дома / МКД / Аерозагадувањето и дволичноста на политиката!?
аерозагадување

Аерозагадувањето и дволичноста на политиката!?

Во земјите од далечниот исток ја нарекуваат карма а кај нас е позната како дволичност, особина која политичките партии ја манифестираат како двоен аршин за иста работа зависно дали во дадениот момент се или не на власт.

И истата не се должи на високи политики и партиски идеологии туку на суети на немоќ и неукост. Последната беше манифестирана за време на поплавите во скопско кога група млади граѓани изработија апликација со која по зони евидентираа што е исчистено, каде треба да се чисти за следниот ден, каде е побарана лекарска помош, каде е доставена хуманитарна помош.

Имињата нормално беа познати на медиумите блиски до тогаш опозиционата СДСМ додека партијата на власт ги игнорираше овој вид иновации кои за волја на вистината помогнаа повеќе од секогаш хаотичниот и фамозен центар за справување и управување со кризи.

аерозагадување

Во нормални земји за ваквите иноватори партиската припадност не е предмет на дискусија туку државата се грижи нивната функционална иновативност да ја откупи, имплементира како државна и реализира до следната криза. А во Македонија поплавите ни станаа секојдневие.

Нешто слично деновиве се случува со аерозагадувањето. Македонија има мерни станици кои скоро никој и да не ги знаеше дека постојат а во добар дел беа и целосно нефункционални. Она што работеше, од страна на еден човек кој живее и работи во странство се преслика во апликацијата “Мој воздух”.

Токму тука се покажа дволичноста на политиката.

Кога ВМРО – ДПМНЕ беше на власт тоа беше обична, интерна, игнорирана, недоволно информативна апликација која се користеше за нереални прикази на единици на загадување кои според тогашниот владин кабинет не ја отсликуваа реалноста.

ВМРО – ДПМНЕ веќе не е на власт. СДСМ оваа апликација иако со какво такво мнозинство во законодавниот дом и извршна власт сеуште не ја откупува како практична информираност на граѓаните. Она што е трагикомично е однесувањето на истите оние поранешни функционери на ВМРО – ДПМНЕ кои како започна сезоната на греење а со тоа и есента на своите портали но и службени и приватни профили по социјалните мрежи преплавија со скриншотови од степенот на загадување повикувајќи ја владата на СДСМ да го реши проблемот со загадувањето.

И тоа е истата апликација која во ВМРО – ДПМНЕ беше “забранета” да се спомне дека постои дотолку повеќе дека е функционална и реално информативна.

аерозагадување

За волја на вистината таа иста апликација на вечно владиниот коалиционен партнер ДУИ им служеше најмногу. Па за време на изборната кампања градовите кои се гушеа од степенот на загадување како Тетово го избраа актуелниот старо – нов градоначалник. Најверојатно како награда што апсолутно ништо не превзел за почист воздух.

Иронијата да биде поголема не беа само апелите на ВМРО – ДПМНЕ дека се гушиме со постирање на енормно големи степени на загаденост од апликацијата која ја негираа туку однесувањето на градоначалниците кои за прв пат стапија на новите функции. Првите одлуки секако на дел од нив беа да се исечат добар дел од преостанатото зеленило со истиот премолчен вокабулар на претходната власт.

Само градоначалникот на Скопје, Шилегов, излезе во јавноста со прилично симпатични мерки на претпазливост, кои во основа повикуваа населението да остане дома во деновите кога степенот на загаденот е висок.

аерозагадувањеМакедонија има соодветни институции и за кризни ситуации и соодветна институција која го мери степенот на загаденост на воздухот и неговата ризичност. Кога веќе партизацијата им е омилена и на претходната и на актуелната власт, отворено се поставува прашањето зошто на националниот медиумски сервис а и националните приватни радиодифузери Владата не издаде наредба за редовно, дневно објавување на степенот на загаденот во текот на денот но и ноќта кои изминале?

Користењето на социјалните мрежи само го одржува степенот на информираност но без реални показатели дека некој надлежен реално има волја да го реши проблемот со загаденоста на воздухот кој по навика ќе не мачи следните пет – шест месеци по што природно со пролетта ќе се заборави.

Иако има конфузни решенија. Се решаваат проблеми кои реално не се од ни од фокусно ни од императивно значење за здравјето на граѓанинот на Република Македонија. Само во Буџетот на град Скопје имаше 6 милиони евра кои актуелниот градоначалник ги стопира а беа наменети за фасадниот изглед на објектите кои ги опфати проектот Скопје 2014-та. Тоа не се малку пари. Иако дел од фасадите се покажа дека ќе мора да се завршат, сепак има доволно средства кои можат да се искористат во имплементирање и истражување мерки за подобрување на средината која секој градоначалник јавно ја чувствува како своја одговорност а реално не троши ни пет пари за да ја подобри состојбата.

Партизацијата на оштествениот апарат е енормно голема и таа само се прелева од едно во друго партиско определување. Оние кои реално прават нешто за подигање на јавната свест и информирање се “негативците” за сите влади.

Додека тоа не се промени, ние ќе земаме длабок здив енормно загаден воздух и со скриншот на неверојатните степени на загаденост на воздухот ќе коментираме колку е опасно истот да се дише. Нормално во Македонија може да се демонстрира и манифестира протест само против политичка цел но кога е човековото здравје во прашање тоа е небитно затоа што најмалку носи позитивни поени на актуелната власт без разлика од која политичка партија во моментов таа е претставувана.

Може да ве интересира

иредентизам

Иредентизам кај Македонија и Грција – поим за плашење народ од соседите

Деновиве на балканот, осовено кај нашиот јужен сосед на голема врата се користи поимот иредентизам …

Translate »
error: Content is protected !!