дома / Анкети / Минати Анкети / Анкета на „Павел Шатев“: ВМРО-ДПМНЕ со повеќе од двојна предност пред СДСМ, работата на Јанева политички мотивирана
анкета

Анкета на „Павел Шатев“: ВМРО-ДПМНЕ со повеќе од двојна предност пред СДСМ, работата на Јанева политички мотивирана

18 March 2016

Поголемиот дел од граѓаните на Република Македонија својот глас на предвремените парламентарни избори на 5 јуни би го дале за ВМРО-ДПМНЕ, а за иден премиер би го избрале Никола Груевски, велат резултатите од последната анкетата на институтот „Павел Шатев“, која е спроведена помеѓу 13 и 15 март 2016 година.

Anketa-PS-1Anketa-PS-2Дури 64,3 проценти од испитаниците немаат доверба во работата на Катица Јанева и специјалното јавно обвинителство, а 67,8 проценти сметаат дека обвиненијата за одредени функционери на власта не се издржани. Високи 88 проценти од испитаниците велат и дека истите тие обвиненија на специјалното јавно обвинителство за одредени функционери на власта, нема да влијаат на одлуката за кого ќе гласаат на изборите.

Anketa-PS-3Anketa-PS-4Anketa-PS-5Anketa-PS-6Во периодот помеѓу 13 и 15 Март 2016 година Институтот Павел Шатев спроведе телефонска анкета на 1 075 испитаници со цел да ги утврди перцепциите на македонските граѓани кон повеќе актуелни политички прашања во Република Македонија.

Во истражувањето кое беше спроведено на ниво на Република Македонија, беа опфатени сите шест изборни единици, како и повеќе демографски карактеристики на населението вклучително пол и возраст, а исто така беше направена поделба и според руралните и урбани места на живеење при што Скопје е земено како посебна целина.

Со оглед дека целта на анкетата беше да се дознаат перцепциите на граѓаните кои во најголем дел гласаат за двете најголеми партии во Република Македонија, односно за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, во анкетата не беа вклучени испитаници Албанци, со оглед дека тие генерално гласаат за етничките албански партии. Сите останати етнички заедници беа вклучени во истражувањето.

 

Може да ве интересира

анкета

Македонски претседателски избори (2009)

Според анкетата, спроведена во јануари 2009 година, најголема поддршка имал Срѓан Керим, кој официјално подоцна истакнал дека нема …

Translate »
error: Content is protected !!