дома / МКД / 2 дел: Дали Јанева доби гаранции од СДСМ, Заев и “адекватните луѓе” дека СЈО ќе биде ОЈО?
Катица Јанева

2 дел: Дали Јанева доби гаранции од СДСМ, Заев и “адекватните луѓе” дека СЈО ќе биде ОЈО?

Всушност цел 15 септември, 2015 година, вторник, ќе остане запаметен како ден кога законодавниот дом, Уставот на Република Македонија го третираше како небитен за сметка на партиските договори и интереси.

Прво, во 13 часот започна 68-мата седница на Собранието на Република Македонија за 15 септември, 2015 година. Седницата започна со 14 минути доцнење, како точка на дневен ред се најде предлогот, по итна постапка да се донесе законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, поднесен од пратениците Илија Димовски, Талат Џафери, Горан Сугарески и Имер Алиу. Всушност, од координаторите на четирите парламентарни партии кои претходно го испочитуваа Пржинскиот договор.

Пратеникот Илија Димовски, во име на предлагачите се повикува на член 167 од Деловникот за работа на законодавниот дом, кој всушност гласи: “(1) По исклучок закон може да се донесе и по итна постапка. (2) По итна постапка може да се донесе закон кога тоа е неопходно заради спречување и отстранување на поголеми нарушувања во стопанството или кога тоа го бараат интересите на безбедноста и одбраната на Републиката или во случаи на поголеми природни непогоди, епидемии или други вонредни и неодложни потреби. (3) Предлогот, законот да се донесе по итна постапка, предлагачот е должен да го образложи. (4) Кон предлогот, законот да се донесе по итна постапка се поднесува и предлогот на законот чие донесување се предлага. ”

Катица Јанева

И до денес не се знае кој став од овој член е основ за законот, затоа што секој засебно бара соодветни претходни услови?

Но член 167 од Деловникот за работа на законодавниот дом не го поништува член 51 од Уставот на Република Македонија. Седницата завршува во 17 часот и 29 минути а Вељаноски констатира дека законодавниот дом го донело Законот со 111 гласа “за”.

Зошто законодавниот дом се впушта во реализација на партиски договор со директно кршење на Уставот на Република Македонија?

Во 21 часот и 30 минути, на 15 септември, 2015 година, се одржа и 21 седница под број 28 на комисијата за прашања на изборите за именувањата. Имаше една точка на дневен ред.  1. Утврдување предлог – кандидат за Јавен обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Зошто оваа витална собраниска комисија го аминување политичкот договор, и го прекрши Уставот на Република Македонија, со дискусија за паралелно Јавно обвинителство?

 Во 22 часот, на 15 септември, 2017 година, е закажана и нова 69-та седница на законодавниот дом, со единствена точка на дневен ред, предлог на кандидат на Јавен обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконско следење на комуникации.

Изборот Јавен обвинител по закон се носи со т.н. бадентерово мнозинство, со што за предлогот Катица Јанева да биде избрана за Јавен обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, добива поддршка од 108 пратеници, од кои 25 се пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.

Катица Јанева

Зошто по прекршувањето на Уставот со прифаќањето и донесувањето на Законот но и по предлогот од комисијата за прашања на изборите за именувањата по трет пат во еден се крши Уставот на Република Македонија со именување паралелен Јавен обвинител т.е. веќе паралелна институција?

Она што е симптоматично, е што кога веќе се крши Уставот, не се овозможува реализација на Законски уредените можности, новото паралелно Јавно обвинителство да биде компактна целина. Имено Законот за судови, во член 23, став 3, е јасен “Во рамките на основните судови со проширена надлежност задолжително се основаат специјализирани судски оддели што ќе постапуваат за одделни видови на спорови.”

Исто како што е и јасен и член 32 во својот почеток од став 1 “Во Основниот суд Скопје I – Скопје се формира специјализирано судско одделение надлежно за судење на дела од областа на организираниот криминал и корупција за целата територија на Република Македонија. ”

Но таа законски и Уставно припишана можност не се искористува за неуставното формирање на паралелно Јавно обвинителство. Зошто тоа е изоставено? Зошто особено СДСМ не го бара и него?

Иако во повеќе наврати, СДСМ гласно бара и Специјален суд, што се манифестира со фиктивна поддршка на граѓаните, преку партискиот невладин сектор, иако Уставот на Република Македонија, и тука е јасен, во својот член 98, став 1 кој вели “Судската власт ја вршат судовите. Судовите се самостојни и независни. Судовите судат врз основа на Уставот и законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот. Организацијата на судството е единствена. Забранети се вонредни судови. ”

Катица Јанева

Зошто СДСМ бара Специјален суд кој е противуставен за противуставното паралелно Јавно обвинителство?

Патем Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите е нелегитимен самиот по себе, давајќи му можност на паралелното Јавно обвинителство, да одзема тековни или активни предмети од Основното Јавно обвинителство на Република Македонија, како единствено легитимно, кога и да посака, ако смета и самото оцени дека се од неговиот делокруг на интерес.

Се отвора и прашањето зошто Јанева бара повеќе време за покренување на обвиненија која во одредбите на Законот за јавното обвинителство пропишано е дека обвинителот може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражна постапка во период не подолг од 18 месеци?

Но ова прашање, да биде посуштинско, треба да се вратиме назад, на преговорите и делот од нив, кој се однесува на временската рамка, за која Питер Ванхојте самиот изјави: “Околу прашањето за рокот од пет години, како што стоеше во драфтот, СДСМ пристигна со предлог за пократок рок, дека нешто околу 2 години минимум би биле доволни. Одеднаш, Груевски предложи 18 месеци. По малку дискуија меѓу него и Заев, и покрај моите остри забелешки дека тој рок е прекраток, тие постигнаа согласност. Всушност за ова прашање немаше преговори меѓу нив двајцата. Груевски рече 18 месеци, Заев прифати.”

Се поставува прашањето што менувале 6 месеци? Зошто Заев сметал дека 18 месеци се доволно за сметка на 24, но никако не го прифатил и предлогот од пет години? Зошто сега СДСМ бара ова Јавно обвинителство да остане да функционира како постојан орган во судската власт?

Ова Јавно обвинителство, на 27 јануари, 2016 година, добива и буџет од 4 милиони евра, а и времени, па привремени, за на крај да добие и постојани простории. За финансирањето од државната каса, гласаа 64 пратеници, додека само еден беше против.

Катица Јанева

Зошто ако се сметаше дека Јанева бара премногу пари сепак и се дозволи бараниот буџет? Зошто и со ова кршењето на Уставот и Законите со формирање паралелно Јавно обвинителство доби и финансиска легализација со финансирање од Буџетот на Македонија?

Имено, Катица Јанева, првично требаше да ги работи случаите “Пуч” и “Прислушување”,  но за едниот беше мајка, за другиот маќеа. И не забораваме како Јанева успешно ја реализираше “обуката”, како тоа “тројката обвинителки” треба да се однесува. Веднаш се скара со Основното Јавно обивинителство. Воедно и побара повеќе обвинители, доби помалку, па доби колку сакаше, за на крај да и се вишок заменици обвинители, од страна на Советот на Јавните обвинители на Република Македонија.

Ова Јавно обвинителство, официјално првата истажна постапка ја отвори на 12 февруари, 2016 година, која почна да се води под кодно име “Титаник”, па за година дена, се отворија уште дваесетина истражни постапки, под кодно име кое секогаш започнуваше на “Т”; “Таргет”, “Титаник”, “Тортура”, “ТНТ”, “Транспортер”, “Тврдина”, “Тврдина 2”, “Трезор”, “Топлик”, “Тендери”, “Тарифа”, “Тенк”, “Труст”, “Табла”, “Триста”, “Тотал”, “Тифани”, “Траекторија”, “Тревник”, “Талир”.

Епилогот, по 18 месечната работа на Јанева, е 20 обвиненија, од кои три се споени во едно, и покренати се обвиненија против 94 физички и 7 правни лица, за серија кривични дела откриени во прислушуваните разговори.

Што е симптоматично? Јанева тврди дека во кусиот временски рок, како Јавно обвинителство, успеале да преслушаат само 45% од снимките, додека оние пак кои се преслушани, не се целосно анализирани. Колку да потсетиме, на 30 декември, 2015 година, СДСМ на Јанева предновогодишно и ги достави сите материјали од незаконското прислушкување со кои располага но не објаснува, што точно доставиле, немаат ни записник, ќе го направеле подоцна.

Прашање е како Јанева за 43 дена успева да го оформи обвинението за “Титаник” ако се одземат сите неработни денови во Јануари 2016 година?

Но што всушност доби Јанева од СДСМ? Според она што го знаеме, на 30 декември, 2015 година, СДСМ до ова Јавно обвинителство достави еден хард диск и шест кутии со транскрипти, во печатена форма кои беа сместени во сигурносните сефови кои беа толку очајно барани.

На 11 јануари, 2017 година Јанева носи одлука за формирање на комисија, составена од Обвинители од ова Јавно обвинителство, за попис на добиениот материјал. Одлуката опфаќа и опис, како да се евидентираат материјалите, како и рок до кога, а тоа е 29 јануари, 2017 година. Но пописната комисија ја информира Јанева за обемот на работата, па рокот е продолжен до 11 март, 2017 година.

Се поставува прашањето, како Јанева во попис, извлече неколку обвинителни акти за кои не е сигурна, дали ги содржат сите елементи од преистражната постапка, затоа што не ни знае што се има во материјалите, бидејќи се врши попис, а не преслушување, читање, селектирање и класифицирање? 

Она што го изјави ова Обвинителство, е дека од СДСМ добиле, еден екстерен хард диск на кој има 546.948 фајлови од кои 540.646 се аудио фајлови, а 6.302 се фајлови во друг вид на формати. Во печатена форма доставени се 23 спирално укоричени книги со вкупно 18.155 страници на кои има 119.088 транскрипти од разговори и смс пораки, како и 1.828 листови со печатен текст. По ова пописната комисија, составила записник на 619 страни.

Ако СДСМ и Заев, во целост ги доставиле сите електронски и пишани материјали, како тоа видни личности од општествено политичкиот живот, добиваа или си купуваа сегменти од разговори по старата скопска чаршија? Како излегоа во јавност разговорите меѓу Муса Џафери и Ермира Мехмети? Колку копии се направени, кој ги има и за што се користат?

Симптоматично е и, што ова Јавно обвинителство од уставното одзеде 34 случаи меѓу кои и “Пуч” и сите до еден ги отфрли како небитни. Зошто толку инсистирање ако во основа ја знаеја нивната суштина?

Она што можеби е најсуштинско прашање сега, кога веќе се знаат судските процеси кои ќе следат, а со тоа и обвинетите, не е каде се снимките од криминалите на ДУИ кои ги најави Заев, ниту грешката во колку тоа материјал има СДСМ, туку колкава е веројатноста, не Јанева но некоја/некој “Јанева II”, да биде поставена на чело на Основното Јавно обвинителство, каде би се формирало посебно одделение за предметите на Јанева, со што би се изманипулирала можноста од почитување на рокот од 18 месеци за поднесување обвиненија? Јанева нема да поднесува, но новиот Јавен обвинител може ако сака.

Притоа, не ми е јасна улогата на политички договор, со кој се крши Уставот и законите за решавање на политичка криза. И тоа се повторува упорно и никој не го констатира.

Јанева, и нејзиното Јавно обвинителство се нелегитимна институција. Но тоа не ја спречи за изјавата, дадена од 22 март, 2016 година, во која вели: “” “Уставниот суд на Македонија како и претседателот на државата, но и пратениците во Собранието на Македонија се нелегитимно избрани претставници на институции и носители на државни и јавни функции и треба да го почитуваат Специјалното обвинителство и нивната истрага за да се дозволи да се утврди вистината.”
Катица Јанева
И да се вратам на самиот почеток. Немам намера да ги коментирам аматерските однесувања на Јанева, да прашувам дали нејзините Јавни обвинители, сите избрани во времето на ВМРО – ДПМНЕ, не можеле да преживеат оти ги убил “режимот”, па не кажале ни буква а не лош збор за Јавното обвинителство, и нивниот шеф Марко Зврлевски, ни за внукот на Јанева згрижен колку да зема плата, ни за истакнатите кадри со криминално досие од СДСМ, кои Јанева ги ангажираше да и прават набавки.

Но имам и прашање, кое прелета во јавноста, но никој не се нафати да го расчисти иако не е поврзано и толку битно, со она дали ОЈО сега ќе и е подредено на Јанева но треба да се истражи и одговори.

Колку лица со име Костадин и презиме Делиџаков има во Гевгелија?

Дали Катица Јанева е ќерка на Костадин Делиџаков, и дали е тоа оној истиот Костадин Делиџаков од познатата аферата со Перо Гошев како гувернер на Република Македонија?

Имено, кон крајот на 2007 годин,а тоа е онаа атрактивна афера, кога Гошев е фатен како за мали пари, купува атрактивна локација во гевгелиско, која ја купи од Костадин Делиџаков и неговиот бизнис партнер по име Димче Каракабаков.

А Димче Каракабаков е син на Маринчо Каракабаков, сопственик на гевгелиската фирма “3М”. На истата фирма, во “Македонска банка“ и се отпишани 250.000 евра во 2005 година, кога “Македонска” е под директна супервизија на НБРМ, на чело со гувернерот Гошев.

Од “Македонска” тогаш тврдеа дека биле под силен притисок и закани на Гошев, да го отпишат тој долг. Гошев во еден момент кажа дека долгот е отпишан на предлог на директорите на “Македонска” Спасе Лазаревски и Никола Кацарски. По што Лазаревски стана негов личен советник, а во “Македонска” претходно беше поставен по негова одлука.

Дали има конфликт на интереси, утврдувашe aнтикорупциската комисија, а случајот го следeше и јавното обвинителство a во таа 2007 година во ОЈО за Гевгелија, беше Катица.

Тука можете да го прочитате првиот дел – Дали Јанева доби гаранции од СДСМ, Заев и “адекватните луѓе” дека СЈО ќе биде ОЈО?

Може да ве интересира

Зоран Заев

Дали Заев и подготвува на Република Македонија “Букурешки договор III дел?!”

Македонската надворешна политика, во однос на Република Грција како наш јужен сосед, кој не ни …

Translate »
error: Content is protected !!