дома / МКД / Илија Димовски “омладинецот” со сон да стане лидер, ама без неговите афери

Илија Димовски “омладинецот” со сон да стане лидер, ама без неговите афери

Илија Димовскиомладинецот со сон да стане лидер

 

ВМРО – ДПМНЕ по 14 години, најверојатно, како официјално е потврдено само одржувањето на вондредниот конгрес но не и неговата работна содржина за која партиските функционери зборуваат дека ќе го осуди чинот на владеење на Заев, се очекува да се избере и нов претседател на партијата.

Но како сите делегати се згрижени во советите како беа носители на кандидатските листи преку три функции од претседател на општински комитет, претседател на унија на жени до претседател на унија на млади сили, се повеќе е извесно дека наследникот на Никола Груевси ќе е по негов терк. Ако се прашува Груевски, тој би сакал лично да го предложи својот наследник, како што него го предложи Љубчо Георгиевски во 2003 година.

Листата на кој се сака да биде новиот претседател на ВМРО – ДПМНЕ од ден во ден до 23 декември ќе се зголемува, но реално, има само пет фаворити.

Еден од нив е Илија Димовски, актуелен координатор на една од 10-те пратенички групи на ВМРО – ДМНЕ во Собранието на Република Македонија во овој состав. Роден на 10 август 1980 година Димовски со ВМРО – ДПМНЕ се запознава како и секој член на УМС некаде во периодот по победата во 1998 година. Но за сметка на останатите млади и надежни кадри, Димовски не се пронаоѓа со тогашното раководство па за прв пат на име партиски кандидат станува пратеник во законодавнот дом 8 години подоцна, во 2006 година.

Според образовниот профил кај Димовски се доаѓа со мало задоцнување, па е често нарекуван и вечниот студент. Димовски е веќе 12-та година пратеник во законодавниот дом, а во првиот запис е заведен како апсолвент при фамозниот Правен факултет во Скопје за дури во 2011 година неговиот образовен профил да биде сменет во дипломиран правник и постдипломец на матичниот факултет.

Од личните карактеристики Димовски важи за добар оратор и еден од повлијателните гласноговорници со поминати бројни обуки за јавен настап и односи со јавноста низ светот. Она што е контрадикторно самото по себе е активноста околу процесот на десороизација иако Илија Димовски претходно веќе бил член на Институтот отворено општество Македонија и тоа во потсекторот за доделување грантови за младински програми. Што самото по себе се негира.

Димовски освен пратеничката, има и партиска функција како член на Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ додека највисоката функција која некогаш му била доделена е онаа како раководител на секторот за комуникации на партијата. На оваа функција е именуван во 2007 година и се задржал следините 7 години, токму во периодот за кој има неколку афери поврзани за неговото име.

Иако се смета за еден од наjгрлатите гласноговорници во законодавниот дом, Димовски низ годините не остана имун на афери кои никогаш не завршиле со судски епилог. Така само 2 години по именувањето за раководител на центарот за комуникации на ВМРО – ДПМНЕ ( 2007 – 2015 година ) во 2009 година по донесувањето на пресуда за аферата Шпион каде како обвинет се терети безбедњакот Марјан Ефремов во писмениот извештај истиот ќе посочи дека токму од Илија Димовски добивал информации за состојбите во партијата и државата, но и за меѓусебните односи со коалициониот партнер ДУИ.

Соодветно извештајот од аферата во случајот Шпиун бил заведен како ИЛЕ – 3 и бил испратен до унгарската но и грчката разузнавачка служба.

Имено за конкретниот извештај, со наслов ИЛЕ 3, во пресудата се наведува дека: “од увидот во писмениот извештај од 20.06.2009 година, Судот утврди дека обвинетиот Марјан Ефремов го составил овој писмен извештај за потребите на унгарската служба, откако претходно остварил средба со “пријателската врска” Илија Димовски пратеник на ВМРО – ДПМНЕ од Велес од кого ги добил информациите детално наведени во извештајот, а во врска со политичката ситуација во Македонија, економската криза, започнувањето на преговорите на Македонија со ЕУ, односите помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, прашањата околу Македонија и Србија за спорот со МПЦ и сл.” – наведува судот во пресудата.

Екс разузнавачот Ефремов, кој работел паралелно за грчката и за унгарската служба ја изгубил работата во Агенцијата за разузнавање, информациите што ги добивал од пратеникот Илија Димовски ги срочил во повеќе информации кои се пронајдени во неговите компјутери како документи или испратени како шифрирани пораки, а за трошоците: поклони за Илија Димовски и покривање на трошоците за средбите, од странските разузнавачки служби Ефремов побарувал различни суми на пари, од 10,000 евра, 4,000 илјади па до 8,000 илјади евра. За некои од посложените операции, како што биле прибирање на документи и фотографии, Ефремов од странските разузнавачи побарувал и по 8,000 илјади евра.

Како што наведува во една од пораките до унгарците, треба да му исплатат  7.593 евра, пари во кои влегуваат поклони за неговите соработници и пријателски врски: Иле, Софија, Ѓорѓи, Дино, Алек и Иџет.

Сите извештаи кои се пронајдени во компјутерите или сателитските системи кај обвинетиот Марјан Ефремов, а кои биле составувани врз основа на информациите што ги добивал од пратеникот Илија Димовски ги означувал со шифри “Иле” или “снег”.

Меѓу стотиците страници доказен материјал, еве дел од пораките и содржините што ги цитира судот во Скопје, а се однесуваат на информации добиени од пратеникот и координатор на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ Илија Димовски:

на 10.03.2009 осудениот Марјан Ефремов составил повеќе извештаи кои назначил како „џоко1“, „софија“ и „иле1“ кои ги испратил и до унгарските, а неколку дена подоцна и до грчките разузнавачи. Во пресметката што ја направил за трошоци направени за 4 средби, Ефремов пресметал сума од 3.154 денари или 52 евра, од кои за средба со Илија Димовски потрошил 545 денари.

на 10.03.2009 Марјан Ефремов испратил порака до грчките разузнавачи во кои им пишува за неговиот зимски одмор во Копаоник, истовремено објаснувајќи им дека му праќа на пријателот нешто за читање. Како прилог на пораката испратил 2 документи, означени како „снег 1 и 2“ во кој документ дал извештај за средбата што ја имал со Илија Димовски.

oд нотес во кој имало датуми од 17.11.2008 до 17.09.2009 година, од водената дневна евиденција од Ефремов, судот во пресудата утврдува дека името на Илија Димовски се споменува неколку пати и во него пишувало дека Ефремов му продал возило на Димовски: на 03.03.2009 Ефремов напишал Иле Димовски –117.000 денари, на 04.03.2009 Иле Димовски – смс, на 05.03.2009 напишал Иле – пари, на 06.03.2009 напишал Илија Димовски – смс, и се така секојдневно до 12.03.2009 година кога напишал: Иле Димовски завршено – Иле ми ги врати парите. Во истиот нотес го пишува и името “Ламбе” врската – грчкиот разузнувач.

Од ваквото запишување во детали и по дауми, за судот јасно произлезе фактот дека за сите свои дејствија и активности меѓу кои и праќањето на мејловите, Ефремов детално си забележувал агенда потсетници – констатира судот, кој за кривичните дела злосторничко здружување, шпионажа, измама, уцена и прикривање го осуди на казна затвор во траење од 15 години.

Во овој период, кога се споменува името и на пратеникот Илија Димовски, според пресудата, Ефремов на грчките и на унгарските служби им предавал информации за безбедносната состојба во Македонија, политичката состојба, претседателските избори, односите во политичките партии, состојбите во МВР и АРМ.

Симптоматично е што Илија Димовски во постапката не бил повикан ни како сведок.

Но, неговото име не е составен дел само од оваа афера. Димовски е дел од осомничените во предметите на СЈО на име злосторничко здружување за перење пари кое го формирала партијата ВМРО – ДПМНЕ во периодот од 2009 до 2015 година. Од ова сомничење отворени се два судски случаи, Талир за перење пари и Траекторија за кинеските кредити.

Во овие постапки обвинети се безмалку секогаш трите главни ликови во партиската хиерархија, претседателот, генералниот секретар и директорите на центрите за комуникација.

Во Талир осомничени се 11 лица за перење пари од кои 9 лица како директни извршители и 2 како помагачи,. Меѓу нив за периодот 2009 – 2015 осомничени се претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски но и сите генерални секретари на партијата за именуваниот период, од Мартин Протоѓер преку Кирил Божиновски до Емил Димитриев.

Осомничени се и директорите од центарот за комуникации на ВМРО – ДПМНЕ за истиот период, т.е. Илија Димовски и Иво Котевски помошник министер во Министерството за внатрешни работи на Македонија кој ја превзема неговата работа во 2015 година како верен партнер и десна рака на поранешната министерка Гордана Јанкулоска кои исто така се сомничат во дел од постапките на СЈО.

Во случајот Траекторија името на Димовски не се спомнува, но во т.н. бомби на тогаш опозиционата СДСМ Димовски својот наводно карактер на краток фитил не го манифестирал само од собраниската говорница, а ни центарот за комуникации, па во 25-тата бомба може да слушнеме како ургира кај Јанкулоска за некои лица да добијат притвор, а во 20тата бомба го слушаме Димовски како со Јанкулоска дефинира кој член на ВМРО – ДПМНЕ треба да го пикнат во одборот на Агенцијата за пошти за дебел хонорар.

Според СЈО за Талир претседателот на партијата ВМРО – ДПМНЕ прифатил незаконски средства за финансирање на партијата. Ваквите средства тој ги задржал и овозможил акумулирање на незаконски капитал за финансирање на партијата.

Во овој случај станува збор за кривично дело “злоупотреба на службената положба и овластување”. Паричните средства преку месните организации на партијата биле внесувани во нејзината жиро сметка, а внесувањето, е извршено преку готовински уплати. При тоа, во уплатниците се внесувани неточни податоци. Во периодот од 2009 до крајот на 2015 година преку готовински уплати на жиро сметката на партијата легнале 301.531.662 денари, или речиси 4 милиони и 900 илјади евра.

Доказите упатуваат на основано сомнение дека дел од осомничените ги прикажувале овие уплати во регистарот на донации како легален дел, односно се користени за намирување на обврските што ги преземале како дел од партијата. Постои основано сомнение дека средствата биле трошени за плаќање сметки, услуги за истражување јавни мислења, како и за купување на недвижен имот.

Од 2009 до 2015 биле склучени 71 договор за купување недвижен имот, платен од овие незаконски стекнати пари. Дел од имотот не бил во функција на остварување на целите на партијата и не се користи за партиски цели, без партиски обележја.

Според СЈО за овој случај испратени се над 500 покани за сослушување сведоци,  а преслушани се над 260 сведоци. Изготвени се службени белешки и анализи. Има најмалку 300 страни анализиран материјал, а до Специјалното јавно обвинителство од деловните банки се доставени 11.886 уплатници.

За овој случај СЈО побара замрзнување на имотот на ВМРО – ДПМНЕ меѓу кој и седиштето на партијата.

Дополнителна дамка врз неговата кариера е и отворањето постапка за сомничење за кривичното дело злосторничко здружување и злоупотреба на државни пари за финансирање на изборите во 2014 година. Постапката која за ова ја покрена СЈО е именувана како Титаник”, а со неа безмалку е опфатено тогашното највисоко раководство на ВМРО – ДПМНЕ. По ова Апелациониот суд на Димовски му изрекува мерка на претпазливост со одземање на пасошот и обврска еднаш неделно да се јавува во суд.

За оваа мерка Димовски неколку пати побарал од судот да му биде вратен пасошот тврдејќи дека нема каде да бега, но не добил позитивен одговор.

И ова е она што јавноста преку СЈО и судот го знае иако Димовски никогаш никаде не го искоментирал. Но очигледно пред да помисли да се кандидира за иден лидер на ВМРО – ДПМНЕ ќе треба да одговори на едноставни прашања.

 

  • Имено дали е вистина дека на пратеничката функција во јули 2006 година Илија Димовски стапува како невработено лице кое нема имот на свое име. А има учество од поделба на семејниот имот заедно со неговите родители стекнат претходно?
  • Како во ставката личен имот следната 2007 година се заведени хартии од вредност во вкупен износ од 000 денари. Од невработено лице Димовски за шест месеци станува и акционер?
  • Иако акционерскиот сегмент и не е толку чуден колку што е чудна ставката банкарски депозити каде пријавил денарска штедна книшка на неговите родители во НЛБ Тутунска банка на која има сума во износ од 2.750.000 денари или околу 45.000 евра. Тоа се денарски штедни влогови на родителите на Димовски кои се заведени како стечајни работници.
  • Димовски има и лична денарска штедна книшка на која поскромно има само 2.600.000 денари или нешто околу 42,000 евра заштета. Колку е тоа заштеда од двегодишна пратеничка плата?
  • Димовски никогаш не одоговорил ни на прашањата како го пријавува и имотот на неговата сестра за која според некои информации има здравствени проблеми и подолго време престојувала во тој период надвор од Велес и поради природата на дијагнозата воопшто не би била способна да управува сама со своите финансии? Од каде тогаш 800.000 денари на штедна книшка кај неа или нешто над 13.000 евра?

Но ова е анкетниот лист од само две неполни години активности како пратеник иако во предпоследниот анкетен лист од 2015 не сакал да наведе кои суми ги има на име штеден влог па често во графите се користел терминот не дал податок за сега како опозициски пратеник Димовски во последниот анкетен лист да надополни иако не во целост.

  • Сега пријавил нови акции во хартии од вредност во износ од 000 денари и 55.000 денари како и стечајно побарување од родителите во висина од 960.000 денари. Но не дал податок за каматата за приходите и земјоделската дејност. Зошто толку голема разлика во анкетниот лист за само една година?
  • Во новиот анкетен лист забележлива е и промената во ставката на личен имот т.е. земјиште од која се гледа дека во 2016 година Димовски купил земјиште од 642м2 и 659м2 во Башино село. Зошто ова не е пријавено во анкетниот лист од преходната година?
  • Димовски треба да даде одговор по кој основ го стекнал земјиштето и по кој основ го купил земјиштето и ја започнал градбата на викендицата на Велешко езеро за која медиумите но и познавачите на пазарот со недвижности тврдат дека чини нескромни 100.000 евра?

И кога ќе се помисли дека аферите ќе го поштедат Димовски се појави скандалот кој го објави новиот градоначалник на општина Велес. Тој го обвини Димовски дека како пратеник користел возило и личен шофер кои ги плаќала општина Велес, а кои се заведувале како ангажмани на градоначалникот. Димовски во него стил не сакаше да даде одговор дали обвинувањата се или не се точни.

  • Илија Димовски треба да даде одговор дали овие обвинувања се точни, дали секогаш бил истиот возач и кој всушност го управувал возилото?

А ако се вратиме повторно на почеток на неговата кариера во партијата, 2006г Димовски треба да даде одговор и за случувањата со финансирањето и работата на “првиот медиум КУРИР”.

  • Димовски да даде одговор дали на сите ангажирани во тогашниот медиум КУРИР 2006г, им е исплатена плата за неколку месеци, трошоци за плати и придонеси, за опрема и трошоци за кирии и други давачки?

 

Како и да е, ќе ги почекаме одговорите од Димовски бил тој или не кандидат за највисоката функција во партијата.

А од новиот претседател се очекува појава која ќе го мотивира членството, симпатизерите и поддржувачите на ВМРО – ДПМНЕ, кој ќе ја сплоти партијата и ќе ја врати сигурноста и економијата во македонија на позитивно ниво, но кој зад себе нема оставено неразјаснети случаи кои се предмет на институциите на РМ, и нема многу прашања за кои очигледно смета дека не заслужуваат одговор.

Може да ве интересира

Која е Солза Грчева? Со нова партија, трета среќа или стара навика?

***Информација надвор од авторот на текстот: По прифаќањето за да биде интервјуирана за овој медиум, …

Translate »
error: Content is protected !!