дома / Прес / Прес МКД / Аселборн даде поддршка на враќањето на Македонија на европскиот пат
Жан Аселборн

Аселборн даде поддршка на враќањето на Македонија на европскиот пат

На покана од министерот за надворешни работи на  Македонија, Никола Димитров, во работна посета на  Македонија престојува министерот за надворешни работи на Големото војводство на Луксембург, Жан Аселборн. За време на разговорите меѓу министрите на двете земји беше истакнато заемното задоволство од континуираниот нагорен тренд во билатералните односи, а беа разменети мислења и за конкретни предлози за  натамошно интензивирање на политичкиот дијалог и соработката во  областите од заемен интерес.

МНР Димитров истакна дека посетата на министерот Аселборн доаѓа во исклучително важен период за македонската Влада и воопшто за  Македонија и претставува јасен показател за интересот и поддршката што оваа земја како докажан пријател ја демонстрира кон  Македонија.

„Во кризата се роди силна решеност да се направи сè Македонија да стане вистинска европска демократија“ – рече министерот Димитров. Решеноста Македонија да изгради модерно, слободно и демократско општество е јасно изразена во целосната посветеност на Владата во спроведување на  реформските чекори содржани во планот 3-6-9.

Од своја страна, министерот Аселборн го увери македонскиот колега дека Луксембург и во иднина ќе продолжи да го поддржува процесот на проширување на Европската Унија и НАТО, изразувајќи цврста поддршка на мерките и политиките на Владата на Македонија насочени кон ревитализација на европската и евроатлантската перспектива на земјата.

„Многумина од нас во Брисел гледаат со задоволство на позитивните промени во  Македонија и продолжуваме заедно да помагаме Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ и НАТО“, изјави Аселборн.

 

Може да ве интересира

споменик

Заев: Ќосето прво ќе го тргнеме од пред судот каде што се дели правдата

Премиерот, Зоран Заев, најави дека првиот споменик од проектот „Скопје 2014“ кој ќе биде дислоциран …

Translate »
error: Content is protected !!