дома / МКД / Антонијо Милошоски, вечниот кандидат за наследник на Груевски

Антонијо Милошоски, вечниот кандидат за наследник на Груевски

Антонијо Милошоски, вечниот кандидат за наследник на Груевски.

 

Милошоски е меѓу вечните кандидати за наследник барем на Никола Груевски во сите комбинации, кога и да се спомнеше негова оставка.

Роден на 29 јануари 1976 година, Милошоски во ВМРО – ДПМНЕ има поминато нешто повеќе од 25 години од нејзиното 27 годишно постоење. Активен за време на студентските протести заедно со Димитар Димовски., но и сегашниот кандидат за претседател Филип Петровски кои штрајкуваа со глад, а Влатко Ѓорчев беше поддршка заедно со средношколците. Тогаш имаше шпекулации дека Милошоски ескивирал од штрајкот со глад.

Својата прва официјална партиска функција ја добива 1996 – 1997 година како потпретседател на Унија на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ. Додека пред тоа е основач на здружението на граѓани Младинскиот евроатлански форум (МЕАФ), со седиште во Скопје.

Од непартиските активности а сепак за ВМРО – ДПМНЕ пишува како колумнист за дневниот весник Дневник 2000 година и Утрински весник 2004 година. Од 2004 година е и член на Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ.

Своето формално образование го стекнува прво во родниот град, Кичево, во гимназијата “Мирко Милески” 1994 година, а во 1999 година дипломира на Правниот факултет во Скопје. Во периодот 2001 – 2002 година завршува магистерски студии по европски интеграции на Универзитетот во Бон, Германија.

По магистратурата стои и дека пријавил дека е докторант на политички науки при Универзитетот во Дуисбург, Германија 2002 година каде и работи се до 2006 година.

Во власта влегува како шеф на кабинетот на потпретседателот на Владата на Република Македонија и прв кадровник на ВМРО – ДПМНЕ, Доста Димовска 1999 – 2000 година. Во мај 2000 година е и првиот официјален портпарол на Владата на Република Македонија се до 2001 година.

Во 2006 година се враќа од странство на повик на Никола Груевски и се приклучува кон тимот кој во 2006 година ја освојува победата на парламентарните избори. Станува пратеник во законодавниот дом по што е именуван за министер за надворешни работи (26 август 2006 – 28 јули 2011) на Република Македонија. Во 2011 година чудно е повлекувањето од функцијата министер за надворешни работи без образложение.

Милошоски е учесник т.е. носител во изборна единица (ИЕ) 5 и (ИЕ) 6 во сите изборни циклуси од 2006 година до последните избори во 2016 година. Во законодавниот дом највисока функција е онаа на потпретседател на Собранието на Република Македонија.

Милошоски е активен пратеник во сите состави на законодавниот дом и член на Извршниот комитет на партијата со што во основа е партиски член од актуелното раководство со најголем стаж.

Милошоски е еден од ретките политичари кои ја преживеа чисткатана Груевски по промената на претседателското место на Љубчо Георгиевски за што во партиските кулоари се смета дека е еден вид на мистика.

  • Милошоски би требало да појасни зошто?

Во аферите кои низ годините го пратат познати се оние дека наводно има пробугарски афинитети како бил близок со пробугарското крило на ВМРО – ДПМНЕ иако денес ретко кој може да ги именува во т.н. бугарофили икако сите во одреден момент биле во можност на Бугарија да и го дадат она што денес го продаденовата Влада.

Во законодавниот дом од страна на опозицијата беше прозван за користење на својата службена положба и овластувања за наводни расчистувања на бизнис сметки од бизнис конкуренти кон неговото семејство. За што до овој момент никаде не најдовме докази, ниту во судот отворени истражни постапки.

Други афери се во делот на нереагуларности при купување на општинската зграда во Пласница, потоа нерегуларности и со преземање на Авто мото сојузот на Македонија.

Милошоски го има и во аферата со бомбите од нелегитимно стекнатите прислушкувани разговори. СЈО се обиде да отвори предистражна постапка за која побара информација од Агенцијата за цивилно водзухопловство и од Централниот регистар на Македонија дали Милошоски поседува воздухоплов и дали е директор или основач компанија која работи во оваа сфера.

Самиот Милошоски ваквото барање го објави јавно, на што реагираше СЈО.

Во бомбите на Заев за време на политичката криза беше два-три пати. Еднаш како дава извештај за понуди од страна на Република Грција за предлог надополнувања на Уставното име на Република Македонија, за промена на името! Тоа е разговор во кој од другата страна соговорник му е Никола Груевски како претседател и премиер но и Сашо Мијалков за кој не е познато во кое својство работел на полето на надворешната политика.

  • Милошоски да одговори дали имало и тајни преговори во кои биле вклучени и Сашо мијалков или други лица непознати за јавноста без мандат за таа работа?

Како кадар кој не потекнува од кабинетот или школските клупи на Груевски, Милошоски е спомнат и во разговорите меѓу министерката за надворешни работи Јанкулоска и шефот на кабинетот на Груевски, Протоѓер. Кои коментираат за негов недвижен имот но на туѓо име, т.е. на име на неговата прва сопруга.

Сегментот пријава на судија за кој постои сомнеж дека работел за поранешните безбедносни служби и ургенции за стажирање на некој студент е дел од разговорите кои СЈО т.е. Заев ги објави за Милошоски.

Милошоски е првиот функционер кој јавно на национален медиум ја потврди автентичноста на разговорите во кој тој бил снимен-прислушкуван. Цитат на Милошоски: Прво, колеги од СДСМ во Собрание ми се обраќаат со предупредување да внимавам што и колку зборувам од собраниската говорница, за следниот ден Јанева и СЈО да отвори предистражна постапка за авиони и компании кои ги немам? И да, разговорите се целосно точни.

Како функционер и граѓанин мислам дека е мое право сомнежот за судијата да го изложам кон надлежниот орган, додека за вториот разговор како и тогаш и сега стојам на ставот дека тоа младо момче треба по основ на квалитет да има шанса да се обиде да се докаже па да формира работен однос. И жално е што тоа е се што има СЈО за мое дискредитирање но имам порака до нив, вие само продолжете, но мене нема да ме замолчите.”

По овие афери беше поставена експлозивна направа на задната врата до семејниот дом на неговиот татко која лесно можеше да биде фатална.

  • Милошоски не одговори какви се сомнежите или наодите за оваа бомба и дали и предходело закани?

Како противник кој секогаш носел победи во својата ИЕ за време на последните избори за пратеници 2016 и по нив и СДСМ и внатрепартиските фракции во ВМРО – ДПМНЕ јавно го пласираа фактот дека Милошоски положил и Нотарски испит но дека веднаш потоа својата функција ја ставил во мирување.

Сензационалистичко беше повторувањето дека Милошоски веќе ја уредува својата нотарска канцеларија во центарот на Скопје и дека планира да е првиот пратеник кој ќе го напушти парламентатниот состав на ВМРО – ДПМНЕ.

Сегашниот градоначалник на град Скопје, Петре Шилегов, адвокат, реализираше вистинска прогноза дека Милошоски прв ќе го напушту ВМРО – ДПМНЕ иако стои фактот дека тоа го направи сосема неочекувано и без издржано образложение Никола Тодоров. Очигледно омилениот наследник на Груевски полесно го напушта бродот кој тоне имајќи притоа аспирации за негов следен капетан.

Според докази приложени во форма на писма од претседателот на НСДП Тито Петковски како коалиционен партнер во владата на Груевски се гледа дека тој редовно испраќал сугестии до тогаш министерот за надворешни работи Милошоски кој кадар е пожелно да биде испратен за амбасадор и каде. Иако во периодот 2006 – 2009 овој вид предлози требало да го поминат и филтерот наречен Претседател на Република Македонија, функција која во тој период ја извршувал токму поранешниот лидер на Тито Петковски, Бранко Црвенковски.

  • Милошоски треба да даде одговор која е врската со Тито Петковски и Бранко Црвенковси што тогаш имал такво влијание, но и дали истот го има и во денешно време?

 

Сепак она што дефинитивно е врв на политичката кариера на Милошоски е започнувањето на судски спор при судот во Хаг против Република Грција на име прекршување на членови од времената спогодба особено член 11 со ставање вето за приемот на Република Македонија во НАТО на неговиот самит во Букурешт 2008 година.

Одлуката беше донесена 4 години подоцна, 2012 година, со што со 15 гласа за и еден против потврди дека Република Грција го прекршила членот 11 од времената спогодба со Република Македонија и го злоупотребила своето право па ставила вето на приемот на Македонија во НАТО.

Милошоски ја предводеше делегацијата на Република Македонија како министер кој го започна процесот, а беше придружуван од актуелниот тогашен министер, Никола Попоски, а дел од тимот беше и поранешниот заменик министер и амбасадор и денес актуелен министер Никола Димитров.

Одлуката од Хаг беше необврзувачка за Грција во својот втор дел со што судот не и наложи на Грција забрана за повторување на делото.

  • Милошовски би било добро да одговори дали е точна шпекулацијата дека на тогашниот тим и нему како тим лидер, било понудено значителна сума на пари (25 милиони евра) непристоен предлог за да се прекине или (намерно) изгуби овој судски процес? Дел од тимот беше тој, предходниот Поповски и актуелниот министер Димитров!

Милошоски важи за мирен и прагматичен човек кој повеќе би се објаснил со правни аргументи отколку да навлезе во безпредметна расправа, што го прави опасен противник за соговорник но и опасен можен кандидат за местото претседател на ВМРО – ДПМНЕ.

Одлука за која јавно иако повторно се шпекулира со неговото име, ја нема ни негирано ни потврдено, сосема логично за човек како Милошоски затоа што оставката на Груевски првенствено треба да биде констатирана.

По повеќе од четврт век партиски ангажман, се очекува Милошоски да се охрабри и да ги спои дветеголеми фракции во ВМРО – ДПМНЕ, онаа пред и по Груевски, иако јасен е на ставот дека треба чиста и остра поделеност на семејство и партија што пак го прави непожелен кандидат поддржан од Груевски.

Дали и овој пат Милошоски ќе се грижи повеќе за партијата која во една година буквално колабира или ќе се осуди конечно да застане на претседателското место, останува да видиме по негова евентуална кандидатура за која дефинитивно дел од актуелното раководство нема да остане рамнодушно.

  • Сепак пред тоа да се случи или не, Милошоски треба да одговори дали бил под притисок или уцена за време на последните локални избори во кои како воопшто да не беше присутен и активен како на предходните 10 победнички циклуси во (ИЕ)5 и (ИЕ)6?

Може да ве интересира

Зоран Заев

Дали Заев и подготвува на Република Македонија “Букурешки договор III дел?!”

Македонската надворешна политика, во однос на Република Грција како наш јужен сосед, кој не ни …

Translate »
error: Content is protected !!