дома / Техника / „Hankook Tire“ најавува огромни промени во сообраќајниот транспорт (видео)
иновации

„Hankook Tire“ најавува огромни промени во сообраќајниот транспорт (видео)

Проектот на „Hankook Tire” нуди футуристички приказ на мобилноста и движењето преку нивните најнови модели на гуми за кои очекуваат дека еден ден ќе бидат употребувани во нашето секојдневние.

Нивниот изум „Magfloat” користи магнетни полиња и се движи на принцип на ротација, а има за цел да го олесни секојдневното движење на луѓето. Постигнува брзина од 20 км/час и овозможува брзо и лесно пристигнување кон саканата дестинација.

иновации

„iPlay“ има две големи тркала и наменето е само за еден корисник. Неговата флексибилност и дизајн го прават ова возило да изгледа како превоз од соништата кој секој би посакал во иднина да го поседува.

иновации

„Flexup“  е еден вид на прототип на „Magfloat” и овозможува лесно движење дури и на најнепристапните места како што се скалите. Неговото управување потсетува на движењето кога скијаме, па така на оние кои имаат скијачко искуство, „Flexup”  ќе им биде навистина лесен за употреба.

иновации

„Autobine“ е футуристички мини бус кој се прилагодува и менува во зависност од бројот на патниците кои ги превезува и нивната тежина. Гумите на овој мини бус ќе бидат флексибилни и ќе се активираат или деактивираат по потреба.

иновации

„Shiftrack”  е полицско возило кое на полициските службеници ќе им овозможи полесно движење низ улиците и балансирано вртење на кривини при бркотници. Овие возила ќе бидат побрзи и побезбедни со цел да им помогнат при работа на  припадниците на полицијата.

иновации

Погледнете го видеото:

Може да ве интересира

Заев (и неговите економски леви и десни раце) треба да појасни на младите во Македонија што се случи?

Стратешка Германска инвестиција ја одмина Македонија, ама се вдоми во Србија! Автомобилската индустрија и новите …

Translate »
error: Content is protected !!