дома / МКД / 100 дена Македонски Влади 1991 – 2017

100 дена Македонски Влади 1991 – 2017

Уставот на Република Македонија во својата содржина го уредува и постоењето на Влада на Република Македонија, пропишано со член 88 во кој стои: “Владата на Република Македонија е носител на извршната власт. Своите права и должности Владата ги врши врз основа и во рамките на Уставот и законите.”

 

Останатите надлежности, обврски но и организациони начини на работа на Владата на Република Македонија се уредени во и со членовите од Уставот од 89 до 97. Во член 91 од Уставот на Република Македонија, се уредуваат надлежностите т.е. обврските на Владата на Република Македонија како извршна власт и тоа е целна точка на овој текст. Како никаде не е пропишан отчетот за 100 дена работа на Владата на Република Македонија тоа најчесто низ годиниве било куртоазно обраќање на Претседател на Влада на Република Македонија кој кажувал многу зборови кои имале малку значење.

Но да почнеме од почеток. Нема да опсервираме што политички направила една влада во првите 100 дена затоа што тоа било најчесто поместувања на економски план но ќе ги прегледаме сите 27 години независна Македонија во сите свои 10 Влади.

 

Прва Влада на Република Македонија 1991 – 1992 година.

На 20 март 1991 година во Социјалистичка Република Македонија е избрана првата Влада по воведувањето на политичкиот плурализам и по одржувањето на повеќепартиските избори во 1990 година. Влада е од технички карактер и за нејзин претседател е именуван Никола Кљусев. Оваа Влада согласно Декларацијата за сувереност на Социјалистичка Република Македонја имала основна цел да ја конституира Република Македонија како независна држава. Во текот на мандатот на оваа Влада е одржан Референдумот за независност на Македонија и е усвоен Уставот на Република Македонија.

Првата Влада брои 18 ресорни министерства, претседател и четири министри без ресор. А извршена е една реконструкција со што за министер за внатрешни работи е именуван Љубомир Фрчкоски, за министер за одбрана Трајан Гоцевски додека за министер за образование и физичка култура е именуван Димитар Бајалџиев.

Иако Владата на Никола Кљусев трае се до 17 август 1992 година сепак е легитимно избрано тело на извршната власт и е подлежно под аспектот на 100 дена влада, особено во политичка смисла на функционирањето. Иако сем 100 дена влада ќе се опфатат и познајачните политички одлуки во одредениот период.

На 20 март 1990 година е формирана првата пост комунистичка Влада во Македонија на чело со Никола Кљусев.

Помеѓу 6 и 7 како и 20 април кога се формираат најголемите политички партии од Македонскиот блок ВМРО – ДПМНЕ со свој прв конгрес и СДСМ кој е резултат од одлуките на 11 конгресна Сојуз на комунистите на Македонија – партија за демократска преобразба со одлука на Владата на 18 април е извршено преименување на националниот медиумски сервис од Радио телевизија Скопје во Македонска Радио телевизија.

На 7 јуни 1991 година Македонија го губи предзнакот за општествено уредување “Социјалистичка” со што станува Република Македонија. На 6 август донесена е одлуката за распишување Референдум за независност на Република Македонија кој се одржува на 8 септември истата 1991 година и на кој за независност на Република Македонија се изјаснуваат 95% од излезениот електорат.

На 17 ноември на предлози на Владата Собранието на Македонија го усвојува Уставот на Република Македонија, прв по прогласувањето на сувереност и самостојност, а на 19 ноември Собранието на Македонија ја гласа и Декларацијата за меѓународно признавање на Република Македонија како независна и суверена држава.

Веќе следната 1992 година се усвоени амандманите I и II на Уставот на Република Македонија на Бадник на 6 јануари. Набрзо на 15 јануари Арбитражната комисија на Европската заедница на чело со претседателот Бадинртер соопшти во својот извештај дека се исполнети условите за меѓународно признавање на Република Македонија.

На истиот датум меѓу првиот и вториот круг претседателски избори ви Бугарија, оваа соседна држава е првата која ја признава сувереноста и независноста на Република Македонија но не и народот, јазикот и писмото.

На 12 февруари Македонија ја признаваат и Словенија и Хрватска на што се возвраќа со признавање на новите држави Словенија и Хрватска од страна на Република Македонија.

На 21 февруари склучен е договорот Глигоров – Аџиќ за повлекување на единиците на Југословенската народна армија од Македонија што се завши на 27 март истата 1992 година.

Од 10 март Македонија започнува да го употребува терминот полиција за сметка на стариот термин милиција со што овој орган за безбедност е трајно одвоен од унитарниот воен систен на СФР Југославија. На 20 март е формиран и Македонскиот олимписки комитет а на 14 април во гарнизонот во Охрид пристинува и првиот регрут на Армијата на Република Македонија.

Македонија монетатно се осамостојува со ново име на валутата “денар” на 26 април 1992 година. На 21 мај Владата на Република Македонија носи одлука за формирање на Македонското прес биро а на 5 јуни е формирана и Лекарската комора на Република Македонија.

На 23 јули во Скопје е формирана и Комората на приватниот капитал на Република Македонија а на 11 август на предлог на Владата со 2/3 мнозинство законодавниот дом го донесе Законот за новото знаме на Република Македонија.

Собранието на Република Македонија на Првата Македонска Влада и гласа недоверба на 17 август 1992 година со што се формира ново парламентарно мнозинство и претседателот на републиката Киро Глигоров за нов мандатар го назначува 29 годишниот Бранко Црвенковски кој е претседател на СДСМ.

 

Втора Влада на Република Македонија 1992 – 1994 година.

Втората Влада на Република Македонија законодавниот дом ја гласа на 4 септември 1992 година и таа трае се до 20 декември 1994 година со што го завршува мандатот на претходната техничка влада.

Оваа влада има 2 реконструкции. Првата на 6 јули 1993 година кога Ристо Иванов е избран за потпретседател на Владата на Република Македонија на местото на Стево Црвенковски кој е пак избран за министер за односи со странство. Втората реконструкција е онаа во ноември 1993 година кога по две авионски несреќи во март 1993 година во Охрид и во ноември 1993 година во Скопје министерот за урбанизам, градежништво, сообраќај и екологија, Антони Пешев поднесува оставка.

Во меѓупросторот при избор на нова Влада пред зградата на Собранието на Република Македонија почна да се вее новото Македонско знаме на 11 август 1992 година.

На 8 септември 1992 година промовирана е редовна поштенска марка на Република Македонија, 8 октомври Македонската радио телевизија го известува генералниот секретар на здружението на југословенските радио телевизии дека донесена е одлука за истапување од Југословенската радио телевизија.

На 23 октовмри Република Грција го повлекува едномесечното нафтено ембарго кон Република Македонија. На 28 октомври на предлог на Владата на Република Македонија Собранието го гласа Законот за државјанство со кој услов за добивање државјанство е 15 годишен престој во Република Македонија.

На 13 декември Република Македонија отвора три нови гранични премини меѓу Македонија и Република Албанија. Следниот ден на 14 декември 1992 година Република Македонија станува членка на Меѓународниот монетарен фонд.

На 20 јануари 1993 година е основана А1 телевизија, прва приватна телевизија.

На 8 април Република Македонија е приемна во Организацијата на Обединетите нации а на 28 мај Република Македонија е примена за членка во Меѓународната организација на трудот.

На 17 јули во Будимпешта деветте земји членки на Централно европската иницијатива ја примаат Република Македонија како полноправна десетта членка на оваа асоцијација. На 20 ноември авион од типот “Јаковлев 42” на Македонската авиокомпанија “Авиоимпекс” се сруши во близина на охридскиот аеродром, несреќа во која животот го загубија 115 лица.

На 3 декември 1993 година САД ја отвораат својата канцеларија за врски во Република Македониуја а со ова дипломатско претставништво раководи Роберт Норман. На 4 декември во Охрид во катедраниот храм на охридските архиепископи “Света Софија”, Господин Михаил, митрополит повардарски е избран за поглавар на Македонската православна црква.

На 16 декември 6 земји членки на ЕУ воспоставуваат целосни дипломатски односи со Република Македонија но сите не и го признаваат уставното име. Велика Британија, Германија, Франција, Италија, Холандија и Данска.

Следната 1994 година на 10 јануари Владата на Република Македонија носи одлука за пристапување на Република Македонија кон Конфедерацијата за меѓународен превоз со железници од 1980 година. Следниот ден Финска и Македонија воспоставуваат дипломатски односи додека на 14 јануари Фудбалскиот сојуза на Македонија стана придружен член на Евроспката фудбалска унија.

На 26 јануари во Рим, Република Македонија е примена за полноправен член на Меѓународната банка за финансирање и развор на земјоделството. На крајот од јануари 1993 година Швајцарската конфедерација и Принципатот Линхештајн воспоставуваат дипломатски односи со Република Македонија.

На 14 февруари Народна Банка на Република Македонија започна да издава краткорочни хартии од вредност – благајнички записи, два дена подоцна на 16 февруари Република Грција воведува целосна економска блокада врз Република Македонија.

На 21 март Владата на Република Македонија донесе одлука за пристапување на Република Македонија кон постојаниот комитет за информирање за индустриска сопственост на Светската организавија за интелектуална сопственост.

На 4 јуни премолчено е дозволено во Тетово да се фирмира т.н. Тетовски универзитет.

На 16 октомври се одржува првиот круг претседателски и парламентарни избори во Република Македонија. За претседател повторно е избран Киро Глигоров кој освоил 52.4% од излезениот гласовите на излезениот електорат иако во изборниот законик е предвидено победник во првиот круг да е кандидато што освоил 51% од вкупно запишаниот електорат па ВМРО – ДПМНЕ не ги прифати резултатите од изборите.

На 30 октомври се одржува вториот круг на парламентарните избори на кои СДСМ и коалицијата обедливо победуваат како претходно ВМРО – ДПМНЕ и коалиција носи одлука за неучество на изборите.

На 13 ноември 1994 година се објавени официјалните резултати од Пописот, со кои се покажа дека во Република Македонија има 1.936.887 жители.

 

Трета Влада на Република Македонија 1994 – 1998 година.

Третата Македонска Влада законодавниот дом без опозиција ја гласа на 20 декември 1994 година и трае се до 30 номеври 1998 година. За време на оваа влада извршени се две реконструкции. На 23 февруари 1996 година и на 29 мај 1997 година. Владата брои 15 ресорни министри, претседател и четири министри без ресор.

На 5 јануари 1995 година Владата на Република Македонија носи одлука за воспоставување дипломатски односи со Узбекистан и Молдавија. Шест дена подоцна на 11 јануари Република Македонија воспостави дипломатски односи на амбасадорско ниво со Република Романија но и Кралството Саудиска Арабија.

На 15 февруари повторно премолчено во Мала Речица е основан т.н. Тетовски универзитет.

На 16 март издадени се обврзници за селективни кредити на Народна Банка на Република Македонија. На 18 април регистрирана е Партијата за демократски просперитет на Албанците.

На 13 септември во домот на пратениците во Скопје се одржа основачко собрание на Македонската берза на долгорочни хартии од вредност.

Истиот ден Македонскиот министер за надворешни работи Стево Црвенковски и неговиот грчки колега Каролас Папуљас во Њујорк ја потпишуваат Привремената спогодба за нормализација на односите меѓу Македонија и Грција. Со спогодбата Република Грција се обврзува да ја прекина економската блокада кон Македонија во замена за промена на официјалното знаме на Република Македонија, оставајќи го прашањето за промена на името да се реши во иднина.

На 3 октомври во Скопје е извршен атентат врз Претседателот на Република Македонија Киро Глигоров.

На 12 октомври Република Македонија е примена во редовно членство на Организацијата за безбедност и соработка со Европа а три дена покасно на 15 октомври Република Грција конечно ја прекинува економската блокада кон Република Македонија.

На 27 октомври Република Македонија станува 38 земја членка на Советот на Европа. Додека на 15 ноември Република Македонија станува потписник на програмата “Партнерство за мир” на НАТО.

На 27 ноември Црвениот крст на Република Македонија е приемен во членство на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

Следната 1996 година на 3 јануари во Скопје започнува со работа канцеларијата за врски на Светската здравствена организација. Седум дена подоцна на 10 јануари Генералниот секретар на Обединетите нации ја посети Република Македонија истиот ден кога Република Македонија и Европската унија воспоставуваат дипломатски односи.

На 25 јануари Владата на Република Македонија носи одлука за воспоставување на дипломатски односи со Белизе. На 20 март излегува првиот број на дневниот весник “Дневник” а на 8 април 1996 година Република Македонија и Сојузна Република Југославија воспоставуваат дипломатски односи.

Следната 1997 година започнува со 30 јануари кога на предлог на Владата на Република Македонија Собранието на Република Македонија го носи законот за јазиците на кои се изведува наставата на Педагошкиот факултет во Скопје.

Февруари и март се месеци кога Македонија ја тресат големи студенстки и средношколски протести за оваа владина мерка.

На 6 март 1997 година “ТАТ” штедилница од Битола е ставена под принудана управа на Народна Банка на Македонија а следниот ден 7 март избива аферата “ТАТ”.

На 11 јуни Партијата за демократски просперитет на Албанците и Народната демократска партија во Гостивар ја потпишуваат спогодбара за обединување на двете партии во нова со назив Демократска партија на Албанците.

На 8 јули на предлог на Владата е усвоен законот за употреба на знамињата со кој е регулирана употребата на македонското државно знаме а беше забранета употребата на знамиња од други држави во државните и локалните институции. Следниот ден на 9 јули 1997 година избиваат масовни немири во Гостивар при што загинаа тројца етнички Албанци а десетиви цивили и полицајци се повредени.

Следната година на 1 јуни сопственичката на како што стои “пирамидалната” штедилница “ТАТ”, Соња Николовска е осуден на казна затвор со времетраење од 8 години.

Македонија се подготвува за третите парламентарни избори.

Четврта Влада на Република Македонија 1998 – 2002 година.

Македонија својата четврта Влада ја добива на 30 ноември 1998 година и истата трае се до 1 ноември 2002 година. Истата има неколу реконструкции и тоа онаа од 19 мај 1999 година, 27 декември 1999 година, 27 јули 2000 година, 30 ноември 2000 и мај 2001 година. За време на воениот конфликт во Македонија е формирана Влада на широка коалиција во чиј состав влегува и СДСМ. Министрите на СДСм поднесуваат оставки на 22 ноември 2001 година.

Владата има 23 ресорни министерства, претседател и три министри без ресор.

При првата реконструкција за министер за економија е избран Михајло Толевски на местото на Жанко Чадо, за министер за земјоделство, шумарство и водостопанство е избран Марјан Ѓорчев на местото на Владимир Џабирски, министер за здравство е Драган Данаиловски на местото на Стојан Богданов додека Радован Сојкоски е избран за министер без ресор на местото на Ѓорѓи Наумов.

При следната реконструкција се именувани новиот вицепремиер Зоран Крстевски, министер за надворешни работи Срѓан Керим, министер за економија Бесник Фетаи, министер за образование и наука Ненад Новкосвски и министер за животна средина и просторно планирање Марјан Додовски.

По разрешувањето на министрите од СДСМ следи и реконструкција во која за вицепремиер е именувана Доста Димовска, за министер за надворешни работи Слободан Чашуле, за министер за одбрана Владо Поповски а за министер за здравство Ѓорѓи Оровчанец.

Оваа влада политички носи “епитет” за рекордер во многу нешта. По најголем број министерства, по најголема застапеност на жени министри, по најголем број реконструкции но и “епитетот” Влада која три од четиригодишниот мандат помина во опаснот да ја загубиме државноста со НАТО бомбардирањето на Србија 1999 година, со косовската бегалска криза во која од капацитет до 20.000 ние згриживме 360.000 жители на Косово до воениот конфликт 2001 година во Македонија од албанските паравоени структури.

Но не почнува се така славно.

На 28 јануари 1999 година Република Македонија го признава фамозниот Тајван со што Народна Република Кина ја затвора својата амбасада во Скопје и ги прекинува сите осноси со Република Македонија која со еден чекор се скара со ¼ од човековата популација на планетата.

На 24 март започнува бомбардирањето на Сојузна Република Југославија како воена операција на силите на НАТО со цел да ја протераат југословенската војска и полиија од територијата на Српската покраина Косово. Македонија се соочува со блокада на границите од Србија со што КФОР единиците се стационираат на Македонската страна од границата како и дел од силите на НАТО и ООН додека од другата страна на дел од границата беа силите на армијата на СР Југославија но и паравоените структури на Косово.

На 28 август однесувањето на единиците на КФОР кое стана неподносливо за граѓаните на Македонија резултираше и со сообраќајна несреќа кај Катланово кога загина министерот Радован Стојкоски како и неговата сопруга, ќерка и возачот на владиното возило а причина беше возилото на НАТО кое се движеше во спротивна насеока на автопатот.

На 30 октомври се одржува и првиот круг од претседателските избори на кои најголем број гласови имам кандидатот на СДСМ Тито Петковски, а на 14 ноември се одржува вториот круг претседателски избори на кои  победува кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ Борис Трајковски.

2000 и 2001 година поминуваат во знакот на нетрпеливост манифестирана на инфилтрирани но и домашни граѓани од албанско етничко потекло кои формираат паравоени единици со цел дестабилизација на Република Македонија.

Во 2001 година на 22 јануари македонски полицаец е убиен а тројца се ранети во полициската станица во тетовско Теарце со што започнува воениот конфликт во Македонија.

На 12 февруари следи првата вооружена пресметка меѓу македонските безбедносни сили и припадниците на ОНА што и се смета како датум на почеток на воената криза во Македонија.

На 4 март тројца македонски војници се убиени во близина на северната граница. На 22 март претседателот Борис Трајковски најавува жестока акција против припадниците на ОНА по што македонските безбедносни сили започнуваат офанзива во регионот на Тетово.

На 28 април 2001 година кај тетовско Вејце се масакрирани 8 припадници на македонските безбедносни сили од страна на припадници на ОНА. Настанот се смета за едно од најголемите ѕверства во поновата македонска историја. На 1 мај како реакција на масакрот кај Вејце во насилни демонстраии во Битола се запалени повеќе од 40 албански куќи, дуќани и фирми.

На 13 мај ВМРО – ДПМНЕ повикува на Влада на широка коалиција во која влегуваат СДСМ, ДПА и ПДП. На 8 јуни припадниците на ОНА воспоставуваат целосна контрола на скопското село Арачиново. На 12 јуни генерал потполковник Јован Андревски началник на Генералштабот на Армијата на Република Македонија поднесува неотповиклива оставка како морален лин сочувствувајќи со огромните загуби на млади животи од армијата.

На 24 јуни припадниците на ОНА се повлекуваат т.е. извлекуваат од Арачиново под заштита на силите на НАТО. На 7 август во Скопје се убиени петмина осомнилени албански терористи а следниот ден на 8 август 2001 година 10 припадници на безбедносните сили на Република Македонија се убиени, а тројца се провредени во нападот на албанските терористи врз воен конвој кај местото Карпалак на патот Скопје – Тетово.

Под притисок на меѓународната заедница на 13 август е потпишан Охридскиот рамковен договор со што е ставен крај на воената криза во Република Македонија. А на 15 ноември на предлог на Владата Собранието ги проследи и одобри амандманите на Уставот на Република Македонија во согласност со одлуките со Охридскиот рамковен договор.

На 16 ноември Македонскиот претседател Борис Трајковски го потпиша писмото со кое формално се потврдува амнестијата на поранешни членови на ОНА кои доброволно го предале оружјето. На 21 ноември Хашкиот трибунал официјално отвори две истраги за воени злосторства сторени за време на вооружениот конфликт во Македонија. На 30 ноември Собранието го прифати новиот 7-ми по ред владин состав на премиерот Георгиевски по напуштањето на владината коалиција од страна на СДСМ и ЛДП.

На 12 декември Демократска алтернатива на Васил Тупурковски станува вон парламентана партија откако сите пет пратеници на пратеничката група ја напуштаат партијата и решаваат да делуваат како независни пратеници. Следниот ден на 13 декември 2001 година Македонскиот амбасадор во САД Никола Димитров му ги предаде акредитивните писма на претседателот на САД Џорџ Буш.

Петта Влада на Република Македонија 2002 – 2006 година.

Петтата Влада на Република Македонија е избрана на 1 ноември 2002 година а мандатот го заврши на 28 август 2006 година.

Оваа влада во својот мандат е најкотраверзната. Влада во која поранешните убијци на македонските бранители се промовираат како борци за човекови права и слободи а на албанските политички партии особено на владината новоформирана ДУИ како политичко крило на ОНА и се даваат витални ресори во извршната власт.
Воедно ова е прв и последен пат во четигодишен мандат една политичка партија, СДСМ да смени три пати претседател и четири пати премиер, од Бранко Црвенковски, преку Хари Костов до Владо Бучковски и неколку пати како вршител на должноста Радмила Шеќеринска.

Владата низ сите реконструкции и менувања на мандатар има 16 до 18 министерства, еден до два министри без ресор и претседател.

Имено Владата од 2002 година трае фазно. Прво од 1 ноември 2002 година до 2 јуни 2004 година кога Бранко Црвенковски е избран за претседател на Република Македонија. Па го наследува Хари Костов кој е избран на функцијата на 2 јуни 2004 година и ја врши должноста до 17 декември истата година. И завршува со Владо Бучковски кој е именуван на 17 декември 2004 година до 28 август 2006 година.

Оваа Влада ќе остане запаметена по катастрофалните кадрови решенија кои болеа по над 170-те мртви и жртви македонски бранители и невино цивилно население но тоа не го спречи СДСМ да ги промовираат во фини политичаи Али Ахмети, Хазби Лика, Даут Харадинај, Г’зим Острени и Талат Џафери, патем сите учесници во масакрот кај Вејце изведен под команда на Талат Џафери алијас командант Форина при ОНА.

Владата од 2002 го Муса Џафери направи вицепремиер за политички систем т.е. имплементирање на Охридскиот рамковен договор со што започнува да се перат пари врз гробовите на македонските бранители барајќи права и “воени” пензии и оштети за терористите на ОНА и УЧК-а.

На припадниците на ОНА и УЧК-а во периодот 2002 – 2006 година им се доделени шест ресони министерства и едно вицепремиерско и тоа оние ресори како правда, транспорт и врски, здравство, образование и наука, земјоделство, шумарство и водостопанство, локална самоуправа и политички системи.

Владата на СДСМ на ДУИ им го призна тетовскиот универзитет кој 10 години беше негиран во своето постоење. Но и овозможи ОНА командантот Хазби Лика во 2003 година да стане заменик министер за внатрешни работи на Република Македонија а на локалние избори со поддршка од СДСМ да стане и првиот ОНА командант градоначалник на Тетово во периодот 2004 – 2008 од каде ја напушта функцијата со кривична пријава за милионска сума во евра проневерени пари на име злоупотреба на службената функција и овластувања.
Владата на СДС му ја овозможува на ДУИ и новата територијална поделба во 2004 година со што им овозможија да завладеатво општини каде и реално никогаш албанскиот ентитет немал 20% малцинска застапеност. А мандатот го завршија маестрално со аферата “Маѓар телеком” со која Шеќеринска и Бучковски заедно со Муса Џафеи и Али Ахмети примија по најмалку 2.5 милиони евра на име мито од Димитрис Кондаминас за монополска власт врз пазарот со мобилната телефонија.

Воедно во периодот 2002 – 2006 се случија и овие настани.

На 4 јануари 2004 година министерството за финансии на Република Македонија започнува со издавање краткорочни хартии од вредност – државни записи.

На 26 февруари претседателот на Република Македонија Борис Трајковски загинува во авионска несреќа кај селото Ротимња во близина на Мостар, Босна и Херцеговина заедно со неговите соработници и екипажот на авионот.

На 28 април во вториот круг на третите вонредни претседателски избори во Република Македонија победува кандидато на СДСМ Бранко Црвенковски со 62.7% гласови додека неговиот противкандидат Сашко Кедев осојува 37.5%. Бранко Црвенсковски функцијата претседател ја презема на 12 мај 2004 година.

На 3 ноември Џорџ В. Буш по втор пат е избран за претседател на СД а следниот ден на 4 ноември САД ја признаваат Република Македонија под уставното име. 7 ноември беше датумот кога се одржа Референдумот за новата територијална поделба на Република Македонија.

Во 2005 година се одржува првииот круг на локалните избори во Македонија по новата територијална поделба а на 11 април министерството за финансии и Народна Банка на Република Македонија воспоставија секундарен пазар за тргување со државни записи. Кон крајот на 2005 година на 30 ноември Тито Петковски го напушта СДСМ.

На 1 јануари 2006 година во Република Македонија стартуваше примената на Законот за заштита од пушењето.

 

Шеста Влада на Република Македонија 2006 – 2008 година.

На македонската политичка сцена со изборот на шестата Влада на Република Македонија следи период на пет последователни предвремени избори за законодавниот дом со што се измести праксата избори да имаме на секои 4 години со полн завршен мандат на извршната власт и се воведе мачната праска избори да имаме секои 2 години.

Новата Влада на ВМРО – ДПМНЕ беше именувана на 28 август 2006 а престана со активности на 26 јули 2008 година. Имаше 17 ресорни министри, претседател и три министри без ресор. Имаше една реконструкција во мај 2007 година кога Партијата за демократски просперитет одлучи да ја прифати понудата на премиерот за влез во владината коалиција со што Собранието го избра Амдураман Мемети за министер за локална самоуправа на местото на Зоран Коњановски.

На 15 ноември Скопскиот Основен суд 1 му одреди 30 дневен притвор на Љубе Трпески екс гувернер на Народната Банка на Република Македонија заради сомневања за незаконски дејствија во врска со пропаѓањето на Експорт Импорт Банката на Методија Смиленски.

На 17 ноември Американскиот Сенат едногласно усвои резолуција во корист на приемот на Македонија, Хрватска, Албанија и Грузија во НАТО.

На 5 март 2007 година започнува повеќемесечен протест на стечајците пред Собранието на Република Македонија додека на 16 април во Хаг започна судскиот процес против поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски за наводни воени злосторства во конфликтот 2001 година. Покрај Бошковски обвинет еи Јохан Тарчуловски.

На 30 јуни Мендух Тачи е избран за претседател на Демократската партија на Албанците.

Оваа Влада ќе остане запаметена под постојаните уцени и закани на поранешните команданти на УЧК-а и ОНА кои преку политичкото крило ДУИ вршеа притисок за воспоставување форма на договор идните извршни власти да се ги формираат победничката партија од Македонскиот блок политички партии со победничката партија од Албанскиот блок политички партии.

 

Седма Влада на Република Македонија 2008 – 2011 година.

Седмата Влада на Република Македонија е именувана на 1 јуни 2008 година и траеше се до предвремените изботри на 5 јуни 2011 година. Имаше една реконструкција во 2009 година а беше составена од 18 министри, претседател и три министри без ресор.

Седмата Македонска влада е континуитет во работата на ВМРО – ДПМНЕ и проектите кои ги ветила како политичка партија пред електоратот но со неможност за 100% реализација како мандатот од 4 години се намалил на само 2 со инсистирање по ДУИ за нови изботи и на СДСМ за избори кои би биле легитимни само ако на нив победи нивната политичка опција.

 

Oсма Влада на Република Македонија 2011 – 2014 година.

Осмата Влада на Република Македонија е именувана на 28 јули 2011 година и траеше се до 27 април 2014 година. Самиот состав беше од 18 министри, три ресорни министерства и претседател.

Имаше две реконструкции. На 18 февруари и 29 мај 2013 годиа. Првата реконструкција беше на барање на ДУИ втората на барање на ВМРО – ДПМНЕ.

2012 година започна со смртта на претседателот Киро Глигоров. Додека на политички план беше забележана по константните обвинувања на СДСМ за партизација на судството од страна на ВМРО – ДПМНЕ, критиките за проектот “Скопје 2014” кој започна кон крајот на 2009 година. Но и обвинувања непочитување на правата и слободите на различни групи граѓани на Македонија како и прекумерното задолжување на државата за сметка на богатење на партиите на власт ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ. ВМРО – ДПМНЕ на СДСМ им понуди нови предвремени избори.

 

Деветта Влада на Република Македонија 2014 – 2017 година.

Деветтата Влада на Република Македонија е синоним за политичката криза која ја наметна од страна на СДСМ како опозициона партија која во 2015 година започна со објавување на аудио записи за кои тврди дека ги стекнала на легитимен пат а со кој ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ се одржувале на власт изминатите 10 години.

Владата на Република Македонија е именувана на 19 јуни 2014 година а нејзиниот сегмент на функционирање преоѓа во техничка т.е. предизборна согласно Договорот од Пржино на 1 јуни 2017 година.

Владата од 2014 – 2017 година во својот состав има 18 ресорни министри, претседател и седум министри без ресор од кои четири беа за странски инвестиции. Имаше две реконструкции и една констатација на оставка.

Покрај политичката криза која траеше скоро 3 години и која се реши со политички договор а која денес резултира со откривање на задкулисните игри со што независните експерти за решавање на политичката криза се откриваат како партиски послушници на СДСМ.

Овој период Македонија ја намали невработеноста на рекордно ниво со зголемување на странските инвестиции кои отворија нешто над 110.000 работни места. На политички план Македонија за време на ВМРО – ДПМНЕ не преговараше за компромиси за ЕУ и НАТО интеграции по основ на промените на националниот идентитет иако редовно беше вршен притисок за решенија со сомнителна содржина.

По испочитувањето на одлуките од Договорот од Пржино и неговите два анекси и два пати одложувањето на терминот за предвремени изботи конечно на 11 декември 2016 година истите се одржаа.

 

Десетта Влада на Република Македонија 2017 година – .

Десеттата Влада е избрана на 31 мај 2017 година, и е составена од 18 министерства, претседател и седум министри без ресор додека во законодавниот дом имаат критично парламентарно мнозинство од 62(59) пратеника во поддршка од 120 члениот законодавен дом.

Десеттата Влада на Република Македонија е базирана не на наводните криминали на претходната Влада на ВМРО – ДПМНЕ која беше на власт 11 години туку на селективна меморија па истата се базира на коалиција со ДУИ која 9 години беше во коалиција со ВМРО – ДПМНЕ но за која не важи веќе моментот на криминална.

Албанските политички партии по изборниот резултат на кој повторно победи ВМРО – ДПМНЕ во Тирана со посредство на премиерот на Албанија и министерот за надворешни работи изготвија Сеалбанска платформа која во 7 точки има 20 барања кои директно се причина за самонегирање на постоењето на македонската држава и македонскиот народ, неговиот јазик, писмо, историја и идентитет.

И на 2/3 од првите 100 дена се од новата Влада на СДСМ се работи само на е 2 нешта. Партизација на институциите по сите хиерархиски параметри и во вертикала и во хоризонтала. Нелегитимно носење на одлуки. Трагикомични избори за кадри за министри по ресори. Воведување на првото министерство за пропаганда. Но и вработување на комплетниот сотав на т.н. партиски независен цивилен граѓански сектор кој преку протесттие “кампување пред Влада” и “Шарената револуција” предизвикаа фама на учество на граѓанскиот сектор во народни протести.

Но во суштина до сега се имплементираат најмалку 40% од барањата стриктно по Селабнасктата платформа. Па првите 60 дена се направија отстапки во преговорите со името со Република Грција но и признавањето на постоењето на Македонскиот народ, јазик, писмо, култура, историја и постоење со соседна Република Бугарија.

На мала врата се турјаат два проекти. Признавање од страна на Република Грција под времената референца ФИРОМ за влез во НАТО со отворена 100% опција за измени на комплетното Уставно име на Република Македонија, додека со Бугарија се согласи за подтигнување на фамозна декларација за меѓусебни добрососедски односи со кои Македонија е признаена како независна држава од 1991 година која била заробена во едно чудно општествено уредување од 1944 година при што се акцентираат два битни сегменти. Македонија е независна држава но Македонснкиот народ има заедничка историја и Бугарскиот и тоа мора да го почитува по сите параметри до онаа догма дека сме еден народ во две држави, додека она што се прокламира како позитива е признавањето на Македонскиот јазик но како јазик согласно Уставот на Република Македонија што значи од 1991 година.

Како и 2002 година така и 2017 година и три години претходно пропагандата на меѓународните емисари се исплаќа во чудна форма со која набрзина сака да се протуркаат барањата од Селабанската платформа во форма на нормални барања за човекови права и слободи на малцинствата иако Албанците тврдат дека се втор народ во Македонија а не етничка заедница.

Последен чин кон ова е ветувањето на премиерот и претседател на СДСМ дека до 100 дена Влада ќе им го помине во законодавниот дом и фамозниот нов закон за широка употреба на јазиците на Албанските политички партии.

Патем она што се очекува од новата извршна власт да оствари во првите година дена е промени на името на државата, промени на јазикот и писмото, на националните симболи како знамето, химната и грбот, но и територијалната организација.

И сите тие параметри ги има во фрагменти во почетните договори со Грција но и веќе формираната Декларација со Бугарија како и најавите за одобрување на новиот закон за јазици.

Притоа иако се обвинуваше ВМРО – ДПМНЕ за партизација на општеството на сите позиции се поставуваат високи партиски неписмени функционери но и се згрижува “невладиниот” партиски граѓански сектор. Но и на име обвинување за финансиска задоженост Македонија само за 45 дена е задолжена по нови основи со над 100 милиони евра или 2.000 евра во минута.

Оној сегмент што е симптоматично нов е дека и по 90 дена нова Влада коалиционите партнери на СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците немаат номинирани а со тоа ни избрани кадри во вториот или третиот ешалон иако СДСМ веќе ги промени и домарите и хигиеничарките во институциите каде именува веќе 40% од третиот ешалон.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Може да ве интересира

Зоран Заев

Дали Заев и подготвува на Република Македонија “Букурешки договор III дел?!”

Македонската надворешна политика, во однос на Република Грција како наш јужен сосед, кој не ни …

Translate »
error: Content is protected !!