дома / Мистерии / Дали е здрав Али Ахмети? Дали неговиот потпис правно вреди 5 пари?

Дали е здрав Али Ахмети? Дали неговиот потпис правно вреди 5 пари?

Дали е здрав Али Ахмети? Дали неговиот потпис правно вреди 5 пари?

Претседателот на ДУИ Али Ахмети, правно, ако се потврдат медицинските наоди кои ги констарирале психијатри од Швајцарија, потпишува документи врз кои се гради иднината на државата, а во суштина потписот правно не му вреди ни 5 пари.

Имено, дилемата која сите ја премолчуваат одкако ДУИ беше оној идеален (што потребен што наметнат) коалиционен партнер за формирање извршна власт е дали Али Ахмети сеуште ја има медицинската белешка за проценка на менталната состојба на ниво на дијагностицирана параноидна шизофренија?

И тоа не е нешто што е јавно изминативе 17 години, иако имало во медиумите во два наврати. Прашањето е дали е вистина, ако е, до каде е со лекувањето?

Притоа ако е вистина, шизофренија е прилично широк поим на ментално заболување но дефинитвно во сите свои аспекти е медицинска проценка и оценка  дека лицето кое го има како дијагноза не е во целост способно свесно и разумно да функционира самостојно.

Ахмети никогаш не приложил за кој степен на дијагностицирана шизофренија има документација но и дали за заболувањето конзумира соодветни лекарства и кога последно бил на лекарски преглед и проценка на моменталниот степен во развојот или подобрувањето на состојбата.

Иако во медицинската забелешка стои и предлог забрана за труд т.е. работа поради дијагностицираното заболување ред е како политички лидер на партија да појасни за каков вид на деловна способност или работоспособност важи предог забраната? Можеби е за градежна.

Она што е исто така симптоматично и сеуште се води за табу тема е што Али Ахмети има забрана за влез во САД но и Швајцарија и уште шест земји членки на ЕУ каде е на црната листа на непожелни лица по ставката “закана за општата безбедност”.

Кои се шесте земји на ЕУ каде Ахмети има забрана за влез? За Швајцарија е сосема извесно дека е изолиран случај затоа што никогаш не ни била дел од ЕУ семејството? Зошто двоен аршин? Како Ахмети се води за “persona non grata” кај оние држави во чии резиденции во Скопје е чест гостин, но и чии амбасадори се чести гости во седиштето на ДУИ во Мала Речица?

Како што се заведува посетата на Ахмети на амбасадата на САД, на скопско Кале? И тоа е територија на Соединетите Американски Држави.

 

Иако политичкиот двоен аршин е најмалиот проблем ако Ахмети “шизофренијата” не ја “обезбедил” за други цели. Во основа човек кому е дијагностицирана шизофренија прво не одговара правно еднакво пред органите на прогонот. Има специјален третман за кој се повикува на степенот на заболување, но со самото тоа и неговите дејствија и активности имаат реципроцитетно посебен третман.

Па потпис, изјава или друг правен акт од вакво лице со ваква дијагноза нема правна тежина пред правните ограни при што се бара присуство и на лице – сведок секако доколку степенот на заболување воопшто кореспондира со доза на свесност за расудување.

Ако Ахмети ја крие својата психичка здравствена состојба отворено се поставуваат прашањата:

Како овој човек е потписник на политички договори?

Како воопшто е правен застапник на политичка партија и пратеник?

Зошто се чека 16 години некој да праша дали политичарите кои ја водат државата или се на високи функции имаат и чист – уреден здравствен наод кога медицинските прегледи се задолжителни за сите работни места во државата, или ова не важи за политиката, поитичките партии и државните институции како на пример собранието?

Ако Ахмети не ја крие својата психичка здравствена состојба и е потполно здрав, тогаш треба да му се честита како си обезбедил таков документ (за недај боже), на што треба да мислат Швајцарските власти и докторите кои истата таму му ја издале.

Исто и како ги менаџира сите во партијата, а посебно сите негови коалициони партнери изминативе 17 години. Па се поставуваат прашањата:

Дали неговите коалициони партнери знаеле за ова и зошто молчеле, преговарале и аминувале се што вклучува потписи и договори?

Дали соодветните институции знаеле за ова или им промакнало изминативе 17години?

Дали некогаш воопшто собранието ги праќа своите пратеници на здравствени прегледи согасно закон?

Дали се здрави, деловно способни и работоспособни луѓето што ја водат државата?

Може да ве интересира

иредентизам

Иредентизам кај Македонија и Грција – поим за плашење народ од соседите

Деновиве на балканот, осовено кај нашиот јужен сосед на голема врата се користи поимот иредентизам …

Translate »
error: Content is protected !!