дома / МКД / Koj e? / 2 дел: Теута Арифи или првата “дама” на СДСМ
Теута Арифи

2 дел: Теута Арифи или првата “дама” на СДСМ

Името на Теута Арифи се јавува во неколку мини афери и политички одлуки.

Во 2006 година со посредство на тогашната амбасадорка на САД во Македонија Џилиен Миловановиќ есента на 2 октомври на барање на Али Ахмети кој во писмо во име на ДУИ барал да се почитува бадинтеровиот принцип при гласањето на Законот за полиција. Во писмото воедно се повикувало на заедничка средба помеѓу потписниците на Рамковниот договор а под покровителство на тогашниот претседател Бранко Црвенковски.

Теута АрифиМиловановиќ сепак инсистирала да се започне со поединечни средби и средби од помал обем, притоа сугерирајќи и средба во нејзината резиденција помеѓу Ахмети и Груевски со присуство на претставници на САД и ЕУ.

Овој процес во зачетокот го раководи Теута Арифи.

Амбасадорката се сретнала уште истиот ден со Груевски кој ја сослушал но го одбил предлогот за средба. Притоа Никола истакнал дека нема потреба меѓународната заедница да посредува за овие прашања, а ниту тој им верува на другите страни дека евентуалните дискуии би ги задржале во тајност. Груевски истакнал и дека не сака ако веќе некогаш се случи да има средба со Ахмети таа да биде со амбасадата на САД, во некоја друга амбасада, резиденција или во присуство на странски амбасадори.

На 3 октомври Миловановиќ е на прием кај претседателот Црвенковски и на маса го става предлогот на ДУИ за средба од поширок вид т.е. повторна средба на претставниците на политичките партии потписници на Рамковниот договор. Црвенковски посочил дека штом Груевски веќе има став нема логика да повикува на средба.

Теута АрифиПо неколку отфрлања од кабинетот на Груевски е побарано амбасадите на САД и ЕУ да организираат средба со Ахмети. На средбата била присутна само Миловановиќ како амбасадорот на ЕУ бил надвор од државата па испратил свој претставник. Во 2.5 часовниот разговор не е постигнат никаков договор. Ахмети инсистирал тема да не е само Законот за полиција туку и други меѓуетнички теми и сметал дека Законот за полиција треба да се донесе во пакет со закон за јазиците и други промени со кои албанскиот етникум ќе стане рамноправен со македонскио народ а ќе се издвои од групата етничка заедница. Груевски го прекинал разговорот затоа што сметал дека веќе разговараат за теми за кој тој смета дека не е овластен да дискутира.

На 5 октомври 2006 година обидот за дијалог продолжил со средбата Теута Арифи и Силвана Бонева, повторно со посредство на ЕУ и САД.  Истиот ден во резиденцијата на ЕУ е остварена нова средба Груевски – Ахмети но без присуство на претставници на ЕУ и САД. Овој пат е постигната само согласност да се назначат претставници на ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ кои би ги продолжиле дискусиите на повисоко ниво.

И ова сите знаеме дека имаше свој епилог со фамозниот мајски “договор” дека во иднина извршна власт формираат победничката партија од македонскиот блок со победничката партија од албанскиот блок по што следеа изборите 2008 година на кои ДПА беше оставена на цедило а ДУИ се самопромовираше како главен фактор во решавање на итеграциите на албанското прашање во Македонија но и НАТО и ЕУ пристапните преговори.

Теута Арифи

Симптоматично е и тоа што Теута Арифи од миленик на Шеќеринска е и домашно милениче на поранешната сопруга на актуелниот премиер на Република Албанија Еди Рама, сегашна сопруга на министерот за локална самоуправа, Делина Фицо. Фицо преку својата организација годинава доби 9.5 милиони долари од УСАИД кои треба да ги распредели во следниот период од пет години во организации поддржани или оформени од Џорџ Сород во Македонија. Сорос има своја “експозитура” во Скопје но очигледно дека наоѓањето начини за финансирање не секогаш мора да имаат логичност.

Но каде е грешката. Фицо е директорка на програмата за граѓанско општество на Ист вест менаџмент институтот од 2010 година до денес. Институтот ги покрива меѓу другото и Косово и Македонија и Албанија. Фамозно токму носител на оваа сума пари за Македонија е Ист вест менаџмент институт кој за партнери ги има фондацијата за интернет и општество “Метаморфозис”, Асоцијацијата за демократска иницијатива, ФООМ и Националниот младински совет.

Спорно е како ФООМ – Фондација отворено општество Македонија ака филијала на Џорџ Сорос во Македонија се јавува во две улоги. Прво како донатор на средства за функционирање на институтот на Фицо а вториот пат ФООМ е наведен како член на конзорциумот на УСАИД кој решава за поделба на парите за Македонија. Патем Заев посредувајќи преку Арифи остварил неколку средби со Фицо.

Теута Арифи

Но Теута како градоначалник на Тетово се соочи и со скандалот пет станови иако пред јавноста се оправда со фактот дека тоа се станови кои ги стекнала заедно со својот брачен партнер низ годините. Притоа наведувајќи ги 1997, 2005, 2006, 2013 и 2013 година. Иако сопругот на Теута, Шпенд Деваја во 2013 година од адвокат е избран за судија во Врховниот суд на Македонија каде сеуште е активен во одделот за граѓански дела. Прилично солидно за плата на една професорка и адвокат.

Се објави и афера во која Арифи гради на Попова Шапка објект кој вреди милиони евра а го платила само неколку илјади но и дека во времето на мандатот остварила корист од над 700.000 евра. Сите се негирани и не е отворена истражна постапка против ниту една од нив.

По изборите 2016 година “одметниците” на Ахмети, Арифи, Меџити и Бејта беа трите постулати кои по средбите со Шеќеринска ја договараа и идната старо – нова коалиција меѓу СДСМ и ДУИ но и реализацијата на Сеалбанската платформа во целост.

Активностите на Теута како претставник и висок функционер на ДУИ се парадокс на балканот. Таа е претставник на албанска националистичка партија која беше во воен кофликт со македонска национална партија тогаш на власт која успеа да ја зачува сопствената држава. Теута е феминист и борец за човекови права и полова рамноправност која го прифати радикализмот на соствената политичка партија која 2002 година по воениот конфликт бесрамно ја промовираш како движење за граѓански права и слободи. Теута беше шаховскиот пион или кралица во играта Ахмети – Тачи кога во срцето на ДПА го победи својот ривал станувајќи градоначалничка на Тетово кој е моќна база за албанскиот национализам во Македонија.

Теута Арифи

Теута игра на дволичноста. Еден аспект му кажува на Западот за “просветлен” поглед на жените на Ахмети во доминантно конзервативно албанско општество и истовремено правејќи го Тачи да изгледа слаб пред доминантно конзервативно машко доминантно општество со тоа што жената го води Тетово.

Притоа и Заев има респект кон Теута признавајќи дека патриотизмот е веќе одамна изумрен во неговата партија и дека таа “карта” не е добитна. Одговарајќи на новинарско прашање на една национална албанска телевизија во Македонија, дали политиката на патриотизам се покажа како фатална за СДСМ, новиот лидер на партијата, Зоран Заев, ја оцени таквата политика како грешка.

“Се обидовме неколкупати да ја наметнеме политиката на патриотизам како партија која не му се допаѓа политика и тука сме загубиле во апсолутна смисла. Чесно е да го признаеме ова за да можеме да бараме уште една шанса и да не ги повториме овие грешки во иднина. Луѓето не очекуваат од нас да играме патриоти. Ние сме дворјани. Ние сме партија која служеше како модел за мултиетнички соживот, ние сме партија што ги постави цврстите темели на нашата земја” истакна Заев. “Меѓу погрешните политики на патриотизмот ја спомена поддршката на Законот за бранителите и коалициите со ВМРО-ДПМНЕ во Струга и Кичево.”

Исламистите во Македонија работат во просторот создаден од конфликтот во 2001 година, кој го започна Ахмети. Долгорочната опасност за ДУИ и ДПА доаѓа од радикалните исламисти кои се обидуваат да ги уништат партиите. Ако елементите во ДУИ или ДПА се обидуваат да ги искористат овие радикали за сопствените политички цели, тогаш тоа се игра со оган. Радикалните исламисти се и антиалбански националисти и антимакедонски националисти.

Нивната цел е “Пристигнувањето на Балканскиот калифат”, што е  фундаменталистички пан-исламски ентитет. Концептот за Голема Албанија, кој ќе ги вклучува Албанија, Косово и Западна Македонија.

Во суштина, Заев вели дека неговата партија се откажува од одржувањето на својот македонски идентитет и отишла на барот за мултикултурализам на единствената сала за данок на Европската држава, со цел Албанците да се чувствуваат посилно “инклузивни”.

Ако е така, а Арифи се спакувала себеси како феминистка на Либералниот Запад, тогаш треба да ја напушти ДУИ и да се приклучи кон СДСМ. Со “партискиот стаж”, може слободно да ја замени Шеќеринска, па и Заев.

Тука можете да го прочитате првиот дел – Теута Арифи или првата “дама” на СДСМ.

Може да ве интересира

Кој е Срѓан Керим или човекот “медал”?

Срѓан Керим или човекот “медал”   Срѓан Керим или човекот за сите власти и општествени …

Translate »
error: Content is protected !!