дома / Политика / ЕЛЕМ се “пакува” со украсна хартија за продажба, Шеќеринска можеби ќе ја стави машната

ЕЛЕМ се “пакува” со украсна хартија за продажба, Шеќеринска можеби ќе ја стави машната

ЕЛЕМ се “пакува” со украсна хартија за продажба, Шеќеринска ќе ја стави машната

 

Големите “реформи” во социјалниот сегмент на општественото живеење кои беа промовирани во предизборната програма на СДС некако останаа и само тоа, предизборни ветувања. По формирањето Влада 90% од активностите беа насочени кон надворешната политика под мотото “своето го продаваме” отколку во имплементирање на сите оние елементи испишани на банери кои во сценографијата по митинзите на СДС статистите на бината за митинг ги подигаа позади говорникот.

Дека Зеав доаѓа од бизнис секторот сме слушнале безборој пати, особено кога бил “притиснат” за ѕид да мора да одговори на политичко прашање. Но социјалните прашања не се прашања за биснисмен. Во своето прво ТВ обраќање како премиер соочен со уредниците на националните радиодифузери се што кажа Заев дека е приоритет во социјалниот дел од “реформите” следниот ден беше негирано од сите.

Не е до неговата неподготвеност колку е до фактот дека Заев во 4 години опстојување во политиката никогаш не говорел за конкретни решенија или проблеми. Говорел многу и рамнолиниски и тоа било многу текст а малку суштинска содржина. Така најавеното укинување на радиодифузната такса го збуни народот кој веќе следниот ден ги фрли во отпад сметките. По неколку часа станавме контејнер нација па сите ги вадеа назад. Заев рекол дека ќе ја укине радиодифузната такса ама тоа не било така лесна работа, па ќе се разгледала можноста прво тоа да се направи со ребалансот на Буџетот кој помина ама не создаде можност за тоа.

Очајно беше кога Заев појасни дека во основа проблемот е што тие се мачат да направат ребаланс на Буџет кој го составил “режимот” а до него стои Бујар Османи. Прашајте го Османи. Неговата партија 9 години беше дел или ½ од таа “режимска” влада. Можеби ќе ви објасни зошто носеле такви Буџетски решенија.

Но Заев имаше друга цел и таа ја започна тивко за деновиве громогласно да му се одбива од главата. Подготовки за продажба на последното капитално претпријатие во државна сопственост ЕЛЕМ или со неговото целосно име АД “Електрани на Македонија”. По продажбата на ЕЛЕМ сосема логично би било МЕПСО да пропадне и да се продаде за ефтини пари како е Македонски електропреносен систем оператор. Оној што ќе го купи ЕЛЕМ може но и не мора да ги користи услугите на МЕПСО дотолку повеќе ако има технички капацитет за краток временски интервал да си изработи сопствена дистрибутивна мрежа.

 

Каде Заев згреши?

Прво ЕЛЕМ е одамна и тоа не може да се детектира дека е направен само во времето на ВМРО – ДПМНЕ или воопшто во било чие владеење во 26 години суверена Македонија, иако е третирано како самоодржливо претпријатие наследено од едно друго општествено уредување. Со тоа електраните од кои 80% се термно електрани на јаглен, неколку на мазут и остатокот се мини хирдоелектрани беа оставени на забот на времето.

Најголемиот производител на електрична енергија Рударско Енергетскиот Комбинат – Битола во својот прв проектен план од 1976 и нацртните интервенции од 1978 година беше предвидено да нема разладни кули или тие да бидат привремено решение за сметка за топлификација на град Битола. Рударско енергетскиот комбинат Битола започна со работа во 1980 година и двата сегменти не се реализираа до пред 10 години. Битола не доби посебна директна линија па 25 години струја добиваше преку дистрибутивниот центар од Скопје. Да е иронијата поголема се работеше за систем од 15 километарски “кабел” и изградба на засебна “трафостаница” што се реализираа за месец дена.

Честопати при прекини на електрична енегрија во Битола се гледаше како РЕК Битола е осветлен и сите се прашуваа како и зошто? По 25 години Битола доби директно снабдување со електрична енергија на комбинатот по што се промовираше и изградбата на далноводот од РЕК Битола до Елбасан по должина од 100 километри.

Сегментот што беше исто така симптоматичен дека РЕК Битола се обезвреднува во сите 26 години е негрижата за истиот. Од импозантните 92% производство на електрична енергија на национално ниво спадна на 86% и тоа беше последната проценка пред 10 години. Од тогаш симптоматично е како кога РЕК Битола не произведува електрична енергија Македонија продолжува да ја има со што набрзо се дојде до сознанијата дека ние за голема сума пари редовно уверуваме електрична енергија додека нашата за ефтини пари за извезуваме.

Она што беше јасен показател дека Заев зборува она што му напишале е фамозната топлификација на Битола. Тоа е проект стар 38 години. Има нацртни проекти и начин на систематизација и реализација. Трите “разладни” кули на РЕК Битола во суштина се фрлање пари или пареа во воздух. Нивното постоење и функционирање требаше да биде времено се додека не се реализираше проектот со иста должина, 15 километри топлификационен систем до Битола и околните населени места. Според анализите трите кули од РЕК Битола произведуваат доволно топлотна енергија за затоплување на домовите на Битола но и Новаци, Могила, населените места кон прилепско па и дел од Прилеп.

По 38 години и негрижата за одржување на комбинатот сосема е лаичка констатацијата дека од РЕК Битола ќе се реализира топлификација на регионот. РЕК Битола во добар дел своите три турбини веќе не ги користи само на јаглен туку ги подготвува за работа со мазут, причина зошто загадувањето е поголемо но никогаш не било ни помало.

По должината на Пелагонија споена со Солунското поле во соседна Грција има најмалку 20 термоцентрали од помал или поголем калибар на РЕК Битола, а Грција е земја членка на ЕУ па емитирањето на штетни гасови е под постојан мониторинг.

Последниот удар врз комбинатот е направен деновиве. И компанијата на толку извиканиот Сеад Кочан осомничен токму за спорни договори и реализација на истите во РЕК Битола но и заменик претседателот на Владата на Заев, Кочо Анѓушев задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори добија тендери.

Зошто е РЕК Битола толку посакувана дестинација за добивање тендерери особено за пренос на јаловината. Затоа што самиот комбинат тоа го има регулирано со двосмерен систем на ленти доставувачи. Едниот е за дотур на ископите на јаглен до турбините другиот е за исфрлање на јаловината позната и како “шљака” врз чиј слој се поставува или треба да се постави земја и да се засади зеленило.

Но тој систем иако е функционален не е активен. Така се користат компании кои со своите камиони преносот од и од турбините го вршат на примитевен начин за добра заработувачка која и РЕК Битола но целокупниот електро производствен систем го доведоа на ова ниво. И тоа е така 26 години.

Она што Заев индиректно го најави иако не го кажа е дека РЕК Битола во оваа состојба едностано “плаче” за продажба во комплет со останатите производствени центри под името ЕЛЕМ. ЕЛЕМ по распределба на владиниот колач требаше да му припадне на ДУИ. Но Ахмети одби да именува кадри додека не поминат локалните избори па на изненадување на сите ЕЛЕМ доби фиктивен управител во името на Драган Миновски. Претпоставувам на човеков му објасниле точно на што е директор.

Заев имал планови подготвителниот план за продажба на ЕЛЕМ т.е. обвиткувањето на енегретскиот систем на Македонија со украсна хартија да го реализира преку српскиот двоец Александар Обрадовиќ и Зоран Башановиќ. И тоа отиде до таа граница да Александар Обрадовиќ инстант доби и македонско државјанство иако не е сосема јасен основот по кој тоа му е доделено.
Откако аферата излезе во јавноста, а беше промовирана од кадри на СДСМ кои сметаа и ценеа дека и во нивните партиски редови има квалитетни стручни лица и дека на енегретскиот систем во Македонија не и се потребни странски управители па да се омекне ефектот, а сепак Заев да го зачува достоинството и Обрадовиќ и Башановиќ станаа специјални советници на премиерот на Македонија.

Кој е Обрадовиќ?

Beograd, 4. oktobra 2013 – Vd direktora “Elektroprivrede Srbije” (EPS) Aleksandar Obradovic govori na sednici Upravnog odbora te kompanije. FOTO TANJUG / TANJA VALIC / dmm

Обрадовиќ е поранешен директор на “Електро привреда Србија” кој го напушта комбинатот со изнудена оставка откако поединечните производствени центри ги задолжил засебно од 200 до 700.000 евра. Познати се аферите на Обрадовиќ кога во 2014 година по поплавите во Србија беше откриена мега аферата дека Обрадовиќ не ги осигурал електраните од поплава со што никој не ја исплати штетата од 400 милиони евра. Обрадовиќ е познат и како лаик во својата работа па потрошил 20 милиони евра за ангажирање на осум консултантски куќи.

Александар е човекот кој сака да си ги спојува соработките па за договор штетен 10 милони динари постигнал договор за соработка со компанијата “Артур Д. Литл” консултанстна филијана на чешка компанија каде претходно работел што е директен судир на интереси.

Околу Обрадовиќ има мал милион скандали но од оние финансиските побитни се и промената на логото на ЕПС за кое платил фантастични 42 милиони денари, а познат е и по дипломатсите скандали по кој кинеските инвеститори и држава не сакаат да го видат во нивна близина.

 

Кој е Башановиќ?

ZORAN BASANOVIC clan Upravnog odbora fudbalera Crvene zvezde na proslavi 23. godisnjice osvajanja pehara Interkontinentalnog kupa prvaka sveta u Tokiju na stadionu Crvene zvezde, Beograd, 08.12.2014. godine Foto: Marko Metlas Fudbal, Crvena zvezda, Prvaci sveta Tokio, Interkontinentalni kup

Башановиќ од друга страна требаше да ја менаџира целата активност. Но Башановиќ не е непознато име во СДСМ. Пред повеќе од година дена тој стапил во контакт со Заев преку сопственикот на српски “Курир”, Александар Родиќ кој во моментов е сопственик на медиумите кои “независно” и безусловно го поддржуваат СДСМ на Зоран Заев во било која одлука.

Заев не успеа во намерите директно да го именува Обрадовиќ за директор на ЕЛЕМ иако тоа и најмалку беше очекувано како ЕЛЕМ треба да е дел од “владинот колач” кој му припаѓа на ДУИ но не беше така одамна кога и “Маѓар телеком” воспостави монопол на македонскиот телекомуникациски пазар афера во која “настрадаа” но и најголем ќар извлекоа тогашниот премиер на СДСМ Владо Бучковски но и Али Ахмети и Муса Џафери.

Тогаш целата постапка за монополизација помина благодарение на препораките до ЕУ со имплементирање на законот за телекомуникации на Шеќеринска која е неспомнатото име и во судскиот совет. Навиките не се менуваат. Премиерите и претседателите на СДСМ се менуваат само Шеќеринска е вечна.

 

Па логично е дека и на овој “бомбона” бизнис таа ќе ја стави украсната црвена машна.

 

 

 

Може да ве интересира

Која е Солза Грчева? Со нова партија, трета среќа или стара навика?

***Информација надвор од авторот на текстот: По прифаќањето за да биде интервјуирана за овој медиум, …

Translate »
error: Content is protected !!