дома / Мислења и Предлози / Колумни / ДЕМОКРАТИЈА НА КРАЛЕ МАРКОВА ПОЉАНА

ДЕМОКРАТИЈА НА КРАЛЕ МАРКОВА ПОЉАНА

Идеологијата е наука за поими. По Маркс, склоп на свест, идеја и одредување на вредности на некоја општествена група, надоградување врз основа на општествено индустриските односи, од кои зависи опстанокот и развојот на одредени духовни и културни облици. Да! Ама за обичниот и политички необразуваниот поединец оваа дефиниција е ‘‘ Трла баба лан‘‘!

Народски речено: – верба во идеја, во мисла која дава правец, порив и припадност!

И мајка ми стара на 80 години чула дека имало некоја левица, десница, а за партиите на центарот не знае многу, ама реално не знаат ни многу политичари. Глумат лудило демек знаат они што е што, а служат само за ценкање на крај за некое пратеничко место да може ‘‘добро да се шитне‘‘ Excuse me, ама моето мислење за партиите на центарот е тоа! Ама ај да не тупиме на самиот почеток, дај да видиме како изгледа една идеолошка матрица на тлото македонско во лето 2017-то!

А, каква сакаш да биде! Во држава која сеуште не е издефинирана ни од унутра ни од надвор. Сите што глумат леви-десни имаат само една цел, а тоа е како да немаат гладен народ, како да отворат нови работни места, како да се извадат од ‘‘борџови до гуша’’, криминал, корупција и да не набројувам повеќе. Во Македонија постои само една ( ако може да се нарече идеологија) а тоа е некоја исто така неконкретно дефинирана форма на социјалдемократија. Топтан сите! Остај ти приказна за мали деца ‘‘левица десница’‘. Тоа у држави у кои се знае што е државен апарат кој функционира по реалниот принцип на ‘‘ ни по баби ни по стричевима‘‘, па само останува борба врз основа на идеолошки платформи кои подразбираат различен ПРСТАП а не различен амбиент на решавање на проблеми. Како и во сите пост социјалистички земји, ‘‘новото време ‘‘ прво направи страшен пренос на свеста како прво, а после пренос на капиталот. Тоа што во меѓувреме се случуваше а некој мислеше дека ‘’ знаат што прават’’ резултира со мега милионери на сметка и на грб на ‘‘ за твое добро народе‘‘! И? И создаде псеудоелита која и ден денеска продава некои идеи ‘‘ за твое добро народе‘‘.

 

КОЈА МЕНТАЛНА МАСТУРБАЦИЈА! КОЈ ЕЛЕГАНТЕН ПСИХО КОИТУС!

 

На самиот почеток првите неколку години, се појавија многу партии кои за својот писмен дел од членството го имаа корпусот на интелектуалци кои до тогаш биле ‘‘Кумровечка школа’’. Одеднаш, станаа либерали, социјалдемократи, радикали, демохристијани, ултрадесничари и ултра ‘‘ кењатори’’ кои се вадеа на своите грешки демек секоја млада демократија има свои детски болести кои мораат да се прележат. Тоа во народот купуваше време затоа што на тоа ниво на пред се недоволно едуцирана и недоволно спремна за нагло преодување во отворена пазарна демократија народ, создаваше амбиент на ‘‘ така мора да биде‘‘. И?  И што ‘‘и‘‘!? – тука се издвои оној ‘‘ по курнаски дел‘‘ кој денес важи за тајкун, за моќен, за ‘‘фактор‘‘, за ‘‘ ја што ке кажам и поп што ке отпее тоа е тоа‘‘. Така почна демократијата во Македонија за народ кој се уште не знаеше што подразбира ‘‘ акција во цементара, Алкалоид и т.н.‘‘. Тука почна темелот на современата македонска демократија која подразбира борба на мислења, идеи, и пред се капитал кој треба да биде носечка алка во креирањето на општествено индустрискиот развој на нова, современа Република Македонија. После 50 години едноумие во кое матрицата беше дека сите се еднакви, дојдовме пред портите на податокот дека сите сме еднакви ама сме тотално различни.

И?…. – и ооооп ‘‘ зајеб‘‘!

Каков зајеб бе! Еве каков! Откакао најголемиот дел од ‘‘ писметите ѓоа‘‘ сватија дека демократијата може да биде покрај борба на мислења, идеи и ставови истовремено и ‘‘топ бизнис‘‘, веднаш се ушалтаа во изнаоѓањето на квалитетни теми кои подразбираат антагонизми за кои треба конгломерат од механизми кои носат механизми на добар и страшно вносен бизнис! Така се родија двата како милува да каже Васко Ефтов во интервјуто со мене ‘‘ бомбона бизниси’’ кои за префикс имаа ‘‘ само за народот и неговото добро дефиниции:

 

Мегапатриотизам, и национализам!

 

А што да му понудиш на народ кој и ден денеска не знае да направи автентична разлика во дефинирањето на левицата и десницата. Наједноставно беше да му се даде на народот  она што го разбира а ионака е фантастична подлога за тоа. Албанците си почнаа своја кауза, македонците своја, оние од мешани бракови и по пацифистички определени отидоа во ‘‘ вечни десиденти‘‘, а најбитно од се беше дали си доволно патриот или доволно го мразиш оној другиот. И така, дојдовме до една трагикомична ситуација која не е резултат само на македонското поднебје да бидеме реални, туку се вклопи како идеална платформа за да се бавиме ‘‘ со политика ради политика‘‘. И да бидеме демократи! ДРАПАЈ СИ МЕОТ! Додека карваните минуваа и се демократизиравме, додека најполтронски му се удваравме на секој оној кој не признаваше под уставното име ‘‘Република Македонија’’, внатредржавно си создадовме една ( метафора) дводимензионална идеологија која не може да ја оспори никој дека не е функционална а богами и комерцијална ‘‘ колко очеш‘‘! Тоа е: ( метафора) –

ЈА СИ ТУРСКО ЈА СИ КАУРСКО – ТРЕТО НЕМА!

Што подразбира тоа! Еве што! Со отварањето на балканскиот котел во кој чорбата беше зачинета со многу крв, се разгореа национал романтистичките модели на размислување до ниво на ‘‘ или со со нас, или против нас‘‘. Тоа во идеолошко политичките матрици на делување на политичките партии создаде ‘’Circulus vitiosus‘‘ – магепсан круг во кој за да се практикуваат правците на следење на идеолошките темели по основ на ‘‘лево – десно’’ требаше прво да го селектира демосот на ‘‘ турско или каурско‘‘ ( читај македонци – албанци)  а дури потоа внатренационалниот кампус да ти понуди партија базирана врз основа на адекватна идеологија!

 

КОЈА ЦРНА ИДЕОЛОГИЈА БРЕ! – македонија нема сеуште идеологија! Се е ‘‘бучкуруш‘‘!

 

Да се разбереме, националромантизмот и моделите на бркање каузи не се идеологија. Тоа е сосема поинакво ниво на дефинирање на ментален склоп! Ајде да земеме еден пример. Преку дваесет и кусур години албанците се борат за свои права, македонците ‘‘ нешто даваат па не даваат’’, во меѓувреме се делат на патриоти и предавници водени исклучиво по принципот на ‘‘ ја губиме Македонија‘‘. Ја губиш крастајци криви! Од кого! Од неисто мисленици? И ете ти бељааа! Зошто бе беља? Еве зошто! Недефинираноста на државните пред се ( национални интереси) за сметка на интер-етничките папазјании, ја доведе Р. Македонија во позиција да не се знае која чорапа на која нога оди! Битно е, сите сакаме у Европа, у НАТО, ама по можност сите да бидеме ‘‘virgo intakta‘‘ кога е во прашање автоканибализмот со кој перманентно се соочува современа Република Македонија. И ако некој ме осуди за употребата на поимот ‘‘автоканибализам‘‘ ке го потсетам нешто а што е мој личен став! Сите прашања кои требаше да се расчистат за да се дефинираат темелите на современата наша држава , независна и ‘‘горда на себе‘‘ требаше одамна да бидат завршени. Еве, да кажеме нека си дадовме ‘‘ фора ‘‘ од 91 – до 2000-та! Веќе полни 17 години Македонија ке се бавеше со прашања кои ке беа решени а кои Европа немаше да може да ги контра аргументира дека не се квалитетни. Ке бевме Европа пред да бидеме Европа!

Лето богово 2017 –то!

Сеуште под смрадот на пазувите на Крале марко, на ‘‘ турско или каурско‘‘ ( алегорија), сеуште под плашта на ‘‘постоиме или не‘‘, сеуште под ‘‘арнаутите ке ни ја земат државата‘‘, сеуште под засуканоста на мустаките на Гоце Делчев и Питу Гули! Сеуште под мечот на Скендербег и звецкањето на оружјето кое се чува по подруми ‘’ за не дај боже’’!

Бараш практикување на некакви разни правци на идеологија?

АЛООО! КАДЕ БЕ!,… за тоа треба здрава држава!       

                                                                                                                АГИМ ЈОНУЗ / 31.10.2017

Може да ве интересира

ЗА ГОЛЕМИТЕ АЛБАНЦИ И ВЕЛИКИТЕ МАКЕДОНЦИ

ЗА ГОЛЕМИТЕ АЛБАНЦИ И ВЕЛИКИТЕ МАКЕДОНЦИ   Како ретко која држава, Република Македонија со својот …

Translate »
error: Content is protected !!