дома / МКД / Koj e? / Благајникот на ОНА и најавеното заминување на Ахмети од ДУИ
Џеват Адеми

Благајникот на ОНА и најавеното заминување на Ахмети од ДУИ

Џеват Адеми последниот период наидува на напади од сопствената политичка партија како процесот за конечна промена на последниот претседател на партиите од т.н. голема четворка веќе е во тек. Дали тоа се пораки до Адеми дека ќе си замине заедно со неговиот претседател или порака од Ахмети дека неговото изнудено заминување ќе предизвика повлекување и на Адеми со него не се коментира.

Ахмети своевремено изјави дека тој сам ќе се повлече кога ДУИ ќе ја оствари мисијата која ја започнаа преку УЧК, АНА и ОНА. И деновиве појасно како никогаш до сега ни е дека се тука некаде. Законот за употреба за јазиците ако не падне на Уставен и ако се промени името на државата мисијата на Ахмети е остварена па тој сакал или не ќе мора да си ја испочитува својата одлука.

Џеват Адеми не е непознатата во равенката наречена ДУИ или политичко крило на паравоената ОНА. Роден во Голема Речица, тетовско на 8 декември 1962 година се промовира во македонски политичар но повеќе се гордее со ‘ркулецот на неговиот зачеток а тоа е член на ОНА.

Џеват Адеми

Завршил високо образование и тоа токму во секторот каде ДУИ а и ОНА имаат најмалку кадри. Адеми е новинар. Неговите заложби и поддршка на териристичкиот напад и војната во Македонија 2001 година ги започнува како шеф на тајната полиција на ОВК за Македонија.

Прилично голема функција за прилично непознато новинарско перо.

Адеми освен шеф на тајната полиција на ОВК за Македонија бил лидер и на Албанската национална Армија позната како АКШ. Бил и претседател на здружението на политички затвореници со седиште во Тетово. Оние т.н. политички затвореници во кои бил и тој.

Неговата доследност на мисијата на терористичката ОНА па политичката ДУИ е и позицијата на главен организатор за собирање на парични средства за ОНА. Сите овие негови активности биле регулирани правно, па на 24 јули 2001 година е ставен на македонската црна листа на граѓани а три дена подоцна на 27 јули е ставен и на црната листа на САД од страна на американскиот претседател Џорџ Буш.

Согласно законот за амнестија по завршувањето на војната, а не вооружениот конфликт е амнестиран. Активно се вклучува во формирањето и делувањето на политичкото крило на ОНА нечено ДУИ и станува заменик министер за локална самоуправа во Владата на Бучковски во 2004 година.

Џеват Адеми

Адеми за само три години благодарение на СДСМ од терорист се промовира во легалист. Денес е пратеник кој често знаел во својата активност да ја збуни јавноста со изјавите и одлуките.

Но ова е општ опис на активностите на Адеми. Постои и поконкретен.

Националната демократска партија на Кастриот Хаџиреџа е финансирана од Албанското национално движење во кое се наоѓаат сите поранешни косовски и македонски сепаратисти т.е. целото движење на марксисти и ленинисти од Косово и Република Албанија. Нивниот разгранов во Македонија го водеше Алија Ахмеди. Од 13 јануари 2001 година кога е формирана НДП оваа партија претставува алтернатива за сецесионистичкиот побуди на претходно пропаднатата партија на Невзат Халили. Инаку НДП е формирана како разгранок на разузнавачката служба на Косовскиот заштите корпус на чесо со Азем Сила со седиште во Призрен.

На 18 април 2001 година во Дебар под покровителство на Кастиот Хаџиреџа е формиран Националниот комитет за ослободување и одбрана на албанските земји под раководство на Дукаџими Куштрим. На 26 април 2001 година во Скопје е воспоставена првата оперативна канцеларија на КЗК под раководство на Ушкана Куштрим. Овој комитет е продолжение на оној комитет кој Али Ахмети од 1985 година.

На 9 јуни 2002 година во 19:30 часот на граничниот премин “Блато” на македонско – албанската граница со патничко возиоло Опел Вектра со регистрарски таблички од ОХрид, Кастриот Хаџиреџа оди за Тропоја и Тирана по инструкции а ги добива од Роланд Кочани со цел подготовка за територијално отцепување на Дебар.

Џеват Адеми

Прв чекор за тоа беше преименувањето на улиците и мостовите во Дебар. На 20 јули 2002 година една екипа составена од четири искусни оперативци на УБК од Дебар и еден тим на Тигрите вршат упад на Голем Кораб и откриваат еден скриен бункер од кој што се извадени точно 4 камиони оружје. Неофицијално останати се уште 15 бункери од ист вид но со различен обем кои никогаш не се откриени.

Тука е поврзаноста на ДУИ со НДП.

Генерален секретар и портпарот на НДП е Џеват Адеми, со генералии наведени погоре кој работи во книжарницата “Рилиндија”. Сопственик на приватна фирма, моторно возило Голф 2. Член е и на ОНА како главен организатор за собирање парични средства. На 26 април 2000 година Адеми бара пари и поддршка од Емруш Џемаили за набавка на посовремено оружје за потребите на ОНА. Во Македонија пак води активна кампања за ослободување на Фазли Велиу од затвор во СР Германија. Одтука активен е и во ДУИ како шеф на тајната полиција т.е. служба на ОНА во Македонија. Бил лидер истовремено и на АКШ и на АНА.

Адеми бил претседател на здружението на политички затвореници со седиште во Тетово. Но во јавноста стојат податоци дека како агент на Сигурими или тајната полиција на Албанија од 1989 година бил и главен оперативец за Тетово со јасни инструкции за будење на националната свест кај Албанците за нивните автохтони територии. Во тесна врска е со косовските професори меѓу кои и онаа со Фадил Сулејмани кој беше и ректор на парауниверзитетот во Мала Речица. Со кој во 1990 година во Шипковица и Чегране на еден собир заедно ќе настапи и ќе го дефинира албанскиот национал шовинизам во Македонија ( покрај Невзат Халили, Дрита Статовци и Теута Арифи ) заради што подоцна ќе биде предмет на широка обработка од ДКБ и ќе заглави затвор заедно со Кастриот Хаџиреџа. По излегувањето Сигурими му доделува диплома за завршен степен на новинарство во Тирана која во Македонија експресно се нострифицира.

Џеват Адеми

Ова Адеми не го коментира, негира или потврдува.

Сигурими патем е тајната полиција на Енвер Хоџина Албанија која никогаш не престанала со работа туку само го променила името но не и полето и интереси на дејствување.

Адеми има сиптоматично политичко однесување. Во 2008 година најави заминување од ДУИ во партијата Нова демократија на Имер Селмани. Според партиски информации се скарал со Али Ахмети кој не му удоволил да биде замени претседател на владата за спроведување на Рамковниот договор, место кое го добил шефот на кабинетот на Абдулаким Адеми. Но Џеват никоаш јавно не се изјаснил што бил мотивот да остане во ДУИ.

Адеми стана активен и актуелен по изборните резултати од предвремените парламентарни избори 2016 година. Прво откако не постигнаа договор со ВМРО – ДПМНЕ јавно истакуваше дека со нив ДУИ постигнале договор за се, освен за СЈО. Тоа е истата 2016 година кога името на Џеват Адеми продолжува да е на црната листа на САД. Адеми тогаш изјави дека е грешка и дека таа брзо ќе се корегира.

“ Американскиот народ и САД направија толку многу за Албанците, што јас лично сум и многу благодарен и му простувам за секоја можна грешка, која би можеле да ја направат. Моето име на таа листа е грешка”

Џеват Адеми

Денес нагласниот говорник за тоа дека казни за неупотреба на Законот за употреба на јазиците ќе плаќаат сите почнувајќи од Иванов не говори зошто и во извештајот т.е. списокот на црната листа на САД за 2018 година сеуште стои неговото име?

Џеват Адеми во 2016 година е оценет и за пратеник од албанскиот етникум кој урива рекорди во стажот. Ова е текстот во целина:

Поранешниот пратеник кој најдолго бил на оваа функција, Џеват Адеми, повторно е на пратеничката листа и може да влезе во „Гинисовата книга на рекорди“.

Не се знае зошто Џеват Адеми е недопирлив и привилегиран во ДУИ и продолжува да биде на пратеничката листа каде што можноста да биде избран е 99,99 отсто. Како што и самиот Џеват Адеми рекол, неговата куќа и седиштето на ДУИ се наоѓаат на 500 метри растојание и можеби ова влијае тој да е секогаш сè повисоко на пратеничката листа.

Години по ред, тој е номиниран од разгранокот во Желино, бидејќи Речица, неговото родно место, никогаш не го предложила за пратеник и, како што кажуваат неколку жители, тој станал здодевен како пратеник и не направил ништо за жителите.

Но, во историјата со сигурност ќе биде напишано едно нешто, дека Џеват Адеми е Албанецот кој најдолго бил на функцијата пратеник во Македонија без да направи ништо за Албанците.

Џеват Адеми

На оваа статија излегуваат  со анализа од Проект на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите спроведувана од Метаморфозис.

Тие го расчленуваат текстот и на секој пасус поставуваат смерници како требало да се пристапи кон истиот. Џеват Адеми набргу го добива својот нов мандат за рекорд.

Адеми по одлуката на ДУИ со која партија ќе настапи на изборите излегувајќи во дворот на седиштето во Мала Речица на видео запис во друштво со Муса Џафери и Артан Груби кажува дека Вакво нешто се случува само во ДУИ по што следи гестикулацијата на Џафери кон Груби па Адеми со зборовите СДСМ, СДСМ на што Адеми го корегира покажувајќи кон Џафери па Груби со зборовите, Не, ВМРО, ВМРО и кон себе со зборот СДСМ.

Адеми не е омилен во ДУИ. И тоа се покажало во 2014 година. Имено тогаш пратеникот од редовите на ДУИ, Џеват Адеми бил нападнат од страна на членовите на Месниот совет на ДУИ. Инцидентот се случил откако Џеват Адеми се спротивставил на предлогот на членовите за избор на Беким Алиу за член на претседателството на огранокот. Алиу, кој е долгогодишен член на ДУИ и поранешен претседател на ОНА, речиси едногласно бил предложен од членството, но бил оспорен од Џеват Адеми бидејќи не бил присутен на состанокот. Присутните спречиле поголем инцидент додека пратеникот Адеми поминал без сериозни повреди. Во изјава за медиумите, Џеват Адеми вели дека со неговото спротивставување поранешниот војник Беким Алиу да стане член на огранокот, тој само го почитувал правилникот на партијата.

Она што деновиве по 2008 пак е актуелно е минатото на Адеми за кое е и суден.

Имено во 2008 година Стојан Андов и Ахмети со ДУИ го предлагаат Законот за рехабилитација и обештетување на поранешни политички затвореници кој добар дел од експертите сметат дека може лесно да се претвори во своја спротивност.

Фамозниот закон за рехабилитација кој им беше помил на Албанците од оној за лустрација.

Да се наградат луѓе кои поттикнале уривање и на Македонската држава, потттикнување насилни судири со човечки жртви. Имено четворица пратеници од тогашниот состав биле осудени и издржувале затворска казна. Џеват Адеми и Тахир Хани од ДУИ и Гарип Каба од ДПА биле осудени за дела против Уставот во време на Југославија а независниот пратеник Фадил Сулејмани добил затворска казна за случувањата со парауниверзитетот во Мала Речица. Џават и Тахири добиле по 12 години затвор врз основа на членовите 136 и 114 од Казнениот законик на СФР Југославија за здружување поради непријателска дејност и загрозување на тогашниот Устав.  Адеми бил осуден во 1982 година и издржал повеќе од 8 години затвор во Пожаревац, Србиј додека Хани бил пет години во Нова Градишка, Хрватска.

Џеват Адеми

Адеми за ова изјавува:

“Тогаш имав 18 години. Бес осуден од Окружниот суд во Скопје бидејќи учествував во демонстрациите во Приштина. Судија поротник беше сегапниот судија во Врховниот суд Агим Мифтари. Беше срамота за тогашниот систем да осуди млад човек заради неговите демократски идеи и размислувања. Имав право на посета секоја прва сабота во месецот. Моите родители требаше да патуваат од Скопје до Србија. Издржав над 8 години а по случувањата во Словенија беа ослободен заедно со уште 130 други затвореници.”

Гарип Каба во 1985 година за истите дела бил осуден на 5 години кои ги одлежал во Идризово. Фадил Сулејмани по менирите во Мала Речица во 1995 година е осуден на 2.5 години затвор од кои одлежа само една.

“Како идеолог и еден од основачите на тетовскиот Универзитет бев осуден за дело вербале деликт, иако тогаш во сите поранешни републики на СФР Југославија тоа беше укинато. Исто така казната се однесуваше што сум придонел за тоа 200.000 луѓе да се кренат против државата и изградат Универзитет. Одлежав една година на повеќе локации, Скопје, Битола и Тетово.”

Тогаш во 2008 година Адеми, Хани и Каба очекуваа Собранието да го изгласа законот со кој осудениците од поранешна Југославија ќе добијат оштета од сегашната самостојна независна држава Македонија. Тогаш ДУИ поднесе еден предлог закон а ДПА изрази сомневање дека е неквалитетен.

Зошто се ова се актуелизира деновиве кога во јавноста се погласно се зборува дека и последниот титан Ахмети ќе ја напушти политичката сцена не е јасно. Но Адеми очигледно си ги толкува пораките.

Може да ве интересира

Кој е Срѓан Керим или човекот “медал”?

Срѓан Керим или човекот “медал”   Срѓан Керим или човекот за сите власти и општествени …

Translate »
error: Content is protected !!