дома / МКД / Koj e? / 2 дел: Кој е Васил Тупурковски?
Васил Тупурковски

2 дел: Кој е Васил Тупурковски?

Интересен сегмент е и што кон 1988 година Тупурковски на голема врата работи за сочувување на СФРЈ но со академик Владо Камбовски но и професорите Саво Климовски и Гале Галев започнуваат со потфатот за дефинирање на некаков си нов Македонски политички и општествен систем во кој ќе доминира “третата” опција и тоа по урнекот на не било кој, туку “првата” Италијанска република која со движењето “mani puliti” или “чисти раце”[кој беше слоган, на кој ако не на Перо Гошев] чија ударна тупаница беа токму јавните обвинители кои го расчистија криминалот од државата а ги водеше култниот и веќе легендарен Антонио ди Пјетро. Иако години подоцна како директор на Агенцијата за обнова и развој како Мека на Сашо Станинов и сите негови криминали и самиот се соочи со Антонио ди Пјетро во ликот на Михало Маневски кој како министер Тупурковски зеде да го реформира.

Васил Тупурковски

На 21 март 1998 година од никаде или од САД како и да е, се појавува нова политичка партија на македонското плуралистичко небо “Демократска алтернатива” која со акламација за свој претседател го избира Васил Тупурковски. Партијата брзо се омасовува и на претстојните парламентарни избори како централистичка коалицира со вонпарламентарните партии ВМРО – ДПМНЕ и ДПА со кои и ја освојуваат власта од каде е и именуван за директор на Агенцијата за обнова и развој со што започнува да го реализира проектот 1 милијарда долари за признавање на непризнатиот Тајван кој според Демократска алтернатива се доволно пари за финансиски бум во Македонија а со што всушност се скаравме со Народна Република Кина или скромно со ¼ од популацијата на планетата земја додека од Тајван финансиски поминаа или не, само со провизиите за Циле.

Патем Тупурковски не мирува па на изборите 1999 година се кандидира како кандидат на ДА за претседател на Република Македонија кога во првиот круг директно го саботира кандидатот на коалициониот партнер ВМРО – ДПМНЕ, Борис Трајковски со што води опозициониот кандидат на СДСМ Тито Петковски, за во вториот круг да победи Трајковски. Тупурковски во првиот круг е трето рангиран со освоени 15.7% гласови од електоратот или 163.206 гласачи во поддршка.

Васил Тупурковски

На парламентарните избори во 2002 година по скандалот со Тајван, Тупурковски преку ДА освојува само 1.4 % од електоратот и не освојува мандат во Собранието на Република Македонија.

Но што за време додека беше во коалиција со ВМРО – ДПМНЕ? Па кадри за министри на ДА се ни помалку ни повеќе сите контраверзни личности од оној стар општествено политички систем се до квази интелектуалци. Од ДА произлегуваат Павле Трајанов како министер за внатрешни работи но и Владо Камбовски за правда, Боби Спирковски за транспорт и врски, Александар Димитров за надворешни, како и енигмите во стилот на Радмила Кипријанова Радовановиќ.

Васил Тупурковски

По многу спорови и подготвителни акти од 2005 во 2007 година е официјално првообвинет за аферата “Кредити од Тајван”каде второобвинет е Јован Андонов “Реган” кој во периодот бил заменик на Циле а беше познат и како вечниот принуден управник на скоро сите работни погони на ЕСМ.

Судот во три наврати го започнува процесот од почеток при што обвинителството тврди дека Тупурковски и Андонов и должат на државата милион евра кои ги зеле на основ “Тајвански кредити” т.е. мито, за целиот процес да заврши тивко како се во животот на Тупурковски во 2013 година со ослободителна пресуда.

Но Тупурковски беше обвинет и за “вртење пари” со владата на Симитис за одредени регионални проекти што е регионален криминал но за аферата “Тајвански кредити” Тупурковски по правда беше повикан и во САД и тоа при поткомитет за човекови права на американскиот Конгрес кој го сослуша Васил Тупурковски за пресудата за тајванските кредити за да се запознаесо случајот.

Васил ТупурковскиТупурковски тогаш ја имаше пресудата од три години затворска казна па веднаш отпатува за Вашингтон по покана од конгресот и тој тамуја раскажа својата приказна за судскиот процес против него пред членовите на поткомитетот за човекови права. Иако неофицилано случајот со Циле стигнал до конгресот благодарение на неговите американски студентски врски. Тупурковски бил член на едно од студентските братства што имаат дадено заклетва дека секогаш ќе се грижат за своите членови од братството. Повеќе врвни адвокати веднаш се ангажирале со истражување на судскиот процес и со наводите во обвинението.

По 2013 година Тупурковски е само претседател на МОК. Нормално секогаш отворајќи ги Пандорините кутии па ни помалку ни повеќе e чест гостин на КОМ или Катарскиот олимписки комитет од 2015 година а истата година е добитник и на трофејот “Пјер Де Кубертен”.

Васил ТупурковскиОна што е трагикомично е што Тупурковски припаѓа на семејство Македонци од Егејскиот дел на Македонија поради што е редовна сценографија на средбите на иселениците кои се организираат во Битола и битолско секое лето, но и покрај најголемиот егзодус од страна на Атина врз Македонското малцинстцво 48-ма – 49-та година, денес Тупурковски е категоричен дека без решение за името, нема евроатлански интеграции, нема правда за Македонците од Егејскиот дел. Кои Македонци ако со смениме името? И зошто НАТО интергациите на Македонија се битни за САД пред Македонските интереси?

Моментално Васил Тупурковски е претседател на МОК во својот 7-ми последователен четиригодишен мандат.

Васил Тупурковски

Иако самит Тупурковски има проблем со математиката, ако МОК функционира 25 години по скоро милион евра годината тоа се 25 милиони, а не 20. Но Васил оди до таа мера да самиот си ја негира суштината на своето постоење и ги навредува спортистите во Република Македонија.

“Досега ние како МОК внесовме во Македонија околу 20 милиони евра од кои над 80 отсто беа вложени во спортот, но и тоа не е доволно. Без помош од државата, каде било во светот, нема успешен спорт. Секаде се вложуваат многу пари во спортот. Американците пресметале дека за да се освои медал, во спортистот треба да се инвестираат милион до милион и половина долари. Но, ние не можеме да ги бараме тие ситуации во Македонија. Ни треба и време, но некои не сакаат да чекаат. Можеби многумина нема да се сложат со мене, но јас мислам дека во моментов во Македонија сѐ уште не се ни родени идните врвни спортисти, успешни олимпијци, освојувачи на медали. Ние имаме огромен дисконтинуитет во развојот на спортот во Македонија. Затоа сите успешни постигнувања беа и се инцидентни. Кога сме кај вложувањата, сега тоа главно е во инфраструктурата, а таму има многу непродуктивни инвестирања. Имаме недостиг и од квалификувани стручни кадри. Без нив, без спортска програма, нема прогрес.”

Васил Тупурковски

МОК не е тој што гради туку што поддржува спортисти но и Тупурковски тоа го знае па очигледно по 25 години не сакаше едноставно да каже дека МОК тапка во место додека македонските спортисти им “ѕвецкаат” со медалите под прозор, но нели тоа не се олимписки спортови.

Иако по се ова е очајно бедна констатацијата на оптимизам: “Натурализацијата веќе не ни е приоритет бидејќи тоа не даде големи резултати, иако единствениот македонски олимписки медал е на борачот Могамед Ибрагимов (бронзен од Сиднеј 2000-та – н.з.). Но не се откажуваме комплетно од натурализација, иако акцентот го ставаме врз младите македонски спортисти како потенцијални олимпијци за Игрите во 2020 и во 2024 година. Да, јас сум и за фаворизирање одредени спортови, тоа некому нема да му допадне, но и тоа е дел од стратегијата.”

И ова е апсурд. Ако идните македонски наградувани спортисти не се ни родени како во 2020 и 2024 со 3 или 7 години ќе се натпреваруваат за МОК?

Битно пари за канцеларии има: “Парите за Куќата на МОК се обезбедени, имаме идеен план, може да се изгради брзо, најмногу за година, година и половина. Но, не можеме никако да ја комплетираме документацијата, ниту да добиеме локација. Од нас ништо не зависи. А не беше лесно да се добијат тие пари. ИОК мораше да биде многу дискретен околу доделувањето на парите за таа намена, од проста причина што има и други национални олимписки комитети што имаат слични проблеми, па и тие би барале пари.”

И ова е се што Тупурковски има да ни каже за четврт век постоење на МОК каде гордо “отслужува” седми четиригодишен мандат на име минат задоволителен труд? Кој труд?

Тука можете да го прочитате првиот дел – Кој е Васил Тупурковски?

Може да ве интересира

Миле Јанакиески

Миле Јанакиески, човекот кого “работата” едноставно го сака

Кога некој странец би ја читал биографијата на Јанакиески и да не ја знае ќе …

Translate »
error: Content is protected !!