дома / Спорт / Катар ја заврши изградбата на првиот стадион за Светското првенство 2022 (фото)
Катар

Катар ја заврши изградбата на првиот стадион за Светското првенство 2022 (фото)

Пет години пред почетокот на натпреварувањето, во Катар е завршена  изградбата на првиот стадиот Калифа, кој ќе биде климатизиран. Во реновирањето на стадионот вложени се 122 милиони долари, а температурата е 26 целзиусови степени. Познато е дека во Доха температурата некогаш достигнува до 50 степени, па оваа значајна промена, сигурно ќе им годи на играчите, но и на навивачите на стадионот.

Меѓународниот стадиот Калифа има капацитет од 40.000 места, а изграден е уште од 1976-та година, но беше потребно да се реновира со цел да се подготви за Светското првенство 2022.

Во Катар исто така се гради и посебна метро линија која ќе ги поврзува сите стадиони, а за патувањето од едно до друго место, ќе се стигнува за помалку од еден час.

Катар

На меѓународниот стадион Калифа ќе се играат натпревари до четврфиналето на СП 2022. Исто така, на овој стадион, Катар ќе биде домаќин Светското првенство во атлетика во 2019-та година.

„Завршувањето со реновирање на нашиот стадион за Светско првенство, пет години порано пред почетокот, е од големо значење. Тоа докажува дека имаме добра организација за која целиот арапски свет ќе биде горд. Како што ветивме во нашата понуда, нашите иновативно стадиони на играчите и навивачите ќе им обезбедат пријатно и неверојатно искуство. Овој стадион е значаен дел од нашата историја, каде до сега биле доста славни имиња од земјата, но и од целиот свет“, изјави генералниот секретар на Високиот комитет за испорака и наследство на Катар, Хасан Ал Тавади.

Катар

Катар

Катар

Катар

Може да ве интересира

македонија

Топ 10 голови на македонската ракометна репрезентација (видео)

Светот одамна слушна за Македонија и за тоа колку е актуелен ракометот кај нас.Поглднете го …

Translate »
error: Content is protected !!