дома / Регион / Грција / Големите лаги за малата Хеленска Република од 1930 година

Големите лаги за малата Хеленска Република од 1930 година

Големите лаги за малата Хеленска Република од 1930 година

 

Историските факти и податоци низ годините не ги толкувал само победникот, како Грција и Бугарија и за време на Првата Светска војна. Особено за време на Втората Светска војна војуваа од страната на окупаторот, нацистите, фашистите, или едноставно во сите војни на Балканот и Грција и Бугарија беа на “погрешната” страна на историјата.

Историјата сепак во корист на Грција ја испишуваат нејзините сојузници, особено Англија и Франција, кои ја претставуваат како лулка на демократијата и држава стара 2.5 милениуми, што воопшто не е точно. Ниту денеска е демократија ниту некогаш била, бидејки во демократско општество владеење на правото, слобода на говор, слобода на здружување, признавање на малцинствата, почитување на човековите и личните права и почитување на културата и културните различности. Дефиниција за демократија тука!

Секако ги има и оние “историски наоди” дека и Бугарија и Грција се стари по 4 милениуми пред Христа.

 

Фактите меѓутоа говорат нешто сосема друго.

Имено, кратка е историската неповрзаност со историчарите во неукоста дека повеќе ја истражиле историјата на сите соседни држави, од едноставна причина што ја разбирале. Државите од периодот на Римската империја кои денешните Грци ги промовираат како свои творби на име градови – држави, но никогаш не биле Грција. Па ни античка Грција не биле, а најмалку биле Македонија.

Грчките средношколци учат дека Грција е формирана 371 година пред Христа но како окупирана територија. Историјата е жива наука, но дека некој успеал да формира држава за време на окупација е изјава која се граничи со лудост. Историчарите и самите потврдуваат дека никогаш никаде не постои Грчка држава или било која форма од неа. Има регион на Теба и градовите – држави, регион на Атина и градовите – држави и регион на Спарта и градовите држави.

Никаде, во ни еден документ во изминатите 20 векови не стои дека тие меѓусебно биле една целина, а најмалку дека таа целина била именувана како Грција, освен она што е фабрикувано од 1820 наваму.

Фактите дури се контадикторни околу тоа дека модерна Грција е наследник на античка Грција и Византија. Античка Грција дури не е ни историски исправен термин. Официјално Грчка држава во било кое опшстествено уредување се формира во 1830 година поточно 1832 година како Кралство Грција што опфаќа делови кои воопшто не е ни во близина на Македонската територија т.е. сегменти од Румелискиот крај од Османлиското Царство. Тоа е регионот околу Атина. На Берлинскиот конгрес 1878 година и Истанбулската конвенција 1881 година на Грција и се доделува и регионот на Тесалија, за кој се смета дека е подарок од Франција. Но тоа е сепак сеуште далеку од т.н. поседување на регионот Македонија.

Во 1886 година кон Грција се припојуваат Јонските острови, меѓу кои најпознат е Крф, и тоа како подарок од Обединетото Кралство т.е. Англија.(затоа и ден денеска најмногу туристи на Крф се англичани, односно сеуште веројатно си го сметаат за свое островче)

*Малкумина го спомнуваат оригиналниот документ од Лондонскиот договор, 1913 година, каде е договорено на Македонскиот народ да му се дозволи обнова на вековната Македонска држава. Тоа е историски документ кој постои, но историчарите не се потрудиле да го пласираат.

Истата 1913 година во Букурешт, на повик на Бугарија, Србија и Грција во финалниот документ бараат да се корегира ставката за Македонска држава на Македонскиот народ за што пресуден е гласот на Унгарија тој ден, таа 1913година. (?Затоа ли го вдоми Груевски во 2018г и му даде азил, за да си ја исправи историската грешка или чувствува вина? Но, тоа во друга статија)

Новиот документ тврди дека територијата Македонија е ничија земја, и како таква треба да е цел на поделба на заинтересираните страни, со што Грција успева да се прошири кон т.н. Македонско – Тракиски регион.Во 1913 година Грција за прв пат го запоседнува и Крит.

1923 година Грција во договор со Бугарија која окупирала најголем дел од копнениот дел на Македонија, Грција на поклон го добива и регионот познат како Западна Тракија со што на исток излегува да граничи со Турција. Регионот на Источна Тракија, со кој Грција безмалку излегува на Босфорот, а е окупиран во 1920 година, на Турција и е вратен во 1923 година по Договорот од Лозана, кога и Англија и Франција застануваат позади Турција.

Островите од Додеканез (во кои се тврди дека спаѓал и Кипар) на Грција и се последно подарени во 1947 година од братска – тогашна фашистичка) Италија.

Фактите Грција никогаш не ги криела, па во 1930 година официјална Атина ја издава јубилејната поштенска марка, која во тоа време имала историско значење и вредност, на 100 годишнина од формирањето на Грчката држава 1830 – 1930 година.

На самата поштенска марка, што своевремено била официјален документ, како што се и денешните поштенски марки, стои графички приказ кои териториии ги имало Кралството Грција од формирањето 1830 година ( значи не обнова туку формирање ) а кои го има на 100 годишнината.

Оттука фактот дека соседот кој е само 13 години повозрасен, 13год пред 1943 кога на второто заседание на АВНОЈ во Јајце е донесена историската одлука за формирање на Македонска држава на Македонскиот народ, сега го спори постоењето на нацијата која за време на Втората Светска војна беше на страна на сојузниците. А јасно е како ден дека тогашните Италија, Грција и Бугарија кои беа на страна на (тогашна нацистичко – фашистичка) Германија.

Имено со тоа е јасно зошто Бугарија ја признава само т.н. Југословенска Македонија од 1944 година. Во периодот од 1946 до 1947 година по т.н. Бледски договор не постоела гранична линија помеѓу Народна Република Југославија т.е. Народна Република Македонија и Народна Република Бугарија. Бугарија на неколку месеци била дел од Федерацијата на Тито. Затоа и инсистирањето на Бугарија тој период сепак да биде зачуван, во обид да бидат прикажани како сојузнички ориентирани.

Грција пак во периодот од 1946 до 1949 година има граѓанска војна. Пресвртна точка за таа граѓанска војна бил немилиот настан кој се случил на 3ти Декември 1944 година кога во центарот на Атина на плоштадот Синтагма биле убиени 28 цивили и тоа не од нацистите при повлекување, туку од Англиските војници. Ова било по наредба од Британскиот воен штаб сместен во хотелот Бретања.

Толпата носела грчки, американски, британски и советски знамиња и извикувала: “Вива Черчил, Вива Рузвелт, Вива Сталин” во поддршката на воениот сојуз. (вели Манолис Глезос од Сириза и член на ЕУ парламентот)

Тој период Винстон Черчил го менува својот став кон граѓаните на Грција кои му биле сојузници и извојувале победа над фашистите и ги поддржува токму оние кои ги поддржувале фашистите во Атина, заедно со ослободените предходно заробени фашисти на кои им даваат оружје.

Подетално опишано од Гардијан тука!

Пред војната, Грција била управувана од ројалистичка диктатура чиј амблем на фашистичка секира и круна добро ја изразил својата дихотомија откако започнала војната: диктаторот, генерал Јоанис Метаксас, бил обучен како офицер во Империјална Германија, додека грчкиот крал Џорџ II – вујко на принцот Филип, војводата од Единбург – бил припоен кон Велика Британија. Грчката левица, во меѓувреме, била засилена со огромен прилив на политизирани бегалци и либерални интелектуалци од Мала Азија, кои беа сместени во сиромашните квартови на Пиреја и Атина во работничката класа.

И диктаторот и кралот биле жестоко антикомунистички, а Метаксас ја забранил Комунистичката партија, ККЕ, приправувајќи и мачејќи ги своите членови, поддржувачи и секој што не ја прифатил “националната идеологија” во камповите и во затворите или ги испраќа во внатрешен егзил. Откако започна војната, Метаксас одбил да го прифати ултиматумот на Мусолини за да се предаде и да се заложи за лојалност кон англо-грчката алијанса. Грците се бореле и ги победиле Италијанците, но не можеле да му се спротивстават на Вермахтот. До крајот на април 1941 година, силите на оската наметнале остра окупација на земјата. Сите етникуми што живееле во тој период во Грција – прво спонтано, подоцна во организирани групи – се спротивставиле. Но “Десницата и монархистите беа побавни од нивните противници во одлучувањето да се спротивстават на окупацијата и поради тоа беа од мала корист” изјавил британски генерал. Затоа, природните сојузници на Британија беа ЕАМ – сојуз на левичарски и аграрни партии, од кои ККЕ беше доминантен, но во никој случај не целината – и нејзината партиска воена рака, ЕЛАС. повеќе на Гардијан тука!

Се менува оштествената форма, од кралство станува Комунистичка Република, при што се искористува внатрешно политичко – воениот конфликт да се изврши геноцид на афтохтоното Македонско население и негово присилно раселување. Тогаш тоа било прокламирано како иселување на старите, жените и децата, со цел избенување на цивилни жртви, нешто што Југославија не го прифатила, сметајќи дека намерите не се чесни, па патешествието на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија се реализира голем дел преку Албанија.

Грција пак го оспорува токму тој период на АВНОЈ и АСНОМ затоа што јасно се става до знаење нивното фашистичко делување но и Бугарското активно делување на силите на фашистичката оска.

Иако факт е дека тоа и двете земји го премолчуваат до распадот на Југославија.

Грција денес трагикомично успева 13 години постара од Македонија да наметне промена на името и идентитот на Македонија и Македонскиот народ помогната повторно од Италија, Англија, Франција, овој пат и од Германија и САД.

Оттука и реакциите на официјална Анкара кон признавање и поддршка на Македонскиот народ но и Македонската држава. Османлиите имале идеален систем на попис на окупирано население и територии. И по тие списи кои Турција и ги достави во оригинална форма на Македонија јасно се гледа дека Османлиските војски окупирале Македонска територија во која најмногубројно било Македонското население.

 

Она што денес е иронично е и фактот што радикалниот левичар, првиот премиер на Грција кој не дал заклетва пред Библијата и грчкиот Патријарх, Алексис Ципрас, проба по тертипот на неговиот колега Зоран Заев да избрши 75 уставни измени, особено во сегментот дека државата и црквата се едно, со цел да воведе секуларизам.

*Обидот на Ципрас е она и што ќе го поведе по пораз на изборите во 2019, март или мај како предвремени или во октомври или ноември како редовни.

Ципрас јавно изјави дека се спогодил со Грчката Православна Црква да се воведе секуларизам, со што над 10.000 свештеници кои сега се водат како јавна администрација и годишно ја чинат државата над 220 милиони евра нема да имаат јавна функција.

Сепак уставни измени нема да има. Уставни измени за Грција без Благослов од Грчката Православна Црква ќе значи укинување на државата. Имено и новиот Устав од 1949 и стариот од Кралството Грција од 1830 година не е само законски највисок акт.

Затоа и Уставот на Грција нема Преамбула. Има форма но таа е црковна во која стои дека се што е на име Уставен акт е Благослов од Бога и дар за мирјаните (граѓаните – верниците).

Со тоа не постои висок Свет Архиерејски Синод кој може да ја оспори одлуката на претходниот затоа што тој не ја донел во прво лице еднина на тогашните свештенораководители туку во името на Бога и Светото Тројство, а него, него нема кој да го спори или праша за второ мислење.

Она што е за Македонија и Македонскиот народ кобно е играта Ципрас – Заев, кои повикувајќи се на исконските социјалистичко – комунистички идеали ги избришаа историските факти токму од тој период.

Ципрас и грчкиот народ мора да се помират со фактот дека тогашна фашистичка Грција 3(три) години по поразот од Втората Светска војна (WW2) формираше држава, а Заев дека Македонија е формирана 1943 година или 13 години откако Грција правно ракоположи до регионот Македонија за кој тврди дека е антички мираз.

Сепак, народот не е виновен. Сега веќе може да се заклучи дека целата операција (Пајак-SpyderMak) била спремана подолги години во надворешни центри на следење на информациите, со јасен план на замка од која колку повеќе жртвата(Македонија) прета, се бори, се препелка, се повеќе се заплеткува.

Политичарите беа намамени, со што подоцна го измамија народот (своите гласачи) и само изиграа на картата на лабилноста на личностите на поткупливите функционери, на одредени сопственици на медиуми и дузина новинари, како и вработените во тајните служби кои сите заедно вкупно неедуцирани пред се за нивната професија, а потоа и за минатото, за името Македонија, за историјата на балканот, за големината на играта која им била спремана, а беа лесна мета на уцена поради нивните нелегални активности и нецелосно потврдени кривични дела.

Секако, тука се и килавите и не ретко подмитливи историчари кои се што требаше е да ги приложат јавно фактите.

Пред фактите и Боговите молчат!

(во посебна статија ќе бидат опфатени ЕЛАДА и ХЕЛЕНИК или ХЕЛЕНИЗМОТ низ периодот во изминатите 22 векови)

До отворање на архивите и објавување на документите, до новото испишување на историјата, поздрав!

 

Може да ве интересира

Заев (и неговите економски леви и десни раце) треба да појасни на младите во Македонија што се случи?

Стратешка Германска инвестиција ја одмина Македонија, ама се вдоми во Србија! Автомобилската индустрија и новите …

Translate »
error: Content is protected !!