дома / МКД / Дали “старо купујем” е новото кадрово мото на СДСМ?!
жерновски

Дали “старо купујем” е новото кадрово мото на СДСМ?!

Предизборната кампања за локалните избори кои се очекува да се одржат на 15 октомври може да почне. Веќе се јасни предлог кандидатите и предлог советничките листи за сите 80 општини меѓу кои и оние 10 кои го сочинуваат градот Скопје.

Она што можеше да се испазари, се испазари, она што не можеше да се договори, се “купи”.  Едно е јасно, ВМРО – ДПМНЕ на избори оди или со добро познати имиња, во добар дел актуелни градоначалници, или со тотални анонимуси за кои и членството се прашува од каде изникнаа.

ДУИ по внатрепартиските расправии во општините каде имаше свои градоначалници оди умерено. Со кадри кои веќе се актуелни градоначалници но и со кадри кои за единствена цел имаат да ја одиграат улогата на фиктивен “тркач” за во вториот круг својата поддршка да ја дадат на коалициониот партнер СДСМ. Таков е примерот со кандидатот за градоначалник на Чаир кој според импозантната биографија е масер т.е. проф.др. по кинезиологија што го направило сосема адекватен кадар за заменик министер при министерството за образование.

жерновски

Меѓутоа добрите познавачи на политичката реалност не се изненадени од овие комбинаторики кои не секогаш се 100% делотворни на терен. Она што пред самото затворање на кандидатските листи беше изненадување за општата популација е одлуката на актуелниот градоначалник на општина Центар, Андреј Жерновски сепак да не се кандидира како независен кандидат туку да ја прифати понудата на Зоран Заев и како адекватна замена да земе учество во извршната власт.

Она што го премолчеа и Заев и Жерновски е што точно на маса му е понудено на Андреј иако неофицијално сите лиферуваат со исто работно место, директор на Бирото за јавни набавки, прилично симпатично раководно место каде се реализираат огромните тендерски набавки, токму оној сегмент поради кој Жерновски при реализацијата на проектите “Боемска” и “Боемска 2” во скопско Дебар Мало беше често јавно на “тапет” од своите гласачи.

Политичките одлуки не често кореспондираат со партиските, но секогаш се одлика на личните интереси, па Жерновски најави и соработка по партиска основа со СДСМ, од каде само изјавија дека во скоро време најверојатно за почеток ќе стане дел од Централниот одбор на партијата.

жерновски

“Со Андреј Жерновски долги години имавме одлична соработка. Договоривме да биде активен чинител во централната власт, заедно зедовме збор каде што тој ќе учествува во сето она што претставува можност со неговата стручност, искуство или слично остава зад себе сериозни проекти. Има свој политички габарит и иднина, ќе учествува во централната власт, значи ќе ја повлече својата независна кандидатура и ќе застане зад кандидатот кој што ќе го одлучат органите и телата на СДСМ заедно со коалиционите партнери со тоа што неговата идна перспектива е во политичките органи на партијата. Веројатно ќе биде  еден од новите членови на централниот одбор, транспарентно зборувам  за договорите кои што ги постигнавме” – соопшти Зоран Заев.

Симтоматичен факт за Жерновски е оној дека за време на двата мандати на Ристо Пенов и оној добиен со поддршка на СДСМ па вториот со поддршка на ВМРО – ДПМНЕ две години поминал и како негов личен советник. Жерновски бил избран и за пратеник во три мандати [2002 – 2006, 2006 – 2008, 2008 – 2011].

жерновски

Она што беше апсурд е реакцијата на неговата до вчера матична политичка партија Либералнодемократската партија на Македонија која соопшти дека Жерновски е исклучен од нејзините редови. Помпезното прикажување на цврстиот став ЛДП можеби издржано би бил манифестирал ако ваквата одлука не е ниту исклучување ниту фамозно решение, туку правна обврска по Статутот на партијата

Член 12 [Статут на ЛДП]

Членувањето во ЛДП престанува:
• со писмена изјава за истапување;
• со пристапување во друга политичка партија;
• со кандидирање на изборна листа на друг политички субјект;
• со избор или именување на функција од страна на друг политички субјект, без претходна согласност на орган на ЛДП.

Имено токму овој член, каде не е предвидено исклучување од партиските редови на ЛДП, беше многупати јавно критикуван во времето кога тогашната опозиција ја бојкотираше работата на законодавниот дом, каде активно делуваше пратеничката Роза Топузовска – Каревска, која по одлуката да продолжи со активности во Собранието на Република Македонија, единствено беше само исклучена од раководната функција потпретседател на партијата, но не и член на истата, со што на пример нападите на работењето врз Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, ги манифестираше во име на ЛДП, колку и да сакаме да веруваме дека Топузовска – Каревска ни се претстатуваше како независна.

Патем ЛДП е симпатична политичка творба која е интересна по многу статистички сегменти. Тоа е политичка партија која променила најголем број претседатели но и политичка партија од која произлегле нови политички субјети како и семожните политички комбинаторики за учество во власта.

жерновски

ЛДП е формирана на 19 април 1997 година како резултат на обединувањето на Демократската и Либералната партија. За прв претседател е избран Перо Гошев а Стојан Андов е избран за претседател на Советот. По празот на парламентарните избори 1998 година во 1999 година Перо Гошев се повлекува од претседателското место каде доаѓа Ристо Пенов, градоначалник на Скопје во 2 мандати поддржан еднаш од СДСМ  па од ВМРО – ДПМНЕ.

Битна фигура од партиското милје на ЛДП е Лилјана Поповска која во Владата на широка коалиција во 1999 година беше избрана за помошник министер за развор. ЛДП во 2000 година ја напуштаат Стојан Андов и дел од пратеничкиот состав. Местот претседател го зазема Ристо Пенов. 2005 година партијата ја напушта и Лилјана Поповска која исто како и Стојан Андов си формира сопствена политичка партија. По што и Ристо Пенов 2007 година се повлекува од претседателското место.

За нов претседател на ЛДП е именуван Јован Манасијевски. Во времето на Манасијевски ЛДП ја напушта и Стевчо Јакимовски кој исто си формира сопствена политичка партија. Поради лошиот резултат на парламентарните избори 2011 година и  Манасијевски го напушта претседателското место на кое доаѓа Андреј Жерновски кој во 2015 година го заменува актуелниот претседател Горан Милевски.

ЛДП според анализите низ годините своето гласачко тело од 35.000 го иситнила на нешто околу 15.000 гласачи. И последното делување на Андреј Жерновски само оди во прилог на прашањето дали ЛДП на СДСМ им е попотребна како независен правен субјект или најдобро е партијата по 20 години да се затвори.

Може да ве интересира

Зоран Заев

Дали Заев и подготвува на Република Македонија “Букурешки договор III дел?!”

Македонската надворешна политика, во однос на Република Грција како наш јужен сосед, кој не ни …

Translate »
error: Content is protected !!