дома / Прес / Прес МКД / Еврокомесарот Хан ѝ испратил мини прашалник на Владата
Јоханес Хан

Еврокомесарот Хан ѝ испратил мини прашалник на Владата

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан им испратил на сите влади од Западен Балкан, меѓу кои и на Македонија, мини прашалник на кој треба да одговорат пред да бидат напишани извештаите за прогрес на Европската комисија. Прашањата се однесуваат на напредокот на секое министерство поединечно од утврдената европска агенда, поради што нашата Влада вчера ги задолжи сите министерства да ги одговорат прашањата за да бидат пратени што е можно поскоро во Брисел.

Овој прашалник Македонија, но и другите земји од регионот последен пат го добиле пред 13 години. Бараната брзина на одговорите и ненајавеното испраќање, според владини извори, се толкуваат со големиот интерес на Брисел побргу да го реши статусот на земјите од Балканот за членство во ЕУ.

Може да ве интересира

споменик

Заев: Ќосето прво ќе го тргнеме од пред судот каде што се дели правдата

Премиерот, Зоран Заев, најави дека првиот споменик од проектот „Скопје 2014“ кој ќе биде дислоциран …

Translate »
error: Content is protected !!