дома / МКД / Дали Јанева доби гаранции од СДСМ, Заев и “адекватните луѓе” дека СЈО ќе биде ОЈО?

Дали Јанева доби гаранции од СДСМ, Заев и “адекватните луѓе” дека СЈО ќе биде ОЈО?

Македонија, на 15 септември, 2015 година, се разбуди со енигмата “Who the f*ck is Катица Јанева?!”. Иако се знаеше дека веќе е последниот термин, од Договорот постигнат меѓу четирите претседатели, на политички партии од законодавниот дом, ВМРО – ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, по ова прашање.

Имено, евроамбасадорот Аиво Орав, со и не така наивна изјава, во и не така опуштената, општествено политичка реалност во Македонија, уште на 10 септември, 2015 година, кажа:

“Не постори план “Б” во однос на обврската за избор на специјалниот обвинител што треба да се случи до 15 септември. Очекувам, тој да биде избран во предвидениот рок и веќе од 16 септември да почне со работа.”

И доцна во ноќта т.е. рано изутрина, од резиденцијата на мисијата на Европската унија, во скопската населба Пржино, сите политички партии објавија дека е постигнат договор, за иден специјален обвинител. На преговорите, на европскиот експерт Питер Ванхауте, таа вечер му се приклучија и евроамбасадрот Аиво Орав, но и амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли. Додека во финалето на преговорите, пристигнаа и Никола Груевски и Зоран Заев.

Од денешна перспектива се поставува прашањето, како Џес Бејли е миротворецот кој е единствената константа во целиот 3 годишен процес на СДСМ на власт по секоја цена? Од кои интереси? ЕУ има именувано специјални медијатори, но САД, не го овластиле Бејли за ништо слично? Каде е тој документ кој би требало да го има?

Но, што се случуваше всушност на преговорите? Според информации, кои се неофицијални, во делот на деталите од нивната вистинитост, но не и суштината, некаде по полноќ, на странските медијатори им дошло преку глава од меѓусебните, чести повишени тонови, меѓу тимот на СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ, па им објасниле дека тие нема да чекаат уште многу, дека времето на нивното трпение е при крај, и дека ако во следниот час, не се најде на маса име кое ќе биде прифатливо за сите, тие веќе имаат свој кандидат за оваа функција. Релативно млад човек, со македонско потекло, кој долги години својата професионална кариера, во сферата на правото, ја изучувал и реализира во практика, во една земја на запад.

Кој беше предлогот кој медијаторите го имаа никогаш не се дозна, што е дотолку повеќе интригантно и навредливо кон целиот процес на т.н. четирипартиски договор ако медијаторите веќе имале и план Б, не е ли уцена заканата на ЕУ и САД?

По ова укажување, е дадено време за пауза во преговорите, по која претставниците на ДУИ и ДПА не се вратија на преговарачката маса, туку останаа на терасата од резиденцијата, сметајќи дека сепак, таа одлука треба да си ја донесат ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ, по што тие само ќе ги стават своите потписи.

По започнувањето на последната сесија преговори по ова прашање, и двата тима, на маса ставиле по три имиња, што поединечно предлагаат како можни кандидати. Изненадувачки, само едно име се повторило и во двете листи. Катица Јанева.

Со постигнатиот договор, стапено е во контакт со Јанева, и е информирана за одлуката, и поставено е прашањето, дали ја прифаќа одговорноста да биде носител на идната функција, по што се завршуваат формалните документи од договорот, и некаде околу 5 часот изутрина, македонската јавност која се уште спиеше, дознава дека е постигнат договор за иден специјален јавен обвинител. Во 6 часот, веќе јавно се знае и името..

Што беше толку пресудно, Јанева да се најде како предлог и на СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ?

Јанева со своето прво интервју, отвори милион дилеми, со изјавата: “Инаку изборот, бев и јас изненадена, значи лично, со своја волја конкурирав, и ги исконтактирав адекватните луѓе, кои сметав дека треба да бидат исконтактирани, и дека, сега, и јас сум малку изненадена од изборот и почестена.”

На кој конкурс Јанева конкурирала? Каде беше тој објавен? Кои се адекватните луѓе? Како тоа Јанева знаела дека е кандидат, а четирите најголеми политички партии немале поим?

Останатите три часа, македонската јавност но и политичките експерти и аналитичари, копаа по архивите со цел да ископаат нешто повеќе за Јанева.

Катица Јанева [52] e актуелен специјален јавен обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите во Македонија.

Но тоа и е именуваната функција по избор. Катица Јанева патем е толку непартиска личност, што просто непобитен е фактот дека е вујна [по покојниот сопруг] на носителот на листата на ВМРО – ДПМНЕ за локалните избори во Гевгелија, Томе Ќичуков, актуелен советник.

Томе Ќичуков пак, иако беше носител на мнозинската листа, сепак никогаш не стана и претседател на Советот на општина Гевгелија, поради внатрепартискиот распад. Или афера позната и како вртење грб на градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов, исто така од ВМРО – ДПМНЕ.

Но тоа беше минато. Нешто ново, дознавме во 2016 година, кога Јанева си зеде одмор за семејна веселба, иако знаеше дека има стриктно одредено време за кое мора да ги поднесе сите обвинителки акти. Подоцна дознавме дека се посватила со Петар Поцков, внук но не и син, како што беше медиумски пласирано, на Сашо Поцков, кој е поранешен советник од СДСМ во советот на општина Гевгелија.

И во еден момент, неполна година по изборот на Јанева, таа ја потврди тезата дека сериозно е прифатлив кадар за ВМРО – ДПМНЕ, по страната на нејзиниот сопруг, но и прифатлив кадар за СДСМ, по страна на идна “баба” чиј зет е со блиска партиска определба кон СДСМ.

Од работната биографија, знаеме дека Јанева студирала на Правниот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј од 1983 до 1989 година, а правосудниот испит го положила во 1996 година. Во 1998 година, таа се вработила како стручен соработник во Судот во Гевгелија.

Јанева, својата кариера во Обвинителството во Гевгелија ја започнала како помошник обвинител, избрана на 70 седница на Собранието на Македонија одржана на 10 април 2003 година, а во 2009 е именувана за обвинител. Веќе следната 2010 година е избрана од Советот на јавни обвинители за шеф на Основното јавно обвинителство Гевгелија.

Ако се постават фактите низ бројки Јанева не е виновна што 17 години беше задоволна од функционирањето на судскиот систем во Македонија и добри 12 од функционирањето на јавното обвинителство од кои 10 поминати во “режимското владеење”. Затоа и си молчеше? Значи се беше во ред?

Јанева, притоа до изборот во законодавниот дом, не штедеше зборови на пофалба кон соработката со својот шеф, Марко Зврлевски, до таа мера што се пофали дека тој и го дал и бројот од мобилниот телефон, да може да го бара кога сака, за совет или помош, но исто така не штедеше зборови на пофалба и кон своите колеги, Јавни обвинители, но и цела стручна судска фела во Македонија.

И до тука, беше само симпатично небулозно да се слуша како Република Македонија ќе именува дупликат, паралелен, неуставен, втор Јавен обвинител, само поради постигнат политички договор, но без правна основа.

Имено, до ден денес не е одговорено зошто воопшто постои член 51 од Уставот на Република Македонија кој вели: “Во Република Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите”, оти со донесувањето на законот, основање на Jавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, се поништи важноста на член 106 од Уставот на Република Македонија кој вели: “Јавното обвинителство е единствен и самостоен државен орган кој ги гони сторителите на кривични дела и на други со закон утврдени казниви дела и врши и други работи утврдени со закон. Јавното обвинителство ги врши своите функции врз основа и во рамките на Уставот и закон. Јавниот обвинител го именува и разрешува Собранието за време од шест години.”

Во следниот текст кој ќе биде објавен на —————– ќе читате:

Како 111 пратенички гласа во поддршка на законот за основање на Jавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите го прекршија Уставот без ниту еден искажан збор од собраниската говорница? ….

 

Може да ве интересира

Зоран Заев

Дали Заев и подготвува на Република Македонија “Букурешки договор III дел?!”

Македонската надворешна политика, во однос на Република Грција како наш јужен сосед, кој не ни …

Translate »
error: Content is protected !!