дома / МКД / Koj e? / Кој е Павле Трајанов?
Павле Трајанов

Кој е Павле Трајанов?

Политичарот кому нема кој да му даде оставка од сопствената партија за да премине во СДСМ.

Павле Трајанов најмалку е македонски политичар како добар дел од животот поминал во водите на безбедносните органи и тоа и во поранешниот општествено политички систем па во периодот на транзит но и во актуелниот.

Павле Трајанов е роден на 25 декември 1952 година во село Долни Радеш, Радовишко, и е македонски политичар, поранешен безбедњак и претседател на партијата Демократски сојуз.

Павле Трајанов

Во своето образование навел дека завршил Правен факултет со положен правосуден испит во 1977 година кога веднаш се вработува во Министерството за внатрешни работи. Во кариерата низ органите на безбедноста и прогонот Трајанов бил аналитичар, началник на одделение, началник на сектор за анализирање и истражување на безбедносните појаци, советник, потсекретар на Службата за јавна безбедност и помошник министер за оперативни работи.

Во претходниот општествено политички систем Трајанов бил активен во средношколската младина во Радовиш, бил претседател на младината на Правниот факултет, а потоа и претседател на младината во министерството за внатрешни работи.

Павле Трајанов

Во 1989 гоина заедно со 7-мина припадници на МВР познати и како осумтемина од Републичкиот Секретаријат за Внатрешни работи е еден од самопрогласените најавувачи на демократската пролет во Македонија, залагајќи се за воведување на повеќепартиски систем и спротиставувајќи се на Службата за државна безбедност и понатаму да биде ударна тупаница на Сојузот на комунистите и инструмент за елиминирање на политичките претставници.

Ова Трајанов го констатира по 12 години активно работење и унапредување низ истата таа служба!?

Павле Трајанов како дел од т.н. осуммина во МВР активно се вклучува во надминување на деформациите на безбедносните служби и пристапува кон реформирање на ресорното министерство.

Павле Трајанов

Според сопствените биографски наоди Трајанов како потсекретар за јавна безбеност имал значаен придонес за осамостојувањето на Македонија во периодот 1991 година до 1993 година како и во борбата против криминалот, корупцијата, посебно во борбата против организирниот криминал. Во своите биографски белешки Трајанов истакнува дека во периодот 1991 – 1993 година заедно со раководството и припадниците на МВР целокупниот безбедносен систем го вклучил во поддршка за идеите за самостојна Македонија.

Стои фактот дека Павле ја иницира и реализира операцијата за одземање на воената евиденција за резервниот состав од Репубичкиот секретаријат за одбрана со што спречува десетици ијади млади резервисти да бидат упатени на фронтовите кои се отвораат низ федерацијата Југославија која во тој момент се распаѓа иако тоа не е целосна негова заслуга.

Павле Трајанов

Исто како што врз себе ја препишал и заслугата за подготовката и реализацијата на Договорот за дислокација на Југословенската народна армија од Македонија спротиставвуајќи се на идеите и плановите на ЈНА за воен удар во Македонија. Но тоа се факти за кои покоен Глигоров не може да спори но ги има живи Перо Гошев, Владо Камбовски, Васил Тупирковски и секако Стојан Андов.

Факт е дека Павле Трајанов во 1994 година не е прв но е меѓу првите политичари кои предупредуваат дека во Македонија владее организираниот криминал во кој се вклучени носители на јавни функции па и министри од Владата на Република Македонија но Трајанов останал само на оваа изјава.

Во периодот 1998 – 1999 година е именуван за министер за внатрешни работи и во дел од 1999 година како ресорен министер е и член на советот за безбедност кој ја менаџира косовската бегалска криза.

Павле Трајанов

Набрзо со реконструкцијата на владата ја формира и политичката партија Демократски Сојуз која е дел од законодавниот дом преку Павле Трајанов од 2006 година како дел од коалицијата на ВМРО – ДПМНЕ по што на 1 септември 2015 година Трајанов ја напушта владината коалиција и излегува на избори со старите пријатели од МВР со што не обезбедува нов пратенички мандат.

Павле Трајанов е човекот кому Слободан Богоевски во 2006 година му ги дава материјалите за целокупната афера Маѓар телеком да му ги предаде на Никола Груевски. Тука приказната завршува се до 2016 година кога Павле Трајанов посочува, а Слободан Богоевски тврди дека и ВМРО – ДПМНЕ преку дел од раководството продолжило со земање провизии од оваа афера.

Симптоматично е што Павле Трајанов и собраниски бил во комисиите на следење на работата на Управата за безбедност и контраразузнавање но и Агенцијата за разузнавање а бил и член на анкетната комисија која ги истражувала фактите за несреќата во која животото го загуби претседателот Борис Трајковски.

Преминот на Павле Трајанов како и колешката Лилјана Поповска од една владина гарнитура во друга според информации на медиумите блиски до СДСМ било реализирано со ветување до Трајанов за три директорски позиции на јавни претпријатија.

Може да ве интересира

Миле Јанакиески

Миле Јанакиески, човекот кого “работата” едноставно го сака

Кога некој странец би ја читал биографијата на Јанакиески и да не ја знае ќе …

Translate »
error: Content is protected !!