дома / МКД / Дали Заев и подготвува на Република Македонија “Букурешки договор III дел?!”
Зоран Заев

Дали Заев и подготвува на Република Македонија “Букурешки договор III дел?!”

Македонската надворешна политика, во однос на Република Грција како наш јужен сосед, кој не ни го признава постоењето по неколку параметри веќе 24 од 27 години постоење како суверена држава, по се изгледа ќе заврши со постигнување “нов Букурешки договор”, трет дел.

Имено “спорот” со името кој е најексплоатиран, опфаќа прашања кои се однесуваат на користењето на Уставното име на Република Македонија, но и обидот за негирање на македонското етничко населени кое живее во Република Грција, како и именувањето на јазикот и писмото кој го користиме како нација.

Зоран Заев
Што би значело, Република Грција на Република Македонија и го негираше еден од државните симболи, знамето кое го сменивме под притисок или со добра волја, но и Уставното име, народот, јазикот и писмото. Во суштина се. Им смета што постоиме.

Иако во основа, спорот се прикажува како акт на нормално однесување на Република Грција со неприфаќање на Уставното име, Македонија, поради кое во организациите каде е членка ни се наметнува, а ние тоа го прифаќаме како фазно решение, познатата референциа “Поранешна Југословенска Република Македонија” или по англискиот транскрипт на кратенката, ФИРОМ.

Оваа референца, која во основа е прекар, но е и име на држава, и која требаше да биде решена првите 3 до 6 месеци од нејзиното формулирање, опстои 24 години со сериозни интенции да премине во официјално ново име на државата, само за прием во НАТО сојузот, по што ќе следи целосно нова модификација на ново име, за прием во Европската унија.

Зоран Заев
Името ФИРОМ го користат само десет [10] држави во светот, од 192 земји членки на Организацијата на Обединетите Нации, и тоа Австралија; Белгија; Ватикан; Германија ; Грција; Данска; Египет; Франција; Холандија и Шпанија. Овој факт, самиот по себе е и трагикомичен, затоа што министерот за надворешни работи Димитров, времено беше згрижен во Холандија, а е јавно е одличен пријател со поранешната амбасадорка на Холандија во Република Македонија, Симоне Филипини.

Во контекст на прблемот, вредно е да се спомнат прво историските факти, дека границите на Република Македонија кои толку манично и панично и сметаат на Република Грција, се повлечени 1946 година, кога го носиме името Народна Република Македонија, која станува дел од Федеративна Народна Република Југославија, кога претходно во 1943 година, за прв пат ни се признава државноста, името, народот, јазикот и писмото. И тие граници, скоро јубилејни 75 години остануваат апсолутно непроменети, ни милиметар.

Но по осамостојувањето од Југославија, 1990 година а правно формално 1991 година, Македонија легитимно бара признавање под уставното име во Обединетите нации врз основа на извештајот на Бадентеровата комисија. Притоа општо позната правна пракса во светот, е секоја новоформирана држава или држава која прогласила независност или самостојност, прво да побара признавање од своите соседи со кои склучува два вида договори. Еден за признавање на границите и друг за добрососетски односи.

Зоран Заев

Република Грција на ова се спротиставува на меѓународно признавање на Македонија, и тоа по неколку основи за почеток, како Уставо на државата, знамето и името.

Со цел да ги реализира своите намери за понижување на Македонија, Грција како земја членка на Европската заедница, врши притисок врз останатите земји членки преку толку извиканата “Лисабонска декларација” која забранува било какви територијални претензии кон Република Грција, непријателска пропаганда или воопшто користење на терминот Македонија, од стана на Република Македонија.

Како последица на ова, поголемите политички партии во Грција, на 13 април 1992 година, се согласуваат дека зборот Македонија не може да биде вклучен во ниту една форма во името на нивниот северен сосед, кој се самоименувал како Република Македонија. Грчката дијаспора, исто така се мобилизира и активира вршејќи сеопсежно лобирање врз САД и Канада.

Македонија, сепак под своето уставно име аплицира за членство во Обединетите нации на 30 јули 1992 година. Периодот од официјалната апликација до официјалниот прием предизвикува дипломатка бура во самите Обединети нации но и кај соседите на Македонја на Балканот. И додека се чека признавањето следат серија признавања на нашата држава под Уставното име од Бугарија [парцијално, само како територија], Турција, Хрватска, Словенија, Белорусија, Литванија. Но оддолжувањето на признавањето веќе предизвикува и сериозни импликации врз состојбите во Македонија.

Зоран ЗаевСогледувајќи ги опасните состојби во Хрватска и Босна и Херцеговина, станува повеќе од потребно Македонија да се стабилизира, па ова станува и дел од приоритетите на меѓународната заедница, која пак со зголемувањето на воениот конфликт во зачеток на ниво на поранешна Југослацвија, резултира за прв пат во историјата на ОН да се создадат превентивни мировни трупи, кои прво се стационираат во најкритичната Босна и Херцеговина.

Но каде е проблемот со нашето постоење? Не е тој така лаички историски фрагмент од 75 годишно постоење на државата. Има тука и нешто посуштинсики. И тука се повикува историјата како што е а не како што ја толкува кој како ќе стигне.

Имено Македонија преку чија територија поминуваа патиштата што водат од Централна Европа кон Блискиот Исток всушност претставува не само сообраќаен, туку и стратешки јазол.

Долината на Вардар ја има предноста што од север преку Моравската долина води до големиот Солунски залив, од каде преку Егејското море завлегува на исток кон долината на Струма и на запад преку Албанија до Јадранско Море. Оттука за Македонија не се борат само младите балкански држави кои сакаат со Македонија да ги зголемат својата територија и бројноста на населението, но и големите –АвстријаРусијаАнглија и Турција, чиј стремеж да играат клучна улога во структуирањето на Балканот ќе се манифестира токму преку нивните територијални претензии кон Македонија.

Безбројните извори [книги, статии, студии, дипломатски преписки] јасно сведочат дека не само балканските, туку и европските влади и посветувале внимание на Македонија. Во европската историја, тешко е да се најдат слични примери толку да се пишувало и расправало за националниот карактер на еден народ, каков што е случајот со Македонците.

Оваа преокупација околу националниот карактер на Македонците произлегува од определени политичко стратешки интереси и тоа не само на балканските националистички кругови, туку и на големите европски сили [во прв ред на Австрија и на Русија], кои во трката за завладување на Балканот, настојуваат да ја вклучат и Македонија во својата интересна сфера, поради нејзината извонредна географско стратешка положба.

Зоран Заев

Но и тоа не е се. Македонија силно котира на запад додека соседите си ги одмеруваат силите како да го понижат нејзиниот народ и придобијат нејзините територии.

Бидејќи Македонците главно претставуваат импозантно мнозинство од населението, заинтересираните страни ги ангажираат сите свои сили, вклучувајќи ја тука и науката, за да ги прикажат нив било како БугариГрци или Срби, за да го имаат на своја страна при решавањето на македонското прашање и принципот на народноста.

Бугарските, грчките, српските, романските и мнозина европски писатели даваа контроверзни сведоштва за Македонија и нејзиното население. Поради тоа, подоцна и многумина се прашуваа, дали е воопшто можно, во оваа чорба од “докази”, да се дојде до една вистина за Македонија и Македонците. Самиот термин Македонија станува, во Западна Европа синоним на кулинарски вештини, на карташки игри, па дури и еден вид литерарен правец во Франција беше наречен со тоа име.

Имено, контроверзните “докази” за Македонија, со што e преокупирана европската јавност, им даваат поттик на некои духовити француски умови да го искористат терминот “Масedoinе” во сосема практични цели. Со ова име тие не ја нарекоа само салатата составена од разновиден зеленчук или компот составен од разновидно зашеќерено овошје, туку и една игра со мешани карти. Дури, со ова име го нарекоа и еден вид литературни приредби што се одвиваа во цитирање на поезија и проза.

Зоран ЗаевИ се ова нашите Балкански соседи го користат во своја пропагандна цел која ние денес 27 години ја премолчуваме. Дискусиите одат само околу националноста на “Македонските Словени” па започнуваат да се отвораат прашања од типот “Дали се ова Грци ли Бугари?” а не дали Македонците претставуваат нешто трето и посебно.

Оваа тезна нешто подоцна се оформува и кај српските националисти кои тврдат дека Македонците се Срби која се активираше особено по смртта на кнез Михајло до кога самите Срби имаа други цели и разбирања.

Меѓутоа и ваквото поставување на прашањето произлегува не од фактот дека тие навистина се Грци или Бугари, туку проблемот се заплетува што етничкиот состав на населението по Османлиско Турски принцип не се конципирал на етничката туку на црковната припадност. Така бидејќи Македонцие се под Цариградската патријаршија и како такви по “логика” се припадници на “грчката” вера, но никаде го нема елементот на сопствен свој етнос Словени. Но тоа е проблем кој си го создаваат меѓусебно Бугарија и Грција. На едните националисти им пречи словенскиот етнос на другите црковната припадност.

Грчките националисти упорно сонуваат за нивната Голема идеја, па почнуваат пред Европа да тврдат дека Македонците се всушност пословенечени Грци, па според тоа и припаѓаат на грчката народност и држава. Бугарите од своја страна поттикнати од руските словенофили го тврдат обратното, дека Македонците како Словени не може да бидат во никој случај Грци туку само Бугари.

Зоран Заев

Меѓутоа додека едните докажуваат дека македонските словени се Грци а другите дека се Бугари, од самата Македонска средина започнуваат да се појавуваат паметни луѓе кои на прашањето што се: “Бугари или Грци?” одговараат дека не се ни Грци ни Бугари туку Македонци потомци на старите Македонци и Словените.

Бугарските пропагатори удираат со голема жестина по ваквите македонски произнеси. Во овие настапи тие имаат силна подршка и од грчките националисти. Изјавите на Македонците за физиолошката врска со древните Македонци, се слабата точка која тие ја користат за своите напади.

“Како тоа денешните Македонци од словенско потекло да се викаат Македонци и своето потекло да го извлекуваат од древните Македонци, кога во времето на Филип и Александар Македонски ниту во Македонија, ниту на Балканот имало Словени, кои на овие простории се населиле дури на крајот на 6 и во почетокот на 7 век?”

Бугарските националисти се обидуваат пред светот да докажат дека тука се работи за гркофилски настроени луѓе, кои од свои посебни интереси се декларираат со “грчкото” име Македонци. Во овие македонски истапувања Бугарите гледаат знаци на освестување на македонскиот народ и намерно го нарекува за куцовлашко чувство кое божем му е својствено само на Влавот или Гркот, а никако на Словенот, со цел да ја прикрие посебноста на македонскиот народ.

Зоран Заев

На фактот што Македонците истакнуваат дека не се ни Грци, ни Бугари, ни Власи туку Македонци, на почетокот многу слабо се обрнува внимание. Во Европа грчкото и бугарското кралско т.е. царско влијание се многу посилни отколку народното македонско.

Наспроти нив се јавуваат луѓе што се декларираат за Бугари или пак славофони Грци. Овие луѓе се убедувани и плаќани од бугарските и грчките агитатори и агенти или како деца воспитувани во бугарските егзархиски и грчките патријаршиски училишта и цркви, каде се учат дека тие се Бугари т.е. Грци. Дел од рускиот, српскиот и другиот славјански печат ги мислеше овие бугаризирани Македонци за вистински водачи на македонскиот народ.

Така и цела Европа, на изјавите на македонските патриоти дека се Македонци, верува, како што изнесуваат бугарскиот царски двор и бугарските националисти, дека тие низ долгодишното грчко духовно ропство ја заборавиле својата бугарска народност, па го прифатиле македонското географско име, кое за тогашниот европски свет е синоним на грчкото, особено што во жолчната дискусија околу народниот карактер на Македонците грчките националисти го земаат токму тоа именување на самите Македонци како најсилен “доказ” дека тие се “Грци”.

Букурешкиот договор ја открива вистинската намера на Грција, Србија и покорена Бугарија.

Еден од најважните моменти кои треба да бидат познати при определување на позадината на спорот за името лежи токму во периодот кога се потпишува Букурешкиот договор. Од Берлинскиот конгрес до Првата светска војна, македонското прашање претставува најтежок, најкомплициран и најдолготраен проблем со кој се соочуваaт Османлиската империја и големите сили. Всушност, самиот тој настанува тогаш кога големите сили настојуваат да ги остварат своите интереси на Балканот, а соседните земји да завладеат со Македонија.

Ова прашање добива во актуелност со геостратешката положба на македонската територија и со етничкиот состав на населението. Македонија го зафаќа централниот дел на Балканот, на исток и на запад меѓу Тракија и Албанија, на север и на југ меѓу Шар Планина и Егејското Море, преку Вардарската и Моравската долина го поврзува Солун со Белград и со Централна Европа, така што станува интересно подрачје за големите сили.
Зоран ЗаевЗа соседните земји е значајна затоа што со нејзино завладување, било која од нив, се здобива со предност која овозможува и доминација на Балканот. На геостратешката положба на Македонија значајно влијае и етничкиот состав на населението – во услови на непризнавање на македонската нација населението се изјаснува според влијанието на соседните пропаганди.

Непосредно пред Балканските војни, во рамките на етничките граници на Македонија, на површина од 67.741,2 км2 живеат околу 2.360.000 жители, од кои 52,4% се христијани, односно Македонци, 22% се Турци, 10% се Власи, 3% се Евреи и 2,4% се Роми.

Империјата пристапува кон утврдување на стратегиски важните места на Балканот, за евентуална војна со балканските држави, кои увидуваат дека само заедно можат успешно да ѝ се спротивстават на османлиската војска.

Наскоро почнува договорањето меѓу балканските земји, а во тие рамки особено значајно е помирувањето меѓу Бугарската егзархија и Грчката патријаршија и донесувањето на Законот за спорните цркви, манастири и училишта во јули 1910 година.

Создавањето на Балканскиот сојуз меѓу Србија, Црна Гора, Бугарија и Грција го подржува Русија, пред се со цел да го спречи навлегувањето на Австро-Унгарија и Германија на Балканот.

Борбата за македонската територија се води со сите сили и средства и во сите области. По повлекувањето на османлиските сили, српската, грчката и бугарската војска ја распуштаат во меѓувреме воспоставената месна власт и воведуваат свои органи.

Тие го принудуваат македонското население да се прикажува како да е од иста националност со органите кои ја воспоставуваат власта и да испраќа писма, анкети и апели дека наводно сака нивниот град и околија да бидат соединети кон соодветната држава.

Егејскиот дел на Македонија со површина од 34.356 км2, го добива Грција, Вардарскиот дел на Македонија со површина од 25.342 км2 го добива Србија, Пиринскиот дел на Македонија со 6.798 км2 влегува во состав на Бугарија, a Албанија добива 1.115 км2 од територијата на етничка Македонија.

Зоран ЗаевСо распарчувањето во Букурешт, Македонија од централен и најзначаен дел на Балканот станува периферија и провинција на балканските земји. Веднаш потоа почнува асимилирањето на македонското население во Јужни Срби, Бугари, Славофони Грци и Албанци. Дури и во пребројувањето на жртвите и загубите од Балканските војни не се употребувало македонското име, иако војната главно се водела во Македонија.

Лондонскиот договор прва најава за автономија на идната Македонска држава!?

Лондонската мировна конференција свикана е во средината на декември 1912 година со цел да се потпише договор меѓу победничките во Првата балканска војна и поразената Турција, која со намера да задржи што поголема територија на Балканот, предложува на Македонија и Албанија да им се даде автономија под нејзин суверeнитет.
На 27 декември 1912, Албанија е призната за независна држава, а предлогот за Македонија не е прифатен. Србија и Грција уште пред војната тајно се договорaат дека нема да дозволат создавање на самостојна Македонија, ниту постоење на бугарско-албанска граница меѓу државните граници на Србија и Грција. И Бугарија го одбива турскиот предлог за создавање на автономна Македонија.

Бугарија и Грција ги заоструваат односите уште во почетокот на Првата балканска војна, a особено откако грчката војска го зазема Солун. Во нотите од 3 и 18 ноември 1912 година, како и од 22 април 1913 година, Грција предлага да се реши прашањето на границата. Бугарија ги отфрла предлозите како претерани, но не дава свои противпредлози.

Со потпишувањето на Лондонскиот мир на 30 мај 1913 година со Турција, односите меѓу балканските држави уште повеќе се заоструваат. Во ова време, сојузниците ги окупираат оние територии што ги имаат заземено во војната против Турција. Меѓу Србија и Бугарија уште во време на војната e создадена привремена демаркациона линија: Патарица – Руен – сртот на Осоговските Планини – Злетовска река –Брегалница, до сливот на Крива Лакавица – сртот Плавуш – Дојранско Езеро.

На таа линија започнува префрлувањето на бугарската војска од Тракија и концентрацијата на силите кон Грција. Тоа е причина на 1 јуни 1913 година Србија и Грција да склучат договор за пријателство и одбранбен сојуз против Бугарија.

Зоран Заев
Со тоа e извршена втората поделба на Македонија во текот на Балканските војни и се воспоставени границите меѓу Србија, Бугарија и Грција. Покрај тоа, Србија добива право на слободно користење на пристаништето во Солун во траење од 50 години.

Истиот ден потпишана e и Воената конвенција, во која се регулирани меѓусебните воени обврски и соработката меѓу Србија и Грција во случај на напад од Бугарија или на некоја друга држава. По тие настани, големите сили, со оглед на сопствените интереси кон Балканот, развиваат широка дипломатска активност. Русија настојува да го зачува Балканскиот сојуз во обид преку него да го спречи австро-германското продирање на Балканот, а Австро-Унгарија тежнее кон разбивање на овој сојуз и ја подржува Бугарија велејќи ѝ да не попушта во своите барања.

И се до Втората светска војна Македонија останува под нечија секогаш туѓа управа и окупација. Периодот од 1943 до 1990 и не е интересен за опсервација од историска гледан точка затоа што тогаш соседите молчеа и немаа отворени прашања со Социјалистичка Република Македонија.

Што се случуваше изминатите 25 години?
Во текот на 1992 година Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка и меѓународната конференција за поранешна Југославија, се согласија да ја примат Македонија под уставното име, но до разрешување на спорот со Грција да ја користат привремената референца: „the former Yugoslav Republic of Macedonia“.

Истата терминологија е прифатена во јануари 1993 и од Франција, Шпанија, Обединетото Кралство. Овој предлог проциркулира на 22 јануари 1993 од страна на Генералниот секретар на ОН – Бутрос Бутрос Гали. Предлогот е веднаш одбиен од Грчкиот министер за надворешни работи Михаел Папконстантину. Во писмо до Генералниот секретар од 25 јануари 1993, тој вели дека: „користењето на терминот Република Македонија во било која варијанта, ќе создаде уште поголеми тензии и може да предизвика дестабилизација во регионот.“

Македонскиот претседател Киро Глигоров, исто така се спротиставува на формулата во писмо од 24 март 1993, каде што го информира претседателот на Советот за безбедност на ОН дека Република Македонија, не може да ја прифати референцата и Македонија доследно не ја користи референцата во ниедна форма. Дополнително се создаваат притисоци и од српска страна, бидејќи дел од националистите во Србија се обраќаа кон Македонија како кон Јужна србија т.е. бановина, имплицирајќи на терминологија од пред Втората светска војна.

Зоран Заев
Двете страни се наоѓаат под силен дипломатски притисок да изнајдат компромис. Поддршката која Грција ја имаше добиено од НАТО и Европската заедница, почна да избледува. На 20 јануари 1993 данскиот министер за надворешни работи изјави дека грчката позиција е смешна и изрази надеж дека Советот за безбедност набрзо ќе ја признае Македонија и ќе и помогне.

Грчкиот премиер, Константин Мицотакис, ја смени тврдата позиција и изјави дека Грција ја прифаќа привремената референца. На 7 април 1993, Советот за безбедност го одобри влезот на Македонија со Резолуцијата 817.

Потпишаната спогодбата за привременото име на Македонија именувана како Резолуција е внимателно напишана и во нејзе се вели дека:

 

1.Референцата “the former Yugoslav Republic of Macedonia” е привремена референца и се користи се додека спорот не се реши

2.Терминот е референца а не име, како неутрална гледна точка во спорот. Обединетите нации немаат мандат да го утврдат името на земјата.

3.Терминот е за користење само во Oбединетите Нации и не е обврзувачка за било кои други организации

4.Терминот не имплицира дека Република Македонија има било какви врски со Поранешна Југославија.

Дополнително Грција одби да прифати Република Македонија во официјалниот адресар на ОН, да биде под буквата М, туку побара како Ф, и конечно Македонија сега се наоѓа во официјалниот адресар под буквата Т, како: “the former Yugoslav Republic of Macedonia” и сместена веднаш до Тајланд.

По официјалнот признавање, Грција не ја призна Македонија. Прва од големите сили беше Кина која ја призна Македонија под уставното име на 13 октомври 1993. На 16 декември 1993, две недели пред Грција да го преземе претседавањето со Европската заедница, 6 клучни земји членки: Данска, Франција, Германија, Италија, Холандија и Обединетото Кралство ја признаа Македонија под референцата. Останатите земји на Европа ја признаа Македонија до крајот на декември. Следуваа Јапонија на 21 декември, Русија на 3 февруари и САД на 9 февруари 1994.

Зоран Заев
Иако постоеше успех од постигнатиот договор, ова предизвика националистички испади во двете земји. Анти-западни и анти-американски демонстрации се случија во Грција, како одговор на признавањето. Владата на Константин Мицотакис беше крајно ранлива и под голем притисок на ултра националистите. По приемот на Република Македонија во ОН, министерот за надворешни работи Антонис Самарас, ја напушти владеачката коалиција водена од Неа Димократиа. Ова на крајот доведе и до пад на владата во Грција. Владата беше заменета од Андреас Папандреу од ПАСОК, кој ги прекина преговорите во ОН кон крајот на октомври 1994.

Во февруари 1994 година Грција како средство на дополнителен притисок воведе и трговско ембарго кон Македонија.

Во Македонија исто така се појавија проблеми. Влезот на Македонија во ОН со користење на привремената референцата „the former Yugoslav Republic of Macedonia“ беше изгласана со само 30 гласа за, 28 против и 13 воздржани. ВМРО – ДПМНЕ, повика на предвремени избори и го напушти парламентот, откако и беше изгласана доверба на владата со 62 пратеника.

Судири околу името немаше само на Балканот. По признавањето на Австралија под референцата, грчките и македонските етнички заедници во Австралија се судрија, каде што Грците палеа и уништуваа македонски имоти во Мелбурн. На што како одговор неколку Грчки православни цркви беа нападни во знак на одмазда.

Грција и Македонија конечно ги формализираа билатералните односи со Привремената спогодба, потпишана во Њујорк на 13 септември 1995 година. Со овој договор, Македонија се согласи да го смени своето знаме (ѕвездата од Кутлеш) и да го дополни Уставот во делот на преамбулата каде што се вели дека Македонија нема никакви територијални претензии кон ниту еден од нејзините соседи.

Грчката страна се обрврза да не го попречува патот на Македонија кон зачленување во институциите како што се меѓународните монетарни институции, НАТО, ОБСЕ, ЕУ и слично. Барањето за зачленување може да биде со уставното име, но Грција го задржува правото на блокада на прием ако тој не е под времената референца. Во овој договор, Македонија и Грција се ословени како првата и втората страна, или по името на главните градови: Атина и Скопје.

Слично, при потпишување на билатерални договори, Македонија никогаш не се потпишува под времената референца. Ако другата страна инсистира на времената референца, на пример Светска Банка, тогаш првата страница на договорот се прави во две верзии – една за нашата страна со уставното име, и друга верзија за другата страна, и секоја си ја потпишува само сопствената верзија.

Во случај на мултилатерални договори, Македонија не потпишува ниеден документ каде што не стои уставното име, туку со размена на писма ја известува одговорната институција (на пример, ООН, ЕУ) дека се согласува со договорот и дека стапува на сила како закон во Република Македонија и го потпишува одговорниот орган со користење на уставното име.

Зоран Заев

Кои беа последните ставови?

Иако постојат напори да се разреши проблемот, сепак конечно решение не е постигнато. Со текот на времето предложени се неколку имиња, како што се Горна Македонија, Нова Македонија, Славо Македонија, Македонија (Скопје) и слично. Секој од овие предлози е одбиен од едната или другата страна. Во голем степен останува нејасно за што всушност се преговара.

Иако резолуцијата 817 е јасна, сепак грчката страна инсистира дека преговорите се водат за да се најде заедничко прифатливо име кое ќе биде и официјално име на Македонија. Додека Македонија ја застапува позицијата како што е вметнато во резолуцијата 817 дека се преговара за име кое е прифатливо за Грција во билатерална комуникација, додека единстваната можна опција за меѓународна употреба е Република Македонија.

Овој принцип е окатегоризиран како принцип на двојна формула. Во меѓувреме голем број на земји во светот ја признаа Македонија под уставното име. До 2017 година 135 земји во светот ја признаа Македонија како Република Македонија од 192 регистрирани во ОН, со што Република Македонија има двотретинско мнозинство во Обединети Нации.

Иако Грција и Македонија се во постојана борба за името, сепак односите помеѓу државите се прагматични, посебно во делот на економијата. Голем број од грците одбиваат да го користат терминот Македонија и наместо тоа Македонија ја нарекуваат: ΠΓΔΜ (Πρώην Γιουγκοσλαβική Δημοκρατία της Μακεδονίας), Грчка верзија на FYROM, или Скопје односно Скопјани како термин за Македонците. Овие термини во Република Македонија се сметаат како крајно навредливи.

Блокада на членството во НАТО и тужба на Македонија против Грција.

На 3 април 2008 година, на Самитот на НАТО во Букурешт, Грција ја блокираше поканата за Македонија за членство во НАТО. И покрај категоричното залагање на неколку водечки земји за приемот на Македонија, а пред сè на САД, Грција не даде согласност за покана на Македонија, образложувајќи го тоа со лошите соседски односи поради нерешениот проблем со името Македонија.

На 17 ноември 2008 година, Македонија покрена тужба против Грција пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг дека со попречувањето на приемот во НАТО Грција директно го прекршила членот 11 од Времената спогодба, кој предвидува дека Грција нема да го попречува членството на Македонија во меѓународни организации.

На 5 декември 2011 година Меѓународниот суд на правдата во Хаг донесе пресуда со која е потврдено дека Грција ја прекршила Времената спогодба со ветото во Романија блокирајќи ја Македонија пред вратите на НАТО.

Одлуката беше донесена со 15 гласа “за” и еден “против”.

Но Меѓународниот суд на правдата во Хаг го отфрли второто барање на Република Македонија изјаснувајќи се дека не може да и наложи на Република Грција како понатаму да се однесува по основ на Времената спогодба т.е. да не ја блокира Македонија при влез во меѓународни институции.

Македонскиот тим беше предводен од министерот Попоски и претставниците во процесот Милошоски но и Димитров.

Истиот Димитров кој 6 години подоцна сега како министер за надворешни работи во владата на СДС по Заев смета дека одлуката на судот во Хаг е обична заебанција и дека ФИРОМ е одлично име за замена на Република Македонија за прием во НАТО и ЕУ.

Зоран Заев

Кои уште “имиња” паднаа како предлог за замена на Уставното?

До сега преговарачот за името Метју Нимиц има понудено неколку предлози кои се одбиени или заеднички или од една од страните. Република Македонија во 2006 го прифати предлогот на Нимиц за двојна формула која предвидуваше името на земјата во официјалната комуникација да биде Република Македонија, со официјална транскрипција на Англиски јазик, додека Македонија и Грција би преговарале за заедничко прифатливо име кое ќе се користи во билатералната комуникација. Грција го одби овој предлог.

Меѓународната Кризна Група во својот документ од 2001 година ги предложи следниве чекори. МКГ предлага трилатерално решение со следните три елементи што едновремено треба да стапат во сила:

Билатерален договор ќе биде склучен меѓу Скопје и Атина во кој Македонија ќе направи значајни отстапки на Грција, вклучувајќи декларација за односот кон грчкото културно наследство во македонските наставни програми; договор кој ќе и дозволи на Грција да употребува свое име за Македонија, како и строга заштита од можноста Македонија да го користи своето уставно име на сметка на Грција, како на комерцијален план, така и на законодавен.

Членките на НАТО и Европската Унија и други земји ќе го охрабрат овој билатерален договор со размена на дипломатски ноти до двете страни, во кои тие ќе го признаат македонското име како “Republika Makedonija” и ќе ветат на Грција дека ќе се консултираат со неа во врска со соодвенти мерки што ќе се преземат доколку договореното се прекрши.

Обединетите Нации како и други меѓународни организации ќе ја усвојат употребата на уставното име Republika Makedonija на македонски јазик во сите свои тела.

Пред формално да се признае името Republika Makedonija билатерално и во меѓународни организации, разумно би било меѓународната заедница да побара две претходни отстапки од Македонија во врска со спроведувањето на Рамковниот договор.

Зоран ЗаевОна што во моментов виси во воздух се неколку тези:

Првото решение е и двете страни да прифатат двојна формула според која за светот ние би биле Република Македонија (со соодветен превод на сите светски јазици), а фактички би преговарале за името со кое би ни се обраќала само Грција, поради нејзината чувствителност со употребата на терминот “Македонија”.

Притоа, Македонија би водела сметка името, за кое таа би се согласила да биде употребувано од Грција, да не биде навредливо. Второто решение е заемно прифаќање формула за единствено име. Притоа, договореното решение ќе биде и единственото име со кое Македонија ќе биде нарекувана од целата меѓународна заедница (вклучително и од Грција). Знаејќи дека Грција со сигурност нема да се согласи компромисното решение да биде исто како и уставното име, на Македонија и преостанува само да се избори за поповолна придавка или додавка.

Досега, двострано или еднострано, се разгледани повеќе вакви предлози, како на пример: Македонска Скопска Република, и Горна, Северна или Вардарска Македонија (сите предложени или разгледувани од страна на Грција уште од 1992 годна); Нова Македонија (предложено од Де Пињеиро, тогашен португалски министер за надворешни работи); Република Македонија – Скопје (предложено од поранешниот претседател Глигоров, кој досега е единствениот македонски политичар, кој јавно се согласил со менување на уставното име), како и Република Македонија (Скопје) кое беше прифатено поранешниот премиер на Владата Никола Груевски и поранешниот претседател Бранко Црвенковски во временскиот период пред Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година.

Во оваа, за Македонија неповолна варијанта, утеха би била можноста Грција да се согласи уставното име да го ползуваме за внатрешна употреба, како и можноста државава да добие извесна помош на патот кон ЕУ и подароци од другата страна. Оваа варијанта во принцип ги има обележјата на денешното статус кво, каде што најзначајните меѓународни институции не нарекуваат со привремената референца, а ние уставното име освен внатрешно, го користиме и во односите со земјите што не имаат признаено под уставното име. Третото решение е прекинување на преговорите за името (еднострано или спогодбено) и дипломатска офанзива за прифаќање на нашето уставно име во сите меѓународни организации и од сите позначајни држави што нè нарекуваат со привремената референца.

Целни групи на ваквата офанзива пред се, би биле САД, и петте водечки земји во ЕУ, а успехот таму посредно би значел и наш успех во ОН, НАТО, ЕУ и ОБСЕ. Четвртото решение е продолжување на преговорите, но и барање до ООН да ја промени нелегалната одлука за користење на времената референца и условувањето со понатамошни преговори. Речиси 100% се шансите телата на ООН и МСП да одлучат да ги изменат тие барања и да ги доведат во согласност со документите на ООН и со условите за прием на сите останати.

Што прави Заев и Димитров?

Во суштина го продаваат идентитетот и името за влез на мала врата во НАТО но не и ЕУ. И тоа е јасно и од изјавата на Јоргос Кумуцакос, кој е одговорен за надворешна политика во најголемата опозициска партија Нова демократија дадена на 15 јуни 2017 во која стои: “Веруваме дека тоа може да се случи за брзо време ако постои вистинска позитивна политичка волја. Токму затоа што веруваме дека има потреба од взаемно прифатливо решение, сметаме дека политиката од Букурешт, која беше изразена со едногласна одлука на НАТО, останува силна”

Но тој го искажува и ставот за ослабените ставови на Македонската дипломатија со зборовите: “Тоа е добро. Добро е за атмосферата во нашите билатерални односи. За сите прашања кои не засегаат. Сепак, ова се однесува на амосферата. Суштината е нешто друго. Како ќе се формира суштината ќе видиме во следниот период”

И изјавите на Заев и оние на Димитров пред и по посетата на официјална Атина јасно конципираат дека Македонија е подготвена да направи отстапки и да прифати влез во НАТО под времената референца. Она што е луцидно е како Димитров кој своевремено преку Сорос ја организираше кампањата “Не ме нарекувај ФИРОМ – викај ме по моето име – Македонија” и беше дел од тимот кој ја застапуваше Македонија во Хаг сега има сосема изместени ставови?

На ваквите небулози не реагираат ни Заев ни Димитров. Тоа се гледа по изјавата на германскиот државен секретар за европски прашања Михаел Рот кој изјави дека спорот за името е комплетно лудило на што Македонија не реагираше а Грција официјално ворзврати: “Го повикуваме германскиот заменик министер за надворешни работи, Михајл Рот, да биде повнимателен кога ги посетува балканските земји, да избегнува да се обидува да дава лекции по историја и да го покаже потребното почитување за чувствителноста на неговите европски партнери.”

Зоран Заев
Спорот за името деновиве ги загреа и страстите во грчкиот парламент откако опозициски пратеник побара Ципрас да појасни кои се официјалните позиции на Атина за потенцијалното решение на ова прашање и дали позицијата на официјално МНР кое објавува дека настојува за утврдување сложено име со географска одредница пред зборот Макеоднија или позицијата на министерот за одбрана Каменос кој смета дека во решението воопшто не може да се содржи името Македонија.

Шефот на грчката дипломатија во интервју за грчката телевизија Антенба одби да ги каже официјалните позиции пред разговорт со медијаторот. Коѕијас повторно ја обвини Македонија за иредентизам но и за неподготвеност и разгаленост.

“Бев, како што знаете, 2 пати во Скопје, разговаравме за прашањето, беа неподготвени. Дојдоа во Грција, пак неподготвени. Разгалени се од меѓународниот фактор. Овде си имаме работа со иредентизам, кој не треба да го оставиме да се прошири на Балканот, но и генерално, не треба да го дозволиме национализмот во регионот“.

Зоран Заев

Но грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас упати и предупредување против оние што размислуваат и сонуваат за дестабилизација на Балканот и за менување на границите.

“Грција – и ова, исто така, се однесува на нашиот северен сосед – е цврсто во корист на стабилноста во регионот. Ние сме цврсто во корист на унитарноста на таа земја, ние сме единствените кои дури ни денес не се мешаат во нејзините внатрешни работи и ние ќе го браниме нејзиното постоење.”

Според Коѕиас, “ … сега сме во ера каде има стабилност, која бара стабилност во меѓународните правила и во спроведувањето на меѓународните односи, но пред се, бара голема почит кон границите“.

И она што е страшно е што во Солун ќе се оствари трилатерална средба меѓу премиерите на Грција – Ципрас ; на Србија – Барнабиќ и на Бугарија – Борисов на тема “односите со Скопје” а потоа се одржа и заедничка седница на грчката и српската влада.

Притоа на настан каде фокусна точка е Република Македонија и иднината на Македонскиот народ “добрите соседи” не ги поканиле ни Заев а ни Димитров.

И ова се фактите кои очајно асоцираат на една иста средба која се одржа пред 101 година на 10 август 1913 година во ист состав а беше именувана по местото каде и се постигна фамозниот “Бурурешки договор” со кој територијата на Македонија е поделена. Претпоставувам ова е најголемиот реформаторски чин на извршната власт на СДС по Заев. Оној за самонегирање на постоењето.

Иако она што им е смешно на Данска и Норвешка држи вода. Како може да обвиниш дека одредена држава има територијални претензии кон друга ако инсистираш географска одредница од типот на “горна – северна – Вардарска” па дури и “нова” кога на секој од овие придавки следи нормално прашањето а каде е “долна – јужна”, која е “стара” и Вардар не испарува на граничниот премин меѓу Македонија и Грција.

 

Може да ве интересира

Бујар Османи, хирургот кој ќе пресече дали ќе не има или не

Бујар Османи, хирургот кој ќе пресече дали ќе не има или не. Бујар Османи е …

Translate »
error: Content is protected !!