дома / МКД / Иредентизам кај Македонија и Грција – поим за плашење народ од соседите
иредентизам

Иредентизам кај Македонија и Грција – поим за плашење народ од соседите

Деновиве на балканот, осовено кај нашиот јужен сосед на голема врата се користи поимот иредентизам од страна на ФИРОМ. Македонските политичари, особено оние од власта не се ни обидуваат да го објаснат а најмалку да го анализираат овој нов момент од страна на Грција која очигледно добива се во пакет, или што би рекле “ерга омнес”.

Се очекуваше тројката Заев, Димитров и Османи да се консултираат и да им објасната на Македонскиот народ за што всушност се работи. Но да почнеме од почеток.

Иредентизам e термин кој се однесува на националистичко движење и идеологии кои се заложуваат за менување на државните граници со цел етничките малцинства кои живеат во други држави да подпаднат под власт на државата каде тој етникум е мнозинство.

иредентизам

Називот доаѓа од изразот Italia Irredenta кој во втората половина на XIX век го користеле италијанските националисти за да ги опишат подрачјата со значајно италијанско малцинство кои после обединувањето на Италија останале надвор од подрачјето на владеење на италијанската држава.

Со оглед на тоа дека во Европа, посебно во нејзините источни делови границите никогаш и не можеле да бидат повлечени во склад со етничкиот состав на населението, кој исто така се менувал во склад со развитокот на економските, политичките и географските трендови речици секоја национална држава во XX век на еден или друг начин има свое сопствено иредентистичко движење или пак била погодена од иредентистички движења на соседните земји.

Иредентизмот и во денешно време е службена политика на некои држави а самото тоа и потенцијална искра за предизвикување нестабилност во делови од светот. Иако не бил измислен на Балканот сепак тука е најзастапен.

иредентизам

Македонски иредентизам.

Премногу е трагикомично држава како што е Македонија да се обвини за иредентизам дотолку повеќе што историски Македонскиот народ се борел за сопствена држава која не дека некогаш ја немал но барем во границите кои останале. Стои фактот дека Македонската политика познава Пирински и Егејски делови на територијата но не и државата. И тоа е многу битен аспект. Историски Македонија била огромна територија но со конечното формирање на држава иредентизмот останал како тема која никој не ја користел а по осамостојувањето како тема која била дел неформалните начела на десничарските партии.

И тоа до некој сегмент е здраво затоа што не се работи за окупирање територии туку за водење грижа за сопственото етничко малцинство кое во добар дел треба да се наоѓа во околните земји.

Немајќи јасна политика што со него, новата власт по 26 години независност го избриша иредентизмот како мисла и лесноумно го призна непостоењето на македонско етничко малцинство во Бугарија. Следна е Грција додека пак Албанија веќе го преименува Македонското во Бугарско етничко малцинство. Во таква ситуација само Македонија има возвишена можност да се самоповреди користејќи антииредентиза.

Сега потврдивме дека се што е Македонец живее во Македонија но не и во соседните земји што нив им отвори врати за старите големо државни интереси кои ќе ги имплементираат согласно ЕУ човековите права и слободи.

иредентизам

Бугарски иредентизам.

Бугарија отсекогаш имала проблем самата со себе за постоењето на Македонија како мисла дотолку повеќе и како држава по завршувањето на Втората светска војна. Фактот што Југословенската Комунистичка партија била моќна и влијателна и на запад и на исток говори за стравот Бугарија да помисли да бара што и да е од Македонија која била дел од Федерацијата Југославија како самостојна држава. Фактот дека Бугарија се обидела да делува кон формирање на проширена Федерација Југославија е односот 1946 – 1948 кога е постигнат договор за отворен граничен режим а Бугарските власти прават попис на населението во кој во Пиринскиот дел излегува огромна бројка македонско население.

Стои и фактот дека пропагандата помогнала да се реализира овој краток и неуспешен обид на Бугарија да се амнестира од коалицијата со фашистичка Германија и дека службите убедувале дел од населението да се изјасни како Македонско но тоа е сепак попис во 40-тите а стојат историските факти дека век порано во Османлиско се воделе востанија за независна Македонија но не и Бугарија и дека тоа биле две сосема различни движења.

Бугарија со две војни ја поделила територијата на Македонија, а со тоа и ја покажа намерата за помош на Македонскиот народ за формирање сопствена држава. Бугарија немала големо бугарски аспирации но вековно Македонија ја доживувала како онаа друга држава во која живее исто така Бугарски народ. И така и први не признаа како независна и самостојна државна творба, без народ и без идентитет.

иредентизам

Денес откако СДСМ и ДУИ им помогнаа да го имаат документот за легален иредентизам со што ние признаваме постоење бугарско малцинство во Македонија за кое се обврзуваме да водиме грижа Бугарија во спорот меѓу Македонија и Грција го нарекува спор меѓу Бугарија и Грција но и долева масло на огнот со изјавите дека “Егејска Македонија е одамна окупирана Бугарска територија во која живее Бугарско етничко население кое говори на бугарски дијалект.”

Таа изјава на министер на земја членка на НАТО и земја членка на ЕУ никој не ја искометирал а најмалку официјална Атина. Секако индиферентни кон неа остана и тројката Заев, Димитров и Османи кои можеби сметаат сека не постои.

Факт е дека Бугарија сега има легален документ со кој може да бара зголемување на степенот на слободата и правата на своето етничко малцинство во Македонија но и да се грижи за него во случај на кризи со кои Македонија од 2001 година често се соочува.

Секако кон ова во полза оди и барањето на Македонската народна православна црква за згрижување т.е. признавање од страна на Бугарската која е стотици години помлада од нашата за наша мајка црква. Иредентизмот подразбира и активна и пасивна релизација кон уништуање во поим на постоење на доморно население по што само се констатира клиничкат смрт и се прогласува сопственото малцинство за мнозинство.

иредентизам

Дека е така говори и Албанскиот иредентизам.

Албанија е земја која е основата по Османлиското царство од Османлиското царство со понуда за згрижување на толпата која немала ни име ни нација ни локација. Тие исти тогаш именувани Албанци кои денес не навредуваат дека сме мисловна именка од пред 100 години за кои во Македонија имаат права еднакви на втор народ што треба да се заокружи во евентуалното второ изгласување на Законот за употреба на јазиците кој самиот по себе ќе бара правна промена и усогласување на Уставот со што ние и официјално ќе станеме повторно единствена земја во светот во која има два народи.

Секако согласно политиките на Тирана тоа е големо Албанската држава која опфаќа половина Македонија, делови од Грција, Србија, цело Косово и дел од Црна Гора. Трагикомично е што најголем проблем по Србија од албанскиот иредентизам има Грција, земја членка на НАТО и земја членка на ЕУ.

Владата на Заев доби јасни инструкции за реализација на Сеалбанската платформа со која без буквално толкување на поимот иредентизам Албанија би добила отворени граници и слободна трговија со делови на земјите кои ги смета за свои. Секако Македонија нескромно е понудена во пакет и целосно.

Албанскиот иредентизам секогаш се манифестирал на насилнички начин и со уцени. Иако моќта е мала. Дотолку повеќе што 2001 година во обид и за насилно манифестирање на иредентизам т.е. тероризам врз Македонија им требаше интервенција на ЕУ и силите на ОН само за да спасат жива глава.

Денес ги добиваат истите барања од 2001 година само од добрата желба на Заев.

Косово никогаш немало иредентизам затоа што се смета за дел од Албанија кој го покорила Србија а со самото тоа е дел од големо Албанската мисла. Србија од друга страна добива нови моменти за својот иредентизам како ние сме биле во делови нивна територија дотолку повеќе што со Југославија по 1943 година сме останале и во формална Федерална коалиција со земјите од Југославија каде Србија секогаш го имала главниот збор.

Фактите дека ние се посветивме кон антиквизација или процес наречен на гневење на Грција говори дека ние не сме дел од тој старословенски порив па така вардарска бановина е процес кој тече. И секако во духот на православните земји прво започува со паралелни верски институции. Впрочем она што беше Југославија денес е Србија, земја која ги помирува исток и запад.

Така доаѓаме до фактот дека од разни големо државни интереси територијата на Република Македонија од оној Османлиски период на Румелискиот вилает денес е зголемена за најмалку 1/3 но тоа само поради големите ирендитистички идеали на земјите кои ни се нарекуваат добри соседи. Доколку ние регуларно добиевме самостојност согласно 2/3 признавање од земјите членки на ОН тогаш дефинитивно многу добрососедски политики ќе пееја други песни за големините на територијата Македонија која ја имаат во сопствено трајно користење.

иредентизам

Тука некаде во радикалниот иредентизам е и тајната на успехот.

Владите и на Заев и на Ципрас се жртвени јагниња кои ќе одат курбан дали пред или по постигнувањето договор за промена на името на Македонија. Потоа? Потоа ние само треба да го направиме она нешто што не го направивме веднаш со прекршувањето на времената спогодба. Едностран прекин на договорот, прекин на медијаторството и враќање на процесот од почеток во матичното тело т.е. Организацијата на Обединетите Нации. Ќе требаат само 3 месеци за формалности и потврди дека над 2/3 земји од светот не признаваат како држава Република Македонија. Така процесот ќе има конечен крај во наша корист.

Но зошто би оделе ние на варијантата Македонија некогаш некаде да издејствува победа без да го жртвува својот народ? Можеби Заев, Димитров и Османи го имаат одговорот на ова прашање. Дотолку повеќе кога живееме во простор полн со иредентизам, сосема е логично да не делиме од другите и да ги извадиме на маса мапите. Македонија до Солун. Па да видиме кој губи од таквиот иредентизам? Ние немаме ни економска нестабилност, ни туристичка зависност а ни потреба од проток на стоки и добра кон земјите од ЕУ.

Но не. Моментално имаме премиер за кој сметаме дека е здраворазумен по изјавата дека во преговорите со соседите Македонија нема да има црвени линии затоа што делувале апатично и ограничувачки? Очекуваме покана за нов Букурешт само овој пат во Скопје.

Може да ве интересира

Интервју со Илија Илијовски – Еден од реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ

Интервју со Илија Илијовски – Еден од реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ   Актуелните состојби во “нашата држава” Република …

Translate »
error: Content is protected !!