дома / Забава / Еве како брзо да ја решите Рубиковата коцка (видео)

Еве како брзо да ја решите Рубиковата коцка (видео)

Рубиковата коцка, славната играчка која до сега е продадена во тристотини милиони примероци, направена во 1975 година во Унгарија.

Позната е и како Унгарска или Магична коцка.
Нејзиниот изумител е професорот Ерне Рубик, унгарски архитект. Ја патентирал по број HU170062. Подоцна ја изложил на разни меѓународни саеми, но никогаш не побарал меѓународен патент.

Оваа несекојдневна играчкана брзо станала многу популарна.

Од тогаш голем број луѓе се обидувале да го урнат рекордот во решавањето на Рубикова коцка. Постојат и натпревари, на некои Рубиковата коцка се решава дури и со затворени очи. Холандскиот државјанин Мат Флас за сега го држи рекордот во решавањето на оваа несекојдневна задача. Тој Рубиковата коцка ја решил за само пети пол секунди.
Ако ви се допаѓаат ваквите играчки, побарајте ја и Рубиковата змија, играчка која е базирана на сличен принцип,а која исто така ја направил Ерне Рубик.

Може да ве интересира

долар

Зошто на банкнотите од еден долар се наоѓа масонската приамида?

На банкнотата од еден долар се наоѓа пирамида. За неа постојат различни теории, а некои …

Translate »
error: Content is protected !!