дома / МКД / Ги надитри сите, полека до целта. ДУИ 16 години е најстабилната политичка партија во Македонија

Ги надитри сите, полека до целта. ДУИ 16 години е најстабилната политичка партија во Македонија

Полека до целта, ДУИ 16 години е најстабилната политичка партија во Македонија

 

Демократската унија за интеграција по оставките на претседателите на ВМРО – ДПМНЕ и претходно на СДСМ, а со најавите за оставки или разрешувања на претседателите на БЕСА, Алијанса за албанците па и ДПА остана најстабилниот и најконзистентниот политички субјект во Република Македонија.

Имено ДУИ е формирана на 5 мај 2002 година во Тетово, три месеци пред одржувањето на парламентарните избори во 2002 година како политичко крило на Ослободителната Народна Армија ( ОНА ) која во 2001 година отпочна вооружен конфликт против Република Македонија. ДУИ на овие избори освои 12.2% од електоратот или околу 55% од албанскиот етникум и се профилираше како најголема партија помеѓу партиите на етничките Албанци во Република Македонија.

По изборите беше сосема извесно дека ДУИ ќе влезе во владина коалиција со СДСМ кој пак претходно коалицираше со ЛДП.

На парламентарните избори во 2006 година ДУИ настапи во коалиција до ПДП и Демократската лига на Бошњаците. Оваа коалиција освојува повторно 12.2% од електоратот и извојува победа над Демократската партија на Албанците. Тоа по изборите беше гласниот аргумент на ДУИ да биде вклучена по секоја цена во новат влада но тогашниот мандатар Никола Груевски одлучи во владината коалиција за свој иден партнер да го вклучи својот традиционален партнер ДПА.

На парламентарните избори 2008 година ДУИ освои 12.8% од гласовите и влезе во владината коалиција предводена од ВМРО – ДПМНЕ повикувајќи се на фамозниот мајски договор дека идните коалиции на извршната власт мора да се формираат првенствено меѓу партијата победник од македонскиот блок со партијата победник од албанскиот блок.

И на изборите во 2011 година ДУИ освои убедлива победа со над 10.2% од гласовите и остана во коалиција со ВМРО – ДПМНЕ и во наредните изборни циклуси. На изборите во 2016 година ДУИ доживува дебакл и освојува само 7.8% од гласовите со што решава да го прекине сопствениот востановен принцип и да партиципира во коалиција со стариот познат политички пријател СДСМ.

Имено ДУИ 2016 година претрпе огромен пораз ако се знае дека во 2002 година имаше поддршка од 145.615 граѓани и освои 16 пратенички места, во 2006 година имаше поддршка од 113.522 граѓани и освои 17 пратенички места, во 2008 година имаше поддршка од 126.522 граѓани и освои 18 пратенички места, во 2011 година имаше поддршка од 115.092 граѓани и освои 15 пратенички места, во 2014 година имаше поддршка од 153.646 граѓани и освои 19 пратенички места додека во 2016 година за ДУИ гласаа само 86.796 граѓани со што освои рекордно најмал број пратеници, само 10.

Она по што ДУИ е феномен за себе е што за 1 година до воениот конфликт од терористичка организација успеа своите убијци на македонските бранители да ги наметне како борци за човекови права и слободи. Секако ДУИ секогаш одела во пакет со СДСМ па таа 2002 година СДСМ освои скоро половина милион гласови од електоратот многу повеќе од 2016 година. Цената на ДУИ секогаш била иста, тивко остварување на целите и задачита за држава на два народи при што никогаш никаде не се брзала.

Феномен е и Ахмети кој моментално остана политичкиот лидер со најдолг стаж од поголемите политички партии кој одлично ги свири нотите од партитурите по кои игра извршната власт на Заев затоа што и со само 10 пратенички мандати Ахмети успеа повторно и повторно да се факторизира од губитник во централна фигура која репрезентативно и ексклузивно ги застапува правата на Албанците.

Тука некаде е и одговорот зошто целата фама со нелегитимниот избор на Талат Џафери за претседател на законодавниот дом.

Притоа односите ДУИ – СДСМ се веќе познати. СДСМ во својот мандат на распад 2002 – 2006 година им обезбеди на терористите на ДУИ да станат министри, градоначалници и неизоставен дел од општествено политичкиот живот во Македонија.

Само Арбен Џафери а потоа и неговиот наследник Мендух Тачи од ДПА знаеја која е играта на ДУИ и никогаш не ја преминаа црвената линија и не ја поддржаа во било која форма власта на СДСМ. По цена која ги стави на маргините на политичкиот живот во Македонија.

 

Како ДУИ опстана 16 години?

 

ДУИ цел период е коалиционен партнер на СДСМ. Тоа е огромната грешка која Никола Груевски и ВМРО – ДПМНЕ не ја согледаа низ годините. Ахмети прво се факторизираше со уцени да стане дел од владата на ВМРО – ДПМНЕ а потоа започна агенда со двоен аршин.

Имено владите на Груевки имаа кадрови политики на ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ, додека ДУИ имаше своја и кадрова политика на СДСМ. И тоа на терен беше јасно но политичкото слепило и еготрип на Груевски или неговите советници недоволно се информираа. Така во сите градови и населени места на сите општествено политички функции каде на ДУИ му следеше дел од колачот во проценти, а каде реално немаше албанско малцинство или тоа беше недоволно квалификувано се вработуваа кадри на СДСМ.

И тоа не оние од незабележителниот ешалот туку видни членови и на Централниот и на Извршниот но и Надзорниот одбор. И тоа се правеше дрско и безобразно пред очие на ВМРО – ДПМНЕ па така голем број бизнисмени поранешни политичари од СДСМ зенитот на својата кариера и профит го реализираа за време на толку извиканото “режимско” владеење на ВМРО – ДПМНЕ по кое тагуваат и денес.

Така без илузии. Ахмети и ДУИ никогаш не ја прекинаа коалиционата соработка со СДСМ, само се чекаше резултат како оној од 2016 година кога ДУИ доби шанса да се врати и официјално кон стариот партнер.

Ахмети постапи брилијантно и со оставањето на Зијадин Села да се истрча со пополнување на местата од вториот и третиот ешалон во извршната власт при шти ДУИ во 16 години постоење од кои само 2 била опозиција успеа да обезбеди пораз кој го претвори во победа и на локалните избори 2017 година по што реално како што налага и името започна да се занимава со демократските НАТО и ЕУ интеграции иако во основа ја реализира во целост Сеалбанската платформа.

ВМРО – ДПМНЕ без партнер од албанскиот блок беше осудена на пропаст, дотолку повеќе што кадровата политика мислеше дека сме 2014 а не 2016 година. Така Ахмети со поддршка на СДСМ а ВМРО – ДПМНЕ без понудена никому освои доволно да се факторизира и на локално ниво по што знаеше токму каде ќе следи лавината реакции.

Зијадин Села се распадна во коалицијата по сите шавови, за БЕСА која претставуваше најголем нов сериозен противник на Ахмети деновиве гледаме дека нема да го доживее ни сопствениот прв конгрес додека ДПА од ситнење гласови спадна на стабилна но немоќна политичка парламентарна партија.

Ахмети така ги реши “неразумните радикали” а Заев го користи во својата еуфоричност да ги проведува нелогичните погубни политики за опстанокот на државата и идентитетот на Македонскиот народ.

Она што се очекува е централизација на ВМРО – ДПМНЕ. Мицкоски е кадар на Груевски само да за ги смири брановите додека помине “кризата” а со таква националистичка партија ДУИ на своето конто ќе нафрли уште најмалку пет пратенички мандати.

 

Што е крајната цел?

 

Ахмети сака нови предвремени избори. Но не сега. Додека од Заев добива се што посакал. Посака да се одложат локалните избори и тоа го доби. Сега се подготвува за финанлниот удар, редовните претседателски избори и вондредни парламентарни избори 2019 година кога според проекциите на ДУИ и СДСМ, државата со ново име ќе е членка на НАТО и веќе на голема врата ќе влегува во ЕУ.

Со такви резултати и изгубен идентитет кај Македонците, ДУИ во 2019 ќе добие многу. Веќе е најавен конзесуален кандидат за претседател. Секако ако до сега беше Македонец логично е во договор следниот да е Албанец. Може да е и жена. Теута Арифи на пример. Додека до 2019 година ќе има доволно време да почека неговите политички ривали од 2016-та и 2017-та да исчезнат од политичката сцена.

Ахмети е еден од основоположниците на идејата Македонија една изборна единица и законодавен дом од 60 пратеници која денес ја читаме како промоција на некои чудни ликови. Така ќе успее во крајната цел по која може да има и Попис на населението. Откако ќе има над 30% застапеност во законодавниот дом, консолидиран етникум и 1% до целосна федерализација на држават на која тешко некој ќе може да и го изговори името.

Може да ве интересира

Заев (и неговите економски леви и десни раце) треба да појасни на младите во Македонија што се случи?

Стратешка Германска инвестиција ја одмина Македонија, ама се вдоми во Србија! Автомобилската индустрија и новите …

Translate »
error: Content is protected !!