дома / МКД / Дали Правниот факултет има вина за овие 27 години со продукција на “недоспеани” кадри?
Правен факултет

Дали Правниот факултет има вина за овие 27 години со продукција на “недоспеани” кадри?

Години наназад се поставува отворено прашањето дали е можно на Правниот факултет во Скопје да има по основ кадри да има масовна фабричка грешка. Чест на исклучоците. Но тие и не ни биле дел од власта. Едноставно не е можно при Фрчкоски и Чокревски кои беа министри за внатрешни работи, Поповски и Камбовски кои беа министри за правда, Гелевски кој ни беше претседател на Врховен суд, Уставните судии Џунов и Нетков, Поповски и Китановски како директори на агенцијата за разузнавање на Република Македонија, па дури и Бучковски кој ни беше премиер по 15 години од формирањето независна и самостојна Македонија Европска Унија упорно да инсистира на реформи во судството и полицијата.

Правен факултет

Веќе сме во 27-мата година и сеуште каскаме на таа тема. Зошто упорно законските и советодавно правните работи ги бараме во кадарот на Правен факултет? Всушност секој од нив имал доволно можност и прилика да ги реши и судството и полицијата, дали сакал и знаел е друго прашање, колку било намерен пропуст е тема за истражување.

Последните 12 години од работењето на Правниот факултет бараат посебна анализа како од таму произлегоа кадри кои претходно беа традиционалните “биреконосачи” но благодарение на ВМРО – ДПМНЕ и кадровата политика на Никола Груевски станаа големи експерти за мали нешта.

Ние впрочем упорно сме слепи на кои функции ни беа т.н. “омладинци – 68-маши” кои прво беа етикетирани за “проповедање” на либерализмот а потоа културно беа интегрирани и “умрежени” во системот на едни други општествени вредности во кој уживаа. И се така до 1990 година кога преку ноќ кој таа година кој три години подоцна добијат удар на Македонско национално револуционерно будење, доволно колку да ги протуркаат првите години за повторно да се вратат како транзициони експерти кои ќе ги решаваат проблемите во сферите и областите каде или биле на највисоки сојузни функции или лично ги создале.

Нешто како Сталин и Ленин да ги воскреснеш па Елцин да ги промовира во идни демократски реформатори на Руската федерација во 2000 година. Ваквите кадри често беа мета на обвинувања за соработка и со тајната полиција т.е. милиција при органите за безбедност на поранешната СФР Југославија. Својствено за системот имаа две примарни цели. Кодошеа и проповедаа. Кодошеа кој се дрзнал да помисли или се обиде да му пркоси на идеалното општествено политички уредување и раководството а проповедаа и сеуште проповедаат јавно мислење. Функцијата креатори на јавното мислење никогаш не ја изгубиле и останаа достојни. Само вокабуларот го прилагодија за плуралистичото општество за кое ете 27 години се лажеме дека се вика демократија.

Правен факултет

Притоа “демократијата” им ги прошире светогледите па преку ноќ од големи министри и функционери од комунистичко – социјалистичкиот естаблишмент станаа декани на сосема несродни факултети, раководители на граѓански огранизации, партиски експерти но и членови на МАНУ.

Имено Правниот факултет во Скопје не е инсталиран ни случајно ни има мало влијание врз општественото уредување како од него очекува да произлезат идните судии и обвинители и тоа е де факто онаа независна власт од која треба да е над извршната и законодавната каде партиската определба е јавна и јасна.

И историски гледано од 1951 година кога е формиран факултетот во него се инсталираа кадри кои беа судии и обвинители против Ченто. Следат генерации кои во основа се роднини на првата. Дел од нив ќе се пресликаат во основањето на битолскиот Правен факултет. Правниот факултет во Битола е укинат под сосема сомнителни околности. Се шпекулира дека во брзањето да се затвори и кадрите кои предизвикаа скандал да се повлечат што побрзо дури и одлуката за укинување е донесена без кворум по неколкуте тајни седници. Секако во демократски правни држави ова би било расчистено од велот на сомнежот. Но ароганцијата на кадарот на правен отсекогаш била слаба точка.

Во 70’тите години на Правен започнува делувањето за расчистување со либералните идеолози па преку ноќ се обвинуваат Славко Милосавлевски, Томислав Чокревски и Милан Нетков. Иако никаде нема ниту еден есеј а не труд во кој го проповедаат либерализмот како општествено уредување. Но тоа е старата пракса на кодошење и подметнување. И професорот Ѓорѓи Марјановиќ ќе стане во одреден период мета од интерес на службата за неговите залагања за укинување на фамозниот “вербален деликт”. Но Марјановиќ тоа не го говорел туку го пишувал. Денес како пензионер јасно посочува дека би бил дури и изненаден ако неговата матична куќа го има променето курсот на однесување. Или мислиш како што ти е наложено или си црна овца.

Правен факултет

Марјановиќ вели: “Па проверети ги историите и биографиите на квалификуваните кадри кои толку се воспеваат, довчерашни декани на измислени факултети за безбедност и општествена самозашттиа, републички а ни помалку сојузни – федерални министри за правда кои денес чекорат смело по скалилата на македонската академска хиерархија.”

По оваа изјава на Марјановиќ и појаснувањето да се погледне добро од кого од Правниот факултет направиле скоро “бесмртник” следеше изборот за академик на проф. д-р Владо Камбовски.

Притоа Правен факултет во обидот да влезе во плурализмот го направи тоа со кадрите кои сакаше. На преминот во извршниот совет кој не внесе во првите повеќепартиски избори, потпретседател беше Тито Беличанец, професор по здружен труд. Денес активен само на социјалните мрежи.

Правен факултет

По транзитот започнува вистинското правно кадровско откровение. Љубомир Фрчкоски, Јане Миљовски, Денко Малески, Софија Тодоровска, Томислав Чокревски, Димитар Бајалџиев, Владо Поповски, Гордана Силјановска, Лазар Китановски, Владо Бучковски.

И сите до еден со исклучок на Силјановска, беа министри на реформираните комунисти – СДСМ. Потоа по бројност доаѓа Демократската алтернатива, која главно беше пополнета од докажани “дејци” од Цилевата “омладина”. Низ владините кабинети под знамето на ДА поминаа: Васил Тупурковски, Владо Камбовски, Саво Климовски (претседател на Собранието), Гале Галев. Со подршка на алтарнативата, Симе Гелевски набрзина стана претседател на Врховниот суд. Пред тоа, пак, ‘розите’ го дадоа Љупчо Арнаудовски за Републичкиот судски совет, а во Уставниот суд од Правниот факултет ќе заминат Тодор Џунов и Милан Нетков. Откако им заврши мандатот, за да нема празен од, требаше во уставниот да замине Миодраг Мицајков ама се повлече откако разбра дека претседателското место е резервирано за друг заслужен кадар.

Правен факултет
На прославата 50 години јубилеј во 2001 година самиот кадар славеше, се пофали дека е расадник на кадри во политиката иако ние од сите ревизии најголеми пропусти имаме токму во правото и судството. Секако јубилејот за оние кои помнат не помина без умилкување на актуелната тогашна власт на ВМРО – ДПМНЕ без никаква логика беа доделени златни статуетки Јустинијан Прима на Борис Трајковски и Љубчо Георгиевски. Всушност се виде како правилно е таму негуван односот кон моќта. Срамот, пак, е непозната категорија.

Иако можеби најпанично и манично однесување на кадрите од правен факултет се забележа во 2002 година кога во Белград се одржа собир на тема “Лустрацијата во Западен Балкан”. Патем беше организирана од страна на Центарот за демократска иницијатива и помирување во Југоисточна Европа од Солун а со поддршка на Европската унија и УСАИД што тогаш а и сега говори дека за Брисел лустрацијата можеби не е услов за влез во Унијата ама е пожелна работа.

Како резултат на таа координација “до каде сме” беше оценето дека ситуацијата во Западен Балкан, цела поранешна Југославија минус Словенија плус Албанија е полоша после 1990 година од едноставни причини што веќе не се знае кои се служби водат евиденција за животот на граѓаните.

На собирот беше и Владимир Милчин, поранешен член на ЦО на СДСМ кој според српските медиуми со себе го носел и своето досие од 217 страници, формат А4, водено за него од 1968 година од неговите студентски денови во Белград кога УДБА го завела под графата “анархолиберал”.

Ваквите кадри во инсталации на влада ги немаше само на краток период во 2001 година по што набрзо започна воениот конфликт. Од тогаш се ги има многу. Немилосрдно се штанцаа како памфлети прво од СДСМ во периодот по воениот конфликт но и за 11 годишното владеење на Никола Груевски кој сакал или не очигледно го препозна “квалитетот” од создавањето на “кадри” од Правниот факултет кои му беа до одредена мерка од корист. Михајло Маневки е пример на функционер на стариот општествено политички систем кој денес може да се пофали дека е чедо на Македонската револуционерна борба.

Помладите кадри се несериони за обработка. Последната декада и СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ но и ДУИ инсталираа свои омилени политички консултанти кои по потреба “пеат” по ноти од партиските партитури. Трагикомично е што сите потекуваат од ист факултет и безмалку имале исти професори и оценки. Што е мотивот истородни експерти да имаат дијаметрално спротивни ставови кога е правото во прашање е прашање на кое треба да се побара одговор. Правото сепак не е флексибилна наука во толкувањето. Што е мотивацијата денес да имаме трилион правни експерти? Зошто повторно се реализира обидот за Правен факултет во Битола? Правен факултет на новите универзитети “Даме Груев” и  “Мајка Тереза” како и на сите приватни и државни универзитети покрај правниот на УКИМ? Нели имаме правници на тон? Или е време за некои нови имиња? Иако како сме мала држава на секого може да му се извлече НЗС во потеклото и суштината на неговото академско постоење.

Може да ве интересира

Зоран Заев

Дали Заев и подготвува на Република Македонија “Букурешки договор III дел?!”

Македонската надворешна политика, во однос на Република Грција како наш јужен сосед, кој не ни …

Translate »
error: Content is protected !!