дома / МКД / Koj e? / Кои се тројцата европратеници кои го кројат “Пржино3-Моне” и зошто?!

Кои се тројцата европратеници кои го кројат “Пржино3-Моне” и зошто?!

Кои се тројцата европратеници кои го кројат “Пржино 3 – Моне” и зошто?! 

 

Сосема е јасно зошто ЕУ преку своите т.н. медијатори кои ниту сме ги побарале ниту сме ги повикале сака преговорите за решавање на новата политичка криза во Македонија да се решаваат надвор од државата. Така барем на едно место контрадикторно по неговата симболика нема да им бегаат на паузи и консултации македонските политички лидери.

Сега веќе сосема е извесно дека средбата која ја иницитаа европратениците Вајгл, Кукан и Флекештајн кој го замени британецот Хауит неа да се одржи според планираното. Секако изненадувањето е отвореноста на македонската влада да ги реши сите прашања со соседите. И оние отворени и оние кои самата ги отвори. Сама.

Во таков процес на експанзија која се движи на работ од самонегирање во постоењето би било  прилично глупаво нивниот шеф Јоханес Хан да инсистира на средба за преговори и договори. Впрочем ни него не му е јасно кој се треба да биде на средбата. Заев и новоизбраниот Мицкоски но Ахмети и кој? Мендух Тачи е потписник на првиот договор и неговиот анекс и тие се спроведоа во целост. Билал Касами до пред недела дена беше претседател на БЕСА како партија која стоеше цврсто во својот политички пат но работите се изменија.

 

Ќе преговараат ли СДСМ, ДУИ и ВМРО – ДПМНЕ сами?

 

ВМРО – ДПМНЕ ако има малку достоинство од она што го искажа со епскиот Проглас нема да оди да преговара за било што во резиденција на странска мисија во Македонија а не во Франција. Тоа е онаа Франција чиј амбасадор во Македонија стана дежурен министер за надворешни работи. Истиот амбасадор кој оцени дека Законот за јазиците можеби треба да се издигне на повисоко ниво. Ние како народ сме согласни со тој став ако и тој се согласи дека Францускиот јазик веќе не е втор во светот и неговата задолжителна употреба треба да се исфрли.

Но и во ДПМНЕ новите ветришта водат кон промени на курсот од националистичка демохристијанска партија кон централистичка либерално демократска.

Идејата ЕУ сакаше да ја продаде ефтино. Ни малку ни повеќе средбите требаше да се одржат во куќата на таткото на Европската Унија Жан Моне. Претпоставувам Моне денес да беше жив ќе појаснеше дека она што денес е ЕУ не е неговиот сон. Дотолку повеќе што Моне беше економист и бизнисмен па неговата идеја за Европската заедница повеќе беше за трговска и економска еднаквост, она што денес е оска на раздорот во ЕУ.

Така во куќата на човекот кој имаше сон за економска еднаквост ќе се одржат преговорите помеѓу партиите во Македонија за интеграцискиот процес на земјата. Интересно е што Вајгл и самиот потенцираше неколку пати дека одлуките од Париз не би го замениле парламентот, туку тие би биле основа за носење на правилните одлуки од него. Што би значело дека одлуките од Париз би биле предмет на сувопарно гласање во законодавниот дом како негови одлуки без притоа некој да се посомнева или отвори дискусија за нивната суштина?

21.07.2004., Ljubljana, Slovenia – Ministar vanjskih poslova Ivo Vajgl, arhivska fotografija.
Photo: Stringer/Pixsell

Според него тие одлуки би биле фундамент за интеграциските процеси со концензус со што ЕУ би била сигурна дека нема да има промени во истите зависно од промените на власта во земјата. Во политички жаргон тоа се вика диктаторско слепо почитување на одлуките без можност за нивна промена дури и ако истите во одреден временски интервал се покажат како штетни за државата и народот. Дури и највисокиот правен акт Уставот е регулирано како може да биде променет, дури и Уставот на ЕУ има членови за измени и дополнувања, така да барањата на европратениците се косат со основните начела на организацијата која е толку демократска што бара толку силни гаранции.

Ова отвораат прашања од калибарот кој се ќе продефилира во куќата на Моне? Што се ќе биде ставено како предмет на дискусија на маса? Што ќе се одлуки на самите политичари а што ќе се уцени завиткани во украсна хартија од страна на ЕУ? Зошто толку далеку за преговори за политичка криза?

Она што е сигурно е дека во моментов таа средба е имагинарна. СДСМ и ДУИ одлично ја реализираат својата агенда за меѓународна и меѓусоседска соработка која е толку нетранспарентна што дури и земјите потписници за содржината на текстот дознаваат откако тој ќе биде потпишан од фамозни работни групи.

 

И тоа е во духот на Моне?

Политичко самоубиство би бил гест на ВМРО – ДПМНЕ да биде дел од преговори за било што сега откако во тајност беше постигнат договор со Албанија, Бугарија и Грција од кои се реализираат Сеалбанската платформа, се ратификува договорот со Бугарија а на Грција и се нуди простор за промена на нашето име, идентитет и постоење. Што бара ВМРО – ДПМНЕ воопшто да преговара со СДСМ и ДУИ? Сепак новите промени во врвот на партијата во кој и нема истакнати дипломати може ода длучи поинаку. Во меѓу време тројцата европратеници масовно ја прокламираат мислата на Моне “Постојат две категории на луѓе, едни кои сакаат да станат нешто и други кои сакаа да направат нешто” во контекст на овие предлог преговори треба да се додаде анекс на мислата дека има и такви кои абер немаат што сакаат.

 

Но која е всушност фамозната Европска тројка?

Иво Вајгл политичар од Словенија и член на Европскиот парламент од својата земја. Член е на политичката партија “Зарес” која е дел од Алијансата на либерали и демократи на Европа. Роден е на 3 март 1943 година во Марибор. Формално образование завршува во Љубљана. Бил назначен за министер за надворешни работи на 6 јули 2004 година од страна на тогашниот премиер Антон Роп. Иво на функцијата останал се до 3 декември 2004 година. Шест месеци (6 месеци) е целата кариера со надворешна политика на овој европратеник.

Својата кариера ја продолжил со тоа што од 2004 до 2007 година бил советник за надворешна политика во кабинетот на претседателот на Словенија Јанез Дрновшек. Инаку Иво е член на Либералдемократската партија од средината на 90’тите се до 2007 година кога станува член на “Зарес”. Во 2009 година станува европратеник.

 

Кнут од друга страна е германски политичар. Член е на Социјалдемократската партија на Германија која е дел од Партијата на Европските Социјалисти.  Именуван е за европратеник во 2009 година исто како и Вајгл.

Оскудната биографија говори дека од 2009 до 2014 година работел во Комитетот за транспорт и туризам. Од 2014 година е дел од комитетот за надворешни работи. Служел и во делегацијата на парламентарните групи за соработка меѓу ЕУ и Руската федерација во 2009 година. Основни дејности на делување му се финансиската транспарентност. Член е на Европратеничката интерна група за животна средина и заштита на животните.

Од политички аспект заслужел како заменик претседател на Прогресивната алијанса на Социјалисти и Демократи за акцијата на ЕУ со која се прекинаа црните листи на функционери кои до 2015 година постоеја и во ЕУ и во Руската федерација за активни политичари и стопанственици. Листата која демократска ЕУ ја состави беше огромна и содржеше 151 лице од кои 12 беа пратеници во Думата.

Едвард Кукан е третиот и можеби најистакнат член на фамозната тројка европратеници. Роден на 26 декември 1939 година бил министер за надворешни работи на Словачка од 1998 година до 2006 година. Бил кандидат и за претседател на државата во 2004 година но по гласовите на електоратот бил трет. Во 2009 година станува член на Европскиот парламент.

Кукан на Балканот е одлично познат во политичките кругови. Секогаш бил зачинот кој давал горчлив вкус. Во 1999 година е именуван за специјален претставник на Обединетитите нации за Косово како претставник на тогашниот Генерален секретар на ОН Кофи Анан заедно со Карл Билт.

Има интересно образование па завршил меѓународни односи на Московскиот национален институт во 1964 година. Во основа е правник а адвокат станува при Чарлс Универзитетот во Прага.

Кукан има меѓународно искуство. Но како дипломат на Чекословачка. Онаа социјалистичката. Така во Министерството за надворешни работи започнува со работа од 1 август 1964 година. Бил во одделот за односи со суб-Сахарска Африка од 1964 до 1968 година. Бил државен секретар од 1973 до 1977 година па директор на одделот за суб-Сахарска Африка од 1981 до 1985 година по што е именуван за директор на одделот за Латинска Америка каде се задржува од 1988 до 1990 година.

Дипломатската кариера ја започнал во Лусака во периодот од 1968 до 1973 година, па во САД каде бил советник па заменик амбасадор во периодот од 1977 до 1981 година по што станал амбасадор во Аддис Абаб во периодот од 1985 до 1988 година.

Од 1991 година е именуван за постојан претставник на Чехословачка при ОН. Во 1993 година завршува со Чекословачка па е преименуван во постојан претставник во ОН за Словачка. Во ОН бил на позицијата Претседател на комитетот за социјална, хуманитана и културна соработка. Бил и специјален претставник за Балканот од 1991 до 2001 година.

Кукан отслужил и два мандати како министер за надворешни работи на Словачка, еден од 9 месеци во 1994 година и еден од 1998 до 2006 година. Во ЕУ влегува преку Словачката демократска и христијанска унија. Кукан работел во комитетот за надворешни работи но и подкомитетот за човекови права од 2009 до 2014 година по што работи во подкомитетот за безбедност и одбрана.

Во 2016 година Кукан ја водел групата за мониторинг на генералните избори во Уганда.

И оваа европратеничка тројка треба да ги менаџира преговорите од кои во основа зависи постоењето или не на една нација? Прилично трагикомично ако не се знае кој се ќе продефилира низ куќата на Моне и со кои идеи.

Може да ве интересира

Интервју со Илија Илијовски – Еден од реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ

Интервју со Илија Илијовски – Еден од реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ   Актуелните состојби во “нашата држава” Република …

Translate »
error: Content is protected !!