дома / Анкети / Минати Анкети / Анкета на „Брима Галуп“: ВМРО-ДПМНЕ со двојна предност пред СДСМ 36,8%, наспроти 15,7%
анкета

Анкета на „Брима Галуп“: ВМРО-ДПМНЕ со двојна предност пред СДСМ 36,8%, наспроти 15,7%

10.02.2016

Реномираната и угледна агенција за истражување на јавното мислење, Брима Галуп која ги изработува и истражувањата на јавното мислење за потребите на престижниот американски Интернационален Републикански Институт, на барање и во соработка со неделникот „Република“, во периодот од 30 јануари до 4 февруари 2016 година спроведе теренска анкета за испитување на јавното мислење на граѓаните во однос на повеќе прашања поврзани со актуелни политички теми, при што беа анкетирани 1006 испитаници на возраст над 18 години.

анкета

Со оглед на фактот што на сите досегашни избори, етничките Албанци во Република Македонија речиси стопроцентно гласаа за политичките партии во албанскиот политички кампус, ги објавуваме резултатите од анкетата кои се однесуваат на мислењето на Македонците. Истовремено, поаѓајќи од фактот што македонските гласачи на избори, во најголем процент својата поддршка ја даваат за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, истражувањето генерално е насочено со прашања кои се однесуваат за овие две политички партии, освен одговорите на прашањето за рејтингот на политичките партии, каде освен македонското гласачко тело во предвид беше земено севкупното расположение на сите етнички заедници (Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци и останати), со цел да се добие реален приказ за расположението на граѓаните за сите релевантни политички партии во државата.

Резултатите покажуваат огромна поддршка и повеќе од двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ спрема СДСМ, односно доколку следната недела се одржат нови парламентарни избори за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 36.8%, а за СДСМ повеќе од два пати помалку односно 15.7%.

анкета

Овие резултати се кај македонското гласачко тело, но таквата двојна разлика се пресликува и доколку се земе во предвид целосната етничка структура на населението во Република Македонија,односно 25.7% за ВМРО-ДПМНЕ према 13.4% за СДСМ.

анкета

Речиси 5 пати повеќе, односно 56.6% од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ би победила доколку се организираат предвремени парламентарни избори на кој би учествувале сите партии, а само 12.4% сметаат дека тоа е СДСМ.

анкета

Дури 47.6% сметаат дека СДСМ се плаши од предвремени парламентарни избори, што може да се доведе во корелација со нивното одбивање да учествуваат на изборите на 24 април. Само 16% сметаат дека тоа е ВМРО-ДПМНЕ.

анкета

Кога станува збор за перцепциите, точно пет пати повеќе сметаат дека генерално ВМРО-ДПМНЕ има поголема поддршка од граѓаните и дека ќе победи на изборите, односно 65.1%, за разлика од само 13% кој сметаат дека СДСМ има поголема поддршка.

анкета

Според граѓаните убедливо ВМРО-ДПМНЕ е партијата со која државава економски и политички ќе оди напред. Дури 50,8% од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ економски ќе ја води подобро државата напред, односно 50,7% од граѓаните сметаат дека со ВМРО-ДПМНЕ државата ќе оди напред и на политички план, наспроти, 20,1% кој сметаат дека тоа е СДСМ во поглед на економијата односно 21,3% дека државата ќе оди напред со СДСМ на политички план.

Убедливо, двојно повеќе односно 53.6% од граѓаните сметаат дека опозицијата доколку би ја превземала власта би била понедемократска,  за разлика од 26.3% кои сметаат дека би била подемократска.

Дури 55.2% од граѓаните сметаат дека политиките на опозицијата се деструктивни, за разлика од само 28.6% кои не се согласуваат со тоа, наспроти, убедливото мнозинство од 50.4% кои сметаат дека политиката на власта е конструктивна, односно 33.9% кои не се согласуваат со тоа.

Повеќе од двојно односно 29.7% од граѓаните сметаат дека меѓународниот фактор е повеќе наклонет спрема ВМРО-ДПМНЕ, односно 13.9% кои сметаат дека тоа е СДСМ.

Маргина на грешка е ± 3 проценти на ниво на доверба 95 проценти.

Може да ве интересира

анкета

Македонски претседателски избори (2009)

Според анкетата, спроведена во јануари 2009 година, најголема поддршка имал Срѓан Керим, кој официјално подоцна истакнал дека нема …

Translate »
error: Content is protected !!