дома / Избори / Да не беше Црвенковски ќе го имавме ли “феноменот” Груевски?!
претставници

Да не беше Црвенковски ќе го имавме ли “феноменот” Груевски?!

Да не беше Црвенковски ќе го имавме ли феноменот Груевски?!

Како одминуваат деновите до оставката на Никола Груевски би можело отворено да се постави прашањето колку неговото 13 годишно владеење со ВМРО – ДПМНЕ беше автохтоно и независно од политиките на СДСМ?

Во 2004 година почина претседателот Борис Трајковски. Дали беше тоа авионска несреќа или нешто сосема друго не е потврдено, има нелогичности но сеуште не знаеме. Но во таа 2004 година по смртта на Трајковски имамевме предвремени претседателски избори, референдум и прекројување на границите на локалните самоуправи.

избори 2017На предвремените претседателки избори за нов претседател беше избран Бранко Црвенковски. Дали Никола Груевски помогна во тоа е прашање за одговор. ДУИ и тоа како. Имено според Уставот на Република Македонија кој беше до 2004 година за да биде избран претседател на Република Македонија на избори мораа да излезат 50% + еден гласач од вкупниот електорат.

Прашањето е зошто Никола Груевски го повика членството да излезе да гласа место да го бојкотита сосема извесниот избор на Бранко Црвенковски и спречи да се оди на нови избори?

Затоа што на новите повторени избори поради немање цензус ќе беа во ист ден со Референдумското прашање за предложената територијална поделба, а на такви избори Црвенковски тешко дека ќе освоеше победа.

Од 2002 до 2006 Бранко Црвенковски е во коалиција со ДУИ т.е. Али Ахмети. Во тој период и започна федерализацијата на Македонија со тезата држава на Македонскиот и Албанскиот народ и помали права на етничките малцинства кој се во коалиција со ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ.

Изборите во 2006 година каде ВМРО – ДПМНЕ освојува 44 пратеника е исто така отворено прашање. Коалиционен партнер за состав на влада на Никола Груевску му беше НСДП на Тито Петковски, ДПА на Тачи но и ДОМ на Лилјана Поповска. Знаеше Никола многу добро чии играчи се и Петковски и Поповска.

Патем во 2006 во т.н. коалиционен блок на Груевски се вклучени и Социјалистичката партија на Македонија на Љубисав Иванов – Ѕинго кој беше слепиот следбеник на СДСМ од 2002 година и учествуваше во можеби најголемите општествени т.н. приватизирања на општествениот капитал реализирани преку СДСМ. Груевски заборава дека од 1998 година преку Ѕинго ја има тесната соработка со националниот ТВ медиум за кој пари Ѕинго спечали во време на Црвенковски.

Демократскиот сојуз на Павле Трајанов е исто така приказна за себе. Павле како тројански коњ ги користеше привилегиите на централната и локалната власт кој му ги даваше Никола Груевски се до 2015 година кога се разбуди од “режимскиот” сон.

2008 година доаѓа коалиционата криза меѓу послушникот на Бранко Црвенковски, Тито Петковски. Кризата е предизцвикана со договорот меѓу Никола Груевски и Али Ахмети уште познат и како Мајски договор според кој се амнестират борците за човекови права кои во 2001 година извршија терор врз македонските безбедносни сили. Тој фамозен договор е продолжение на договорот на СДСМ од 2002 за федерализација и двонационалност.

Стево ПендаровскиВо истата година Никола како премиер, а Бранко како претседател на државата се согласуваат за промена на името на Македонија. Ова е поткрепено со неформални изјави на Петковски, а и формални усни изјави на неколкумина други кои биле во Букурешт или биле помалку или повеќе вклучени во процесот за прием во НАТО што го иницираше тогашниот претседател на САД Џорџ Буш.

Во 2008 година се одржуваат повторно предвремени парламентарни избори каде Никола Груевски и коалицијата освојуваат апсолутно мнозинство но мора да го следи Мајскиот договор кој им е наложен од странските фактори, особено амбасадата на САД и ЕУ па коалицираат со ДУИ на Али Ахмети.

Во 2009 година се одржуваат претседателските избори каде победува Ѓорге Иванов, човек за кој се сметаше дека е независен кандидат кој ја доби поддршката од ВМРО – ДПМНЕ а сепак беше дел од невладините организации кои се под директна контрола на Џорџ Сорос притоа и професор на Правниот факултет во Скопје.

Од 2006 година Груевски од никаде го ангажира и Михајло Маневски кој беше последниот министер за правда на СФР Југославија. Никола му дава одврзани раце на Маневски кој нормално преку ВМРО – ДПМНЕ помогна да се постават судии и јавни обвинители по рецептот на СДСМ и Црвенковски од периодот 1994 – 1998 година.

Во 2011 година следат повторно предвремени избори каде Никола го губи апсолутното мнозинство, причина беше појавата на политичката сцена повторно на Црвенковски. Во таа година и по статистики се случуваа голем број апсења и убиства кои остануваат неразјаснети.

пратенициВо 2014 година Никола Груесвки за да го поврати апсолутното мнозинство оди на избори и освојува 62 пратеника, а негов нов коалиционен партнер е Стевчо Јакимовски, човек од исклучителна доверба на Бранко Црвенковски во периодот додека СДСМ ја имаше власта. По падот на владата на Бучковски во 2006 се  до локалните избори 2013 година т.е. најавата за избор на нов лидер на СДСМ кога Стевчо по налог на својот ментор го формира ГРОМ и влегува во коалиција со Никола Груевски кој и на предвремените избори за пратеници во 2016 година е придружуван од старата тајфа на СДСМ.

Во 2013 година поточно од 2014 играта ја започнува Зоран Заев кој е ученик на транзицискиот политичар Црвенковски и кој не се дистанцира многу од планот на Црвенковски но и Груевски за федерализација и кантонизација на Македонија.

Заев како лидер на СДСМ почнува преговори со лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски кои почнале како индиции некаде пролетта и летото а траеле до крајот на есента 2014 година, за од февруари 2015 година да започне да ги најавува и објавува политичките бомби кои имаат за цел да го соголат режимот на Груевски и да го пратат во историјата.

Но тоа не се случи затоа што беше игра на Црвенковски затоа што и самиот Никола започна преговори на четири 45 минутини средби со аболицираниот Заев кој нелегално стегнал аудио записи за кои сеуште не се знае конкретното потекло и со тоа половично стана соучесник на режимот во најава.

Преку потпишувањето на договорот од Пржино да го поништат Уставот и ја загрозија безбедноста на државата и се тоа преку реченицата постигнување на политички договор со што политички партии и личните интереси ги стави над законите и Уставот.

И додека Груевски мислеше дека ќе победи на изборите Заев по стара школа на својот поранешен лидер веќе ја договори соработката со сите политички партии на албанскиот етникум во Македонија, обезбеди финансии, во добар дел и од албанската дијаспора и редефинирањето на Македонија можеше да започне, што значеше индиректно почитување на премолчените договори од минатото.

Секако грешка направи Црвековски кој мислеше дека на изборите во 2016 на мала врата ќе го врати Никола Груевски со уште една мала победа на ВМРО –  ДПМНЕ затоа што таа му беше потребна да се врати на чело на СДСМ. Не директно. Црвенсковки нема никогаш да биде дел од било која форма на власт на СДСМ но има подготвен список на свои наследници и раководни органи а тој скромно бара уште една кандидатура за претседателски мандат.

Грешката беше во потценувањето на Заев кому странските фактори и албанските политички партии му соопштија дека едноставно не можат да финансираат пораз. Па започна да води сопствена политика поради која е и во лоши фракциски односи со Шеќериснка која секој нов претседател или премиер на СДСМ го испратила од Бихаќка но редовно се навраќала на својот ментор, Црвенковски.

Со оваа временска линија на настаните се поставува прашањето колку Груевски треба да каже благодарам на Црвенковски за долговечното владеење?

 

 

Може да ве интересира

иредентизам

Иредентизам кај Македонија и Грција – поим за плашење народ од соседите

Деновиве на балканот, осовено кај нашиот јужен сосед на голема врата се користи поимот иредентизам …

Translate »
error: Content is protected !!