дома / Анкети / Минати Анкети / Анкета на Павел Шатев: ВМРО ДПМНЕ и Ѓорѓе Иванов со убедливо водство
анкета

Анкета на Павел Шатев: ВМРО ДПМНЕ и Ѓорѓе Иванов со убедливо водство

Според  телефонската анкета за рејтингот на политичките партии и нивнтие лидери   спроведена од Институтот Павел Шатев помеѓу 15 и 17 Април 2014 година на примерок од 1450 испитаници македонските граѓани ја зголемуваат поддршката за ВМРО – ДПМНЕ и нејзиниот кандидат за претседател Ѓорге Иванов. Во истражувањето кое беше спроведено на ниво на Република Македонија, беа опфатени се сите шест изборни единици, а почитувани се повеќе демографски карактеристики на населението вклучително пол, етничка припадност и возраст, а била  направена поделба и според руралните и урбани места на живеење при што Скопје е земено како посебна целина.

На прашањето за која партија ќе гласате на парламентарните избори 27,9 % од граѓаните рекле дека својот глас ќе го дадат за ВМРО – ДПМНЕ, речиси двојно помалку за СДСМ за ДУИ 7,2 а за ДПА 4,2 проценти.

До помалите партии најмногу има ГРОМ со 1,8 проценти од испитаниците, НДП на Руфи Османи 0,8 а ЛДП има само 0,1 проценти од гласовите. 23 % од граѓаните рекле дека нема да гласаат за ниту една партија а 18,4 не знаат за кого ќе гласаат.

1. За која партија ќе го дадете вашиот глас на предвремените парламентарни избори закажани за 27 Април?

Ниту една 23,5 %
не знам/немам одговор 18,4 %
Друга 1,2%
СДСМ 14,9%
ВМРО-ДПМНЕ 27,9%
ДУИ 7,2%
НДП 0,8%
ДПА 4,2%
ГРОМ 1,8%
ЛДП 0,1%
Вкупно 100%

Според таканаречениот Донтов модел врз основа на резултатите од анкетата ВМРО ДПМНЕ би добила 62 пратенички места без трите мандати од дијаспората СДСМ 32 пратеници , ДУИ 16, ДПА 9 и ГРОМ еден пратеник

2. Пратенички мандати според моделот на D’Hondt
ВМРО-ДПМНЕ 62
СДСМ 32
ДУИ 16
ДПА 9
ГРОМ 1

Граѓаните и понатаму најголема доверба имаат во премиерот и лидер на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски, за него се изјасниле 28,7 проценти од испитаниците, на второ место со 4 пати помала доверба е претседателот на СДСМ Зоран Заев, Али АХмети има доверба од 7,5 проценти а Мендух Тачи4,5 проценти од граѓаните. Следуваат Стевче Јакимовски со 1,9 проценти, Бранко Црвенковски со 1,6, Руфи Османи со 1,1 %, Радмила Шеќеринска со 1, и Андреј Жерновски со 0,1 процент доверба од граѓаните.

3.Во кој политичар вашата доверба е најголема?
Не знам/немам одговор 18,2%
Ниту еден 25,7%
друг 2,8%
Никола Груевски 28,7%
Зоран Заев 6,9%
Радмила Шеќеринска 1,0%
Бранко Црвенковски 1,6%
Мендух Тачи 4,5%
Али Ахмети 7,5%
Стевче Јакимовски 1,9%
Руфи Османи 1,1%
Андреј Жерновски 0,1%
Вкупно 100%

На Прашањето која партија би победила на парламентарните избори ВМРО ДПМНЕ со 40,9 проценти од гласовите има тројна предност пред СДСМ која има 13,8 проценти. 7,8 проценти од граѓаните сметаат дека ДУИ ќе победи а ДПА добила 4,4 проценти од гласовите на ова прашање.

4.Според вас, која партија би победила на следните парламентарни избори?
не знам 31,3%
друга 1,8%
СДСМ 13,8%
ВМРО-ДПМНЕ 40,9%
ДУИ 7,8%
ДПА 4,4%
Вкупно 100%

Дури 47 % од граѓаните го бираат НИкола Груевски за иден премиер ако треба да се одлучат меѓу него и Зоран Заев кој е избран од 18,3% од граѓаните. 34 % немаат одговор на ова прашање.

5. Кого би го избрале за иден Премиер ако треба да се одлучите меѓу Никола Груевски и Зоран Заев?
не знам 34,5%
Никола Груевски 47,2%
Зоран Заев 18,3%
Вкупно 100%

Претседателскиот кандидат и актуелен претседател Ѓорге Иванов со 32,6 проценти има повеќе од двојна предност пред Стево Пендаровски кој има 15,2 % проценти доверба. 24,4 % од граѓаните нема да гласаат а 27,8 проценти немаат одговор на ова прашање.

6. За кој од двајцата кандидати ќе гласате во вториот круг на претседателските избори ?
Ѓорге Иванов 32,6%
Стево Пендаровски 15,2%
Нема да гласам 24,4%
Не знам 27,8%
Вкупно 100%

Сите резултати од анкетата подлежат на статистичка грешка од +/- 2,5 %.

Може да ве интересира

анкета

Македонски претседателски избори (2009)

Според анкетата, спроведена во јануари 2009 година, најголема поддршка имал Срѓан Керим, кој официјално подоцна истакнал дека нема …

Translate »
error: Content is protected !!