дома / МКД / Koj e? / Кој е Владо Камбовски, правникот кој ја чуваше Југославија 3 години по распадот?
Владо Камбовски

Кој е Владо Камбовски, правникот кој ја чуваше Југославија 3 години по распадот?

Владо КамбовскиВладо Камбовки или човекот кој до последен здив го бранеше распадот на Југославија е роден на 5 јануари 1948 година во Битола. Камбовски по професионална вокација е правник, универзитетски професор, академик и политичар.

Осново и средно образование завршува во Битола. На Правниот факултет во Скопје дипломира во 1970 година. Истата година Камбовски е избран за асистент на катедрата за кривично право при Правниот факултет во Скопје т.е. неговиот матичен факултет.
Во 1972 година запишува постдипломски студии по казнено право на Правниот факултет во Загреб. Студиите ги завршува во 1975 година, и во мај истата, станува магистер бранејќи ја темата “Доброволно откажување од извршување кривично дело”.

Камбовски од 15 јули 1975 година до 1 јуни 1976 година го отслужува воениот рок во Југословенската народна армија. Веднаш потоа продолжува со педагошкиот ангажман и е избран за предавач по кривично право на правните факултето во Скопје и Битола во 1977 година. Камбовски воедно предава и на факултетот за безбедност во Скопје.

Владо Камбовски

Во 1980 година станува и доктор, бранејќи ја докторката дисертација при Правниот факултет во Скопје. Истата година е избран и за доцент по предметот кривично право но набргу е избран и за Декан на факултетот за безбедност во Скопје. На оваа академска функција се задржува се до 1984 година од кога е именуван за директор на Институтот за социолошки и политичко правни истражувања во Скопје.

Се претпоставува дека последната функција на Камбовски е неговата отскочна даска за конечно и формално да се “политизира” вечниот академик. Во 1986 година по само две години директорување Камбовски е избран на функцијата потпретседател на Извршниот совет на Собранието на Социјалистичка Република Македонија. На таа функција останува три години. Од 1986 до 1989 години. Точно годините кога Југославија започна полека но сигурно да се распаѓа по сите шавови.

Воедно Извршниот совет на Народното Собрание на СР Македонија од 1986 е последниот извршен совет на Социјалистичка Република Македонија. Формиран е на 28 април 1986 година. По воведувањето на политичкиот плурализам и првите повеќепартиски избори, на 20 март 1991 година на местото на овој Извршен совет е избрана првата посткомунистичка влада во Република Македонија.

Владо Камбовски

Во овој негов последен формат Извршниот совет бил во следниот состав:

Зоран Костовски, републички секретар за народна одбрана. Алексадар Андоновски, републички секретар за внатрешни работи. Михајло Маневски, републички секретар за правосудство и управа. Методија Тошевски, републички секретар за финансии. Иван Митровски, републички секретар за општо-стопански работи и пазар. Томислав Бундалевски, претседател на Републички комитет за енергетика, индустрија и малостопанство. Богдан Тодоровски, претседател на Републичкиот комитет за земјоделство, шумарство и водостопанство. Срѓан Керим, претседател на Републичкиот комитет за економски односи со странство. Томе Малевски, претседател на Републичкиот комитет за сообраќај и врски. Андреј Токарев, претседател на Републичкиот комитет за градежништво, урбанизам и заштита на човековата околина .Тито Беличанец, претседател на Републичкиот комитет за труд. Милован Шиковски, претседател на Републичкиот комитет за здравство и социјална политика. Саво Климовски, претседател на Републичкиот комитет за образование и физичка култура. Радмила Кипријанова, претседател на Републичкиот комитет за наука, технолошки развој и информатика. Борислав Наумовски, претседател на Републичкиот комитет за култура. Милчо Балевски, претседател на Републичкиот комитет за меѓународни односи. Мирко Миронски, претседател на Републичкиот комитет за информации. Вера Терзиева – Тројачанец, претседател на Републичкиот комитет за законодавство и организација .Најденко Поповски, директор на Републичкиот завод за општествено планирање. Васил Влашки, Владо Камбовски, Илија Филиповски, Икмет Крифца, Вангел Арнаудов.

На 27 април 1989 година на местото на Срѓан Керим и Владо Камбовски во Извршниот совет се избрани Борис Рикаловски и Јанко Обочки. Но тоа не било крај на политичкиот ангажман на Камбовски на социјалистичко – комунистичкото општествено уредување.

Владо Камбовски
Веднаш по промената во Извршниот совет во март истата 1989 година е именуван за член на Сојузниот извршен совет и станува Сојузен секретар за правосудство и управа. На оваа функција бил се до јули доцната 1992 година кога Македонија наголемо го губи предзнакот Социјалистичка и веќе е независна, суверена и самостојна Република.

Според титулирањето во Социјалистичкиот општествен систем именуваната функција значела едно а се практикувало друго. Така поедноставно е да кажеме дека Владо Камбовски бил Федерален министер за правда на СФР Југославија [1989 – 1992] но и заменик претседател на Владата на Социјалистичка Република Македонија [1986 – 1988].

Според меѓународни организации кои работат на правото и слободата на граѓаните мноштво колеги на Камбовски кои биле “за” мирно разделување на државите на Федерацијата јавно ги поставуваат прашањата на кои Камбовски не дал одговор до ден денес. Пример зошто Камбовки ги премолчувал извештаите кои ги критикувале неговата работа но и работата на неговите колеги – претходници? “Amnesty International” испратила негативни забелешки за работата во правниот сектор каде Камбовски бил академски професор за 70’тите, 80’тите и почетокот се до средината на 90’тите години.

Владо Камбовски

Како пример е наведено пронаоѓањето на мртвото тело на Благоја Шамбевски [1921 – 1974] роден во село Долно Српци, битолско, инаку  учесник во Народноослободителната борба и еден од најзначајните личности во македонската дијаспора во втората половина на 20 век.

*
За време на Втората светска војна, Шамбевски учествувал во Народноослободителната борба за ослободување на Македонија. Веднаш по војната, тој бил осуден на затворска казна во траење од 15 години, под обвинение дека бил член на тајно движење за обединување на Македонија и дека се приклучил на групата ВМРО – Михајловистичка. Во 1962 година, тој бил ослободен и емигрирал во Германија, каде што станал член на Движењето за ослободување и обединување на Македонија [ДООМ], а истовремено бил дел од редакцијата на весникот “Македонска нација”.

Шамбевски бил убиен со удар во главата, веројатно со железен предмет, ноќта меѓу 31 јули и 1 август 1974 година во Минхен, во хотелот “Ројал”, каде работел како чувар, а за неговата смрт повеќе странски весници изразиле сомневање дека се работи за убиство, нарачано од југословенската тајна служба. Тој бил погребан во Минхен, во служба на хрватскиот католички свештеник Доминик Шушњар, а на погребот присуствувале над 1.000 луѓе. Пет дена по убиството, полицијата не им го давала телото на жена му Зора и на синот.

*

Во декември 2013 година, Комисијата за верификација на фактите го отворила полициското досие што се водело за Шамбевски кое содржело повеќе од 1 000 страници, со што започнал процесот на неговата политичка рехабилитација.

Многумина сметаат дека правникот, писателот, академикот и политичарот Камбовски и за ова не дал свое видување или коментар а го премолчил и притворањето и малтретирањето на Драган Богдановски, илегално киднапиран во Париз а затворен во Југославија.

*

Патем Драган Богдановски [с. Клечовце, Кумановско, 18 септември 1929 – Фредериција, Данска, 31 мај 1998] e еден од најпознатите македонски политички емигранти по 1945 година и еден од основачите на ВМРО ДПМНЕ. Богдановски 30 години бил во челните редови на патриотски настроената македонска емиграција.

Драган инаку потекнува од позната селско – земјоделска фамилија со патриотски корени [дедото на Драган е Илинденец – комита во четата на Атанас Бабата]. Основно училиште завршува во родното село, а средно образование во Куманово и Битола, по што во 1948 година се запишува во Белград [Земун] на факултет за земјоделство и шумарство. Во Белград уште во третиот семестер од студиите се пројавува како иницијатор за формирање на “Македонски студентски клуб”, за која активност е затворен и издржува казна од 4 месеци во злогласниот затвор на Обилиќев венац. По излегувањето од затвор е исклучен од факултетот без право на упис на било кој факултет во Југославија.

По ова одлучува да ја напушти земјата и во пролетта 1950 година, заедно со неколкумина колеги студенти, кај Гевгелија ја преминува границата. По задолжителен престој во бегалски логор, кон крајот на 1950 година заминува за Јужна Америка, каде престојува во Аргентина и Бразил до 1954 година. Желбата за наука не го напушта, за што се враќа во Париз и на Сорбона запишува Факултет за политички науки и журналистика. Уште веднаш започнува со политичко дејствување, ја формира организацијата “Македонски национален фронт” и започнува со издавање на весникот “Македонска искра”. Од овој весник успеваат да излезат неколку броеви и по интервенција на југословенската и грчката амбасада е забранет.

Владо Камбовски

Во 1958 година се жени со Брита, ќерка на тогашниот главен архитект на Осло, и заминува да живее во Норвешка. Со неа има два сина [Пер-Арне и Иван]. Во Осло оспособува печатница на кирилично писмо и преку пишан збор врши национално – политичка активност. Во 1958 година се јавува како покренувач за издавање на повеќе весници, списанија и книги за Македонија. Го издава списанието “Македонска лоза” и “Слободна Македонија”, потоа го печати весникот “Македонија”, списанието “Македонска нација” и сл.

Богдановски за првпат ќе биде оквалификуван како противник на Југославија по состанокот со Владо Дапчевиќ, еден од творците на Новата комунистичка партија на Југославија, формирана со поддршка од тогашниот СССР. Донесена е одлука за доведување на Драган Богдановски во Југославија и негово судење. Како раководител на ДООМ во 1977 година Богдановски е киднапиран во Париз и доведен во Југославија. Него го киднапираат припадници на СДБ, во станот на друг член на ДООМ, и со дипломатско возило е пренесен во Љубљана, а подоцна и во Скопје. Со врзани очи бива одведен во полициски објект во близина на Македонски Брод каде што е под истрага 18 месеци. Судскиот процес против него е организиран зад затворени врати, на кој процес е осуден на 13 години затвор. Помилуван е во 1988 година.

ВО СЛЕДНОТО ПРОДОЛЖЕНИЕ ЌЕ ЧИТАТЕ:

По излегувањето од затвор во 1988 година, кратко време живее во Скопје, а штом добива патна исправа заминува во МалмеШведска, каде ја подготвува програмата за формирање на национална политичка партија во Македонија….

Може да ве интересира

Кој е Срѓан Керим или човекот “медал”?

Срѓан Керим или човекот “медал”   Срѓан Керим или човекот за сите власти и општествени …

Translate »
error: Content is protected !!