дома / МКД / Koj e? / Кој е Перо Гошев?
Перо Гошев

Кој е Перо Гошев?

0

User Rating: 4.5 ( 1 votes)

Перо Гошев“Тивкиот Перо кој 40 години мирно плови низ сите политички води само со една цел, личен финансиски ќар. Перо Гошев несудениот мандатар 1992 година.”

Перо или познат и како Петар Гошев е роден на 5 септември 1948 година во село Пирава, Валандовско. Познат политичар за време на Социјалистичка Федеративна Република Југославија кому промената на општественото уредување не му наштети, напротив, го направи најголемиот демократ во Македонија кој од социјалистичко – комунистичките убедувања за финансова рамноправност прилично брзо и солидно го прифати капитализмот.

Перо Гошев има дипломирано на Економскиот факултет во Скопје во 1971 година а по 11 години во 1982 година станува и магистер по економски науки. Првото вработување го има како економист во фабриката за автобуси “11 Октомври” – Скопје. По ова станува економски советник во Синдикатот на Македонија а потоа извесен период и шеф на кабинетот на претседателот на Синдикатот.

Веднаш по магистратурата во 1984 година се до 1988 година е член на Претседателството на Централниот комитет на Сојузот на комунистите на Социјалистичка Република Македонија за во 1989 година да биде избран и за претседател на СКМ а на таа политичка функција остане се до 1991 година.

Перо Гошев
Своевремено бил и шеф на делегацијата на Собранието на Социјалистичка Република Македонија во Собранието на Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Но Перо беше и претседател на Комисијата за монетарна политика на СФР Југославија се до 1991 година додека кон средината на 80’тите беше и член во Сојузниот совет на СФР Југославија за општествено економски прашања.

Како последен претседател на Сојузот на комунистите на Македонија Перо е основоположникот на траформираната политичка творба именувана како Социјал-демократски сојуз.

Основоположник е на “транзицијата” на Сојузот на комунистите на Македонија со чудната политичка творба именувана како Сојуз на комунисти на Македонија – Партија за Демократска Преродба и тоа во 1990 година кога сеуште е активен претседател на СКМ. Од оваа положба е избран за својот прв од трите пратенички мандати во Собранието на Република Македонија. Истовремено со воведувањето на плуралистичкиот систем, ја менува својата комунистичка идеологија со социјалдемократска. На конгрес од 21 април 1991 СКМ – ПДП повторно го менува своето име во Социјалдемократски сојуз на Македонија, СДСМ. Мал дел од членството на СКМ-ПДП се отцепил од матичната партија и ја задржал комунистичката идеологија, или барем комунистичкото име.

Перо Гошев

Перо по несогласувањата со новото раководство на СДСМ се отцепува од партијата и во 1993 година ја формира Демократската партија. Притоа вредно е да се спомне дека Перо Гошев е еден од седуммината комунистички водачи на Социјалистичка Република Македонија. Прв е Лазар Колишевски [1943 – 1963] па следат Крсте Црвенковски [1963 – 1969] Ангел Чемерски [1969 – 1982] Крсте Марковски [1982 – 1984] Милан Панчевски [1984 – 1986] Јаков Лазароски [1986 – 1989] а последен е Перо [1989 – април 1991].

На основачкото собрание на Демократската партија е избран за нејзин претседател. Основни начела биле да се промовира како трета централистичка опција. Слоган и мото на партијата се плагијат од Италијанската “револуционерна пролет” која група Јавни обвинители започнуваат масовно апсење на криминогени структури под водство на култниот и веќе легендарен Антонио ди Пјетро кој со својот тим делува под мотото “mani puliti” или “чисти раце”.

Перо Гошев

Последната средба Тупурковски – Глигоров – Гошев како комунисти е во 1988 година на Денот на Републиката на 29 ноември во Белград каде Глигоров е именуван за претседател за СРМ [Социјалистичка Република Македонија]на Комисија и Форум за спроведување на реформите во СРМ но тоа беше безуспешен процес затоа што набргу започна процесот за воведување на повеќепартискиот систем во Македонија. 

По тоа Перо се бори за апсење на корумпираните комунисти од кои и самиот не само што бил составен дел туку бил и нивен лидер. Во 1997 година неговата Демократска партија се обединува со Либералната партија и се формира Либерално демократската партија на Македонија за чиј претседател е именувам Гошев. На парламентарните избори 1998 година е повторно избран за пратеник во Собранието на Република Македонија.

Перо Гошев

Перо Гошев имено со формирањето на ЛДП политички се заортачува со Стојан Андов. Андов последно беше претседател на Сојузот на реформските сили на Југославија и главен координатор за формирањето на Сојузот на реформските сили на Македонија на 15 август 1990 година по што станува основач и претседател на политичката партија Реформски сили – Либерална партија во Скопје на 5 ноември 1990 година. На 16 октомври 1990 година ја регистира Либерална партија останувајќи нејзин претседател се до спојувањето со партијата на Гошев на 19 април 1997 година кога е избран за претседател на Советот на новоформираната ЛДП регистрираа на 12 јуни 1997.

Перо Гошев

Перо во 1999 година поради неуспехот на партијата на парламентарните избори во 1998 година поднесува оставка функцијата претседател на ЛДП. По изборите во 2002 година е дел од коалицијата со СДСМ и паравоената ОНА која го формира своето политичко крило именувано како Демократска унија за интеграција. Гошев е именуван за министер за финансии но и вицепремиер во периодот од 1 ноември 2002 година до 7 ноември 2003 година кога за негов наследник е именуван Никола Поповски.

Гошев во 2004 година е именуван за трет Гувернер на Народна Банка на Република Македонија. Прв беше Борко Станоевски кој поднесува оставка во 1997 година по аферата “ТАТ”, по што втор гувернер од 1997 до 2004 година е Љубе Трпески кој своевремено во владите на СДСМ 1992 – 1997 бил и министер. Перо Гошев е именуван за гувернер во мај 2004 година а во 2011 година четврти и актуелен гувернер е Димитар Богоев.

ВО СЛЕДНОТО ПРОДОЛЖЕНИЕ ЌЕ ЧИТАТЕ:

Симптоматично е што сите три од четири гувернери на Народна Банка на Република Македонија биле именувани за време на владеење на СДСМ и сите завршиле со…

Може да ве интересира

Миле Јанакиески

Миле Јанакиески, човекот кого “работата” едноставно го сака

Кога некој странец би ја читал биографијата на Јанакиески и да не ја знае ќе …

Translate »
error: Content is protected !!