дома / ЕУ / Хашкиот глобален Институт за правда се затвора поради недостаток на финансиски средства?!

Хашкиот глобален Институт за правда се затвора поради недостаток на финансиски средства?!

Хашкиот глобален Институт за правда се затвора поради недостаток на финансиски средства?!

Никој не го прашал нашиот министер за надворешни работи Никола Димитров за неговата работа и ангажман во овој институт, дали и тој е вмешан во проневера на јавни средства на холандските граѓани заедно со претседателот Вилијамс кој бил предложен од Медлин Олбрајт?

Или како парите од граѓаните, кои уредно и ги плаќаат на сопствената држава, на име данок со што го полнат Буџетот, лесно стануваат пари за приватни фондови, кои завршуиваат во приватен џеб.

Институтот за глобална правда во Хаг, формиран во 2010 година и делумно финансисран и од холандските даночни обврзници, ќе се затвори поради недостиг на готовина. И тоа е информацијата која е објавена и за која јавноста има две прашања.

Кога дозволиле со нивни пари да се финансира приватен институт за што немале ни увид ни отчет каде се завршуваат нивните пари низ годините но и како е можно организација финансирана на тој начин да банкротира?

Институтот беше формиран за да ја зајакне улогата на организациите кои работат на полето на мирот, правдата, развојот и јавната безбедност, како дел од напорите на Хаг да се профилира како центар на мирот и правдата. Градот исто така е домаќин на Меѓународниот кривичен суд и Европол. Одтука прашање и со која одлука некој успеал да изнуди дозвола меѓународен институт да се финансира во дел со пари од даночните обврзници и ако тоа поминало така лесно во Холандија колку тоа поминува лесно во земјите низ ЕУ но и Балканот?

Во почетокот на формирањето најактивни биле поранешниот државен секретар на САД  Медлин Олбрајт која е патем почесен директор на Националниот демократски институт во САД како дел од партијата на Демократите, градскиот совет во Хаг и тогашниот градоначалник на градот Јозиас ван Аартсен кој немаат право да ракоположат со државни пари.

Имено и по податоци на министерството за економски прашања потрошени само на почетокот на проектот на име трошоци биле 17.5 милиони евра при што единствен услов кој го има холандската Влада во тој договор за поддршка е Институтот по 5 години да стане финансиски самоодржлив.

Но по финансиска реконструкција малку е направено за да се соберат средства од назначувањето на американскиот државјанин Аби Вилијамс на позицијата декан во 2013 година. Персоналот, исто така, беше критичен за “луксузниот” начин на живот на Вилијам и високата плата од 223.000 евра годишно или нешто над 18.500 евра месечно. Но и покрај се Вилијамс заминал дури во 2016 година.

Фрустрирачки изјави на ова поле доаѓаат и од член на Надзорниот одбор, Дик Беншоп, во изјавата на веб-страницата на институтот: “Институтот ја исполни својата јавна задача – истражувања, извештаи и конференции – во последниве години. Целта, сепак, беше да биде повеќе од истражувачка група. За жал, нема цврста финансиска основа за да се постигне ова во иднина.”

Вилијамс по чие директорување веќе 2 години Институтот не е функционален во меѓу време се вработил на Универзитетот Тафтс во САД и одбива да даде коментар за својата работа. Тоа дополнително го отвора прашањето: “Дали неуспехот на институтот се должи на Вилијамс или на надзорен одбор за “спиење” или комбинација од двете, затоа што едно мора да е главната причина”.

“Амбициите не беа реални. Институтот сакаше да ги надмине забележаните тинк-тенкови, како што се Чатам Хаус во Лондон и Брукингс во Вашингтон за само пет години. Ван Аартсен и Беншоп, со целокупното меѓународно искуство и контакти, требаше да знаат дека ова е премногу амбициозно”.

Она што никој не сака да го отвори како тема за диксусија е како ќе се даде отчет за граѓание на Холандија кои треба да знаат каде нивните пари и во колкав процент завршувале изминатите 8 години? Кој тоа го дозволил и како е можно пари од државен Буџет да не се подложни под мониторинг и ревизии на годишно или квартално ниво што пак за зејмите каде вакви институти од разни калибри има мал милион го отвора прашањето што е приватна инвестиција, што е соработка со државата, колку тоа граѓаните дебело го плаќаат и како резултатите од ваквите т.н. институти им се сервираат како независни и релевантни?

Патем последни гости на Институтот во 2017 година биле Кралицата Махима и Шеикот Моза Бинт Насер од Катар иако не е јасно во која улога.

Може да ве интересира

Интервју со Илија Илијовски – Еден од реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ

Интервју со Илија Илијовски – Еден од реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ   Актуелните состојби во “нашата држава” Република …

Translate »
error: Content is protected !!