дома / МКД / Koj e? / Која е Лилјана Поповска?
Лилјана Поповска

Која е Лилјана Поповска?

Вечниот екологист кој секогаш го промашува тајмингот за спас на зеленилото.

Лилјана Поповска е македонска политичарка како е пратеничката со втор по големина стаж во законодавниот дом или точно 15 години како е пратеник од 2002 година, а во овој состав по многу двоумење и цврсти ставови дека не сака да е кандидат за пратеник изјава која по 24 часа пермутираше дека сепак ќе е на кандидатските листи но во “недобитните” комбинаторики по заминувањето на Дескоска и Манчевски за министри таа повторно се најде како пратеник во својот шести мандат.

Лилјана Поповска е родена на 24 мај 1956 година во Прилеп и била дел од Либералнодемократската партија, но и дел од извршната власт се додека не оформи сопствена политичка партија која коалицирала и со ВМРО – ДПМНЕ и со СДСМ.

Лилјана Поповска

Дипломирала технолошко металушки факултет во Скопје на отсекот органска хемија каде станува и магистер по технички науки. Од 1982 година до 1993 година работи во фабриката “Алкалоид” во Институтот за истражување и развој како и во секторот за маркетинг. Во периодот од 1993 година до 1998 година работи во приватна фирма за во 1999 година до 2002 година да стане советник на Градоначалникот на Град Скопје за планирање и развор. Вршител на ова функција тогаш бил Ристо Пенов кој во едната кандидатура бил поддржан од ВМРО – ДПМНЕ а за втората од СДСМ. Лилјана Поповска била личен советни по малку од двата мандати.

Со политичка кариера Поповска започнува во 1996 година како советник во Советот на Град Скопје и координатор на Либерално демократската партија се до 1998 година кога е именувана за заменик министер за развој во Владата на Љубчо Георгиевски каде останува на функција една година до 1999 година. Во 2002 година заминува од кабинетот на Ристо Пенов и е кандидат за пратеник во Собранието на Република Македонија при што во периодот од 2003 до 2005 дури ја извршува и функцијата потпретседател на законодавниот дом.

Лилјана Поповска

Истата 2005 година Лилјана Поповска како и многумина ја напушта матичната ЛДП и на 26 ноември 2005 година ја основа Демократска обнова на Македонија или ДОМ како македонска политичка паертија на зелената опција со лева ориентација. Партијата ДОМ свое основачко собрание одржува веднаш по иницијативата на 28 јануари 2006 година каде Лилјана Поповска е избрана за претседател за да на парламентарните избори во 2006 година добие едно пратеничко место, она на самата Лилјана Поповска со околу 20.000 гласови на национално ниво.

ДОМ во 2006 година како парламентарна партија од еден пратник влегува во владина коалиција со ВМРО – ДПМНЕ со заменик министер за животна средина и просторно планирање. Во периодот 2006 – 2008 година ДОМ гласно промовира активности во промоцијата на туризмот, културата, науката и образованието, но и одржливиот економски развој, заштитата на животната средина, заштитата на културниот и националниот идентитет.

Лилјана Поповска

Официјално како партија на зелените е прогласена со Зелениот манифест на ДОМ од 2008 година кога ДОМ започнува да се залага за правата на жените и други сегменти од општествениот живот во Македонија.

Во 2015 година на 8 мај во екот на политичката криза ДОМ носи одлука за напуштање на владината коалиција со ВМРО – ДПМНЕ по 9 години соработка. Истата година но на 1 септември одлука за напуштање на владината коалиција со ВМРО – ДПМНЕ носи и пратеникот на Демократската партија Павле Трајанов.

Лилјана Поповска на изборите во 2016 година решава да коалицира со СДСМ по што станува дел од новото парламентарно мнозинство и во законодавниот дом добива два пратенички мандати. Нејзиниот и на Маја Морачанин.

Лилјана Поповска во историјата на своето политичко делување меѓу народот ќе остане запаметена како политичарката екологист која секогаш го промашува тајмингот за спас на зеленилото.

 

Може да ве интересира

Миле Јанакиески

Миле Јанакиески, човекот кого “работата” едноставно го сака

Кога некој странец би ја читал биографијата на Јанакиески и да не ја знае ќе …

Translate »
error: Content is protected !!