дома / Анкети / Минати Анкети / „Брима Галуп“: СДСМ и Заев со поголем рејтинг од ВМРО-ДПМНЕ и од Груевски
анкета

„Брима Галуп“: СДСМ и Заев со поголем рејтинг од ВМРО-ДПМНЕ и од Груевски

23 јуни, 2017

Рејтингот на СДСМ е за 2,6 отсто повисок од тој на ВМРО-ДПМНЕ, покажува најновата анкета на „Брима Галуп“ спроведена непосредно по изборот на новата Влада од 2 до 12 јуни 2017 година.

Рејтингот на СДСМ е 22,4 отсто, на ВМРО-ДПМНЕ – 19,8 отсто, ДУИ има 7,3 отсто, Беса и Движењето за реформи на ДПА имаат по 4,3 проценти, а ДПА е со најнизок рејтинг од 1,8 отсто.

ВМРО-ДПМНЕ, во сегментот на етничките Македонци, има предност од 0,9 отсто, но СДСМ го поддржуваат 6,3 отсто од етничките Албанци, а исто така партијата е во предност пред ВМРО-ДПМНЕ и кај гласачите од другите етнички заедници.

Резултатите покажуваат дека дошло и до промени во рејтингот на политичарите, па сега највисок рејтинг има Зоран Заев за кого се одлучиле 17,7 отсто од испитаниците и е пред Никола Груевски, чиј рејтинг е помал од тој на Заев за 4,7 проценти и изнесува вкупно 13 отсто.

Али Ахмети кај албанскиот електорат има предност пред Зијадин Села и пред Билал Касами. За Ахмети како политичар, во кого имаат најмногу доверба, се определиле 23,8 отсто етнички Албанци, за Села се определиле 15,9 отсто, а за Касами – 13,9 отсто.

Најголем дел, односно 29,8 проценти од вкупниот број испитаници се изјасниле дека немаат доверба во ниту еден политичар.

Може да ве интересира

анкета

Македонски претседателски избори (2009)

Според анкетата, спроведена во јануари 2009 година, најголема поддршка имал Срѓан Керим, кој официјално подоцна истакнал дека нема …

Translate »
error: Content is protected !!