дома / МКД / Каде е Иванов?
ѓорѓе иванов

Каде е Иванов?

Кабинетот на Иванов очигледно го заборавил основниот постулат на неговото постоење, не, не како Иванов, безначаен е како индивидуа туку како претседател, “Претседателот на Република Македонија го изразува државното единство и ја претставува републиката”.

Иванов сериозно приматот кој му го доделија политичките партии како “домашно декоративно растение – фикус” го избрал како нешто со што најдобро се идентификува и сите заборавија на неговите силни зборови на државник кој толку сака да биде но ете ни во втор мандат не му оди.

ѓорѓе иванов

Иванов има доволно време, а и внимание да чита партиски портали на власта и да се правда со текст од цела страна во прилог и две фотографии дали на денот на армијата на Република Македонија се или не се поздравил со Радмила Шеќеринска како министер за одбрана и Талат Џафери како претседател на законодавниот дом но нема време ни внимание да го искажи својот став на пример за убиството на носител на кандидатска листа за советници во Кичево.

Во 2012 година Иванов по 24 декември изјави дека треба да се формира експертска комисија која ќе го расчисти настанот и повика тој никогаш да не се повтори. Се повтори Иванов, на 27 април 2017 година.

Но тогаш на 17 мај за медиумите Иванов изјави дека ако сакаат пратениците сами нека си изгласаат амнестија за напаѓачите во законодавниот дом. Зошто? Зошто така “либерално” не порача за време на политичката криза сами политичките партии кои на голема врата преговараа во Пржино и неговите два анекси сами да си се договорат за политичка амнестија после се?

ѓорѓе иванов
Не, тогаш Иванов сам прогласи амнестија поради која тогашната опозициона СДСМ протестираше против него. И не помина многу Иванов ја повлече амнестијата и тоа нормално не како што ја прогласи туку на рати, на два пати.

По изборниот резултат од 2016 година Иванов се изјасни за недавање мандат на Заев и СДСМ се додека не добие писмени гаранции во кои ќе стои дека идната влада и парламентарно мнозинство нема да се обидат а ни да имплементираат ниту едно од 22 барања низ 7 точки од Сеалбанската платформа.

Тогаш народот го поддржа. Да истрае за унитарна Македонија. Иванов доби смешно парче хартија на која партиски лидер говори во име на некое си парламентарно мнозинство во кое сите зборови може да се толкуваат на најмалку три начини.

ѓорѓе иванов

И Заев а и Џафери по 27-ми април го обвинија за директна причина за настаните во законодавниот дом. И тоа е повеќе или помалку нормален политички жаргон дотолку повеќе што Иванов и во втор мандат е претседател кој ½ од извршната власт не го признава.

Единствено во што е Иванов добар е молчењето.

Македонската влада на СДСМ и албанските политички партии реализираа над 90% од Сеалбанската платформа, Иванов молчи. Неофицијално чекал да помине законот за јазиците па некој ете да побара да се процени неговата уставност.

Зошто беше тогаш потребна гаранцијата од Заев за која трилион пати се потенцираше дека ова е прв пат мандатар да дава писмени гаранции на претседател. И што со тоа?

Иванов ја премолче аферата со прислушкуваее на амбасадата на Република Србија во Република Македонија од страна на Македонските власти со поддршка од странска држава. Нели Агенција за разузнавање го работи токму тоа? Иванов премолчи а излезе аферата со членот на Безбедносно информативната агенција на Србија кој беше присутен на настаните од 27-ми април и кој како сам тврди се допишувал или слушнал со советникот на Иванов.

ѓорѓе иванов

Патем од Србија на темата се обрати претседателот на државата Александар Вучиќ. Зошто за тоа имаме две дијаметрално спротивни изјави?

Иванов премолче и за договорот со Бугарија со кој си го негираме сопственото малцинство во оваа соседна земја но и се откажуваме од дел од историјата која во одреден момент ќе стане Бугарска.

Иванов ги премолче изјавите на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција за промена на името со цел прием во НАТО и евентуално ЕУ. Иванов е претседател во втор мандат на Република Македонија или?

Иванов го премолче мешањето во внатрешните работи на Република Албанија па по онаа остра изјава кога се формираше Сеалбанската платформа збор не кажа за посетата на премиерот Еди Рама со албанските политички партии во Македонија помеѓу двата изборни круга. Зошто?

Иванов го премолче и убиството и палењето на куќи и возила на кандидати за градоначалници и советници во првиот круг од локалните избори. Убиство од било кои причини до сега не сме имале во изборна кампања. Сме немале ни ослободување по основ болест на разно разни криминални милјеа пред изборниот процес. Иванов и ова го премолче.

ѓорѓе иванов

Во основа ја премолче и изјавата на Заев дека со Ахмети отворено разговарале за консензуален иден кандидат за претседател но и неофицијалните изјави дека до крајот на неговиот мандат ако се обезбеди парламентарно мнозинство за поддршка можно е идниот претседател да се бира од страна на законодавната власт.

Впрочем се навикнавме на молкот на Иванов. Прашањето е каде планира да ја продолжи “кариерата” по завршувањето на мандатот. Затоа што на Правен од новите генерации студенти ќе има многу незгодни прашања каде беше во судбоносните години на Македонија кои нема да можи да ги премолчи.

 

Може да ве интересира

Зоран Заев

Дали Заев и подготвува на Република Македонија “Букурешки договор III дел?!”

Македонската надворешна политика, во однос на Република Грција како наш јужен сосед, кој не ни …

Translate »
error: Content is protected !!