дома / МКД / Дали апсењето за 27-ми e и “генерална проба” за новиот бран поврзан со здравството на Тодоров?

Дали апсењето за 27-ми e и “генерална проба” за новиот бран поврзан со здравството на Тодоров?

Дали апсењето за 27-ми e и генерална проба за новиот бран поврзан со здравството на Тодоров?

Дали беше пробен балон масовната акција со апсење на 36 лица за немилите настани од 27-ми април 2017 година? Листа за која јавно се говори дека достигнува и над 200 лица. Реакциите очекувано ниски, малку бројни и меки. Пратеничката група а и политичката партија ВМРО – ДПМНЕ изреагираа со очајни обиди за демонстрации на кои одамна ги нема најавените 50.000 членови и симпатизери.

Прашање кое треба да се најде како прво на листата анализи е како од половина милион електорат во поддршка ВМРО – ДПМНЕ само во главниот град на улица не може да извади повеќе од 300-400 членови? Дали е тоа незнаење и неспособност за организирање на протести од страна на ИК?

Дали е тоа внатрешно фракционирање или генерален бојкот од народот на ова раководство? Дали е тоа поради излажаните граѓани кои излегуваа 90 денови во голем број на протестите “За заедничка Македонија”? Оценете сами.. Притоа селективната меморија на претседателот Никола и остатоците од старото но и дел од новото раководство варираат до психолошката бариера кога треба да се постави прашањето Знае ли Никола дека веќе не е на власт?.

Граѓаните овој пат го одбраа правниот пат па повеќе се посветија кон семејствата на оние кои демонстрираа на 27-ми и секако заедно со народот од кој беа дел и влегоа во законодавниот дом по одлуката за нелегитимен избор на Талат Џафери за претседател на Собранието на Република Македонија со 59 или 58 пратенички мандати во поддршка кои голем број математички неписмени аналитичари ги нарекоа парламентарно мнозинство од 120 члениот законодавен дом.

Оние кои ги исполитизираа тримесечните протести за заедничка унитарна Македонија и тогаш и сега манифестираат селективна меморија, додека оние кои искрено веруваа во своите убедувања останаа на милоста на своите пријатели и ефективноста на своите адвокати.

ВМРО – ДПМНЕ е поразена и во овој обид. Последниот нож во грб го стави претседателот Иванов кој имаше брилијантна прес конференција, насловена како вондредно обраќање до нацијата која заврши додека нацијата се обиде да го зголеми волуменот на звукот. амнестијаИванов повторно кажа едно големо ништо. Секако амнестија за 27-ми не мора да биде целосна, Иванов е експерт за амнестии, прогласување и повлекување, но овој пат сакал да види поддршка од народот. Доколку не се сеќава Иванов народот три месеци манифестираше поддршка на негова одлука.

И откако на шест пратеници од пратеничкиот состав на ВМРО – ДПМНЕ им се укина бенефицијата именувана како имунитет, органите на прогонот и обинителството веќе го испитуваат теренот за следната масовна акција апсење.

Иако интересно ќе биде како колегите на пратениците на кои треба да им се укине имунитетот ќе реагираат. Двајца од нив се директни членови на самата мандатно имунитетна комисија каде СДСМ има обезбедено мнозинство, нешто што претседателот на оваа собраниска комисија го повтори илјада пати. Но одлуката на ова тело треба да биде одобрена и со просто мнозинство т.е. 61 пратенички мандат во законодавниот дом. Која е стратегијата на колегите пратеници? Најверојатно овој пат нема ни да ја пејат Македонската химна, како што и се случи, не беа присутни да ја пеат.

Но што е со новиот случај кој така директно се отвори за нелегална набавка на фалц лекови од Фондот за здравство од 2014 година до последните денови на владата на Никола Груевски?

 

Сериозно некој мисли дека името на Сашо Стефаноски кој така очајно изјави дека е дома и не е меѓу приведените случајно се најде на листата?

Стефаноски за директор на Фондот за здравство е именуван во 2015 година со неполни 32 години каде доаѓа од позицијата Државен секретар во министерството за одбрана на Македонија.

Патем Стефаноски на ова место доаѓа како кадрово решение кое треба да ги замени и замолчи негодувањата кај јавноста по смртта на малата Тамара кога се смени актуелната директорка Маја Парнаџиева – Змејкова.

Одлуката за новите кадрови промени ги соопшти лично министерот за здравство Никола Тодоров.

Токму Никола Тодоров, правник, беше првиот пратеник од новиот парламентарен состав на ВМРО – ДПМНЕ кој го напушти со образложение дека сака да се посвети на адвокатурата. Зошто не стана адвокат 10 години претходно?

Никола Тодоров од никаде во Владата на ВМРО – ДПМНЕ со ДУИ во 2009 година до 2011 година станува министер за образование, а следните 6 години од 2011 година до 2017 година е министер за здравство. Од 2014 година министерството за здравство со сите негови пропратни институции, фондови и организации почнува да колабира.

Никола Тодоров никогаш не одговара на новинарските прашања поставени во тековните на 6 години дали и како завршуваат донациите на медицински апарати, опрема и лекови, зошто болниците и амбулантите ни наликуваат на напуштени поствоени објекти, зошто нема доволно лекови и зошто лековите кои ги има најчесто веледрогериите и аптеките ги продаваат на приватно но никогаш не на терет на фондот.

Во генот на Македонскот народ е навиката оној кој не го гледаш да го заборавиш. Тодоров се соочи со фактот дека ќе е директно изложен пред очите на јавноста во законодавниот дом и фактот дека нема повеќе да е дел од извршната власт па се повлече.

Актуелниот директор на Фондот Ден Дончев, колега и на Тодоров, несудениот наследник за претседател на ВМРО – ДПМНЕ но и партиски колега на самиот Никола Груевски кој беше основниот сведок во случајот Македонска банка сега најавува голема и сеопсежна акција против функционери од здравството за увозот на фалц лекови од Турција за кои веќе на јавноста и се приложуваат документи како лековите пристигале во Македонија, со каков сомнителен квалитет биле и кој бил привилигиран да ги продава.

“По однос на наводите за добиен допис од страна на турското МВР околу фалсификувани лекови откриени во Турција а увезени во Република Македонија, до Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал  при МВР не е доставен таков допис – известување од страна на турската полиција во посочениот период. А и пред тоа, но, со оглед на фактот дека Јавното обвинителство веќе има отпочнато предкривична постапка околу споменатата проблематика, велат од МВР, сите надлежни организациони единици при МВР се подготвени и ќе постапуваат доколку согласно Законот за кривична постапка од страна на надлежното обвинителство бидат добиени насоки и наредби за постапување.”

Според Дончев полицијата чека судска одлика по обвинителен акт за да пристапи кон апсење на лица за оваа афера. Според неофицијални информации бројката одамна надминала 100 лица иако МВР го соопшти само следното:

“Во тој предметен случај ОСОСК при МВР, во соработка со Агенцијата за лекови изврши контрола во повеќе аптеки низ Македонија, како и во една веледрогерија, при што во дел од аптеките беа пронајдени фалсификувани пакувања од лекот со содржина, стаклени ампули, во кои по вештачењето од страна на Агенцијата за лекови е утврдено дека станува збор за друг лек кој бил увезен од соседна земја во текот на 2013 година, како паралелен увоз. За истото од страна на ОСОСК е известено Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, каде по нашето известување е отворен предмет, а воедно од страна на ова обвинителство се добиени наредби и насоки за постапување, по кои ОСОСК достави известување. Од страна на Агенцијата за лекови по потврдувањето на вештачењето на содржината се доставени кривични пријави до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.” Но Тодоров не е виновен само затоа што го доведе здравството на ова дереџе. За тоа при евентуален судски процес ќе мора да си ја докаже невиноста.

Малкумина знаат дека Тодоров беше човекот од доверба кој ги водеше сите преговоди во име на ВМРО – ДПМНЕ или Груевски од 2015 година или почетокот на т.н. политичка криза до поразот на ВМРО – ДПМНЕ 2017-та.

Зошто Тодоров не излезе изминативе месеци да проговори за промашувањата на министерот Таравари, ако ги имало? Зошто Тодоров не излезе сега со изјави што се договарало во Пржинои каде згрешил? Што Тодоров договори во Пржино па сметал дека е супер решение за нова победа? Што Тодоров договори со ДУИ? Кои ставки од Сеалбанската платформа реално беа отворени на маса за дискусија со ДУИ? Дали Џафери беше договорен со ДУИ за прв спикер на македонското собрание?

Човекот кој беше тим лидер на преговорите од сите средби од кои произлегоа преддоговорот и договорот од Пржино но и успешните договори со ДУИ за состав на нова извршна власт денес е нем, без јазик, без слика, без тон. Јавноста виде само една фотографија од адвокатската канцеларија во славеничка атмосфера. И тоа можеби е единствениот влог кој Тодоров мудро го направил. Ќе се застапува сам себеси.

Секако она етичкото и моралното што е несвојствено за Тодоров сакал тој или не ќе мора да го одговори пред партијата, членовите, симпатизерите а особено пред граѓаните на кои им го загорчи живеењето и државата Македонија. Ако веќе не е функционер не значи дека е амнестиран од 8 години министерување и играње на улогата на главен преговарач кога политичките конфликти и кризи беа во прашање.

За тоа нема амнезија и амнестија.

Ќе треба да одговори кој му ги дал правата, со кои квалификации за преговарач и зошто сите преговори беа неуспешни? Ќе треба да одговори како ја доведе граѓаните и македонија во позиција да изгуби се и да им даде предност на оние што сакаат нејзино разнебитување? Дали беше уценет со ова што деновиве се открива или има уште нешто?

Впрочем одговори на многу прашања треба да дадат голем дел од поранешното но и актуелното раководство бидејќи се додека нивниот однос е само во интерес за личен спас (од што, ќе видиме наредниот период) членството ќе ја манифестира онаа масовна поддршка на повикот на Никола Груевски (Не ве повикува Македонија, туку Никола).

Иако отворен е сомнежот дека (и едниот и другиот)Никола (и тие околу него) ја разбрал пораката, се повеќе е можно да се случи обратното пред вонредниот конгрес.

Членството, симпатизерите, граѓаните и народот (кој толку пати беше (ис)користен) да си дојде масовно во белата куќа и лично да бара одговори на неодговорените прашања кои висат во етерот. Овој пат, полицијата повторно ќе брани пристап до белата куќа, но не со тој жар бидејки и тие беа тепани и (ис)користени многу пати за нешта кои беа невистини, полу-вистини и вистини.

Членството, симпатизерите и народот не се тука за декорација, тоа треба да го има на ум, секоја партија, особено секое раководство и секој лидер.

Може да ве интересира

Зоран Заев

Дали Заев и подготвува на Република Македонија “Букурешки договор III дел?!”

Македонската надворешна политика, во однос на Република Грција како наш јужен сосед, кој не ни …

Translate »
error: Content is protected !!