дома / Прес / Прес МКД / Бесими: Изборниот процес се одвива во демократски дух
фатмир бесими

Бесими: Изборниот процес се одвива во демократски дух

На десеттиот ден од кампањата за локални избори, процесот се одвива во демократски дух во согласност со духот за слободни и демократски избори, оцени денеска на прес-конференција шефот на централниот избворен штаб на ДУИ Фатмир Бесими.

Најави дека во наредните 10 дена Демократската унија за интеграција започнува со нова изборна стратегија, односно на терен со посета на семејствата кои досега не ги посетиле кандидатите за градоначалници и кандидати за општинските совети.

Во однос на инцидентите во последните неколку дена, Бесими рече дека нивна оценка е дека изборниот процес досега се одвива во мирна атмосфера со одредени случаи за кои, според него, надлежните институции навремено ќе ги отстранат таквите појави. 

Може да ве интересира

споменик

Заев: Ќосето прво ќе го тргнеме од пред судот каде што се дели правдата

Премиерот, Зоран Заев, најави дека првиот споменик од проектот „Скопје 2014“ кој ќе биде дислоциран …

Translate »
error: Content is protected !!