дома / МКД / Koj e? / Кој е Метју Нимиц?

Кој е Метју Нимиц?

Кој е Нимиц?

Метју Нимиц [78] се образовал на врвни универзитети. Големиот скок го направил во 1977 година, кога претседателот на САД, Џими Картер, го именувал за советник во Стејт Департментот. Го советувал државниот секретар Сајрус Венс, со кого ќе продолжи да го “решава” и “македонското прашање”. Иако не бил дипломат од кариера, бргу напредувал. Во 1979 година бил поставен за потсекретар. Главна надлежност му била помошта на безбедносен план која САД ја давале на другите земји, што покажува дека бил личност од голема доверба.

Неговите државни функции не траеле долго. Во 1981 година, кога Картер, како еден од ретките американски претседатели, не беше реизбран за втор мандат, Нимиц се враќа во адвокатурата. Пак е на врвни позиции во познати канцеларии.

Во дипломатијата повторно го враќаат неговите демократи. Во 1994 година, Бил Клинтон го поставува за личен специјален пратеник во спорот меѓу Македонија и Грција. На таа функција останува се до ноември 1997 година, кога генералниот секретар на ООН, го поставува за заменик на Сајрус Венс. По оставката на Венс, во декември 1999 година, Нимиц станува главен медијатор во процесот.

Но битно е да се знае и зошто имаме референца, која сега има големи шанси да ни станe официјално име?

 

Што е референца? Зошто ја имаме? Што без и зошто со неа!?

 

Референца во конкретниот случај, заменува постоечко име и е прекар. Ништо повеќе и ништо помалку. Ја имаме затоа што имавме каква – таква надворешна политика и за волја на вистината уште тежок противник.

Република Македонија по осамостојувањето по обидите да стане членка на релевантните меѓународни организации на 22 јануари, 1993 година од страна на Генералниот секретар на ОН Бутрос Бутрос Гали, добива предлог во истите поради несогласување на Република Грција за употреба на уставното име на Република Македонија да се зачленува под референцата ФИРОМ т.е. поранешна Југословенска Република Македонија.

И прво министерот за надворешни работи на Република Грција Михаел Папконстантину со писмо од 25 јануари, 1993 година го отфрла предлогот на ОН. Македонскиот претседател Киро Глигоров, тоа го прави на 24 март, 1993 година, кога го известува генералниот секретар на ОН за негативниот став на Република Македонија по ова решение.

По препораки на Советот за безбеност при Обединетите нации и Македонија и Грција ги менуваат своите ставови со што на 7 април, 1993 година Советот за безбедност го одобри влезот на Македонија со Резолуцијата 817.

Самиот документ, кој следи по ова именуван како Резолуција 845 во правна смисла е смешен за организација како што се ОН, затоа што е потпишано нешто што не е именувано, а го верификуваат министрите на првата и втората договорна страна т.е. Карлос Папуљас и Стево Црвенковски. Како посредник во името на ОН се потпишува поранешниот американски државен секретар Сајрус Венс.

 

Првичната Резолуција 817 е повеќе од јасна

– референцата “The Former Yugoslav Republic of Macedonia” е привремена референца и се користи сè додека спорот не се реши

– терминот е референца, а не име како неутрална гледна точка во спорот додека Обединетите нации немаат мандат да го утврдат името на земјата

– терминот е за користење само во Oбединетите нации и не е обврзувачка за било кои други организации

– терминот не имплицира дека Република Македонија има било какви врски со Поранешна Југославија

Но тоа е само она што се постави на хартија, и што требаше да биде времено решение за периодот од три до шест месеци, по што ние со Република Грција би го надминале проблемот.

Проблемот започна со самиот чин на потпишување на ваквиот документ, со кој ние самите себе си го одзедовме правото од ОН државата да се именува како сака, откако под нејзиното презентирано – уставно име ќе ја признаат 2/3 од земјите членки на ОН.

Дополнително, а никаде не е наведено дек Република Грција бара Република Македонија во официјалните адресари на меѓународните организации да не се заведува под буквата “М” туку под буквата “T” согласно англискиот транскрипт, па така Македонија е сместена веднаш над Тајланд.

По промените на силите во грчката политичка сцена се промени и односот кон Република Македонија без разлика на фактот што ние останавме доследни на хендикепот по однос на името кој самите си го пресудивме па така на 14 февруари, 1994 година Република Грција како средство на дополнителен притисок воведе и трговско ембарго кон Македонија.

По што на 23 октомври, 1994 година Република Грција и официјално ги прекинува понатамошните преговори со Република Македонија во Обединетите нации. Од позиција на надменот сега Република Грција бара од Република Македонија дополнителни никаде пропишани отстапки т.е. промена на државното знаме.

Грешките во надворешната политика на Македонија резултираат со потпишувањето на Привремената спогодба на 13 септември 1995 година. Со овој договор Македонија се согласи да го смени своето знаме [ ѕвездата од Кутлеш ] и да го дополни Уставот во делот на преамбулата, каде што се вели дека Македонија нема никакви територијални претензии кон ниту еден од нејзините соседи.

Грчката страна, се обрврза да не го попречува патот на Македонија кон зачленување во институциите како што се меѓународните монетарни институции но и НАТО – ОБСЕ – ЕУ и слично.

Барањето за зачленување може да биде со уставното име но Грција го задржува правото на блокада на прием ако тој не е под времената референца. И во овој договор Македонија и Грција се ословени како првата и втората страна т.е. по името на главните градови Атина и Скопје.

Така од 1995 година, веќе 22 години, ние сме подлежни кон хировите на Република Грција кои како проблематика македонските политички партии секогаш си ги префрлале во меѓусебните обвинувања.

Во моментот Република Македонија под Уставното име од 192 земји членки на ОН е признаена од 135. Само 10 земји членки не отстапуваат од праксата да не ословуваат како ФИРОМ.

1.Австралија

2.Белгија

3.Ватикан

4.Германија

5.Грција

6.Данска

7.Египет

8.Франција

9.Холандија

10.Шпанија

 

Со останатите членки на ОН сеуште не сме оствариле никакви дипломатски односи.

Република Грција ги крши и првиремените спогодби и ОН Резолуции низа години но битна е онаа од 3 март, 2008 година кога на Самитот на НАТО во Букурешт Грција ја блокираше поканата за Македонија за членство.

На 17 ноември, 2008 година Република Македонија покренува тужба против Грција пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг дека со попречувањето на приемот во НАТО соседна Грција директно го прекршила членот 8 и 11 од Времената спогодба кој предвидува дека Грција нема да го попречува членството на Република Македонија во меѓународни организации.

На 5 декември, 2011 година Меѓународниот суд на правдата во Хаг донесе пресуда со која е потврдено дека Грција ја прекршила Времената спогодба со ветото во Романија блокирајќи ја Македонија пред вратите на НАТО.

Одлуката беше донесена со петнаесет (15) гласа “за” и еден (1) “против”.

Но, Меѓународниот суд на правдата во Хаг го отфрли второто барање на Република Македонија изјаснувајќи се дека не може да и наложи на Република Грција како понатаму да се однесува по основ на Времената спогодба т.е. да не ја блокира Македонија при влез во меѓународни институции.

Македонскиот тим беше предводен од министерот Попоски и претставниците во процесот Милошоски но и Димитров, истиот Димитров кој е милениче на холандската дипломатија, а која не ни го признава Уставното име и кој беше дел од креаторите на пропагандата да не не нарекуваат ФИРОМ а сега смета дека тоа и не е толку лошо име.

 

И она што е исто така битно. Што се НАТО и ЕУ и зошто треба да престанеме со компромиси?

 

НАТО не мафта 23 а ЕУ 12 години. Но фактите зборуваат дека имаме поддршка од 2/3 членки на НАТО и над 51% од членките на ЕУ да си го користиме уставното име Република Македонија. Имаме и признавање под уставното име и од 135 од 192 земји членки на ООН што е нешто над 2/3.

Времената реферанца е донесена од страна на Организацијата на Обединетите нации откако политички партии во Република Грција на 13 април 1992 година се согласуваат дека зборот Македонија не може да биде вклучен во ниту една форма во името на Република Македонија што е причина Република Македонија иако аплицира за членство во ООН на 30 јули 1992 година да не добие позитивен одговор.

Република Македонија но како поранешна Југословенска Република Македонија е примена за 181 членка на ООН на 8 април 1993 година и ние со тоа се согласивме.

Нели требаше да е времено, го излажаа народот. На месец – три ете поминаа 24 години и “наследниците” на Глигоров временото сакаат да го овековечат како трајно. Пак да го излажат народот!

Macedonian Foreign Minister Nikola Dimitrov (L) gives a press conference with his Greek counterpart Nikos Kotzias after their meeting in Athens, on June 14, 2017. / AFP PHOTO / Angelos Tzortzinis

Но. Има правни сегменти кои ни Димитров ни Заев во својата плитка партиска но не и политичка подготвеност (ја немаат) ги изоставиле.

Во ООН со приемот на Македонија под времената референца стои правната основа со која во моментот кога државата како “правен” субјект ќе биде признаена под нејзиното уставно име Република Македонија од 2/3 од земјите членки на ООН истата по автоматизам започнува и официјално да си го користи своето име.

 

Палестина е една од земјите со кои за жал мораме да се компарираме и која сеуште брка 2/3 признавање.

 

ООН во моментов има 192 земји членки. Република Македонија до моментов под своето уставно име е признаена од 135 земји членки, а 128 земји членки на ОН прават 2/3 мнозинство во организацијата.

Многу несериозно е по 27 години ние да им кажеме на 135 држави дека сме се зафркавале да не викаат Република Македонија, а не ФИРОМ и да ги замолиме да не ФИРОМ-изираат од сега па натаму само затоа што килавата селотејп коалиција која глуми парламентарно мнозинство така сака!

 

Патем логика од дипломат ако останал таков?! Иако не е тешко.

Како Република Македонија сме признаени од:

САД – постојана членка на Совет за безбедност при ООН и НАТО

Обединето Кралство – постојана членка на Советот за Б. при ООН и НАТО

Русија – постојана членка на Совет за безбедност при ООН

Кина – постојана членка Совет за безбедност при ООН

Исланд – членка на НАТО

Канада – членка на НАТО

Норвешка – членка на НАТО

Турција – членка на НАТО

Црна Гора – членка на НАТО

Хрватска – членка на ЕУ и НАТО

Словенија – членка на ЕУ и НАТО

Бугарија – членка на ЕУ и НАТО

Австрија – членка на ЕУ и НАТО

Чешка – членка на ЕУ и НАТО

Естонија – членка на ЕУ и НАТО

Унгарија – членка на ЕУ и НАТО

Литванија – членка на ЕУ и НАТО

Луксембург – членка на ЕУ и НАТО

Полска – членка на ЕУ и НАТО

Словачка – членка на ЕУ и НАТО

Романија – членка на ЕУ и НАТО

Шведска – членка на ЕУ

Ирска – членка на ЕУ

Финска – членка на ЕУ

Германија – членка на ЕУ и НАТО [ неодредено ]

Или без државите на кои не им придаваме значење бидејќи не се фактор за ЕУ и НАТО интеграциите како Република Македонија имаме поддршка од четири од петте земји постојани членки на Советот за безбедност при ООН но и од 20 земји членки на 29 члениот НАТО сојузот или 2/3 како и 15 земји членки на 28 члената ЕУ или над 51% поддршка.

 

Патем “пред вратите” на ЕУ чекаме нескромни 12 години.

Македонија аплицирала за членство во ЕУ на 22 март 2004 година. На 9 ноември 2005 година Европската комисија на Македонија решава да и додели статус на кандидат.

Македонија официјално на заседанието на ЕУ во Загреб на 17 декември 2005 година доби статус на земја кандидат за членство по што имаме добиено рекордни 8 [осум] позитивни препораки за почеток на пристапните преговори за членство. И чекаме.

Додека за НАТО чекаме епски 23 години.

Република Македонија на 23 декември 1993 година во Собранието на Република Македонија донесе одлука за зачленување во НАТО а од 15 ноември 1995 година Република Македонија како 27-ма земја членка пристапува кон програмата Партнерство за мир.

Од тогаш Република Македонија неприкосновено рекодни 18 пати има аплицирано за полноправна членка во Северноатлантската алијанса.

 

Може да ве интересира

Миле Јанакиески

Миле Јанакиески, човекот кого “работата” едноставно го сака

Кога некој странец би ја читал биографијата на Јанакиески и да не ја знае ќе …

Translate »
error: Content is protected !!