дома / Забава / Јованка Броз “позајмила” крушевски рецепт за слатко од тиква, омилено на Тито, но морала сама да си го препише
Јованка Броз

Јованка Броз “позајмила” крушевски рецепт за слатко од тиква, омилено на Тито, но морала сама да си го препише

Јованка и Тито Броз во посета на Крушево биле и на 3 август 1969 година, како дел од рутата посети при кои Маршалот се поклонува на гробовите на македонските војводи од Илинденскиот период но и борци од НОБ.

Прво во Крушево на гробот на Никола Карев, а веќе следниот ден во Скопје на гробот на Гоце Делчев.

Во Илинденски пречек за Јованка и Тито формалниот протоколарен дел за добредојде бил исполнет и со баба Лепа со сестрите Ленче и Дочка кои во староградски носии требало да го пречекаат брачниот пар Броз.

Лепа, Ленче и Дочка не биле само граѓанки на Крушево туку и внуки на народните херои Благо Целев – бајрамче и Благо Талески.

Благо и Благо се закопани со почести на партизанските гробишта или локација уште и позната како алеја на великаните во Крушево на која во две парцели има 20 индивидуални гробници за паднатите борци од Народноослободителна војска на Југославија од Крушево и крушевско.

Јованка Броз

Беа тоа времиња кога се бираше кој ти е домаќин дотолку повеќе ако е Илинден и ако како гостин од општествено политичкиот живот ти е ни помалку ни повеќе туку Тито.

Како завршило формалното фотографирање па и домаќините и делегацијата се опуштиле, Јованка Броз започнала да ги бара тогаш младите крушевчанки – домаќински низ народот.

Малкумина знаат но омиленото слатко на Тито било, она од тиква, како “марифетот” е поклон од баба Ленче.

Имено помошникот на Јованка ја замолил за рецептот, во име на Маршалот. Баба Ленче радосна за миг влегла и излегла до куќата со пусулче, а Јованка со насмевка го зела парчето хартија, на кое за големо изненадување, немало ништо.

Збунето ја погледната баба Ленче, која и дала “мастилно” моливче, кое прво “уредно” го лизнала да пропиши и ѝ реклa: “Пиши сега мила, за слатко од тикви …”

Јованка Броз

[ дел од фотографиите се од семејна архива и Музејот на Југословенската историја – Белград ]

 

Може да ве интересира

долар

Зошто на банкнотите од еден долар се наоѓа масонската приамида?

На банкнотата од еден долар се наоѓа пирамида. За неа постојат различни теории, а некои …

Translate »
error: Content is protected !!