дома / МКД / Koj e? / Која е Солза Грчева? Со нова партија, трета среќа или стара навика?

Која е Солза Грчева? Со нова партија, трета среќа или стара навика?

***Информација надвор од авторот на текстот: По прифаќањето за да биде интервјуирана за овој медиум, на проф. Грчева и беа пратени прашања уште пред месец и пол дена. Во контакт со проф. Грчева во неколку наврати добивме причини за доцнењето на одговорите, дека е презафатена со официјалниот старт на новата партија и дека после тој настан ќе ни ги испрати и одговорите и слики од основањето на новата партија бидејки едно од прашањата беше и за тоа.

Сепак до овој момент не добивме  никаков одговор, ниту слики од основањето на новата партија, ниту одговор на предходно испратените прашања за интервју.

Дали прашањата беа незгодни или професорката немаше време да ги одговори останува да видиме бидејки истите ќе бидат објавени неделава и без нејзините одговори па проценете сами! (прашањата се подготвени без знаење и насоки на Грчева, не се подготвувани во координација со интервјуираниот како пракса во многу примери изминатите години)

Facebook: Solza Grceva February 25 at 12:39am · Благодарам на сите прекрасни луѓе кои денес беа дел од Основачкото Собрание на ГЛАС за Македонија. Ќе работиме сите заедно да си ја направиме нашата земја најубаво место за живеење. Знаеме, сакаме и можеме!

п.с. професионалните слики ќе ги ставам штом ги добијам

 

Солза со нова партија, трета среќа или стара навика

Солза Грчева најави формирање нова политичка партија. Ништо ново и ништо спектакуларно ако не се постави прашањето дали ова и е трета среќа и дали идејата целосно е нова?

Поранешната пратеничка и професорка Солза Грчева својот политички активизам го започнува во Либерално демократската партија. Откако оваа информација беше објавена Грчева ја демантираше. Но од партијата а и тогашниот претседател на ЛДП Андреј Жерновски беше соопштено дека не само што именуваната била кај нив член туку и во одредени сегменти држела партиски прес конференции на тема образование.

По овој став на ЛДП Грчева не возврати со контрадемант. Но ако е дискутабилно дали била член на ЛДП, очигледно е дека била член на СДСМ, политичка партија од каде во 2014 година и станува пратеник во законодавниот дом на Република Македонија.

По одлуката на пратеничкиот состав на СДСМ да го бојкотира работењето на законодавниот дом, три пратенички од коалицијата на СДСМ решаваат да не ги почитуваат одлуките на централите, па во законодавниот дом како независни пратенички остануваат Грчева, Буралиева но и Карева Топузовска.

Пратеничките Грчева и Буралиева за ваквите одлуки беа исклучени од СДСМ додека Роза Карева Топузовска својот мандат си го одработи како член на ЛДП затоа што Статутот на оваа политичка партија е дотолку либеларен да нема ставка исклучување на член. Одтука се поставија многу прашања дали тоа индиректно значи дека ЛДП цело време си имала свој легитимен претставник во законодавниот дом.

Грчева скоро и да нема јавна политичка биографија. Своевремено имаше професионална биографија од универзитетот ФОН но и таа веќе не е достапна. (Prof na Skopski, Dekan na FON, Prorektor I dekan na GoceDelcev, Professor na Majka Tereza.. шпекулација или вистина?) Иако нејзиното име е спомнато како хонорарен советник на поранешниот премиер Никола Груевски и тоа поврзано за контраверзниот проект “Компјутер за секое дете” но и како проректор на државниот штипски факултет за информатика при универзитетот “Гоце Делчев”.

Како Солза, на која тема или област и на чија покана го советувала Груевски оставаме да го даде самата одговорот. Солза???

По делувањето како независен пратеник Грчева на самиот старт од локалните избори јавно преку социјалните мрежи му се спротистави на тогаш актуелниот градоначалник ( најверојатно некогашен нејзин лидер ) Андреј Жерновски дека лично ќе си ги одмерат силите во општина Центар. Иако постот на ФБ не беше дециден:

>>> “Ќе го тргнам статусот кој ги испровоцира луѓето да употребат најдолни оружја од своите преполни подруми.<<<

>>> Но, ќе се сетите на него веќе за неколку дена. Ако се сетите, ако не, здравје. Денес е прочка, но не им проштевам на одредени мои пријателки/пријатели “во живо, не од ФБ“ кои не се наоѓаат побудени да реагираат кога се употребува најдолен речник против мене од разни деликвенти. А се божем интелектуалци.<<<

>>> И божем се дружиме. Хаха…Само кликнуваат за тоа колку ми била убава елката. Нека ми го заборават телефонот и адресата. Најмалку да ми пишуваат тајно во inbox. Такви “храбри“ суштества ама ич не ми требаат. Поздрав и убав празник.<<<

>>> А на Жерновски му порачувам: „Ќе имаш голема конкуренција за Градоначалник на Центар.”<<<

Сепак, до номинирање на Грчева никогаш не дојде иако таа никогаш не ги негираше или потврди шпекулациите дека е еден од посериозните кандидати на ВМРО – ДПМНЕ за оваа кандидатура. Но по објавата на кандидатските листи беше јасно дека за кандидат за градоначалник на општина Центар ВМРО – ДПМНЕ го номинирале поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец Дејан Јовановски кој ги изгуби изборите со разлика од над 8.000 гласови.

Прашање до Солза е дали била воопшто комуницирана од ВМРО – ДПМНЕ за нивни кандидат во општина Центар? Прашање до ВМРО – ДПМНЕ: Зошто Солза ако била во игра не била номинирана и што било пресудно да биде потенцијален кандидат?

Откако “заврши” со политичката кариера, Грчева е редовен гостин на дебатни емисии од сферата на политичките случувања и гласен критичар кон политиките и на Груевски а особено на Заев. Нејзин најголем политички поен беше негласањето на Катица Јанева за специјален јавен обвинител со образложение дека:

>>> “За самата Катица Јанева јас многу отворено кажав уште на седницата лани кога го гласавме обвинителството и Катица Јанева. Нејзината биографија и нејзиното немање на референции од областа на организиран криминал не ми дава за право да кажам дека ќе имаме еден јак обвинител како што сме гледале во многу земји.

Немав таква надеж и за жал ми се потврди тоа дека сум имала право што единствено од целата сала не ја гласав госпоѓата Јанева. По она што го гледав во собранието овие три дена кога таа беше присутна, мислам дека Македонија требаше и мораше да одбере посилен човек, човек кој што навистина ќе може достоинствено да се однесува, непристрасно и да не проектира кон јавноста пристрасност кон една или друга страна. Ова обвинителство требаше да биде нешто различно од она што веќе функционира, тоа е Јавното обвинителство.<<<

 

Од скоро по пауза од промената на власта, Грчева повторно ја разбранува политичката јавност со најава за формирање на ново движење кое се поочигледно ќе премине во нова политичка партија:

“Спремаме нов проект на политичката сцена. Дали ќе биде партија или ќе биде движење се уште не сме одлучиле, но нашиот фокус ќе бидат жените. Времето ќе покаже дали ќе бидеме трета опција, тоа место треба да го заслужиме.”

Но Грчева не соопшти ни кој е во тимот така да повторно остави многу отворени прашања. Иако подоцна се надополни кои се намерите на идниот политички субјект но не и членовите па јавноста повторно мораше да се информира од ФБ постовите од каде дознава дека партијата веќе има подготвено статут, програмски цели и определби како и идеолошки насоки на делување.

Она што може да се протолкува на ФБ постовите на Грчева новата партија ќе се вика “Глас за Македонија”. Набрзо во тек почна собирањето изјави за кои Грчева преку ФБ ги известува “идните членови” во кој град кај кој нотар можат да ја заверат изјавата.

Прашање е зошто делување само по социјалните мрежи и кога Солза ќе ја претстави новата партија? Од официјалното формирање, односно конгрес на новата партија поминаа две недели но сеуште нема ниту видео, ниту слики на социјалните медиуми каде Солза е најактивна. Што се случува со партијата(движењето)? Како да се зачленуваат нови членови?

Како и дали идејата е нејзина или како беше и чест гостин по разно разни тв програми критикувајќи ги политиките на Заев се надева на микс играчи, оние кои не се согласуваат со политиките на Заев и Шеќеринска но и оние кои не се согласуваат со новиот лидер на ВМРО – ДПМНЕ кој ако не е идолопоклоник на Никола Груевски полека да си најдат ново засолниште во партијата на Грчева.

Тоа секако се кадрите кои како кадровници беа собрани во ВМРО – ДПМНЕ токму по препораки од партиите низ кои мина и самата Грчева. Според тоа кој веќе дал своја изјава за новата партија, очигледно во неа нема да изостанат вечните транзициски “полу-политичари и аналитичари”.

 

Може да ве интересира

Џеват Адеми

Благајникот на ОНА и најавеното заминување на Ахмети од ДУИ

Џеват Адеми последниот период наидува на напади од сопствената политичка партија како процесот за конечна …

Translate »
error: Content is protected !!