дома / Регион / Бугарија / 2 дел: Зошто Бугарија сега, “насилно” сака да го реализира Договорот за добрососетски односи и соработка?
Бугарија

2 дел: Зошто Бугарија сега, “насилно” сака да го реализира Договорот за добрососетски односи и соработка?

Имено проблемот започнува со 1944 година од пред кога Бугарија смета дека со Македонија ја дели заеднички и по сите параметри целата историја. Но има гласноговорници кои од партнерот на нацистичка Германија за почеток на било што околу историјата бараат прво официјална Софија да се извини за окупацијата за време на Втората светска војна.

И тој чин денес или утре ќе мора да се случи.

Но Бугарските историчари ја толкуваат историјата сосема противно. За нив Бугарија не била окупатор туку ослободител. Па така стои и изјавата дека:

Тие песни дошле од вас кон нас, а не обратно. Зашто ги создале на бугарски јазик, а не на јазик за кој се залагаат научниците во Македонија? Тука нема ли некој научен проблем што треба да биде разјаснет? Зошто Иван Михајлов помеѓу 1950 1970 година, публикува мемоари на бугарски, а не на некој друг јазик? Нема ли и тука некое научно прашање за културна активност меѓу нашите два народи?”

Бугарија
Но стои и изјавата дека: “Да се разбереме. Никој во Бугарија не сака да и наметнува на сегашната генерација во Македонија како треба да се чувствува. Но, треба, за мртвите предци кои не може да се заштитат. За големата и неоспорна вистина дека до крајот на 1944 година, мнозинството од христијанското население во Македонија зборувало на бугарски јазик. Двата народи имаат ист корен и богато минато, што во еден момент големата политика ги разделила трајно.”

Она што е поразително е што сите го знаеме ставот на Бугарија, но зошто преговараме за самонегирање или зошто Бугарија панично и манично поставува црвени линии кон признавањето на Македонскиот народ и неговиот идентитет: “Бугарија цело време пропагира за еднонационална држава – не постојат Македонци и македонски јазик. И ако тука попушти, постои страв дека целата таа градба што е градена низ повеќе од еден век ќе се уништи.”

Ние со Бугарија имаме проблеми со историјата, и нашиот источен сосед ужива во измачувањето од недозволувањето како нација да се поклониме пред гробот на Јане Сандански кој нели според нив е чистокрвен бугарин, но ги негираат и сите борци за Македонска државност пред за време и по Илиненскиот период нарекувајќи ги бугарски револуционери – борци за правата на Бугарите во Македонија, нешто што Заев ќе треба да го објасни на Илинден оваа година кога со Борисов ќе се поклонат пред споменикот на Никола Карев, според Бугарија, бугарски револуционер.

Бугарија
Македонија низ годините, се соочи со проблеми и правни пречки да ги чествува и Светите браќа Кирил и Методиј во Рим, каде Бугарите поставија импозантна плоча на која стои Бугарските просветители исто како што ги именуваат и Наум и Климент. И тоа беше евидентно изминатите 2.5 декади кога во Охрид бугарски туристички водичи на своите сограѓани, им го покажуваа знаменитостите и значењето на Бугарскиот Ерусалим каде живееле и твореле бугарските просветители но и живеел и бугарскиот цар Самоил.

И ние тоа дозволивме да го толерираме во име на подобра туристичка сезона?

И ден денес официјалниот став на Софија е дека Проблемот беше Бугарија да преземе голем ризик, за да и помогне на Македонија да се ослободи од Југославија. Скопје сакаше Софија да признае легитимација со која Македонија беше вратена на Југославија во 1944 година.

Велат дека еден цилиндар ако го погледен од врвот е круг, а од страна правоаголник.

Од Бугарска страна афирмацијата на независноста на Македонија изгледаше пак како исполнување на одамнешен сон. Во преродбата мнозинството население на овие територии се дефинира како бугарско. Учеството во борбите за втемелување на Бугарската егзархија која денес би ја дефинирале како културно просветна автономија на Бугарите. Македонските Бугари неприкосновено се приклучени кон неа. По Берлинскиот договор тие го задржуваат единството со сонародниците во Бугарија. Безброј патриоти од слободните краеви на земјата се приклучиле кон револуционерните борби во Македонија и безброј македонски Бугари учествувале во изградбата на модерна Бугарија и во заедништво ги поминале и првата и втората светска војна како и балканските војни.

Имено автономна и независна Македонија отсекогаш била прифатливо решение за бугарската дипломатија и тоа во 1992 година конечно се оствари. Останува уште само двете страни да се фата рака под рака и долгата бугарска национална сага ќе наближи кон својот успешен крај.

Но не забораваат секогаш да обвинат некој друг затоа што овој Илинден не е прв кој е спорен како Македонски празник кој Бугарите сакаат да го чествуваат.

“Дури и кога федерацијата спадна во процес на распаѓање, на пленарна сесија на 22 јуни 1990 година, во посебен меморандум Југославија ги обвинува Бугарија и Грција во бруталното прекршување на правата на македонските малцинства. Во август истата година Југословенската амбсада во Софија излегува со протесна нота со која ја осудува прославата во Бугарија на Илинденското востание.”
Бугарија
Но сепак за големо Бугарските идеали има надеж. Шанса да се стави крај на македонско – бугарската студена војна беше Декларацијата потпишана на 22 февруари 1999 година меѓу премиерите Иван Костов и Љубчо Георгиевски. Но таа беше напуштена од последните македонски власти наследници на ВМРО – ДПМНЕ затоа што биле навредлива и во неа немало реципроцитет.

Двете земји годишно за 24 мај испраќаат делегации на поклонение на гробот на Св. Кирил во Рим, но само еднаш во 27 години, истата 1999 година се поклонија заедно.

Притоа Бугарските власти инсистираат на Договор т.е. Декларација за соработка и пријателство кој ќе биде базиран во целост на декларацијата од 1999 година. Инаку според нив се што би се потпишало во друга форма секоја следна влада ќе има можност да го прогласи за необврзувачко. И според Бугарија тоа не е основ за градење доверба.

Иако Бугарија не отстапува само тука туку оди и подлабоко па излегува и со предлог за заеднички прослави на 100 годишнината од Првата светска војна со образложение дека нема ништо чудно претседателите на Бугарија и Македонија да посетат некое воено гробиште во Македонија каде се погребани војници и офицери родени од двете страни на бугарско – македонската граница и кои се загинати со лавчина на капите и во своите срца и заедно да кажат “Спијте мирно момчиња. На крајот ние победивме.” А потоа логично да се сретнат со претседателите на тогаш непријателските земји, Србија и Грција за да се прогласи вечен мир на Балканот.

И колку ова да звучи луцидно сепак е став на официјална Софија која смета дека е добар основ да се разгледа како во иднина би си ги чествувале заедничките победи и порази од заедничкото историско минато.

Патем фактографски сегмент е дека разговорите од 2008 до денес помеѓу Софија и Скопје имале 11 консултации и безброј обиди за “пеглање” на разликите во полза на Бугарија.

Очигледно 12-тата беше пресудна. Онаа на Заев со Борисов по која е изјави: “Денеска разговаравме и навистина да ги доближиме нашите ставови во функција на потпишување на Договорот за добрососедство и соработка меѓу нашите две земји. Остана еден мал детал, и си зедовме за обврска на заедничко чествување на Илинден, Илинденското востнание во Македонија, да го завршиме потпишувањето на договорот за добрососедство и билатерална соработка меѓу нашите две земји, каде на наша покана, премиерот Борисов ќе ја посети Македонија, и заедно, по втор пат ќе се поклониме поред споменик од нашата заедничка историја.”

Она што е проблем е од каде цар Самоил е бугарски дотолку полошо од каде Илинден е дел од заедничката историја со Бугарите?

Патем договорот треба да се потпише на јазикот кој што стои во Уставот на државата, откако ќе биде составен документот во кој ќе се донесат одлуките поврзани за како што вели Борисов заедничката историја, бидејќи според него и Заев најдобро е историските великани да се чествуваат од граѓаните на двете земји. По ова следи изјава за широките народни маси:

“Ќе направиме се што е можно со пријателска Грција да работиме заедно да ги решиме сите проблеми, бидејќи дестабилизирањето на Македонија, значи и дестабилизирање на нашите граници. Ние сме за единствена Македонија, ние сме за членство на Македонија во НАТО, а потоа и во Европската унија” – ќе каже Борисов.

Сегмен кој помина под превезот на општи разговори е и одлуката по една улица во Скопје и во Софија да ги носат имињата на поранешните претседатели Трајковски и Желев. Зошто? А зошто не Глигоров? Или тој е политички непободен за Бугарија?

Бугарија

Средбата која заврши катастрофално за Македонија и Македонскиот народ продолжи и со среби меѓи вицепремиерката и министерска за надворешни работи Екатерина Захариева со министерот за надворешни работи Димитров каде се разгледуваа деталите од компромисните решенија но Захариева не можеше а да не се пожали дека до сега Македонските власти еве 7 години од 2008 година не нашле волја да ги решат проблемите со Бугарија.

Демогогијата сепак следеше во следната реченица дека документот ќе биде потпишан во два примерака, на двата, официјални според уставите на Бугарија и Македонија јазици. Што е директно деградирање на историскиот елемент на македонскиот јазик и писмо кои по Устав не се уредени од 1990 – 1991 туку од 1944 година. Притоа Захариева повторува:

“Заедничко чествување на личности и датуми започна уште со посетата на Заев и Борисов на споменикот на цар Самоил. Тогаш од страна на Заев дојде и покана за заедничко одбележување на Илинденско – Преображенското востание што Борисов го прифати.”

Првиот дел можете да го прочитате тука – Зошто Бугарија сега, “насилно” сака да го реализира Договорот за добрососетски односи и соработка?

Во следното продолжение ќе читате: 

Иако е енигма зошто не се користи терминот Македонски јазик. Имено Бугарија беше прилично бесна на изјавата на рускиот претседател Владимир Путин кој на средбата со претседателот Иванов изјави дека писменоста во Русија е дојдена од македонската земја или во цитат: “Денес во Русија е свечен ден. Денот на словенската писменост, а писменоста кај нас дојде токму од Македонската земја.”

На оваа изјава официјална Софија излезе со смешно соопштение….

Може да ве интересира

Која е Солза Грчева? Со нова партија, трета среќа или стара навика?

***Информација надвор од авторот на текстот: По прифаќањето за да биде интервјуирана за овој медиум, …

Translate »
error: Content is protected !!