дома / ЕУ / ЕУ Економија / Како Италија ги чести своите граѓани за 18 – ти роденден?

Како Италија ги чести своите граѓани за 18 – ти роденден?

За да ги потсетат младите дека културата е многу важна за квалитетот на животот и општеството, италијанската влада минатата година донела одлука да им подари на тинејџерите подарок за полнолетство во вид на ваучер со вредност од 500 евра кои може да ги искористат за концерти за сериозна музика, театар, кино, музеи, книги и национални паркови.

Одлуката стапи на сила на 15 септември 2016 година, а само до крајот на минатата година Италија одделила 290 милиони евра за 575 000 тинејџери кои прославија полнолетство.

Италија

-Иницијативата има за цел да  им испрати порака на младите и да им посака добредојде во општеството на полнолетните. Тоа не потсетува  колку е важна конзумацијата на културата, за да се збогатат како личности и како такви поединци да го зајакнат нашето општество“, кажал заменик секретарот на италијанскиот парламент Томазо Наниќини.

Новите осумнаесетгодишни граѓани можат да ги користат  парите од овој ваучер со помош на апликација со чија помош можат да купуваат како онлајн така и во дуќаните.

Ова не е прв пат Италија да покрене слични иницијативи. Премиерот Матео Ренци претходно одделил милијарда евра за „сиромашни и обесправени популации на мигранти“. Програмот на Ренци исто така бил базирана на ваучери во вредност од 500 евра кои миграните можеле да ги искористат исклучиво за културни содржини.

Може да ве интересира

Македонија

Топ 17 земји за започнување бизнис, Македонија 4-та на листата

Започнување на бизнис никогаш не е лесно или пак без стрес. Но, постојат места каде …

Translate »
error: Content is protected !!