дома / МКД / Koj e? / Кој е Васил Тупурковски?
Васил Тупурковски

Кој е Васил Тупурковски?

Титовиот идеалист, американскиот стипендист, Македонскиот “економист”, Европскиот централист и вечен “спортист”.

Васил Тупурковски роден во Скопје на 8 април 1951 година е професор по меѓународно право. Познат на пошироката јавност е и по прекарот Циле. И е една од најконтраверзните личности во Македонија по сите параметри кои во политичките води пливаат низ сите струи.

Васил Тупурковски

Имено Тупурковски своевремено дипломирал на Правниот факултет во 1972 година, а веќе следната 1973 година завршил постдипломски студии по меѓународно јавно право на Мичигенскиот Универзитет во САД, а во 1976 и докторирал на меѓународно право.

Но се претпоставува дека Тупурковски не ја видел капиталистичка Америка за прв пат во 1972 година туку неколку години порано и дека бил еден од иницијаторите на култните студентски протестиод 1968 година кога Маршалот Тито на огромно изненадување на ЦК на КПЈ изјави дека студентите се во право а цело раководство погрешило, нормално, тој од тоа “цело” се самоисклучил.
Васил Тупурковски Тупурковски според некои информации бил и оној кој ја “фрлил”мувата но и кој посочил кога е доста. Од студентските протести 1968 година најголем ќар имаше самиот Јосип Броз Тито кој со првите и единствени измени на Уставот на Југославија 1974 година стана доживотен претседател на СФРЈ.

 

Патем овој навидум наивен податок има големо значење. Усвојувањето на Уставот започна како “тивка” војна помеѓу Титовиот миленик Александар Ранковиќ кој заедно со Тито беа против федерализација, за што Ранковиќ беше сменет од сите општествени политички функции во 1966 година по што победи струјата на Едвард Кардељ кој проевропски беше за федералното општествено уредување.

Воедно во 1968 токму за време на студентските протести кога сите мислеа дека тие се фокусната точка во Југославија ЦК на КПЈ кадровниците работеа на амандмани за измени на Уставот кои се надоградија во 1971 година а со кои е воведено Претседателството на СФР Југославија како колективен раководен орган. Оној ист огран каде Тупурковски години подоцна ќе биде на функција.

Тупурковски во истиот период е активен член на ССМЈ или Сојуз на социјалистичката младина на Југославија каде за прилично брзо време особено за некој кој своето образование го завршил во капиталистичка Америка станува и претседател. Нешто што се граничи со здравиот разум за социјалистичкото уредување кое беше веќе во фаза на изумирање. Циле е последниот  Титов “омладинац” кој во “тесни гаќички”на 25 мај 1979 година на стадионот на ЈНА, денешен “Партизан” стоеше од десна страна на Маршалот за последното предавање на Штафетата на младоста.

Васил Тупурковски

Пред и по смртта на Тито, Тупурковски по политичка градација на функцијата станува и член на ЦК на СКЈ или КПЈ [Централен комитет на Комунистичката партија на Југославија], но и член на ЦК на СКМ [Централен комитет на Сојузот на Комунисти на Македонија] а подоцна и член на Претседателството на СФРЈ она кое е воведено додека Циле демонстрираше против.

Во меѓу време од 1983 година е вработен и како редовен професор по меѓународно право на Правниот факултет во Скопје, од каде е член на стручни меѓународни организации во сферата на меѓународното право и е активен предавач во над 60 држави низ светот.

Иако не е јавно манифестирана “другарската љубов” Циле и Перо [никогаш не се викал Петар] Гошев се другари од старите добри денови кога Гошев беше член на претседателството на ЦК на СКМ во периодот од 1984 до 1988 година, за во 1989 година да биде избран и за претседател на СКМ и на таа функција да остане се до 1991 година. Но Перо Гошев бил и шеф на делегацијата на Собранието на СРМ [Социјалистичка Република Македонија] во Собранието на СФР Југославија.

Пред овие општествени функции Перо Гошев бил и во ССМ [Сојуз на синдикати на Македонија] каде стигнал до функцијата шеф на кабинет на претседател на ССМ.

Но по осамостојувањето Тупурковски никогаш не мирувал од политиката иако сите сметаат дека неговото прво појавување е со формирањето на МОК [Македонскиот олимписки комитет]. Не. Циле за малку ќе ни беше првиот претседател на независна и самостојна Република Македонија.

Имено Киро Глигоров во периодот на популаризација на Тупурковски од 1971 до 1972 година беше член на претседателството на СФРЈ, а во периодот од 1974 до 1978 година беше и претседател на Собранието на СФРЈ. Некаде пред пензионирањето од 1978 до 1987 беше член на Советот на федерацијата. Во 1987 година се пензионира но е ангажиран во тимот за реформи на претседателот предводен од Анте Марковиќ.

Васил Тупурковски
Тоа е и последната средба Тупурковски – Глигоров – Гошев како комунисти во 1988 година на Денот на Републиката на 29 ноември во Белград каде Глигоров е именуван за претседател за СРМ [Социјалистичка Република Македонија]на Комисија и Форум за спроведување на реформите во СРМ но тоа беше безуспешен процес затоа што набргу започна процесот за воведување на повеќепартискиот систем во Македонија. 

Имено пред се ова кон средината на 80’тите угледната “Политика” излегува со статија за Тупурковски со “симпатичен” наслов: “Од титов омладинец до измамник”. Но таа констатација има основ. Имено на многу последните седници на ЦК на СКЈ Циле имаше прилично партизански ставови за спас на федерацијата па познати се репликите во кои тој ги обвини партиските колеги од Хрватска и Словенија за “непринципиелна коалиција” против Српските комунисти. За ова Тупурковски од загребските новинари го доби прекарот “Џемпераш” но и “Елефант терибл на Југословенската политика” додека Белград го славеше за како херој, се додека тој и босанскиот претставник во Југословенското претседателство Богиќ Богиќевиќ не се протиставија на идејата за воведување на воена состојба на цела територија на Југославија со што Милошевиќ би бил главниот куклар на моќната ЈНА па Тупурковски преку ноќ стана “гробарот на Југославија.”

Васил Тупурковски

Во 1991 година се направи една сондажа или мерење на јавното мислење кој политичар од старото општествено уредување би бил идеален кандидат за нов иден претседател на самостојна и независна Република Македонија. Таа сондажа никогаш не го виде белиот ден но со 64% на листингот водеше Васил Тупурковски, за споредба Киро Глигоров имаше само 4% поддршка и наклонетост од Македонските граѓани.

Но политичарите за Тупурковски имаат поговорка:“ Toa e петелот кој секогаш прв кукурика, па поради тоа и прв завршува во лонецот.”

Во 1992 година го доживува првото политичко самоубиство кога со тогашниот австриски министер за надворешни работи Алојз Мок своеволно преговара за посредништво во изнаоѓање ново име за меѓународна употреба на нашата земја. И тоа е многу пред Киро Глигоров да ја прифати референцата ФИРОМ која тогаш не ја имаа како идеја ни самите Грци.

И во 1996 година, пет години пред Охридскиот рамковен договор, Тупурковски јавно заговара “историски договор” меѓу Македонците и Албанците во Македонија. Визионери се оние политичари кои ги согледуваат позитивните решенија пред своето време. Како да го наречеме Тупурковски кој ни бараше времена референца за името и измени на името кога таа не ни постоеше во политичкиот вокабулар но и како беше предвесник на она што се случи 2001 година?

Васил Тупурковски

Во 1992 година за да се одржи во општествено политичкиот живот Тупурковски го формира и МОК [Македонскиот олимписки комитет] кој е признаен следната 1993 година како 195 членка на ИОК [Интернационалниот олимписки комитет]. Циле 24 години е претседател на МОК и никој не се запрашал зошто?

Патем МОК има смешен 39 член Статут во кој за претседателот и управниот одбро стои само еден член, член 14 – став 1 во кој пишува дека “Мандатот на членовите на Управниот одбор [во кој е Претседателот и тројца негови заменици] трае 4 години со право на реизбор”и така минатата 2016 година Тупурковски го доби својот 7 мандат.

Македонскиот олимписки комитет според зборовите на самиот Васил Тупурковски во своето 25 годишно постоење нема добиено ниту еден денар од државата, но потенцираше два факти. Дека сретствата со кои располагаат достигнуваат до околу 1 милион евра на годишно ниво, и се главно од Интернационалниот олимпирски комитет и Европскиот олимписки комитет. Но тоа мора да ни е јасно дека не се пари кои МОК ги добива затоа што е Тупурковски на чело, МОК не е приватна организација, ни фондација ни здружение на граѓани, МОК и неговото функционирање се уредени со Законот за спорт на Република Македонија и е највисока организација во сферата на спортот во Македонија.

Иако навредува една друга констатација на Тупурковски во која вели дека Македонските спортисти во минатите 2.5 децении не можат да се пофалат со врвни достигнувања и со освоени медали на најголемите европски и светски првентства, како и на олимписките зимски и летни игри. Ова не е точно, особено не за спортовите кои не се под капата на МОК а се покажаа како прилично наградени на светско ниво.

ВО СЛЕДНОТО ПРОДОЛЖНИЕ КОЕ ЌЕ СЕ ОБЈАВИ НА ———– ЌЕ ЧИТАТЕ:

Интересен сегмент е и што кон 1988 година Тупурковски на голема врата работи за сочувување на СФРЈ но со академик Владо Камбовски но и професорите Саво Климовски и Гале Галев започнуваат со потфатот за дефинирање на некаков си нов Македонски политички и општествен систем во кој ќе доминира “третата” опција и тоа по урнекот на не било кој, туку…

http://politicki.mk/2-del-koj-e-vasil-tupurkovski/

Може да ве интересира

Кој е Срѓан Керим или човекот “медал”?

Срѓан Керим или човекот “медал”   Срѓан Керим или човекот за сите власти и општествени …

Translate »
error: Content is protected !!