дома / Регион / Босна и Херцеговина / Кандидатите за аџилак од Босна и Херцеговина останаа без потребните вакцини
вакцини

Кандидатите за аџилак од Босна и Херцеговина останаа без потребните вакцини

Годинава од Босна и Херцеговина на аџилак во Мека и Медина ќе отпатуваат 1.800 верници. Интересирањето за ова патување беше над очекувањето и беа одобрени дополнителни 180 места. Од Исламската заедница на БиХ биле закупени десет авиони, а биле резервирани и места за сместување во Мека и Медина.

Но како што информираше министерството за здравје на Федерацијата на Босна и Херцеговина и Заводот за здравство упатувајќи информација кон Ријасетот на Исламската заедница на БиХ тие не се во можност до втори август да обезбедат вакцини против менингокока за кандидатите за аџилак за оваа година.

Поради тоа од Исламската заедница ги повикуваат сите аџии што не ја примиле оваа вакцина да го направат тоа надвор од Босна и Херцеговина, и најдоцна до втори август да ги достават пасошот и жолтиот картон, пренесува МИНА.

Близу два милиони луѓе од сите краеви на светот секоја година заминуваат на аџилак, кој е петтиот столб на исламот и задолжително е сите муслимани што имаат богатство да го посетуваат Каба во определеното време за молење.

Во текстот на телевизија  „Ал џезира“ се упатуваат критики за пропустите на јавните институции во организацијата на годинашното патување на аџилак. Проблемот, како што информира оваа телевизија, настанал при спроведување на процедурата за јавни набавки, бидејќи овие вакцини не може да се увезуваат од други фирми освен од Заводот за јавно здравје. Ова беше квалификувано како „национална срамота“, а некои од коментарите се дека треба да се тужат надлежните институции и да се бара обесштетување поради недостигот од вакцини, кои се потребни за аџиите.

Тие се доведени во незавидна состојба, поради тоа што мораат да патуваат во соседните земји за вакцинација, а некои од нив се повозрасни и секое патување им е тешкотија. Поради тоа, новинарот од „Ал џезира“ побараа и оставка од министерот за здравство на ФБиХ, Вјекослав Мандиќ, и од директорот на Заводот за јавно здравство ФБиХ, Давор Пеха.

Може да ве интересира

мостар

Измерени 50 степени во Мостар

Жителите на Мостар вчера на своите балкони измериле 50 степени. На социјалните мрежи се појавија …

Translate »
error: Content is protected !!