дома / Политика / Ќе и каже ли Република Србија едно големо “НЕ” на Република Македонија?

Ќе и каже ли Република Србија едно големо “НЕ” на Република Македонија?

Ќе и каже ли Република Србија едно големо “НЕ” на Република Македонија?

Прво и основно ваков вид на “евакуирање” на цело дипломатско претставништво на една соседна земја без претходно најавување не се случило во општата историја на дипломатијата во светот а не пак на Балканот. Второ, некој лаже. Македонското министерство за надворешни работи тврди дека дипломатска нота добило на 20 август иако српското министерство за надворешни работи соопшти дека дипломатската нота е доставена 24 часа претходно на 19 август. Ако има вистина тогаш што чекаше македонското МНР?

Патем дипломатската нота е фригидна во својата содржина. Во неа се известува македонското министерство за надворешни работи дека дипломатското претставништво на Република Србија на неодреден временски период нема да работи поради итни консултации во Белград со што го задолжува истото да постапи согласно Виенската конвенција [не Женевската] со која дипломатско претставништво на една држава во суштина е суверена територија на истата. И тоа е единствената информација која македонскиот народ и стручна јавност ја добива во елементот на изненадување. Српските власти бараат обезбедувањето согласно прописите на Виенската конвенција да го зголемат обезбедувањето околу објектот на амбасадата на Република Србија.

Патем неколку факти. Српските власти вчера вечер т.е. 45 минути по полноќ во недела преку СМС пораки го известило целиот персонал со дипломатски и службени пасоши дека во текот на денот (недела) до 14 часот треба да ја напуштат Република Македонија. Во амбасадата на Република Србија има и македонски персонал а како што е и ред има и обезбедување пред истата од македонските безбедносни сили.

И додека македонската дипломатија е во шок и се обидува некако да стапи во контакт со српското министерство за надворешни работи, потпретсеадтелот на СДСМ Мухамед Зеќири на ФБ пост го постави прашањето “Србија ги повлече или Москва им нареди?!” на што во текот на утрешниот ден понеделник 21 август ќе го добие одговорот.

Имено амбасадорската Душанка Дивјак Томиќ беше прилично јасна дека информациите на медиумот кој ја откри дипломатската “драма” се точни но дека суштината зошто е изведена нема да ги добијат по СМС порака затоа што во Белград ноќеска во тек се консултации за кои содржински и таа не е информирана.

 

Што се случува?

 

Српската дипломатија е сосема јасна по однос на неколку прашања. Но прво мора да знаеме дека ваквиот чин на повикување на амбасадори и дипломати официјален Белград го практикувал често во минатото но никогаш не затворил времено цело дипломатско претставништво. Она што е симптоматично е што во македонските медиуми е изоставен фактот дека утре свое обраќање со образложение за начинот но и причините ќе има заменик премиерот и министер за надворешни работи на Република Србија Ивица Дачиќ.

Според информации од кабинетот на Дачиќ можно е министерот да ги отвори прашањата на албанизација на Македонија која ќе мора да реши дали е земја на еден или два народи со што и договорите за добрососетво и соработка ќе мора да се ревидираат иако можно е да се отвори само прашањето на имплементирањето на Стратегијата за интерграција на бегалци и странци во Македонија 2017 – 2027 за која министерката Царовска изјави дека е само работна можна опција и дека Македонија останува само транзитна држава на рутата бегалци за кои се претпоставува дека во вкупна бројка ќе изнесува и над 12 милиони од кои ¼ ќе помине низ Македонија.

Србија е секуларна држава како и Република Македонија но има отворени блиски соработки со Црквата за заеднички прашања т.е. прашања од национален интерес па стои можноста Дачиќ да побара објаснување за анти-српската пропаганда која се води последните два месеци од страна на Владата на Република Македонија.

Она што е сигурно е дека реакциите од видот на Зеќири се долевање масло на огнот дотолку повеќе ако се знае дека и “љубимата” му Бугарија ја има Русија за “Мајка”.

Не смее да се изостави и острата реторика која ја користеа и Дачиќ но и претседателот Александар Вучиќ кон однесувањето на новите власти во Скопје кон официјален Белград како и изјавата на Вучиќ дека сега веќе е подготвен за компромисно решение за Косово. За Србија тоа би била широка непостоечка форма на автономија која де факто би значела независна држава Косово но тоа дефинитивно е игра на Белград меѓу ЕУ и НАТО од една страна и Русија од друга.

Како и да е. Во опција се две варијации. Првата е утре српското министерство да се произнесе со штуро соопштение или тотално да го игнорира гестот ако не се постигне договор за што точно ќе се реагира т.е. како. Втората варијанта е веќе поизвесна и е најавена како обраќање на Дачиќ со образложение за одлуката што би значело дека амбасадата на Србија во Македонија ќе остане затворена на неодредено а при што се очекува да бидат поставени т.е. отворени меѓусоседски прашања за кои Србија ќе очекува одговор но и гаранции во нивната суштина.

Во опција беше и обраќање на претседателот на Србија, но според информации од Белград, Вучиќ во оваа фаза дипломатските несогласувања ќе ги препушти на владите на двете земји.

Она што е неофицијално е дека СПЦ ќе го активира прашањето за Црквата што и не е битен сегмент колку оној став на добрите познавачи на политиките на Балканот кои тврдат дека ваквото однесување на Србија или на било која држава кон соседна или друга е чекор до замрзнување на односите и целосна блокада во меѓусебната комуникација на нивоа кои ќе ги одреди Владата на Република Србија во конкретниот случај.

Ако се случи тоа а се поизвесно е дека ќе се случи македонските власти должат објаснување кога МНР е известено за напуштањето на дипломатите и службените лица од амбасадата и резиденциите во Македонија? Дали тоа е во неделата во вечерните часови како што се манифестираше или документот е испратен уште во саботата. Иако тоа би било чисто бирократско прашање со големи дипломатски последици сепак побитно е со што и како ја налутивме Република Србија да реагира со ваков гест кој дипломатите го ценат како преседан кој до сега не е забележан на Балканот.

И ова не е се.

Република Србија штотуку ја договори средбата за стабилизација на Балканот и со Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кој во официјална посета на Белград доаѓа во втората половина на септември при што делегацијата во моментов брои 150 бизнисмени а фокусна точка по безбедноста ќе биде и гасоводот познат како “турски тек” чиј дел треба да помине низ Србија.

 

Може да ве интересира

Која е Солза Грчева? Со нова партија, трета среќа или стара навика?

***Информација надвор од авторот на текстот: По прифаќањето за да биде интервјуирана за овој медиум, …

Translate »
error: Content is protected !!