дома / МКД / Христијан Мицкоски, “либералниот” ФБ “потенцијален лидер” на ВМРО – ДПМНЕ без афери

Христијан Мицкоски, “либералниот” ФБ “потенцијален лидер” на ВМРО – ДПМНЕ без афери

Христијан Мицкоски, либералниот ФБ потенцијален лидер на ВМРО – ДПМНЕ без афери

 

На ден (2017-08-25 12:45) на предходна телефонска дискусија испративме електронска пошта со прашања за интервју со генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, проф.др Мицкоски. Иако два пати со позитивна најава дека ќе добиеме одговори, до овој момент на објава на овој текст не бевме удостоени со одговори на прашањата за интервјуто.

Најголемата партија во Македонија има и свој центар за комуникација со медиуми и јавноста, но и тоа веројатно не беше доволно. Прашањата кои беа пратени се на крајот од овој текст, на кои актуелниот генерален секретар Мицкоски би требало да ги одговори за јавноста бидејки не беше очекувано ваква селективност помеѓу медиумите, посебно интернет порталите!

Овој пат поради актуелноста на разврските по дебаклот на локалните избори и најавата на оставката на лидерот Никола Груевски, решивме да направиме истражување и анализа за потенцијалните кандидати за претседател на ВМРО-ДПМНЕ бидејки изборот кој ќе е влијае на сите македонски граѓани независно од национална, верска, полова или политичка ориентација.

Впрочем изминативе 3,5 години видовме дека ЛИДЕР НА ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ВО МАКЕДОНИЈА битно влијае на квалитеот на животот на граѓаните, нивната иднина и благосостојба. Затоа е исклучително важно да ги запознеме од блиску потенцијалните кандидати.

Како и во секоја демократска држава во ЕУ каде и се стремат сите лидери да не однесат, покрај биографиите на јавните личности, (и нивните анкетни листови), стојат и анлизи на резултатите од нивниот минат труд!

Во јавноста се појавија 5 потенцијални кандидати, од кои Мицкоски е еден од нив.

Имено, изминатите 5 години во ВМРО – ДПМНЕ изникнаа кадри кои долгогодишните членови и активисти на партијата никогаш не ги запознале, барем не преку неа. Дел од нив никнуваа како полжави по дожд во сегментот експерти, историчари, политиколози. ВМРО – ДПМНЕ е политичка партија од чие формирање поминаа само 27 години па има активни кадри кои во неа се од нејзиното основање јавно прашуваат кога ќе се појави и новопечена партиска гатачка како ВМРО – ДПМНЕ еднаш една имаше за потребите на Љубчо Георгиевски.

Како минува време, од ден во ден секој сака да е новиот Никола Груевски, а мал дел да се новиот претседател на ВМРО – ДПМНЕ. Се појавуваат кадри со афинитет од оној на видела жабата како го потковуваат коњот, па и таа кренала нога (но тие ќе бидат опфатени во посебна анализа). Ова се коментари по општинските комитети низ македонија кои се доста подолго во партијата.

Но добро, да се вратиме на посериозниот дел. Еден од петката сериозни играчи кои имаат шанси за нов лидер или во најмала рака влијателно и ефективно да го изместат курсот при изборот е и Проф.Др. Христијан Мицкоски.

Мицкоски е релативно најновиот кадар кој е во ВМРО – ДПМНЕ, кој и покрај својата стручност во областа за која е ангажиран, станува и висок партиски функционер, со што како јавна личност и потенцијален кандидат за лидер на партијата е предмет на анализа.

Роден на 29 септември 1977 година, Мицкоски е магистер по машински науки, стекнувајќи се со оваа академска титула бранејќи ја темата Оптимизациона синтеза на лостови механизми а подоцна и доктор по технички науки отсек машинство, со бранење на темата Управување на манипулациони роботи со примена на (fuzzy) логика. Целокупното академско образование Мицкоски го стекнува на Машинскиот факултет во Скопје при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј”.

Ова секако беше дилема на која Мицкоски сметаше дека нема потреба да даде одговор,

  • Дали неговиот татко Проф.Др.Иван Мицкоски, истакнат професор на истиот факултет бил или не член на комисиите за магистратурата или докторатот на својот син?

Притоа нема ништо нелогично тука, ако знаеме дека често пати и две, три и четири генерации од иста фамилија предаваат на истороден факултет при УКИМ, но тоа е специфична информација кога човек планира да се занимава со политика професионално.

 

Мицкоски во периодот од 2001 до 2002 година работи како главен и одговорен проектант на термотенички инсталации, за од 2002 до 2004 година да е именуван за помлад асистент при Машинскиот факултет во Скопје, а од 2004 до 2009 и за доцент на истиот. Од 2014 година е именуван за вондреден професор.

Проблем е и државата каде Мицкоски магистрирал па докторирал како по именувањето за втор човек на ВМРО – ДПМНЕ како Генерален секретар самиот наведува дека тој сегмент го завршил во Италија? Проблемот со спомнувањето на истата ситуација но со Германија е решена со фактот дека Мицкоски во 2011 година е визитинг професор на Техничкиот факултет во Виена, Австрија. (Веројатно ова треба технички да се исправи ако настанала ненамерна грешка)

 

Неспорен факт е дека Мицкоски е квалитет од техничките струки кој е реткост во ВМРО-ДПМНЕ, а кој досега објавил преку 100 научни трудови. Добитник е и на повеќе меѓународни награди и признанија за иновации. Тој бил дел од тимовите на повеќе меѓународни развојни проекти од областа на енергетиката и мехатрониката.

Во 2015 година е именуван за советник на Претседателот на Владата на Република Македонија во секторот енергетика, а од 2016 година е поставен на функциите Претседател на управен одбор и Генерален директор на АД ЕЛЕМ.

И ова е импозантен кариерен подем на експерт. Но повеќе од очигледно беше дека Мицкоски не го имаше пополнето своето партиско искуство па тоа редовно се надополнуваше.

Така партиски, за него се знае само дека бил член на Конгрес, што најверојатно треба да значи и делегат во 2003 година кога за претседател на ВМРО – ДПМНЕ е избран Никола Груевски но и член на конгрес во 2015 година кога Никола добива нов мандат.

Мицкоски е претставен и како дел од Републичкиот изборен штаб за изборната единица 4 и тоа во три изборни циклуси, 2008 кога во ИЕ 4 носител е Зоран Ставрески, 2014 година кога во ИЕ 4 носител е исто така Зоран Ставрески. И трет пат, Мицкоски бил дел од РИШ и за изборите од 2016 година кога во ИЕ 4 носител беше лично Никола Груевски.

 

Во периодот за извборите до 2011 година Мицкоски бил дел од Републичкиот изборен штаб кога за негов претседател повторно е избран Мартин Протоѓер. Мицковски бил и ко-претседател на комисијата за енергетика во периодот 2010 – 2012 година, а за ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КАДРОВАТА КОМИСИЈА на ВМРО – ДПМНЕ е назначен од април 2017 година.

На ваквата биографија прашање е зошто Мицкоски никогаш не бил номиниран за пратеник или некоја поголема функција во раководните органи на партијата. Прашање кое се надоврзува на она на кое никако да се добие едноставен одговор.

  • Беше ли Проф.Др.Христијан Мицкоски кандидат за претседател на Сојуз на студенти при Универзитетот Свети Кирил и Методиј во 2000, а не 1999 година и дали бил член на Либерално демократската партија? Икако на овие избори општо познато е дека победил кандатот поддржан од ВМРО – ДПМНЕ.

Патем ова студентско тело секогаш имало претседател на актуелната владеачка гарнитура, меѓу кои во 1996 година избран бил Диме Велков од Кавадарци а познато е дека Самоил Малчевски со поддршка на ВМРО – ДПМНЕ станува исто така студентски лидер во 2007 година.

  • Но ако оваа информација не е точна, прашање е како последниот лидер на студентите Кирил Спировски по организирањето на по навика очајните избори, преку ноќ станува референт при Подружницата на ХЕЦ Треска во Скопје при АД ЕЛЕМ по одлука за конкурс од 1ви а објава на 2ри сепмтеври 2016 година?!

Изборот на Мицкоски скоро преку ноќ за нов генерален секретар на ВМРО – ДПМНЕ за многумина беше изненадување, иако познато е дека Груевски довербата од оние кој ја бара ја добива со вртоглави напредувања и во партиската хиерархија.

Во јули 2017 Мицкоски станува втор човек на ВМРО – ДПМНЕ и нескромно неговата кариера завршува со дебакл на локалните избори три месеци подоцна на кои ВМРО – ДПМНЕ освојува со мака одвај (1+4) општини и сигурно мнозинство во три совети од кои само 1 град(кавадарци) од 80 единици на локалната самоуправа плус градот Скопје.

Прогнозите на Мицкоски пред изборите и реалните бројки по изборите, очигледно го изненадија и него па затоа три дена по првиот круг, вториот човек од партијата се обрати на членството, но преку социјалните мрежи (facebook).

Сосем адекватно или не, за човек кој во извршувањето на втората по големина партиска функција за три месеци доживува огромен пораз на изборите. Сепак, ова беше лошо прифатено од постарите членови и граѓани за кои (facebook) не е место за вакво нешто. Односно место треба да е обраќање пред медиуми (прес) телевизии, радија и интернет медиуми преку кои информацијата ќе допре скоро до сите во државата, а не само до оние кои спијат на (facebook).

Од освежувањето и интелектуалец каков што е проф.др Мицкоски за втор човек, после поразот се очекуваше свесност, одговорност лидерство, а не релативизиран ФБ статус.

Во изборот за иден претседател на ВМРО – ДПМНЕ уште многу пред јавноста да знае дека Никола Груевски дефинитивно се повлекува од претседателската функција, партиското членство ќе му замери на Мицкоски за трите услови кои треба да ги исполнува идниот претседател.

1.)Прво да биде прифатлив за партиската база,

2.)потоа за граѓаните на Република Македонија и

3.)третиот услов е да биде прифатлив за меѓународната заедница.

Но оваа изјава не трае долго па Мицкоски за само 48 часа се корегира во изјава за друг медиум со која на новинарско прашање дали актуелниот претседател Никола Груевски ги исполнува трите услови одговара: Ако ме прашувате дали Груевски ги исполнува (трите пилари), трите столба во средна оценка би одговорил најмногу позитивно да.

  • Мицкоски да одговори дали го прочитал Прогласот на ВМРО – ДПМНЕ кој го читаше Груевски пред ДИК во декември 2016 година?

Патем скоро месец дена од првиот изборен круг каде и се согледа поразот, Мицкоски искажува и став за самиот процес: Во првото интервју по локалните  избори, генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ оценува дека локалните избори биле нерегуларности, но во исто  време за изборниот пораз одговорност ја лоцира и во одредени погрешни политики на партијата.

  • Мицковски би требало да одговори: Кои се погрешните политики на партијата? Сеуште за јавноста, симпатизерите и членството е енигма иако или Груевски или Мицкоски треба да одговорат на неколку прашања од таа тема.
  • Мицковски би требало да одговори: Кој го предложи и избра Спиро Ристевски за претседател на Републичкиот изборен штаб за изборите 2017? За истата функција за изборите во 2016 година беше именуван Никола Тодоров.

Мицкоски по Статут на ВМРО – ДПМНЕ е и организатор на претстојниот вондреден Конгрес на партијата, дотолку повеќе битен ако се очекува и избор на нов лидер по 14 години.

  • Зошто и за ова функција е избран Спиро Ристовски и по чие одобрување, на ИК или на ЦК според статут?

Преголемиот професорски пристап и лошиот говорнички модалитет и дијапазон налагаат Мицкоски да е помалку присутен во јавноста како говорник, често да е активен на социјалните мрежи и скоро и да нема став по основ на одземање или додавање на правата и обврските согласно Статутот кои припаѓаат на функцијата Генерален секретар.

Со заминувањето на претседателот се распушта и извршиот комитет, така и Мицкоски ќе остане забележан како генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ со пет месечен мандат.

Иако Мицкоски беше и самиот учесник на таа лоша кадрова политика на партијата како носител на советничката листа на ВМРО – ДПМНЕ за град Скопје, листа на која збирно има ликови и имиња за кои и атеист би се прекрстил што со лева што со десна рака.

Патем на листата се најдоа имиња од калибарот на Михајло Маневски па и Владо Поповски, вечниот министер во сите влади на Бранко Црвенковски и СДСМ воопшто но и ликови како Лука Кржаловски и посебно ликот Луке Галески кои последните години се позиционираат како ВМРО – ДПМНЕ демек лидери во сенка.

Иако во основа тоа се ликови без личен став и профил во јавноста односно пилешките крилца маринирани во млеко на Груевски кои упорно во ВМРО – ДПМНЕ влегуваа преку една врата, Агенцијата за спорт и млади. Западните стандарди велат: за да бидеш советник во главниот град на државата, жителите треба да те познаваат, градот да те познава, да е јасно препознатлива листата на минат труд и постигнувања на советникот кој би ги претставува граѓаните, а тоа овие ликови не се!

  • Мицковски би требало да одговори на членството, симпатизерите и граѓаните: По однос на кои квалитети, вештини и знаења, или заслуги и минат труд овие два ликови се најдоа на листата на советници во негово време на ген.сек.?

 

Бидејки дејствието било два и пол месеци пред да биде ген.сек., Мицковски би требало да праша, провери и испита:

  • Дали е вистина дека доколку Лука Кржаловски беше дал оставка од функцијата директор на Службен Весник на РМ, немаше да има кој да стави потпис за објава во службен весник на РМ со што е даден легитимитет на изборот на Талат Џафери? (Бидејки за избор на нов директор на СЛ. на РМ, гласа собранието на РМ? А тогаш немаше собрание сеуште.)
  • Дали е вистина дека Лука Кржаловски како директор на Службен весник на РМ е награден за послушното ставање на потпис на именувањето на Талат Џафери за претседател на собранието, го објави во службен весник со што му даде полн легитимитет на Талат и незаконскиот избор?
  • Дали испитал кој тоа му наредил да стави потпис на тој нелегитимен документ потпишан од неовластени пратеници со украдени печати од собранието на РМ добиен по случувањата на 27ми април 2017 година?

Исклучително битна работа која Мицковски морал да ја испита, провери и праша, што се случило на 27ми Април 2017 и првите денови по тој датум. Меѓу другите и овој факт поради што после тој потпис и објава во службен весник на РМ, се понатаму се одвиваше со промена на власта, формирање на влада, а останатото е познато за јавноста.

 

Агенцијата пак, од ниво на министерство е спуштена на ниво на владина агенција за да може промената да директори да тече како на фабричка подвижна лента без притоа да се констатираат оставки на министри.

Па така, информациите од терен говорат дека ни самиот Мицкоски не ги исполнува бараните три услови за иден претседател, но тоа не значи дека Груевски, членството, граѓаните, меѓународната  или некој друг не го гледа како можен фаворит.

 

Прашањата кои беа испратени за интервјуто со генсек Мицковски!

– Кој е Христијан Мицкоски? Не бил толку застапен во политичката јавност како име на висок претставник на ВМРО – ДПМНЕ?  Како се гледате себе си во оваа нова улога?
– По 4 години ВМРО – ДПМНЕ повторно за носител на функцијата генерален секретар има човек од главниот град. Димитриев беше од Пробиштип. Што се приритетите и за Скопје?

– “Раководите” со нов состав на ИК кој по она што може да се процени се 70% нови имиња. Какви се вашите обврски но и задолженија и ингеренции како ген. секретар?

– Кои се вашите очекувата како нов ген сек. од новиот состав на ИК?

– По 11 години на власт ВМРО – ДПНЕ и на овие избори беше победничка партија. Кои се предизвиците да сте на толку висока функција во толку кризен период за Република Македонија? Одговорноста не е мала.

– По 11 години на власт и покрај победата сега сте опозиција. Очекувањата на граѓаните кои го дале гласот за вас се високи. Што сега?

– Функцијата ген.секретар најчесто е подлежна на критики од сите страни, особено од раководството од една страна и членството и симпатизерите од друга. Како сте подготвени за тој предизвик да сте постојано во центарот на вниманието кога ќе мора брзо да делувате и да носите мудри одлуки?

– Македонците во регионите како струшко, кичевско и слични се сериозно загрижени за својата безбедност со настанатата ситуација а откако СДС формира и влада загрижена е и самата Македонска јавност за својата иднина како и се подготвува промена на името но и негирање на историјата, идентитетот, симболите, јазикот и писмото. Што можете да превземете за да ги заштитите интересите на граѓаните на РМ и државните и национални интереси?

– Што на вертикалните хиерархиски нивоа во ВМРО ДПМНЕ, ќе следи и таму сличен бран на реорганизација или освежување?

– Како ВМРО ДПМНЕ и вие се подготвувате за локалните избори? Во 2009 а осбено во 2013 година ВМРО ДПМНЕ го подигна високо своето котирање кај електоратот. Што се очекувањата сега?

– Нешто за вашата биографија од струката која од советник за енергетика, до директор на ЕЛЕМ. Проекти, соработи, успеси кои јавноста не ги знае. Што понатаму од новата функција кон професијата?

– Каков ви е односот со колегите од другите политичи партии? Честиташе ли некој?

Може да ве интересира

Зоран Заев

Дали Заев и подготвува на Република Македонија “Букурешки договор III дел?!”

Македонската надворешна политика, во однос на Република Грција како наш јужен сосед, кој не ни …

Translate »
error: Content is protected !!