дома / МКД / Koj e? / Кој е и што е НАТО? Интересни факти!
From L-R, German Chancellor Angela Merkel, French President Emmanuel Macron, NATO Secretary General Jens Stoltenberg, U.S. President Donald Trump and Belgian's Prime Minister Charles Michel gather with NATO member leaders to pose for a family picture before the start of their summit in Brussels, Belgium, May 25, 2017. REUTERS/Christian Hartmann

Кој е и што е НАТО? Интересни факти!

Кој е и што е НАТО, а кој е Столтенберг?!

Пред воопшто да дискутираме кој е Јенс Столтенберг прво треба да ја објасниме организацијата која ја претставува а која заедно со ЕУ се двете организации поради кои сме на милиметри да го изгубиме националниот идентитет и смислата за постоење.

НАТО или Северноатлантската алијанса [North Atlantic Treaty Organization – NATO] е меѓународна организација која е создадена со потпишувањето на Северноатлантскиот договор од 4 апил 1949 година. Седиштето на НАТО е во Брисел, Белгија и организацијата претставува систем за колективна одбрана со кој нејзините држави членки се обврзуваат за заедничка одбрана во договор за напад од надворешни лица.

Дигресија би бил фактот дека Македонија е опкружена со земји членки на НАТО или нејзината варијанта за придружно членство наречена Партнерство за мир па така ние во огромен радиус немаме земја која би можела да реализира напад врз државата.

Во првите неколку години НАТО претставувала обична политичка асоцијација. Првиот генерален секретар на НАТО Хастингс Исмеј има изјава во која вели “Целта на организацијата е одбрана од СССР, под раководство на САД и Германија, да се држи потчинета”. Како резултат на важната улога која Велика Британија ја добива во алијансата, Франција во 1966 година се повлекува од пактот.

Со паѓањето на Берлинскиот ѕид 1989 година главна цел на алијансата станува придобивање на земјите кои претходно биле под т.н. влијание на Источниот блок, односно поранешните земји членки на Варшавскиот договор. Ова пред се се однесува на земјите од Балканскиот полуостров кое доведе до проширување на алијансата во 2004 година со приемот на Бугарија и Романија па 2009 година кога се примени Хрватска и Албанија и минатата година кога е примена и Црна Гора.

Македонија беше во групата за прием во 2009 година но Грција го искористува незаконски правото на вето на самитот на алијансата во симболичниот Букурешки самит.

По терористичките напади од 2001 година врз САД алијансата се насочува кон нови предизвици ангажирајќи војски во Авганистан и Ирак, со што се смета дека НАТО ја надминува т.н. “криза на идентитетот” од 1990 година.

Во НАТО формално членуваат 30 земји членки а преку програмата Партнерство за мир која е составен дел од организацијата како и најголем број војски по воените подрачја се праќа токму од тие земји меѓу кои е и Македонија членуваат уште 20 земји членки.

Програмата на НАТО е насочена кон соработка и создавање на доверба помеѓу членките на НАТО и останатите земји од Европа но и државите кои произлегоа од распадот на поранешниот Светски Сојуз на Социјалистички Републики или СССР. Македонија станува членка на оваа програма меѓу првите на 15 ноември 1995 година или една година по формирањето.

НАТО го воспоставува Партнерство за мир во јануари 1994 година со цел да ја зголеми стабилноста и безбедноста низ Европа базирано на три постулати.

  • Подобрување на транспарентноста на националната одбранбена програма и воениот Буџет
  • Обезбедување демократска контрола врз националните вооружени сили
  • Долгорочно развиваање на националните сили на партнерите кои можат полесно да станат интероперативни со силите на НАТО членките.

Македонија значи ќе треба да го финансира и воениот Буџет на НАТО, ќе треба согласно нормите на алијансата да ја модернизира армијата, армијата на Република Македонија ќе има и индиректна контрола од страна на НАТО а соработката со НАТО членките е трагикомична затоа што ние сме опкружени со НАТО земји членки освен од страна на Република Србија која е на пат да стане НАТО членка.

Нашата и не така кратка соработка со НАТО алијансата започнува во 1993 година кога на 23 декември Собранието на Република Македонија носи Одлука за зачленување во НАТО, неколку месеци пред програмата Партнерство за мир воопшто да биде официјализирана а од 15 ноември 1995 година Република Македонија како 27-ма земја членка пристапува кон програмата Партнерство за мир на НАТО додека битен податок е и дека од поранешна Југославија ние сме втори по Словенија кои пристапуваме кон оваа програма. Останатите земји тоа го прават 10 години подоцна.

Од тогаш рекорни 24 години чекаме на прием во НАТО а аплицирано за полноправно членство во алијансата имаме точно 19 пати.

НАТО значи е воен сојуз кој апсолутно нема врска со нашето општествено политичко уредување па убаво би било некој од актуелните политичари низ изминатите 24 години да ни објасни која држава променила нешто во сопственото општествено уредување за да стане земја членка на НАТО?! Во нашиот случај тоа барање е нескромно. Се бара промена на Уставното име на Република Македонија а со тоа целокупниот идентитет и постоење на една нација.

Патем на 3 април 2008 година на Самитот на НАТО во Романија соседна Грција ја блокира поканата за Република Македонија за членство во НАТО. По што на 17 ноември 2008 година Република Македонија покренува тужба против Грција пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг дека со попречувањето на приемот во НАТО соседна Грција директно го прекршила членот 8 од Времената спогодба кој предвидува дека Грција нема да го попречува членството на Република Македонија во меѓународни организации.

На 5 декември 2011 година Меѓународниот суд на правдата во Хаг донесе пресуда со која е потврдено дека Грција ја прекршила Времената спогодба со ветото во Романија блокирајќи ја Македонија пред вратите на НАТО. Одлуката беше донесена со 15 гласа “за” и еден “против”.

Но Меѓународниот суд на правдата во Хаг го отфрли второто барање на Република Македонија изјаснувајќи се дека не може да и наложи на Република Грција како понатаму да се однесува по основ на Времената спогодба т.е. да не ја блокира Македонија при влез во меѓународни институции.

И толку од демократскиот чин на работа на воениот сојуз познат како НАТО.

Но стојат и статистичките податоци. Република Македонија под уставното име а со тоа и кон ЕУ и толку извиканите НАТО интеграции има поддршка од над 2/3 од вкупниот број земји членки на Организацијата на Обединетите Нации или од 136 од вкушно 193 членки т.е. од четири од пет постојни земји членки на Советот за безбедност при ООН. Македонија од 28 члената Европска Унија е призната од 15 земји членки што е 51% додека од 30 члениот НАТО сојуз нас како Република Македонија не признаваат 21 земја членка.

From L-R, German Chancellor Angela Merkel, French President Emmanuel Macron, NATO Secretary General Jens Stoltenberg, U.S. President Donald Trump and Belgian’s Prime Minister Charles Michel gather with NATO member leaders to pose for a family picture before the start of their summit in Brussels, Belgium, May 25, 2017. REUTERS/Christian Hartmann

По овие факти убаво би било актуелниот генерален секретар на НАТО кој секогаш последните години е политичка фигура да ни појасни зошто ние мора да го смениме името на државата за да станеме нивна земја членка кога нашите воени ресурси и војници активно и масивно се застапени на воените зони низ цел свет преку преку Програмата партнерство за мир?

Притоа Јенс Столтенберг е 13-ти генерален секретар на НАТО воениот сојуз. Претходно од 12 генерални секретари на НАТО само четворица биле во директна поврзаност со одбраната т.е. војската, првиот генерален секретар Хасттинг Исмај од Велика Британија, четвртиот Манило Бросио од Италија, седмиот Манфред Вомер од Германија и десеттиот Џорџ Робертсон од Велика Британија. Сите останати биле премиери, министри за надворешни работи, економисти па и банкари.

Од 2009 година и Андерс Фог Расмусен од Данска и неговиот актуелен наследник Јенс Столтенберг од Норвешка се во основа економисти, поранешни министри за трговија. Даноци, економски развој но и членови на работнички (во основа по идеологија) социјалистички политички партии во матичните земји што е иронија за самата идеолошка структура на НАТО по себе.

Најголемо влијание во НАТО има Италија по број на воени чиновници т.е. заменици генерални секретари на НАТО која од основањето до денес од 16 земеници имала 10 пати заменик генерален секретар на НАТО, по што следат САД и Холандија со по два додека според генералните секретари предводник е Велика Британија која како и Холандија имале по три генерални секретари на НАТО од 13 а следи Белгија која дала два генерални секретари.

 

Патем Холандија е една од 10-те земји од цел свет кои упорно не нарекуваат ФИРОМ а на таа листа се: Австралија, Белгија, Ватикан, Германија, Грција, Данска, Египет , Франција, Холандија и Шпанија.

Иако многу симптоматично е што наши министри за надворешни работи се школувале па дури биле и советници по амбасадите на Германија, Франција и Холандија.

Но кој е Столтенберг на кој Македонската власт ќе му соопшти дека ние за НАТО и име даваме?

 

Јенс Столтенберг има 58 години, роден е во Осло, Норвешка на 16-ти март 1959 година. На функција премиер стапува во октомври 2005 година ако се изостави обидот од една година. Претходно бил премиер на Норвешка од 2000 до 2001 година. Потекнува од политичко семејство па како син на Торвалда Столтенберг поранешен министер за надворешни работи кој бил прилично успешен политичар. Столтенберг помладиот работел во државниот секретаријат за животна средина од 1990 до 1991 година па се префрлил во министерството за индустрија каде бил од 1993 до 1996 година и министерството за финансии каде бил од 1996 до 1997 година. Реизбран за премиер е на изборите во 2009 година.

Од 1985 година до 1989 година бил претседател на подмладокот на Работничката партија. Пред да стане министер за финансии бил и министер за трговија и енергетија во периодот од 1993 до 1996 година.

Првата влада на Столтенберг била вистинско политичко фијаско. Траела од 17 март 2000 година до 19 октомври 2001 година што е најголемиот пораз кој го доживеала Работничката партија од 1924 година. Патем Работничката партија во 2005 за стабилност формира коалиција со Социјалистичката партија на левицата и Партијата на центарот позната и како Црвено – зелена коалиција и тоа се само за да го задржи вечно критичното мнозинство во парламентот.

Во основа Столтенберг е економист. Најблиска поврзаност со безбедноста е фактот што неговиот татко бил министер за одбрана во периодот од 1979 до 1981 година и министер за надворешни работи во два мандати од 1987 – 1989 година и 1990 – 1993 година и бил особено активен при распадот на Југославија.

Столтенберг помладиот за своите залагања на полето на економијата и енергијата е награден од страна на Обединетите нации како Шампион на свеста за глобалните промени во 2011 година.

Во неговата биографија недостигаат сегменти како на пример фактот дека од 1979 година до 1981 година негова прва работа е новинар за Arbeiderbladet што во основа е партиски дневен весник на работничката партија. Од 1985 година до 1989 година е претседател на Работничката младинска лига, а од 1989 до 1990 година е Извршен директор на Заводот за статистика на Норвешка. Во периодот од 1990 до 1992 година бил и претседател на одделот на Работничката партија за Осло.

Интересен податок е дека се до 1990 година имал редовни контакти со дипломати од Советскиот сојуз. Неговите никогаш неразјаснети мотиви за овие средби прекинале по опомената од страна на Норвешката Агенција за Разузнавање која го повикала на разговор на која му посочила дека неговиот контакт е во основа КГБ агент и го предупредила за идните контакти. Столтенберг во КГБ имал и кодно име за информации како “Стеклов”. Дали контактите биле намерни и со кои цели никогаш не е откриено иако не се непознати симпатиите на Столтенберг особено кон Путин со кого се фотографирал прв во 2000 година по именувањето од страна на Борис Јелцин.

Притоа како неговите родители се развеле Столтенберг, Балканот го запознал многу порано па живеел во Белград од 1960 до 1963 година додека неговиот татко бил амбасадор на Норвешка во СФР Југославија.

На 28 март 2014 година, екологистот, економистот и трговецот Столтенберг е назначен за 13-ти генерален секретар на НАТО и претседател на советот, функција која станала ефективна од 1 октомври 2014 година.

Но за разлика од неговиот претходник, именувањето на Столтенберг било дочекано како предизвик во обид знаејки дека има контакти со Русија на која сега ќе треба да и држи лекции. Главен виновник за неговото именување е германската канцеларка Ангела Меркел која за неговото именување прво обезбедила поддршка од САД па Обединетото Кралство кое секогаш имало клучна улога во НАТО. Потоа било полесно да се добие поддршката од останатите членки.

Така Столтенберг е познат како “изборот” на Меркел.

Симптоматичен е и фактот што Норвешка е една од земјите основачи на НАТО во 1949 година а Столтенберг е првиот Норвежанец кој станал генерален секретат на воениот сојуз иако во 1988 година премиерот на Норвешка и претседател на конзервативната националистичка партија Каре бил сериозен кандидат за оваа функција.

На Столтенберг му се препишуваат слабостите на НАТО кои кулминираа со мигрантската криза која својот врв го достигна во 2015 година кога и јавно премиери на земји членки на НАТО го критикуваа сојузот при што особено ќе остане запаметена изјавата на заменик премиерот на Чешка Андреј Бабиш кој изјави дека НАТО не е заинтересиран за мигрантите, дотолку повеќе ни Турција која е НАТО членка, па сега широко сме ги отвориле вратите без контрола за влез во Европа, а со тоа индиректно ги дозволуваме криумчарските акции на територија на Турција.

Столтенберг нема афери, освен онаа со КФБ агентите што е секако државна тајна. Последна беше сообраќајната несреќа во Варшава во која немало повредени. Познат е по острата реторика со која знае да ги искара и двете Кореи и Косово но и Путин. Иако Русија не му е непозната симпатија.

Од аферите од политичкиот живот позната е онаа од август 2013 година кога уште бил во кандидатски статус за генерален секретар на НАТО кога поминал инкогнито едно попладне како такси возач низ Осло. Тоа било масовно промовирано по социјалните мрежи од неговата партија а Столтенберг изјавил дека така сакал да го слушне гласот на норвешкиот народ и дека таксито е едно од местата каде најотворено се дискутира за политика.

Настанот бил снимен со скриена камера по што произлегол видео спот за Работничката партија која го користела во својата изборна кампања. Нешто подоцна е потврдено дека 5 од 14 од т.н. случајни патници биле платени за своите разговори а биле регрутирани од продукциска компанија која го изработила целиот проект за Работничката партија. Вистина од целата афера било само дека т.н. случајни патници не знаеле дека возилото ќе го вози Столтенберг.

Македонија по ова, особено нејзиниот министер за евроинтеграции Османи и министерката која е директно одговорна за НАТО интеграциите Шекеринска, а која е необично тивка и повлечена по имеувањето можеби се ова треба да го претстават на јавноста па таа да оцени дали фамозните НАТО интеграции вредат за сметка на промената на името, идентитетот и постоењето.

Во секој случај никогаш не е на одмет пред Столтенберг да има прием во владата, парламентот и претседателот Иванов да повози такси низ Скопје, затоа што и Македонскиот народ има свое мислење и став.

Може да ве интересира

Миле Јанакиески

Миле Јанакиески, човекот кого “работата” едноставно го сака

Кога некој странец би ја читал биографијата на Јанакиески и да не ја знае ќе …

Translate »
error: Content is protected !!