дома / МКД / Koj e? / Бујар Османи, хирургот кој ќе пресече дали ќе не има или не

Бујар Османи, хирургот кој ќе пресече дали ќе не има или не

Бујар Османи, хирургот кој ќе пресече дали ќе не има или не.

Бујар Османи е роден на 11 Септември 1979 во Скопје, Република Македонија. Дипломира на Медицинскиот факултет во Скопје во 2004 година. Дел од својата специјализација по хепато-билио-панкреатична хирургија ја заврши во Лондон, Обединетото Кралство во периодот 2006-2007 година, додека од 2012 година се стекнува со звање специјалист хирург. Од 2014 е докторант на Школата за докторски студии при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.

Своето работно искуство го започнал во 2004 година како доктор на медицина на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св.Наум Охридски„ во Скопје. Истата година држел предавања во средното медицинско училиште „Др.Панче Караџозов“ во Скопје. Во 2008 година е назначен како министер за здравство на Република Македонија и таа функција ја извршува се до 2011 година. Од 2011 година е Специјалист хирург во Универзитетска Клиника за Дигестивна хирургија – Скопје. Во 2011 исто така е назначен за Секретар за комуникација со јавност при претседателството на Демократската Унија за Интеграција а од јуни 2017 година е назначен како заменик претседател на Влада задолжен за европски прашања.

Како заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања го координира процесот на пристапување кон ЕУ и е Национален ИПА координатор.

Или малку подетално.

Бујар Османи во периодот 1993 – 1997 година е средношколец при државниот медицински училишен центар “Др. Панче Караѓозов” на отсекот медицински техничар – сестри. Во периодот на турбуленциите во Македонија Османи од 1997 до 2004 година е завршува Медицински факултет во Скопје – општа медицина. Во 2004 година продолжува на постдипломски студии при Медицинскиот факултет во Скопје на отсекот хирургија, на кој и специјализира во 2006 година а по истиот предмет станува и асистент во 2008 година.

Од ноември 2006 година до ноември 2007 година е клинички и истражувачки соработник на професор Брајан Р. Давидсон при одделот за хирургија, единица за хепато-билио-панкреатична хирургијаа при Royall Free Hospital во Hamsted, London, Обединетото Кралство Англија.  Претходно во 2004 година работи во специјалната болница за хирушки болести “Св. Наум Охридски” во Скопје во работната единица за општа и абдоменална хирургија, од октомври до декември 2004 година е и предавач по микробиологија, фармакологија и гинекологија при ДМУЦ “Др. Панче Караѓозов” во Скопје.

Османи бил и во граѓанскиот сектор и тоа како секретар на здружението за млади “Fan S. Noli”од 1998 година до 2003 година. Патем навидум интересниот назив на здружението е всушност името на Тхеофан Стилиан Ноли, познат и како Фан Ноли [6 јануари 1882 година – 13 март 1965 година] кој бил Албански писател, учител, дипломат, политичар, историчар, оратор и основач на Православната црква на Албанија, кој воедни бил и премиер и регент на Албанија за време на јунската револуција во 1924 година.

 

Како и зошто Османи од лекар стана приучен историчар и политичар?

Османи важеше за дел од поновата генерација млади политичари – миленици на Али Ахмети. Нешто подоцна кон таа група се приклучи и Артан Груби. Иако се смета дека по изборите за пратеници од 2016-та и почетокот на преговорите и договорите која македонска политичка партија ќе и помогне на ДУИ да ја реализираат сеалбанската платфома Османи преминува кон крилото на потпретседателската тројка на ДУИ која е во одлични релации со СДСМ, Арифи, Бејта и Меџити.

Османи до декември 2016 година ја извршуваше својата партиска задача на портпарол на ДУИ и ретко излегуваше во јавноста со свои ставови за по одлуката на ДУИ сепак да коалицира со старо-новиот политички коалиционен партнер СДСМ Османи стана експерт во полиња за кои е лаик.

Откако Заев започна да ја имплементира во целост за него сеуште непостоечката Сеалбанска платформа по сите нејзини точки и барања, Османи прво почнува да делува независно од партискиот ментор, т.е. Ахмети па излегува во јавност со ставови дека коалицијата со СДСМ е една работа, а барањето мандат и состав на нова Влада нешто сосема друго.

Од тој момент сосема е јасно дека Османи својата верност кон партијата планира да ја наплати со висока цена и дека во ДУИ на власт преовладува т.н. интелектуално крило кое Ахмети го собираше по војната во 2001 година.

Впрочем по откривањето за него ексклузивни детали што тоа ВМРО – ДПМНЕ преговарало и договарало со ДУИ за евентуалната коалиција Османи согледува дека тоа на јавноста не и е во фокусот. ДУИ на овие избори освојува најмал број пратеници од основањето а електоратот скоро да им е преполовен. Целта е да се позиционираат како партија на Албанците иако во основа како и Османи тоа се македонски граѓани со албанска етничка припадност па започнуваат “борба” на повеќе фронта, особено против БЕСА и Алијанса за Албанците. Со поддршка од сите ресурси на извршната власт успешно го отстрануваат Зијадин Села а БЕСА ја носат до работ на распад.

Така вицепремиерот без ресор а задолжен за евроинтеграции, омиленото работно место на заменик претседателот или вечниот “претседател” во сенка на СДСМ, Радмила Шеќеринска го носи Османи во води во кои и покрај радикалните изјави тој останува миленик и на Заев и на СДСМ.

Османи прв јавно кажува дека Албанскиот јазик во договорот со СДСМ ќе стане втор службен и официјален јазик на Република Македонија, и дека постои договор знамето, химната и грбот да се решаваат следни.

“За сите прашања кои што не бараат промена на Уставот е постигната согласност. За химна, за знаме, за прашањето за името кои што се таму спомнати се бара започнување на дијалог со цел да се изнајде конечно решение. Зборувам за прашањата кои што бараат двотретинско мнозинтсво. За другите прашања, кои се во рамки на Уставот е постигната согласност.”

Иако Османи јасно го постави и значењето на фамозниот закон за Закон за употреба на јазиците.

“Јазикот што го зборуваат повеќе од 20 проценти од граѓаните е, исто така, службен јазик. Што значи круцијално унапредување што треба да го донесе овој предлог-закон е од локална официјална употреба, албанскиот да го претвори во официјална централна употреба во централните институции. Тука граѓаните ќе ја видат разликата.”

Секако ова би било лојалност кон коалициониот партнер но и сопствената 16 годишна агенда на ДУИ ако не се знае дека на прашањето дали СЈО има отворени постапки кон било кој од 25-те кандидати за министри во идната влада, Заев самоуверено одговори:

“За сите 25 кандидати за министри, како и за мене, СЈО нема поведено истражна постапка.”

Но од СЈО не се согласија со изјавите на тогашниот мандатар па во јавноста излегоа информации за отпочнати предистражни постапки меѓу која и онаа за Османи. Додека селективната меморија на Заев ја надополнија две изјави. Една од партијата од 2010 година и една негова.

Во 2010 година на прес конференција во февруари Османи беше обвинет за криминален тендер со вишок од 28 милиони евра. И тогаш во дел реакциите на СДСМ гласеа вака:

“Јавноста ги памети прес конференции на Бујар Османи кога јалово се обидуваше да одбрани една друга криминална јавна набавка во неговиот ресор, вакцините. Тој повторно заедно со Груевски со народни пари набави вакцини по убедливо најскапа цена. Во Македонија вакцините беа платени по 9,3 евра, додека за истите вакцини Мексико, Шведска или Велика Британија платија 5,6 евра или 4,5 евра помалку. Се разбира сеуште немаме одговор во чии џебови заврши разликата од 2 до 4 милиони евра. Кога веќе упорно говори за некаква “разлика помеѓу Мерцедес и Фиќо“, го повикуваме Бујар Османи заедно со неговиот бизнис шеф Никола Груевски јавно да им одговорат на граѓаните зошто производителите на медицинската опрема “General Electrics“ и “Siemens“ како директни понудувачи се повлекле од тендерот и заради тоа медицинската опрема ја плаќаме за 60 до 100 % поскапо и ја набавуваме од трговската фирма посредник “Simed Internacional“.”

Додека лично Заев за кој Османи веќе не е она што беше во 2015 година во екот на политичката криза изјави:

“Да, Да. Поднесени се и кривични пријави. Мислам дека поднесени се кривични пријави за Бујар Османи, за Муса Џафери. Поднесени се кривични пријави за некои политичари во делот на тетовската индустриска зона. Тоа моите адвокати подобро го знаат. Поднесени се, но не е толку важно што ние сме поднеле кривични пријави, СЈО со примањето на материјалите ќе види што тоа има криминал и во другите случаи.”

Иако не само Заев посочуваше дека и Османи и ДУИ се дел од т.н. криминална банда на власт. И Емилијан Станковиќ на прес конференција го обвини Бујар Османи кој ќе биде дел од новата влада како министер за евроинтеграции деак купувал медицински апарати за повисоки цени:

“Ова е увоз на царинска декларација и фактура за комплет ренгенски и компјутерски томограф, со опреми и прибор ВЦТ ХТ-64 слајс од марката Генерал електрикс, кој во Македонија е увезен пред три месеци по цена од 533.334 евра. Само за споредба Груевски, Османи и ВМРО-ДПМНЕ го набавуваат со народни пари ЦТ-64 сити скен компјутерот, по цена од 900 илјади евра или за 370 илјади евра поскапо. Сега очекуваме од Груевски и од како што самиот се нарекува од инвестициски аспект во наводници најзначајниот министер за здравство да и ги објасни на јавноста овие факти.”

Нападите од СДСМ кога не беше во политичка “љубов” со ДУИ секогаш водеа до Османи. И Менде Диневски имаше прес конференција на која директно го обвини Османи дека го го одвел здравството во целосен колапс, додека Андеј Петров јавно обвини дека Османи е човекот кој го наполнил здравството со партиски војници.

Премногу обвинувања од сите ешалони од СДСМ за Османи денес да стане омилениот министер на Заев. Иако сите чекаме кога ќе го праша каде се 28-те милиони евра?

Денес Османи ја води т.н. тивка надворешна политика по терк на ДУИ додека Заев и Димитров очигледно повеќе се параван за премиер и министер за надворешни работи. Секако Шекеринска до посетата на Столтенберг јавноста ја немаше видено. По посетата на генералниот секретар на НАТО Радмила фамозно се појави како гостин во интервју на кое зборуваше за се, освен колку тоа членство во НАТО ќе не чини по основ на промена на името на државата, идентитетот и постоењето. Тоа нели не е нејзин ресор.

Османи од друга страна нема проблем со гласното говорење кој е ставот на “верниот” коалиционен партнер на СДСМ. Секако ни Османи ни Муса Џафери не стигнаа да ги видат кривичните пријави од СДСМ но Бујар јасно порача и очигледно стои на своите ставови дека по јазикот ќе се менува се:

“Вие имате ситуација во која втората по големина етничка заедница не ја прифаќа таа химна бидејќи ги исклучува нив, ги исклучува во секој аспект од таа химна. Ние велиме за да бидеме полојални кон државата, за да бидеме инклузивни, за да може сите да станеме на иста химна, таа химна треба да не претставува и нас. Меѓутоа за тоа треба двотретинско мнозинство.”

Оваа и слични изјави на неа секогаш беа контра аргумент на оние на Заев кој јасно кажа дека некој сака народот да го доведе во бунило со т.н. двојазични банкноти. Каде е денес Заев да му соопшти на народот дека двојазичните банкноти со законот се чекор до реалноста?

Секако откако помина законот за употреба за јазиците се очекува да помине и фамозната декларација за осуда на геноцидот врз албанското население. И тоа го објави самиот Османи:

“Сметаме дека тоа е важно прашање кое треба да се затвори. Претседателот Ахмети во неговиот куќен двор има откриено масовна гробница токму од тоа време, меѓутоа тоа е само еден врв на целиот тој масакр што се случил во тој период.”

Иако Османи често имал и контрадикторни изјави. Како онаа дека ДУИ би одела со ВМРО – ДПМНЕ во владина коалиција само под условот во новиот владин кабинет да нема министри кои се опфатени со истрагите на СЈО. Како тој стана министер?

Последните изјави на Османи во јавноста оставаат дилема кој кому е шеф. Заев на Османи или обратно. Особено со изјавата по реакциите на јавноста од ратификацијата на договорот за добрососедство со Бугарија кој го негира постоењето на македонско едничко малцинство во Бугарија и и дава право на Софија да ги ревидираме сите историски настани и ликови од минатото. Јазикот секако е основен предмет во фокусот кој веќе јавно се оценува како бугарски дијалект.

Така за Османи прашањата за заштитата на македонскиот идентитет и посебност се “нерационални” и “емоционални”. За Османи забелешките кон текстот на Договорот со Бугарија ги смета за „емоционални“, а не рационални, а владата не била тука за решавање на емоционални проблеми. Национален интерес на земјата биле евроатланските интеграции, а не заштитата на македонскиот идентитет и посебност. Додека од позиција на македонски вицепремиер за европски прашања, не му е важно тоа што во меѓународен документ во опасност се доведува македонскиот идентитет, со оспорувањето на македонскиот народ и македонскиот јазик, туку планот „3-6-9“ кои наводно ќе ја внесе Македонија во ЕУ, а во кој секако е сместен и Законот за јазици.

Но дека ДУИ не се променила исто така е извлечено од изјава на Османи. Фамозно и помпезно најавениот генерален резибор во судската власт кој Заев го повторуваше секоја минута Османи го реши со една реченица “Таков реизбор, нема да има” по што и Заев веќе не го спомнал.

Османи деновиве е посветен на Законот за употреба на јазиците но и преговорите со Грција за промена на името. Тоа се оние “смешни” точки од сеалбанската платформа каде и сериозни политиколози се прашуваа зошто албанците бараат да се дел од преговорите со Бугарија и Грција. Деновиве тоа е јасно како ден.

Одлуката на Иванов за вето на законот за јазиците Османи ја оцени во име на Владата:
“Таа улога не ја одигра во последните осум до девет години. Имаше можност овие денови во неговата последна година да испрати порака на кохезија и сплотување, како и за отворање на перспективата на државата, но очигледно е дека не може да излезе од неговата матрица на функционирање. Сепак, и покрај тоа што не разочара, не не загрижува, бидејќи повторно ќе го изгласаме законот во Собранието во наредните денови.”

Најверојатно убеден дека Уставниот суд е тело во кое имаат контрола.

Последната од низата нелогични изјави на Османи е онаа за промената на уставното име на Република Македонија. Откако Заев и Димитров истрчаа за ДУИ, Османи појасни кој го води процесот:

“Мислам дека му доаѓа крајот на овој спор. Нам ни одзеде 25 години можност за соработка, за размена и развој. Сега е време да го затвориме, без штети и земајќи ја предвид чувствителноста на двете страни за прашањето. Постои решение што е взаемно прифатливо, а без да се нападнат најчувствителните вредности што двете страни ги имаат во ова прашање.”

Патем ни Османи ни ДУИ не се 25 години на политичката сцена во Македонија. Иако на оваа изјава следеше онаа на премиерот на Грција, Ципрас:

“Македонска нација не постоела никогаш.” И ова не би било невообичаена констатација на Ципрас ако во својата предизборна кампања која Сириза победи не изјавуваше дека во редовите на комунистичката партија на Грција се бореле и Македонци од каде и тој влече корени. Но како премиерската функција не е веќе сигурна Ципрас од радикален левичар преминува во очаен националист.

Впрочем идеологијата по која се води Османи но и ДУИ е јасно кажана токму од него во две констатации кои Заев очигледно не ги видел ни слушнал. Првата е дека Законот за употреба на јазиците е даден на СДСМ само да го разгледа и да гласа за него без да има право на интервенции во предлог текстот, нешто што СДСМ не го демантираше:

“За­ко­нот е под­го­твен од ДУИ во со­ра­бо­тка со Али­јан­са­та на Ал­бан­ци­те или по­ли­тич­ки­те пар­тии со кои имав­ме сред­би или тр­ка­лез­на ма­са во овој пер­и­од. Це­лос­но е усог­ла­сен ме­ѓу овие пар­тии. На СДСМ им е да­ден и им е ка­жа­но на ра­бот­ни­те гру­пи де­ка тек­стот на за­ко­нот не е пра­ша­ње за пре­го­во­ри, евен­ту­ал­но ако тие да­ва­ат прав­ни за­бе­ле­шки, за тоа ка­ко мо­же да изг­ле­да по­до­бро, или за­бе­ле­шки­те што ги да­де про­фе­сор­ка­та да­ли се разг­ле­да­ни си­те прав­ни ас­пе­кти на за­ко­нот, но тек­стот на за­ко­нот не бил пра­ша­ње на пре­го­во­ри, не­ма­ло мож­ност ни­ед­на пар­ти­ја да ја огра­ни­чи упо­тре­ба­та на ал­бан­ски­от ја­зик ка­ко што го пред­ви­де­ле ДУИ и дру­ги­те ал­бан­ски пар­тии.”

Но и онаа изјава во која Османи е јасен дека ДУИ имаат агенда која е Албанска и нема врска со Македонија, Македонскиот идентитет и постоење на Македонскиот народ:

“Глав­на гре­шка на екс­по­нен­ти­те на ма­ке­дон­ски­те пар­тии е тоа што тие по­ли­ти­ка­та на ДУИ ја оце­ну­ва­ат врз приз­ма­та на нив­ни­те пар­ти­ски ин­те­ре­си во нив­на­та бор­ба за власт. ДУИ не е на ма­ке­дон­ска­та по­ли­ти­ка сце­на за да ги ис­пол­ни аген­ди­те на не­ко­ја ма­ке­дон­ска пар­ти­ја, ту­ку за ре­а­ли­за­ци­ја на ама­не­тот на пад­на­ти­те бор­ци од 2001 го­ди­на и га­ран­ци­ја­та на За­па­дот во фор­ма на Рам­ко­вен охрид­ски до­го­вор, тоа е единс­тве­ни­от па­то­каз на на­ша­та по­ли­ти­ка, а не кал­ку­ла­ци­и­те не ма­ке­дон­ски­те пар­тии за власт.”

По се ова прашање за Заев е уште колку им е ветено на ДУИ?

Иако одговорот не е потребен. Османи каде и да е ќе го соопшти. Иако пратениците на СДСМ кои го воодушевување гласаат како роботи во законодавниот дом можеби треба да ги споредат изјавите на Заев и контраизјавите на Османи по кои нема уште една реплика.

 

Може да ве интересира

иредентизам

Иредентизам кај Македонија и Грција – поим за плашење народ од соседите

Деновиве на балканот, осовено кај нашиот јужен сосед на голема врата се користи поимот иредентизам …

Translate »
error: Content is protected !!