Борисов “Ипон” е можен сторилет на кривично дело, убиство на 5 јануари 1994 година кога била изнајмена од непозната личност, да изврши насилна наплата на десетици милиони лева од позната Софиска компанија. Не е разоткриен ни случајот со кражбата на пола милион лева од касата на “Ипон”, по што следело и фамозното убиство на лице вработено во компанијата и неговата пријателка во реонот на градот Враца.

Овие години Борисов соработува и со националната безбедносна агенција, како чадор организација, при остварувањето на злоупотребите во корист на конкретни менаџерски и корпоративни кругови, од кои како пример се Поли Пантер, Косјо Самоковеца, Славчо Б. Христов.

Борисов, со таквото делување стигнува и до директорот на националната безбедносна агенција, генерал Атанас Атанасов и нивната соработка била одобрена, но не и остварена, поради настанатите кадрови и структурни промени во тајната полиција по парламентарните избори во 2001 година. “Ипон” се вбројува во најголемите безбедносни компании во Бугарија, со состав од 1.000 телохранители во активна служба на државни и јавни општествен политички лица но и лица од Бугарското подземје.

“Ипон” до 2015 година кога последно е направена ревизија, обезбедува огромен број лица и објекти вклучително и “Мобител”, нафтоводите на “Лукоил”, обложувалниците “Ај Џи Ем”, првата меѓународна банка “Булинс”, но и куќите и вилите на Славчо Христов, Николај Маринов “Маргаринот”, Младен Михалев “Маџо”.

Во 2000 година, “Ипон” го презема и физичкото обезбедување на општинската Банка со поддршка на Стефан Софијански и Сава Джендов, поранешен началник на тајната полиција. Од 2001 година “Ипон” ја чува и компанијата за алкохол “Синхронизирана Инвест”. По назначувањето на Борисов за главен секретар на министерството за внатрешни работи, тој ги пренесува своите акции од компанијата на Бадњаков, поранешен шеф на одделот “Безбедносна полиција” при Државна безбедност, чиј син е вработен на граничниот премин на аеродромот во Софија.

ВО СЛЕДНОТО ПРОДОЛЖЕНИЕ ЌЕ ЧИТАТЕ:

“Оперативен штаб” на делувањето на Борисов се компаниите…

Кои се најверните луѓе на Борисов кои му ги работат компаниите?

Може да ве интересира

Џеват Адеми

Благајникот на ОНА и најавеното заминување на Ахмети од ДУИ

Џеват Адеми последниот период наидува на напади од сопствената политичка партија како процесот за конечна …

Translate »
error: Content is protected !!