дома / МКД / 2 дел: Македонија под оваа власт покажа дека е многу гостопримлива земја- Овде веќе и самите ние се чувствуваме како гости!
сдсм влада

2 дел: Македонија под оваа власт покажа дека е многу гостопримлива земја- Овде веќе и самите ние се чувствуваме како гости!

Изјавата на Села дадена на 29 декември 2016 година е јасна:

“Сите албански партии треба да направат заедничка платформа за обединување на Албанците во Македонија. Ние како Алијанса за Албанците ќе присуствуваме на оваа средба. Очекуваме нашите услови да бидат прифатени и сите Албанци да застанат зад нив. Албанскиот јазик да биде официјален во цела држава, поделба на буџетот за спречување на експлоатацијата на Албанците и правична застапеност на Албанците по вертикала и хоризонтала”.

сдсм влада

Но зошто СДСМ и ова не го виде, а и зошто СДСМ само констатираше дека ВМРО – ДПМНЕ преговарала пред или по доделување на мандатот од Иванов кој кореспондираше со објавување на платформата. Имено Иванов можеби имаше најдобра констатација од 29 декември 2016 година кога констатира дека убави се желбите на сите, но ајде прво фер и коректно да се преброиме колку сме и кои сме и праша зошто Пописот на населението не беше прва а не вечно заобиколена точка од Пржинскиот договор и неговите два “анекси” за излез од политичката криза.

Иванов мандатот како партија победник му го додели на ВМРО – ДПМНЕ на 9 јануари а платформата беше објавена на 7 јануари и тоа се факти. Она што потоа беше “селска веселба” беа мноштвото препукувања зошто ВМРО – ДПМНЕ преговарал со ДУИ ако веќе знаел за платформата која за СДСМ сеуште не постоеше. ВМРО – ДПМНЕ преговараше само за дали коалицијата ќе функционира и понатаму со една реченица по однос на платформата, “Ниту сме ја имале во изборниот процес, ниту сме добиле мандат од граѓаните да преговараме за истата” и се друго беше типична подготовка на терен за коалицијата која следеше а за која требаше странските медијатори да одмерат и премерат како да баратаат со секундите а не деновите за успешна коалиција меѓу СДСМ но и ДУИ која години наназад беше “второто режимско копиле” како и одметникот од ДПА Села.

сдсм влада
Од преговорите меѓу ДУИ и ВМРО – ДПМНЕ онаа вечер кој многумина ја коментираат како “моминскиот поглед” на Никола низ прозорот кога до полноќ се очекуваше одлуката на ДУИ малкумина знаат дека ДУИ но не ВМРО – ДПМНЕ молеше за коалиција  но под неколку услови, да нема редовни локални избори, да им се доделат ресори со кои на локалните би имале предност пред БЕСА, за 18 или 24 месеци да се одржат нови предвремени парламентарни избори. ВМРО – ДПМНЕ сметаше дека нови избори се пожелни но не и дека треба институциите на системот да се користат за партиски пропаганден материјал. И секако беше против одложувањето на локалните избори по кои ДУИ знаеше дека можно е да не постои.

ДУИ со миленичињата на СДСМ од 2002 година предводени од Теута Арифи, Невзат Бејта и Изет Меџити веќе договорија соработка со СДСМ само што сега цената беше поголема. На СДСМ по 11 години опозиција власта им требаше како чаша вода на пустиник дотолку повеќе што странските “финансиери” тоа и го очекуваа на овој или оној начин при што им беше дадено до знаење дека СДСМ во опозиција на локални избори во мај 2017 година нека не очекува поддршка од нив.

Во тој момент СДСМ потпиша капитулација на државата и изврши велепредавство кое Иванов иако го доби многу подоцна во форма на гаранции денес сме сведоци дека се што беше напишано во Тирана на бирото на Еди Рама со присуство и на шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати се реализира а за што и самиот сега министер Бујар Османи изјави:

“Во фокусот на разговорите беше политичката ситуација во Македонија и формирањето на нова извршна власт и развојот на настаните по парламентарните избори.”

Од тогаш таа платформа од 7 точки и 19 барања се нарекуваше Тиранска платформа иако како одминуваа деновите поддршка за неа дадоа и Косово и албанската дијаспора па стана Сеалбанска платформа во која со само 20 пратенички мандати албанските политички партии ќе постигнат многу повеќе од сите години наназад па дури и оние воени.

сдсм влада
Зошто Ахмети оцени дека коалицијата со СДСМ е попожелна? Затоа што на Заев можеше да му поставува услови кога сака и колку сака. Беше јасно дека ДУИ само со ВМРО – ДПМНЕ имаат мнозинство од 61 пратеник но дека СДСМ со ДУИ мора да “шлепаат” уште некого. СДСМ ги сакаше БЕСА но БЕСА е злото за ДУИ па Села и неговите три пратенички мандати ја формираа смешната бројка од 62 пратенички мандати од кои СДСМ само сакаше да е власт а ДУИ да се факторизира како лидер на албанските политички партии во Македонија, пак, како и пред 14 години.

ВМРО – ДПМНЕ години наназад не покажала благодарност кон ДПА но уцените кои ДУИ ги спроведе 2008 година резултираа со фамозниот кажан но не и запишан договор за фер плеј со кој идните извршни власти во Македонија ќе ги формираат политичките партии победнички од македонскиот и албанскиот блок. Што беше другата опција? Па реприза од 2001 година.

Фасцинатно но СДСМ заборави дека ДУИ е 9 години дел од “режимот” па со селективната меморија но и кадрите од ДУИ од 2002 година се формираше фамозната извршна власт која имаше своја цена. ДУИ не се наивни па побараа пред што и да се случи на име извршна власт со СДСМ да се именува албанец за претседател на Собранието на Република Македонија и тоа ни помалку ни повеќе во ликот и делот на Талат Џафери. И така се случи. Се случија и немири но тоа е приказната за како Талат Џафери со поддршка на СДСМ е нелегитимен претседател на Собранието на Република Македонија само за да СДСМ добие поддршка од ДУИ за идна извршна власт што и се реализираше.

Што се случи. СДСМ и за време на изборната кампања иако и со самиот почеток на политичката криза пред 2.5 години селективно ги поштеди сите властодршци од ДУИ со изговорот на 2 годишно девојче дека албанските политичари помалку користат мобилен телефон а повеќе практикуваат разговори во живо. И тоа беше кажано како одговор на новинарско прашање на прес на Заев. Теренот се подготвуваше уште од “бомбите” за потоа уцените да следуваат на фин начин преку USB сегменти од 3-5 секунди со посвета иако на крај Заев и СДСМ се фатија во сопствената криминогена мрежа. Спонзорите побараа да се реализира се од Сеалбанската платформа и тоа да се препише на име НАТО и ЕУ интеграции. Албанските партии но и електорат за тоа се фатија како пијан за плот и СДСМ мораше по добивањето на власт итно во првите 100 дена кои течат да започне да испорачива резултати, и до Мала Речица и до Струга но и до скопско Кале и ЕУ.

сдсм влада

Села јавно посочи дека 100-тиот ден кога нема да биде воведена двојазичноста на цела територија на Република Македонија тој си заминува од владината коалиција на која ќе и недостигаат 2 пратеника за мнозинство. ДУИ тоа го порача на прилично луциден начин со објавата дека тие не се подготвени со кадри за именување во вториот ешалон затоа што работат на големо за локалните избори кои Заев и СДСМ им ги поместија како и што побараа иако е смешно некој кој бил до вчера на власт 9 години да го користи изговорот дека нема кадри.

СДСМ и Заев остварија средби и со БЕСА која им ја покажа вратата но и со ДПА кои принципиелно кажаа дека и би ги поддржале но само ако Села си замине што е типичен цинизам на Тачи затоа што со неговите 2 пратенички мандати лично тој како пратеник е 61-виот или оној што ќе решава за иднината на цела влада. И така СДСМ има власт и законодавно мнозинство каде ако еден пратеник добие “пролив” тие немаат мнозинство. Причина зошто пратениците им се преморени.

Заев беше приморан иако можеше да биде доблесен и да се повлече и да ја прифати понудата на ВМРО – ДПМНЕ за нови предвремени избори заедно со локалните оваа есен но очигледно некаде неговата глава е влог па самат СДСМ започна и ја реализираше во 90% Селабанската платформа. Или по делови. Што се се оствари или е во фаза на реализација од истата само и само благодарение на СДСМ притоа без никакво учество ни на ДУИ ни на Села.

сдсм влада

Сеалбанска платформа:

  1. Постигнување целосна рамноправност во согласност со Охридскиот договор и Уставот

– Правилно спроведување на принципот на мултиетничноста во Уставот на РМ, каде што Албанците се сметаат за државотворна нација, поддржување секаква правна и уставна иницијатива што ja засилува националната рамноправност за албанското население. – остварено со предлог Законот за употреба на јазиците

– Постигнување целосна јазична еднаквост, употребата на албанскиот јазик на сите нивоа на власта и гаранција за неговата примена како фундаментално и уставно право. Уставот на Република Македонија треба да утврди дека „македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик со неговото писмо се официјални јазици во Република Македонија”. – остварено со предлог Законот за употреба на јазиците

– Сеопфатна дебата за знамето, химната и за државниот грб на Република Македонија, со цел државните симболи да ја рефлектираат општествената мултиетничност и етничката рамноправност. – делумно реализирано со предлог Законот за употреба на јазиците со двојазични монети и банкноти кои би ги имале и симболите на Албанците како и двојазичните униформи кои би биле исто така моделирани.

– Усвојување резолуција во Собранието на Република Македонија со која се осудува геноцидот врз албанскиот народ во Македонија во периодот од 1912 година до 1956 година.

  1. Постигнување економска рамноправност и оп­штествена благосостојба, особено преку рамномерен регионален развој

– Создавање нов механизам, во форма на една државна комисија за финансирање на општините, за донесување одлуки со право за владини грантови во корист на општините. – остварено со доделувањето на виталните финансиски институции на Села

– Создавање министерство за политички систем и за односи меѓу заедниците, како надлежен орган за почитување на правата на заедниците и за поттикнување на економскиот и на социјалниот развој во неразвиените подрачја. – остварено и предлог законот за примена на јазиците во делот на Агенција и Инспекторат

– Остварување правична зас­тапеност во органите за безбедност, војската, разузнавањето и правдата. – остварено со предлог Законот за употреба на јазиците

– Остварување правична застапеност во сите нивоа на централната власт, како и во јавните служби или прет­пријатија со јавни акции. – остварено со предлог Законот за употреба на јазиците

  1. Засилување на владее­њето на правото, како предуслов за напредок на евроатлантскиот интегративен процес

– Спроведувањето на реформите во согласност со договорот во Скопје, Препораките на Прибе, итните препораки на Европската комисија, како и препораките од пристапниот дијалог на високо ниво со ЕУ. – остварено и тоа по самонегирачите договори и преговори со официјална Атина и Софија

– Поддршка за непристрасно вршење на работата на специјалниот обвинител, без етнички и политички предрасуди.

– Целосно расчистување на прашањата и на судските постапки како „Сопот”, „Бродец”, „Монструм” и „Куманово” преку една анкетна комисија или меѓународен независен орган.

  1. Создавање дух на доверба во функција на добри меѓуетнички односи како суштински елемент за политичка стабилност во земјата

– Преземање афирмативни мерки за обезбедување финансирање на албанските културни институции на централно и на локално ниво. – остварено со предлог Законот за употреба на јазиците

– Создавање една централна институција за унапредување на јазиците на заедниците, која ќе обезбеди подготовка на преведувачи, уредници и на предавачи. – остварено со предлог Законот за употреба на јазиците

  1. Решавање на спорот за името, во согласност со европските вредности и принципите на меѓународното право

– Усвојување заедничка и обврзувачка резолуција во Собранието на Република Македонија со која Владата на Република Македонија се обврзува активно да се вклучи кон решавањето на спорот за името
– Вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Грција. – и двете точки во фаза на реализација по започнувањето на нови преговори со Грција од страна на Заев и Димитров со ветување за промена на името

  1. Добри односи со соседите

– Вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Бугарија. – остварено со постигнувањето самонегирачки договор за добрососетство и соработка со Бугарија од страна на Заев и Димитров со официјална Софија

– Соработка со Косово и Албанија за интегрирано гранично управување.

– Отворање на нови гранични премини.

  1. Брза интеграција во НАТО и во Европската унија

– Исполнувањето на наведените точки ќе го деблокира патот на Македонија кон целосна интеграција во НАТО и отворање на преговорите за членство во Европската унија. – во фаза на реализација по потпишаниот договор со Бугарија и отпочнатите преговори со Грција за промена на името

Ова е страшен податок. Од Сеалбанската платформа останаа да се решат уште 5 од 19 барања притоа сите оние точки за учество на албанците во преговори за име, со Бугарија и Грција некако мистично се решија и без нивно присуство па остана:

– Усвојување резолуција во Собранието на Република Македонија со која се осудува геноцидот врз албанскиот народ во Македонија во периодот од 1912 година до 1956 година.

– Поддршка за непристрасно вршење на работата на специјалниот обвинител, без етнички и политички предрасуди.

– Целосно расчистување на прашањата и на судските постапки како „Сопот”, „Бродец”, „Монструм” и „Куманово” преку една анкетна комисија или меѓународен независен орган.

– Соработка со Косово и Албанија за интегрирано гранично управување.

– Отворање на нови гранични премини.

Притоа смешно е барањето за нови гранични премини, но загрижува фактот што барањето за поддршка на специјалниот јавен обвинител и расчистување на судските постапки од именуваните предмети го гледаме со упорноста Јавниот обвинител на Македонија да биде што е брзо променет за да може да се испорачаат и реализираат и овие точки.

Сериозно загрижува она што останува. Едното е суштинско барање за целосно самонегирање како геноциден народ но и наменско влошување во односите со соседна Република Србија но пострашно е барањето за интергирано гранично управување меѓу Македонија, Албанија и Косово. Соработка да, и ја имаме на најниско можно ниво, границите ги минуваме со лични карти но интегрирано управување е нешто сосема друго и самото по себе откако албанците ја контролираат и царинската управа е реализација на модерна верзија на Голема Албанија.

Иако за се ова СДСМ и Заев дадоа писмена гаранција дека нема да се случи. На потег е барателот на гаранцијата. Иванов како никогаш до сега треба сериозно да се заложи за преиспитување на установноста на предлог Законот за употреба на јазиците со кој се реализираат во добар дел 19-те барања низ 7 точки од Сеалбанската платформа но и да побара оставка на владиниот кабинет затоа што ова е кршење на гаранцијата но и Уставот и постојните закони во Македонија.

Во најмала рака должи и обраќање до јавноста.

Америка и ЕУ може да аплаудираат колку сакаат, официцијални Атина, Софија, Приштина и Тирана може да негодуваат или да се радуваат со бледите ветувања за НАТО и ЕУ интеграции само ако смениме уште нешто, а сменивме се од првичните шест барања. Остана уште да си го промениме името и да потпишеме самонегирање по сите основи.

И тоа не е се. Ахмети не сака да е во коалиција со СДСМ повеќе. Таа ќе падне по локалните избори. Но не сака ни предвремени парламентарни избори на кои инсистира ВМРО – ДПМНЕ. Одлуката е внатрепартиска иако според она што се гледа на терен во ДУИ одамна Ахмети нема право на глас но не го искористил својот последен ас.

Тука можете да го прочитате првиот дел – Македонија под оваа власт покажа дека е многу гостопримлива земја. Овде веќе и самите ние се чувствуваме како гости.

 

Може да ве интересира

Зоран Заев

Дали Заев и подготвува на Република Македонија “Букурешки договор III дел?!”

Македонската надворешна политика, во однос на Република Грција како наш јужен сосед, кој не ни …

Translate »
error: Content is protected !!